1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забавен хороскоп

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Barca-Gril, 24 јануари 2014.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Од што се зависници хороскопските знаци

    Иако, зависностите и склоноста кон пороци е комплексна работа и е надвор од опсегот на Зодијакот, сепак некои Хороскопски знаци се поотпорни и полесно се спротивставуваат на искушенијата.

    Алкохолот, дрогата, цигарите, сите нас, не мамат од раните денови. Но зависностите не се ограничени само на тоа, и ние можеме да бидеме зависници од секс, работа, итн…

    Прочитајте кои се “слабостите” на вашиот Хороскопски знак.

    Овен
    Тој е индивидуалец кој брзо донесува одлуки и со кој владее оганот, па пушењето и алкохолот се неговите големи искушенија и опасности. Откако Овенот ќе стане зависен од нешто многу му е тешко да запре, бидејќи тоа е многу тврдоглав и инатлив знак. Овните веруваат дека алкохолот или апчињате го ублажуваат стресот, а ако се пушачи, често мислат дека преку овој чин се гламурозни.

    Бик
    Се работи за многу стабилен знак, но не толку само-свесен кога станува збор за прекумерната конзумација на храна и пијалоци. Биковите ги уживаат во сите сензуални задоволства, а сексуалната фрустрација често ги тера да консумираат алкохол или да имаат деструктивно однесување. Голем дел од Биковите често имаат проблеми со тежината, а некои ќе имаат проблеми со ТВ опсесијата. Оние кои се чувствуваат виновни за нешто што можат да се претворат во работохоличари .

    Близнаци
    Близнаци е знак на променливо расположение, кој често употребува методи на само-помош што доведува до нови зависности. Заради фактот дека се работи за воздушен знак, особено се склони кон пушењето. Тие често се зависници од адреналин и ја обожаваат возбудата на сексуалнитеодноси, но љубовниците брзо им досадуваат. Главно затоа и се отпорни од зависноста од секс. Тие се многу креативни и може да стане зависници од работа, и генерално, тие се во опасност и од зависноста од интернет.

    Рак
    Со овој Хороскопски знак владее Месечината, што го прави жртва на сопственото расположение. Не е невообичаено за раковите, да се обидат да го променат расположението со злоупотреба на рецепти за апчиња или алкохол. Кога раковите се лути , склони се кон потиснување на овие чувства со помош на храна, а со цел да останат тенки , често ќе се фатат за цигари.

    Лав
    Лавовите мислат дека се бесмртни и ќе посегнат по секој можен порок, кој може да се замисли, вклучувајќи коцкање, алкохол, неверство, пушење… Овој знак сака да претера во сè и со голем ентузијазам! Лесно е да ги излажете со комплименти, а нивната лојалност во врската може да биде голем проблем. Постојано бараат внимание со цел да се чувствуваат емоционално стабилни и нема да се двоумат да бараат врска, ако не се задоволни од постоечката.

    Девица
    Напнататите и укочени Девици се најголемите работохоличари на зодијакот. Склони се да станат опсесивно компулсивни и многу се вознемируваат ако работите не се онака како што тие очекуваат. Таквиот став може да ги доведе во алкохолизам и конзумација на средства за смирување . Тие, исто така може да биде манјаци кога станува збор за вежбање. Многу од членовите на овој знак , попрво ќе пушат отколку да добијат на тежина, бидејќи ја презираат прекумерната тежина. Сметаат дека дебелите луѓе се мрзливи.

    Вага
    Членовите на овој знак се идеалисти, а кога работите не се онакви како што замислиле, имаат тенденција да се свртат кон дрогата и алкохолот само за да бидат далеку од она што го сметаат за ” грда реалност”. Овие мајстори на бегањето, исто така, не се чувствуваат удобно со обврските и за да ги избегнат нив, можат да станат зависници од флертувањето , швалерисувањето или промискуитетот. Причината лежи во фактот дека тие попрво би го одбиле некого пред тие самите да се одбиени. Вагата може да стане зависник и од вежбање, во обид да ги загуби килограмите може да претера и да стане зависник од цигари.

    Шкорпија
    Сексуална зависност на Шкорпиите обично вклучува зависност од порнографија и тоа често им создава проблем . Тие навистина уживаат во сите пороци кои ги придружуваат во нивната сексуалната активност, вклучувајќи алкохол, трошат премногу пари на облека и скапи ресторани , па дури е можно и запаѓање во долгови само за да импресионираат. Презираат луѓе кои не изгледаат модерно и често ќе станат зависници од пушење само за да изгледаат слаби и убави.

    Стрелец
    Овие љубопитни индивидуалци може да биде толку опседнати со страста кон Патувањата, а се способни да трошат илјадници на одмор кој не можат да си го дозволат. По природа се немирни, а неверството и зависноста од секс често се нивниот проблем. Ова е еден од знаците кои себеси се сметаат за бесмртни, па не ретко ќе го видите Стрелец како пуши, пие или си прави лоши работи на своето тело, затоа што има чувство дека секогаш може да се излекува. За жал, тоа често го прави зависен.

    Јарец
    Ова е знак со напнат карактер, кој е многу поотпорен од зависности од останатите Хороскопски знаци. Јареците се многу самосвесни кога станува збор за нивното тело и можат да станат зависници од вежбање. Многу членови знаат да страдаат од анорексија или булимија, во обидот да се останат убави и слаби. Опседнатоста со слабеењето, исто така, може да ги направи зависни од цигари.

    Водолија
    Овој знак сака да доживее нови начини на размислување и поинаква перцепција на светот околу себе и е многу веројатно да експериментира со дрога. Водолијата може да стане опседната со активизам, љубовта кон домашните миленици и вегетаријанството. Неотпорна е, и за разлика од дугите знаци, и ако стане зависник е многу тешко да се врати во нормална состојба од лудилото што го обзема.

    Риби
    Рибите се воден знак и заради тоа тешко ќе се спротивстават на пиењето, а многу често причина за зависноста ја наоѓаат во романсите и љубовните проблеми. Тие ќе пијат алкохол за да заборават на болката што е предизвикана од пропаднатата врска, а со оглед дека се работи за многу чувствителен карактер – многу работи ги доживуваат болно. Лековите против болки и лековите за смирување често ќе бидат во нивните раце , барајќи кратко бегство од реалноста.
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Девица
    Напнататите и укочени Девици се најголемите работохоличари на зодијакот. Склони се да станат опсесивно компулсивни и многу се вознемируваат ако работите не се онака како што тие очекуваат. Таквиот став може да ги доведе во алкохолизам и конзумација на средства за смирување . Тие, исто така може да биде манјаци кога станува збор за вежбање. Многу од членовите на овој знак , попрво ќе пушат отколку да добијат на тежина, бидејќи ја презираат прекумерната тежина. Сметаат дека дебелите луѓе се мрзливи.

    Сурово, ама вистинито. :D
     
  3. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Точно е за девица :D
     
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    И за овен е скоро точноо :)
     
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Како хороскопските знаци покажуваат дека се заљубени ?
    Ајде да видиме ...

    Овен
    Овните не сакаат многу заобиколуваат, па доколку им се допаѓате најверојатно тоа и
    отворено ќе ви го кажат. Но, доколку се решат да играат на картата таинственост, тогаш
    обрнете внимание на нивните нервозни движења и туфкања. Тоа не се знаци дека сакаат да
    бидат на друго место, туку дека сакаат да појдат некаде, но за да бидат со вас.

    Бик
    Биковите најчесто се традиционални и конвенционални, па доколку им се допаѓате тие ќе ви
    се додворуваат на класичен начин. Прашањата за вашата омилена боја, цвеќе и храна се
    знаци дека тие планираат да ве однесат на вечера и да го организираат совршениот
    состанок.

    Близнаци
    Близнаците се флертувачи чии умови се вечно будни и активни, а сакаат да разговараат сосите што ќе ги запознаат на најразлични теми. Затоа малку е тешко да се препознае кога
    точно флертуваат со вас. Најдобар начин да забележите дека флертуваат е кога покрај
    вообичаениот разговор, почнуваат да поставуваат лични прашања за да дознаат нешто
    повеќе за вас.

    Рак
    Раковите најчесто се ориентирани кон семејството, па доколку кон вас почнат да се
    однесуваат емпатично, тогаш ви фрлиле око. Доколку почнат да се однесуваат
    заштитнички, тоа е веќе уште еден чекор напред, а доколку ве повикаат да ве запознаат со
    нивното семејство, тоа е сигурен знак дека веќе ве гледаат посериозно.

    Лав
    Лавовите обожаваат да драматизираат, па навистина е тешко да се заклучи дали зад нивниот
    спектакуларен настап стојат искрени чувства спрема вас или едноставно позирање. Но,
    сигурни ќе бидете дека им се допаѓате доколку се тргнат настрана и ве остават вие да
    бидете во центарот на вниманието.

    Девица
    Тие се логични и практични и нема да си дозволат да ја покажат својата заљубеност со некој
    преголем гест. Доколку пронајдат време и ве прашаат за вашите чувства и доколку се
    опуштат во вашето друштво, тоа е одличен знак дека постои нешто поголемо во позадина.

    Вага
    Животот на Вагата е избалансиран и искрен и токму поради тоа тие имаат опуштен став. За
    да дознаете дали им се допаѓате, најголем показател е доколку ве пуштат во нивниот свет и
    ве повикаат на романтично дружење.

    Скорпија
    Ќе бидете сигурни дека Скорпијата ве забележала, доколку ита кон вас од другата страна на
    преполната просторија само за да поразговара со вас. Нејзиниот интензивен поглед, ќе
    направи да се чувствувате како да сте сами во просторијата. Може да ви делува ладно на
    почетокот, но таа не троши време на непотребни разговори со некој за кој не е сериозно
    заинтересирана.

    Стрелец
    Стрелците се дружељубиви и отворени, па нивното претерано пријателско однесување
    многу лесно може да се промени во нешто повеќе. Времето кое го поминува со друштвото му
    е многу драгоцено на Стрелецот, па доколку се најде со вас неколку пати во неделата, тоа е
    знак дека сте го освоиле.

    Јарец
    Јарецот никогаш не ги отвора сите карти, но доколку неговиот строг став се ублажува во
    ваше присуство и доколку краде од своето испланирано време за да се види со вас,
    најверојатно вашата врска има романтичен потенцијал.

    Водолија
    Водолиите секогаш сакаат да размислуваат надвор од вообичаените граници. Доколку ѝ се
    допаѓате на една Водолија, таа може во еден момент да ве провоцира, во друг момент да се
    шегува со вас, а потоа да започне длабок интелектуален муабет. Нивното ексцентрично
    однесување значи дека им се допаѓате и дека тие се обидуваат да сфатат дали можете да се
    вклопите во нивниот необичен свет.

    Риби
    Добра вест е тоа што Рибите воопшто не е тешко да ги прочитате. А уште подобра вест е
    тоа што, штом им се допаднете, тие нема да престанат да ви посветуваат внимание и
    нежности. Возможно е да добиете рачно напишана песна посветена на вас или нацртан
    портрет, со што ќе ви покажат како се чувствуваат.


    П.С. Јас сум јарец . :) 8)
     
  6. bubamara96

    bubamara96 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Како хороскопските знаци покажуваат дека се зљубени ?

    Многу е точно за водолијата! :$
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.314
    Пол:
    Женски
    само што сакав да пишам,хехе скроз точно погодено 8)
     
  8. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Вага
    1 Членовите на овој знак се идеалисти, 2 а кога работите не се онакви како што замислиле, имаат тенденција да се свртат кон дрогата и алкохолот само за да бидат далеку од она што го сметаат за ” грда реалност”. 3 Овие мајстори на бегањето, исто така, не се чувствуваат удобно со обврските 4 и за да ги избегнат нив, можат да станат зависници од флертувањето , швалерисувањето или промискуитетот. 5 Причината лежи во фактот дека тие попрво би го одбиле некого пред тие самите да се одбиени. 6 Вагата може да стане зависник и од вежбање, во обид да ги загуби килограмите може да претера и да стане зависник од цигари.

    1.точно е
    2.па не знам...уште не сум пробала ама можно е :D
    3.точно е дека не се осеќам удобно во обврските ама
    4.ова нема веза
    5.да али каква врска има тоа со предходното? :)
    6.не знам за килограми....од цигари не сум зависник и не сум редовен пушач
     
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Хороскопот открива која боја на ноктите најдобро ви одговара

    Астрологијата ја има во секој дел од нашиот живот, па дури има и корисни совети поврзани со тоа која боја на лак најдобро ви одговара според вашиот хороскопски знак.

    Дознајте повеќе за односот меѓу бојата на ноктите и хороскопските знаци.

    Овен
    Исполнета со енергија, на жената Овен и треба силна нијанса која ќе ја изрази нејзината личност и глад за успех. Виолетовата е одличен кралски избор за Овнот кога е во прашање боја на ноктите според хороскопскиот знак. Треба да ги пробате и црвените силни нијани за уште појасно да ја покажете вашата самодоверва и страственост.

    Бик
    Ако сте родени во знакот на Бик, веројатно сте многу организираин и преферирате ред и уредност наместо неред и хаос. Внатрешната сила и љубезност се исто така две важни карактеристики поради кои зелената е добра боја на лак за вас. Други добри опции се суптилни нијанси на розова, не премногу силни, туку нежни и елегантни.

    Близнаци
    Кога се во прашање Близнаците, на нив им недостасува одлучност, а најчесто најмногу се плашат од досада. Вистинска боја на лак според хороскопскиот знак е или силна портокалова или силно жолта боја која покажува дека се работи за силна личност. Не се плашете да носите силни и храбри бои, но немојте да претерувате па на сето тоа уште и да нанесете лак со штрас.

    Рак
    Ако сте Рак вие не се доверувате лесно, но кога ќе се заинтересирате за некого секогаш се однесувате заштитнички. Сребрената е вистинска нијанса за вас бидејќи ви овозможува дискретно да заблескате во светлината на својата планета заштитник Месечината. Покажете ја својата романтична страна со сите нијанси на сребрена и сина боја и нема да зажалите.

    Лав
    Креативна, а понекогаш дури и помалку заповеднички настроена, Лавицата има многу сила и енергија која е подготвена да ја шири секаде околу себе. Најдобра боја за лак на ноктите за овој хороскопски знак е или бронзена или интензивно златна боја. Не претерувајте со штрасот, концентрирајте се повеќе на самата интензивна боја.

    Девица
    Како Девица вие толку сакате да дадете на другите, што понекогаш може да се случи луѓето да ја искористуваат вашата добрина. Дури и ако сметате дека добро ги проценувате луѓето секогаш два пати размислете пред да им го подарите своето срце. Покажете и добијте поголема самодоверба со интензивна и одважна црвена боја на лак. Или одлучете се за суптилна нијанса на темно морнарско сина или чоколадно кафена.

    Вага
    Романтична и општена, жената Терезија сака суптилност и пушта работите да се одвиваат природно, сами по себе. Вашиот основен избор за боја на лак за нокти според хороскопскиот знак се беж нијансите, но тоа не значи дека мора да се откажете од други похрабри опции. Кога се чувствувате енергично одберете силни нијанси на сина боја која ќе остави впечаток, а повторно ќе ја покаже вашата лежерност.

    Скорпија
    Енергични до таа мера што понекогаш делуваат агресивно, Скорпиите имаат два начина на избор на вистинска боја на ноктите според хороскопскиот знак. Жешка, интензивно розова или пинк боја е боја со која сакаат да ја покажат својата женствена страна, а за поелегантна опција можат да се одлучат за длабоки и богати кафени нијанси. Нема да погрешите со ниту една од овие две бои бидејќи двете одговараат на вашата личност.

    Стрелец
    Секогаш сакаат да ги поместуваат сопствените граници, жените родени во знакот на Стрелец главно имаат позитивен карактер целосна искреност и практичен поглед на светот. Одберете посветли нијанси на виолетова боја за секојдневни моменти. А кога сакате да бидете одважни одберете црн лак за нокти кој ќе даде до знаење дека се работи за силна личност.

    Јарец
    Неутралните бои на пример боја на песок секогаш се добар избор за жена Јарец, а исто така и сината боја. Природната и смирено сиво-беж боја ќе ви помогне да го скротите вашиот борбен дух кога ќе почувствувате дека тој излегува од контрола. А ако сакате да ја покажете вашата поромантична страна нежните сини нијанси се одличен избор.

    Водолија
    Силата не е проблем за жена родена во знакот на Водолика, па светлите нијанси се секогаш добар избор на лак за нокти. Вие дури без проблем можете да носите и неонски бои, но ако сметате дека тоа е претерано пробајте барем тиркизна боја.

    Риби
    Емоционалната длабочина и сочувството се некои од најважните карактеристики на Рибите, па нежните нијанси на розова и лилакова се совршен избор што се однесува до ноктите. Исто така, можете без проблем да носите и разни нијанси сива боја кои одлично одговараат на вашиот хороскопски знак.
     
  10. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    хахах лелеле се ми погодиле не е возможно ова и двете ми ги погодиле :)
    а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.
    7:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот.
     
  11. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    6:40 Бикот појадува Нутела со супена лажица.

    7:15 Бикот со лажицата уште шкрипи по теглата. Нема веќе Нутела.

    :rofl: :rofl: преточно
     
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    :D Интересно.
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Така, така.

    А иначе, јас за огледало не се тепам. Фала, пријатно. :)
     
  14. LadyVamp

    LadyVamp Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    79
    Јас сум рак и баш си се пронајдов :D 10784946_468594746616299_1609985981_n.jpg
     
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Бела Бела :inlove:
     
  16. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Се е точно само она болдираното :D
    Опасни скорпии, нема лабаво со нас :P:P