мислам дека ќе умрам. во животот незнаев што е тоа забоболка, а вечерва неможам да издржам, буквално.. се напив еден аналгин и ми се зголеми болкаата по 10 мин, па зедов половинА аналгин и ја стегнав виливата, меѓутоа не помина ни со тоа........ :'( не сум сигурна да 5ката или 6ката ме боли, а кога ќе фатам со прст и 4 кава ме боли на допир лелее еден од петката и шестката му ставав пломба а другиот го умртвував и не појдов да го среди, нз што ли требаше да му прави кога ќе се умртвеше....... утре морам да појдам ам вечерва како ќе издржам не ми е јасно..........
Бев на забар, требаше да сменам пломба, ми рекоа подобро порано што си дошла, во подоцна бременост е потешко да се прават заби???? На крај забарката ми вели е сега за таа четворка што ти реагира непцето, ќе дојдеш после 6ти месец да ти ставиме анестезија (без адреналин). Колку е сигурна таа анестезија? Дали некој има искуство. Инаку забот ми реаира на секое миење и чекам 2 саати да се смири за да јадам на таа страна.
^^ Domakica, кој месец си? Јас поправав заби, откако влегов во второ тромесечие, односно од четврти месец па натаму. Кога ја прашав матичната дали смеам да поправам заби, рече дека можам слободно, но со безадреналинска анестезија. Бев 6-7 пати на забар сигурно, имав 3 нови расипани заби, другите беа пломби од порано кои морав да ги сменам. И забарката и матичната ми потенцираа дека додека сум бремена, а и додека дојам, ако треба да поправам заби, тоа да биде исклучиво со безадреналинска анестезија. Искрено, не знам зошто ти кажале со адреналинска анестезија, кога има безадреналински специјално наменети за бремени Разговарај со матичната и со забарката повторно, ако треба смени ја забарката и оди кај некоја за второ мислење, да видиш што ќе ти каже.
Imam rasipana osmica koja sega najde da raste koga ne treba. Bremena sum 12 nedela a zabov treba da go vadam so operacija....haos...stomatologot mi rece da izdrzam do poroduvanje!!! Uste celi 6 meseci .....
леле маки нашии.. нека ти препорача некоја маст да се мачкаш, посебна паста, четка, да не чувствуваш голема болка додека си бремена....
ми расти умник, некоја имала ваква мака? сте мачкале маст некоја или нешто сте пиеле за ублажување на ова боцкањево што го чувствувам...?
Мамички, доколку повраќате во почетокот на бременоста, обавезно мијте ги забите или барем исплакнете ги убаво со вода доколку сте во можност, бидјќи желудочната киселина може да ви наштети на забите. Да си го прашаш заболекарот дали може да мачкаш од таа маст што ги мачкаат бебенцата кога им растат запчиња, Dentinox мислам дека имаше една, но претходно пред да ја купиш прочитај си го сепак упатството.
Немам повеќе мака со умникот, само маалку ми е осетлво кога јадам потврда храна од таа страна, не е страшно, бев на заболекар и тој ми рече нема проблем, има доволно место за да си расти.. Јас го прашував некој гел да ми даде, некоја поубава паста да ми препорача, за забиве, непцава, да ми се ублажат болките, најверојатно пак ќе ми се расипи уште некој заб, и тој ми вика, нема ништо за то, ако почувствуваш болка дојди ќе средиме. Друго што ми рече.. Ми стави нешто за да ми умртви живец, и по 12 дена да појдам да го извадат живецот,. ама најпрвин ми вика, дојди утре ќе ставиме анестезија и ќе го извадиме живецот.. јас целата прашалници, и му кажувам дека не смеам со анестезија и многу чудно ми погледна, ми рече само ве плашат безвеза, нема врска анестезијата..
Не знам дали има некој искуство со ова. Сте биле ли за време на бременоста на забар за чистење на забите (со ултразвук)? Јас имам многу забен камен, го чистам на 6-7 месеци, и сега еве пак почна да ми смета. Четврти месец сум, па не знам дали е ок да појдам. Секако пред да одам ќе ја прашам и матичната ама сепак, има некој што бил за чистење?
Чистење на забен камен е многу важно,не само што треба да се чисти на секој 6 месеци,туку особено сега за време на бременост,непцињата се многу почуствителни,крварат многу повеке од вообичаено,и киселините исто имаат лошо влијание за забниот емајл,затоа нема ништо страшно ниту пак странични ефекти за време на бременост слободно можеш да отидеш на чистење камен.Дури се препорачува и почесто за време на бременост да се чисти.Исто така и секојдневно треба да се користи вода за уста,и често миене на заби,пожелно е после секој оброк...поззз
Mesinja eve mene povtorno mi se zgolemija bolkite so umnikot...sega mi preporacuvaat da go izvadam a jas sega vleguvam vo sedmi mesec. Inaku pred nekoja vecer imav nevideni bolki....pa samo mi go izvadija lekot i mi stavija drence za da mi se smiri mestoto....mi rekoa deka e podobro da go izvdam sega otkolku posle poroduvanje.....togas bilo opasno poradi doenje....ama vadenjeto ke mi bilo so anestezija....imam li nekoj slicno iskustvo sto vadel zab so anestezija i toa vo sedmiot mesec od bremenosta i dali e toa opasno?
Zdravo mesinja, jas konecno vcera go izvadiv umnikot i sega se custvuvam odlicno....vcera spiev cel den od anestezijata ama stom pomina nejzinoto dejstvo se malku mi krvarese mestoto od kade sto go izvdaiv zabceto.....Sepak ne bese tolku strasno kako sto mi kazuvaa.....neka im e so lesno i na drugite trudnici koi imaa slicni ili isti problemi kako mojot. Inaku bebuska bese malku uspana vcera ama zatoa denes odma nadoknaduva soodvetno...pozzz
I mene kako sto ostanav bremena site plombi pocnaa da mi bagjaat, dali bez anastezija moze da gi promenam?
^^ Тоа ти најдобро треба да си знаеш, јас секогаш заби правам без анестезија, немам проблем. Но можеш и со анестезија, не претставува проблем врз бременоста. Јас додека бев бремена не отидов ниту еднаш на стоматолог. Немав никакви проблеми со расипување но требаше барем за чистење да отидам, но пуста мрза и сега многу се јадам поради тоа...Гингивите ужасно ми се воспалија, отидов дури три месеци откако се породив, со огромни џепови, каменец едно кило! Мој совет е барем еднаш во текот на бременоста да отидете на чистење.
мене почнаа мн да ми потемнуваат од тотхемата и викам готово отидоа забите,,,,,ама отодов на забср ми ги исчисти и исполира срека се вадеше тоа така да не е страшно ама за две недели па ми се оцрнеа па не ми се исплати пак да ги чистам ,,,,,,,коа ке прекинам со тотхемаа тогаш....иначее си знааат и забарите со трудница што смее што не..мислам ако е чидтење само не е стеашно
ве читав и заклучив дека во бременост може да се оди на забар, јас сум бремена 7 недела, дали треба да се оди во пораните месеци, или како, има ли некое правило, јас имам 2 пломби за ставање, пломбата ми испадна уште многу одамна, и ке одам, не одам, и сега кога останав брем,ена, ми е тешко на забот, се што јадам, дел од храната ми се пика во забот, и после ччкалица, па вадење на храната, ужас...