Да минатата бременост правев 4ка, живци и вадеа дури и оваа бременост имам една интервенција да правам, но ме чекаат барем 18та нед да сум (непце ке ми отвара), па ке примам анестезија и тоа на 3 места ке ме боцка, имаат безадреналинска.. не се секирај си знаат, не си прва ни последна што прави заби не е убаво пред 12та недела, мада ако е итно и тогаш се нафаќаат да прават заби и да ставаат анестезија..
Да ве прашам, некоја да била на заболекар ? Имам проблем со умникот како болно ми е местото , страв ми е да не загнои . А ако одам не смее ни од тој спрејот да ми прсне?
Можеш и во бременоста на забар. Подобро оди отколку да трпиш болки. Ако има потреба ќе ти стави беазадреналинска анестезија.
Јас бев во понеделникот исто и мене ме болеше умникот од лева страна без ништо ми го правеше господ го видов од болки ми го умртви живецот и стави лек и почетокот на август ќе одам пак ако не се породам до тогаш и еве кога стегам осеќам болка
Здраво некоја мама да има со воспалени непца ужасно ме болат синојќа вошто не спиев дури сабајле во 6 заспав . На заболекат до сега бев на чистење на непцата и сеуште ме боли од долната страна ми препипша минатиот пат сретство за гргарање и маст ама и тоа престана да делува нешто друго дали знаете да помага ?
Чај од жалфија за плакнење на устата, немој да го голташ. Земи си мека четка и на секое миење на забите нежно масирај ги непцата. Ќе крварат, ама ќе се намали болката. Вит. Ц шмукај во уста, да намали воспаление. Издржи уште малку, најтешкото е во бременоста, после е полесно.
По долги не спиени ноќи денес го извадив умникот непцата и другите заби од него ме болеле поарно сега него кога ќе се породам па да треба тогаш да си кинам живци воопшто не ми беше страв и не ме болеше
А што е толку фрката со идењето на забар и бременоста? Јас трудна си ставив порцелани без никаков проблем...
Нема ама баш никаква фрка Само првите три месеци да се припази од ставање лекови и анестезии. Јас нерв извадив со умртвување, а во меѓувреме дознав дека сум бремена, ми рекоа да си бидам раат и да не се оптеретувам со стравови.
Нормално е, трудници за се и сешто паничат И јас испаничив кога дознав дека сум трудна а три дена претходно ми ставија лек за умртвување. Ама еве затоа е темава да се сподели искуство.
jas pak so maka. 5ta nedela sum i pocna zab da me boli(padnata mi e plombata) i nepceto okolu. Nekoj priroden lek ili ke se macam do ponedelnik?!
@Annath ноќеска сонував забари, поправање заби и сега не знам дали имам болка или сум уште под импресии Бог да чува сум, знам. Пробувам да дефинирам каде би била болката, ама не можам. Едино се сомневам на една 8ца, пред 2-3 недели ми се срони делче од неа, па викам да не прави проблеми. Сакав да одам на забар, ама немав мака и одложив. Гинекологот го прашав уште минатиот пат и ми кажа без проблем може да пломбирам заби. Се пломбира 8ца или по дифолт ќе ми кажат да ја вадам? Не би да вадам сега заби