Зависи каква е осмицата, дали е излезена целосно или не. Претпоставувам дека е излезена штом се ронат делчиња, ама е расипана. Оди да те ѕирне забар да види дали може да се поправи, или ако не се поправа, некако барем лек да ти стави да истрпиш дури да се породиш, па после да и бараш чаре.
Ако може да почека забот најдобро да го поправиш после 12та недела, истото ке ти го препорача и стоматолог
Deneska jas bev na zabar 18 nedela sum mi popravija zab no osmicata kija i te kako mi pravi problem so leukiciti i crp mi rasti rasupan treba da se vadi no toa posle porajgaj uf se iznervirav a prwd edna nedela imav nepodnosliva bolka i ukocena vilica
Ако успее колку толку да ја одржава стоматолог најдобро да почекаш да не ја вадиш... но ако ептен прави проблем ке мора да ја вадиш... Јас 4ка имав заникаде и мораше живци да и се вадат, ама ми ја одржаваше и чекаше да се породам, па после ми ја среди убаво.
Утре и јас на стоматолог уште во 8 ќе се нацртам. Тоа што не знаев дали сум сонувала или не болка во заб - е тоа вчера ме умре од болка. Почна наивно, заврши со главоболка, дури и окото ме болеше. Се токмев да одам во Систина, ама на крај само на тел зборев со докторот. Ставив заболекс и фала богу се смири. Ама утре мора да се оди. Ми се плаче од помислата дека на забар ќе одам
Фана со овој пост од понедленик ме спаси. Ми беше ставена на print screen. Вчера го купив овој Гингивал + екстра мека четка. Пред да си легнам се намачкав и утринава пак, и конечно сум како нов човек. Претходно во понеделник те прочитав ама немав прилика да купам. Вечерта ми се воспали жлебината и имав ужасна главоболка и никако не можев да спијам. Сега сум како нова. На упатството пишува да го користам цела недела, така да ќе продолжам за брзо да не ми се повтори. Thx a lot
@Momichka мене за крварење добитна комбинација ми е Парадонтакс паста и Листерин течност за плакнење. Е пастата има некој чуден соленкаст блуткав вкус и на почеток е чудна, ама се навикнуваш. Кај мене проблемите сега почнаа да се јавуваат и со редовно користење се среди. Ама маж ми цел живот си пати од непцата и само оваа комбинација му ги држи под контрола. Секако и гингивалот не е штетен и е супер.
Ќе ги набавам и овие @duffi . Не земав лакалут дека овој бренд ми е многу антипатичен Листерин немам користено, ќе земам. Јас имав Стоматидин и ми рекоа дека е безбедна во бременост, ама таман е при крај ќе ја пробам и оваа Листерин. thx
Јас атавав заболекс. Пишува не во бременост, ама јас го користев по препорака од атоматолог и одобрено од гинеколог.