Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од najmilo, 22 септември 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.706
    Пол:
    Женски
    Само забар да те види. Ефридол ни во нормална состојба не препорачувам, не па во бременост.
     
  2. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Nisto .. 2 pati na dezurno ednas na privatno ednas u drzavna i pak pak ne pomina :(:(:( samo mi pagjaat lekcinjata... Ufff ke si puknam veke aman:(:(
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Заболекс стави. Одма ќе ти се смири. Ама еднаш/два пати и толку. И ми рекоа да не спијам легната, туку во полулегната позиција.
     
  4. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    stavav sama nikogas vaka ne sum bila zdravi zabi 4 dena po zabolekari nit zaboleks ne pominuva ...
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.706
    Пол:
    Женски
    Кој месец си?
     
  6. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Uste malce 7 :(
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.706
    Пол:
    Женски
    Можеш слободно да вадиш и поправаш заби со анестезија. Не е убаво за бебето да трпиш болка, преголем стрес е тоа.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.149
    @Annath или некој друг за совет.

    Од вчера почна да ме наболува едната осмица и како пецкање на неколку заби од десната страна.

    Денеска болките се влошија и бев на заболекар. Нема кариес, нема отечени непца, од око се беше супер, без никакви индикации. Рентген не може да направи за да види детално.
    Пред оваа бременост ги имав средено сите заби. Направи некои тестови со ладно и тропање по забите, и реши да ја отвори осмицата. Ги исчисти трите нерви, стави лек и го затвори забот.

    Помина дејството на опојката и ми почна хоророт.

    Цела десна страна, сите заби ми се вивнати, имам ужасни болки.
    Мислам ќе се онесвестам од болки...
    Испив еден ибупруфен во момент на очај бидејќи знам дека во 1 и 2 третина е дозволен. Се надевам ќе делува. Можам ли нешто друго да сторам???

    Не можам да трчам на полноќ на итна, зарем 4-5 заби ќе ми отвараат за да проверат "нешто" да не има.
    Очајна сум :(
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.706
    Пол:
    Женски
    Многу често се случува од еден заб да боли цела вилица. Според она што кажуваш, ти го исчистиле забот целосно и ставиле лек, би требало да делува и да ја смири болката. Од една страна, дали воопшто го погодиле забот кој ја предизвикува болката, од друга страна, растење на осмици може да предизвикува такви болки. Другата осмица на истата страна да не расте случајно? Не би било лошо да ти дадат антибиотик да испиеш да се смири се', целосно па после да се лекува останатото.
    Кај тебе бременоста дополнително ја отежнува ситуацијата. Некој заб има воспален нерв, ама кој....само снимка може да покаже.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.149
    Сите осмици ми се одамна израснати, убаво пробиени и со актуелни пломби од пред 9 месеци. Тогаш каде требаше се се' среди на цела вилица.

    Тестов со ладно и тропање по забите го правеше за да утврди дека е осмицата, не седмицата до него, бидејќи и јас не знаев дали е само осмицата или двата. Ама и четворките горе доле болат. Заедничко е што сите заби се на десна страна, ама и горе и доле по некој.:(
    Ибупрофенов смирува малку:(
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @danichap да не ти е од лекчето? Мене исто ми ставаа лекче на осмицата, ама ме предупредија дека ќе ме боли некои 2-3ч и после ќе прекине. И мене ме болеше цела десна страна. Прво не можев да идентификувам горе ли е, доле ли е, од 4ка натака се ме болеше.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.149
    Дај боже и кај мене да е така. Нос, око, синус... се ме боли:doh:
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И мене исто. Поготово окото и синусот над него. Неколку часа ме болеше по ставање на лекчето и наеднаш прекина. Би требало и кај тебе да е така.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.706
    Пол:
    Женски
    Не може да биде од лекот ако е чистен забот. Поточно, ако се чистени каналите. Ако е ставен лек за умртвување на нерв, може да боли.
    @danichap, кога ги потчукнуваа забите, дали имаше некој што повеќе те болеше од другите?
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.149
    Само еден ме болеше кога ги чукаше, осмицава. Сите заби во цела уста ги исчука, немав болка на другите.
    Не е за умртвување бидејќи рече дека е трајна пломба, не треба пак да одам. Освен доколку имам компликации.
     
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    @danichap А забите те болат или непцата? Да не е гингивитис? Јас имав во бременоста и многу болно беше.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.149
    Не се непцата, баш забите се. Не ни имаше индикација дека имам проблеми со нив при прегледот. Без оток црвенило или слично:(
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.706
    Пол:
    Женски
    Значи тој дефинитивно го затворил забот. Инаку, од осмицата е. Таа е причината за сета болка. А што работеле и што ставиле за жал, не можам да ти кажам, бидејќи не работиме по исти протоколи.
    Башка, може забот да е мртов, исчистен и трајно затворен, таму обично во една сеанса завршуваат се', кај нас оди во повеќе сеанси.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.560
    Допаѓања:
    201.706
    Пол:
    Женски
    @danichap како си денес? Се намали болката?
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.149
    Малку, да, ама не исчезна:(.