Јас пред да останам бремена ми направија ревизија на стари пломби, ги променив, некои точки исчистив, и редовно чистење камен и дренажа на џебови. Непцата на почеток многу ме чешаа и крвареа па накај 13 недела си бев на заболекар исчистив камен и џебови и планирам уште еднаш пред крај, здравје боже, зошто си ја познавам ситуацијата со овие непца чувствителни. Сега ми се супер. Воедно и контрола да не дојде до кариес. На заболекар може да се прават заби колку што знам, не чини да се трпи болка. Мене одењето на заболекар ми е задовоство. Порано ми беше страв и стрес, но веќе не Сега одам со мерак на 6 месеци па дури и бремена.
и јас сакам да прашам. 8ма недела сум нема шанси да издржам без анестезија да поправам,и без тоа имам големи болки. Нешто што можам да се напијам? Или капки против забоболка.... Као побезбедно не се?
За болка можеш парацетамол само, за заболек капките јас знам дека несмее да се ставаат во бременост така и кажаа на другарка кога беше бремена, а за анестезија јас не би мада многу кажуваат дека е локална и во мали дози и дека несмета, прашај си доктор најдобро знае. Мене ми рекоа дека ми расте умник и дека ке мора да се снимам, добро е што ми престана болката инаку не би прифатила снимање колку ди заштита да има не би
јас користев едни грчки но сепак ќе прашам во аптека. Се имам напиено 2 пати аналгин ама по 1/2 сега ќе пробам со парацетамол па петок сум на преглед ќе прашам дали смее да се оди на стоматолог. Инаку забот е 7ка и ми е скоро пола скршен па мислам нема фајде од поправки,да си го извадам.
Смееш да одиш и да ти прават заб, само без анестезија, т.е. без анестезија која содржи адреналин бидејќи може да предизвика контракции. Јас чистев забен камен и правев заб во 7ми месец, имав болки и ова ми го кажа и матичниот гинеколог и забарот. Има опција за безадреналинска анестезија ама види со твојот забар дали има таква или најди некој кој користи таква ако ептен не можеш без анестезија. Јас поминав така, ми ставија лек па сеа после породување треба да идам за пломба.
Да ве прашам непцето на 8мица десно ме боли, изгледа се проширува и ќе ми расти 8мица. Веќе втор ден како имам болки. Болката се качува нагоре накај увото, и имам проблем со џвакање и отворање на вилицата воопшто. Совет? Да плакнам со нешто или некое друго мислење....?
јас во првите недели користев и заболек и пиев аналгин не можев да издржам. А исто така не смеев тој период да одам на стоматолог. Ти веќе можеш. Оди поправи си го не трпи болки
Добро вечер, едно блиц прашање ќе ве молам... маж ми ја купил пастава за заби со активен јаглен е, па информативно вака, смеам да ја користам или не? демек не смее да се голта во никој случај, е сеа ако ми залетне шо прајме? па затоа... фала!
Ам ако залетне залетне јеби га и да погинеш колку можеш ќе се спасиш. Голтање на паста се мисли тубата во уста да ја истуриш подалеку од деца итн. А ова активен јаглен немам поим дали смееш.
амори тоталке низаедна не се заебаај, наводно ептен ги белеела забиве..вакви ситни радости почнаа во текот на денот ќејфои да ми праат, шо да праам, по цел ден у кафез ај ќе прашам доктУр .. туку шо ми се измести ова циклусов за спиење до 2 на пладне спијам... ко факултетлика сум станала... ајде добра ноќ и убаво да нанкате со малото цуфле
@Anath Здраво. Јас сум трудна 7 месец и имам проблем со осмиците на десната страна. Вчера имав големи болки и стоматологот ми стави малку токсавит на двете и ми рече дека болката полека ќе се намалува во текот на две недели ама не нагло. Јас вечерва имав страшни болки на цела десна страна на вилицата и не знам дали е тоа реакција од токсавитот или нешто друго? Парацетамолот само благо ја направи болката поднослива за да можам да заспијам 2-3 саати. Инаку долната осмица е без забен ѕид од едната страна, во која ставија лек. А горната само површински ја отворија зошто беше без анестезија и ставија мала количина токсавит таму. Дали е ова алармантно? Што да направам со болкава?
Ако многу те болат, извади го лекот некако, да дишат забите. Иначе може да ги извадиш на клиника, нема врска што си бремена. Ама побрзо, оти мислам во 9 месец не вадат. Да беше во втор триместар ќе можеше бруфен да пиеш, ама не е дозволен во трето тромесечие.
Дали смее при бременост да се изврши интервенција на умници имам за вадење уште еден умник кој што не е излезен ама расте криво и мора да се прави операцииа , па да си планирам кога да го вадам и дали смее во бременост?
@TutiFuti Мислам дека да. Зборувај со стоматолог. Мене пред месец дена ми се скрши заб, многу лошо се искрши, во понеделникот бев на стоматолог и ми рекоа дека морам со операција да го средам. Само не ми препорачуваше сега, бидејќи сум веќе 40 недела па да не ме фатат контракции на сред операција и да незнаат што да ми прават Да бев 8 ќе отидев, ама морам да чекам. Инаку ми рече не е страшно што си бремена.
Во 9ти генерално не вадат, ама во уредна бременост во секое време можеш да вадиш. Најдобро е во второ тромесечие, од искуство најдобро го поднесуваат вадењето трудниците бидејки најдобар им е имунитетот тогаш. На почетокот и крајот има други тегоби кои се нормални во бременоста, не дека не може и тогаш да се вади, ама ако ти се лоши на пример сигурно ќе ти биде помачно заздравувањето.
Ви благодарам женски ќе се консултирам сепак со заболекарот и гиникологот, сеуште немам болки но за секој случај прашав дали смее да се вади умник со операција.
Ако не е голема интервенција, може. Ако имаш уредна бременост може и со анестезија. Ако те боли или општо се плашиш од стоматолог, не е препорачливо, од стрес и адреналин има шанса да добиеш контракции. Јас лично си пломбирав заби со анестезија во 9ти месец, ама јас сум стоматолог и за мене поправање заби е исто како нокти да си правам Ако не ти е итно, можеш да почекаш по пораѓај, нема нешто многу страшно да се случи за 1 месец. Ако е нешто итно, подобро направи го што поскоро отколку да почне да те боли кога ќе доиш па да не можеш да пиеш аналгетик или антибиотик.
Страшно ме боли 8мица. Имам пломба стара 4-5 години која ја осетив дека попушта ама со матичниот додека да се оправиме со други заби па со снимање јас останав бремена и сега во 9та недела осеќам дека ме боли. Не е постојано. Повремено. Благо ич не јадев последниве недели и денес за беља реков ај една коцка и ете .Тапа слаба болка ама не знам натаму како ке биде. Да пробам да издржам до 12та недела или да си фатам пат на стоматолог? Искуства?