Ова што го опишуваш е парадентоза. Нема никаква поврзаност со поправање на забите, и здрави заби може да се расклатат, зошто таа болест ја напаѓа коската и непцето околу забите. Се третира со идеална хигиена, често професионално чистење, и некогаш антибиотска терапија. Нажалост лек нема, и некогаш и се препорачува да се извадат забите ако веќе премногу се клатат. Советот што ти е даден погоре воопшто не е добар и како стоматолог би ти советувала да не го следиш. При бременост често се случува да се воспали непцето и да се јави крварење, најчесто таа реакција поминува по пораѓајот. Секако се препорачува чистење на забен камен, но во моментов тоа е една од интервенциите кои се избегнуваат заради коронава. Ќе земеш четка со меки влакна, паста за воспалени непца (парадонтакс, лакалут актив), редовно миење на забите по секој оброк, и плакнење со вода за испирање или хидроген 3%. Сода бикарбона на воспалени и раскрварени непца никако, не само што ќе боли, ќе направи и потешко да зарасне непцето каде што веќе е оштетено. Таа во комбинација со лимон во домашни услови се користи за белеење на заби, па можеш да замислиш што може да направи на отворена рана (што уствари и ти е моментално воспаленото непце).
Ми треба совет, ми испаднала фасетка од заб кога јадев и сум ја голтнала дали може нешто да наштети на бебе? Мало парче порцеланс одлепило
И јас така помислив ама се исплашив малку, тоа сигурно не се разградува па да може да наштети. Фала за одговорот*
Не е дозволен ефридол во бременост.. За болка само парацетамол ако ти помага, ако не на лекар ќе ти кажат што смееш
На стоматолог. Што и да е маката, третирај го додека не си влегла во 9ти месец, па да не знаеш што да правиш.
Ако мора да се прави, во секое време се прават заби. Ако може да почека, најдобро е после третиот и пред деветиот месец, или после пораѓај.
Каде можам да најдам флуонатрил табл. 1мг итно ми требаат, многу ми крварат непцата препорака од матичната да ги пијам но нигде неможам да ги најдам
Ајде и тука да си ги запишам проблемите да не пропуштам. Ме болат забите...си изреагирав уште прв триместар ми рекоа почекај. Во меѓувреме еден куп други проблеми се одложи работата. Сега еве почеток на трет триместар и имам бар 3 расипани и една осмица во раст која убаво знае да ме заболи. Ме нервира целата ситуација. Четкам со две пасти наизменично против крвавење на непцата и кариес и до сега беше се во ред да не речам преку ноќ се расипаа ама така ми доаѓа. Проблемот ми е што сум со ризична бременост и не знам колку е паметно да одам да поправам. Неможе без анестезија. А и неможе повеќе од пола саат/саат да седнам на тоа столчето. Читав во анестезиите има адреналин ствара контракции тоа па ич не ми треба. Дајте совет. Не сакам во 9ти и да се пораѓам и заб да ме боли, убитачна комбинација.
И јас пишав во трето тромесечие не знаев тема дека имало...сега гледам. И јас за прв пат се соочувам со расипани заби не знаев ни што е ни како изгледа тоа...језда сама сум си крива се убив благо јадење е ај да не се расипат. И ја не сакам да одам на забар ем што ќе ми биде прв пат, ќе се стегам ми е страв беља да не си напраам... Помислив едино на калциум да појачам да видам со жатичнава друго не ми паѓа на памет. Ме болеше и мене еден 2 дена па помина така сам од себе без ништо... Чекам и ја совети ...
Се слушнав со матичната. Вели после 20та недела нема никакво влијание на плодот. Е ми вика сега ти како се осеќаш со твоите грчеви болки дали ќе издржиш. Имам доверба во стоматологот брзо работи нема да ме измачува. Се слушнав и со него и објаснив патолошка дека сум. Велам да го отвориме стругнеме набрзина и ако не се трпи затвориме со лек. Уште два месеци сум би требало да се издржи. Подобро сега да се санира отколку да чекам до 9ти и да се измачувам со болки такви кога допрва други болки чекаме. Подобро тогаш бебе да вадиме него заб нели. Иначе јас си ги расипав од благо ама прво ги продупчив со залетано од јатка од праски нагризав на два пати меѓу пломби нели помеко. Толку фали.
Така е да во право си.. ја ќе се молам валда нема толку баксуз да сум да ме фати некоја болка а ќе видам дали ќе има ефект Калциум додатно. Мислам дека е грешка што до сега не пиев Д3 и Калциум ама тоа е што е нема назад. Дур отидам дур закажам 9ти месец ќе влезам ми е страв и да не испозакачам корона тек после кај ќе ми биде крајот... муки труднички во пандемија
@Milkiway ќути Д3 пијам од сам почеток не сум престанала и пак се расипаа. Едино непцата ги држам колку толку под контрола. А за ова што велиш. Матичниот стоматолог ми е спроти државна. За секој случај среќна околност ќе биде ако тргне нешто наопаку. Мада добро сум деновиве и немам крвавење за тоа собрав храброст да одам на еден саат да ме средат. Иначе ќе баталев се и ќе си седев дома.
Мојов па го имам на инста и го гледам де албанија де охрид де со народ. И ептен треба друг да барам ние толку со мм не се мешаме со никој викам мораше ли сега. Баш пиши како ќе поминеш
Епа само пофални зборови за стоматологот мој. Две минути работа и ме спасил два месеци да сум раат. Ми рече не е за бушење овој период да си издржам би требало ми настава памук со лек. Премногу сум задоволна и од однос и од професионалност. Ми честита и се договоривме следно гледање после пораѓај се ќе се санира со две/три одења.
Мене од тотхемата ми поцрнеа, со ништо не се вади бојата, паста и хидроген пробав, едноставно пигментираа. Ужас.