@Кита , ја така се мислев да ставам да не, по што се обидувавме за бебе и никако да останам трудна. Ја ставив протезата на 02ри, истиот месец на 28ми имав позитивен тест. Ја носев цела бременост, ја извадив исто бремена со второто дете. Ставање протеза не боли. Прашај се што те интересира слободно, ке ти кажам.
Слободно може било која интервенција да ти ја направи стоматологот, подобро обрати се кај него/неа. Подобро да се третира отколку да трпиш болки, нема страшно.
Здраво 25недела сум и забиве почнаа да ме болат а непцава крварат ја користам лакалут актив и 3%хидроѓен. Стоматологов ми ја препорача оваа гел сега дали некој ја има користено и дали помага за воспалени непца
Имам неколку дена болка во забот.Ми го пломбираа во петокот, ама болката не помина.Денеска ми го отворија и ми ставија лек, живецот правел проблем.Меѓутоа болкатаникако да помине, а имам и главоболка.После колку време од ставање на лекот поминува болката?20 +4 сум недела, дали е штетно за бебето 3,4 дена болка?
Ме интересира дали во бременост може да става стоматологот анестезија, дали е штетно за плодот? И дали може да се става пломба и дали она што зрачи кога ја зацврстува пломбата може штетно да влијае?
Анестезија може, во цело второ и трето тромесечие, со исклучок на последниот месец. Нема никакво зрачење од хелио ламбата за пломби, не се стресувајте за џабе.
Здраво мене умникот одамна ми беше за вадење но не го извадов и сега сум во 7 ми месец и осеќам гној како топче на долната вилица Дали некој имал ваков проблем како го излекувал гнојот Ве молам за одговор
Слободно појди на заболекар, ако имаш такво топче ќе ти го пукнат ќе ти олесни и во поголеми месеци си, јас бев околу 11та 12 нед така наеднаш почна гној да ми се собира и болки
Devojkiii dobro vecher Uzhasno me bolii zab shto da stavam da se napijam .. Mi kazhaa da pravam gargara so sodaa no nisto ne pomagaa 31 nedela Falaa dobra nokj
Девојки ајде да ве прашам нешто.Имам само еден моментално заб подрасипан.Стоматологот ми рече да му ставиме лек за умртвување ама мене ми беше страв да не нешто му наштети на бебето зошто незнам каква е процедурата..Иначе уште една недела ќе влезам во 7 месец...Може да се прави тоа или не и каква процедура е.Или дали ако го оставам вака додека се породам има некаква штетс на бебето?Поздрав
Дали ви помогна нешто за воспачени непца што почнаа да прават џепови со гнпк, стоматочог ми ставаше дрен и ми рече да исширам со 3% ходроген но боллата е голема. 38 недела сум, ве молам некој ако има слично искуство нека сппдели лек
Јас го имав истиот проблем и многу ми помогна паста лакалут актив после тоа ставав 3%хидроѓен и оваа маст исто многу помага предобра е и така истерав полесно а се породив во април
Јас корисрам парадонтакс паста и мека парадонтакс четка. Плус по потреба директно на џебови ставам прополис, ми помага многу.
Што пиете за заштита на забите во бременост од витамини? До пред 5,6 дена пред да добијам позитивен тест редовно си пиев Д3, сега не знам дали смеам и го прекинав. Дали нешто имате посебно пиено, во бременост најмногу се оштетуваат од тоа се и плашам најмногу.
Луѓе пред неколку месеци пломбирав заб, повремено реагираше на ладно на едната страна. Деновиве ме фати болка си мислев воспалени непца, ај подразмина. Еве цела ноќ сум со страшни болки во забот и во непцето над забот, дури до око што се вели, ништо не помага, 37+3 сум, има ли шанси да го умртвиме нервот во оваа недела?