Да, има, само прашај дали ставаат анестезија, не секој работи кај трудници. Може ќе мора без анестезија да го отворат. Нека ти стават безадреналинска, и не мора цела ампула.
Здраво девојки... имам едно прашање, кое што ме мачи подолго време и денес решив да го споделам со вас. Прва бременост ми е , 14та недела. Во ноември месец имав операција (ако можам така да ја наречам) за местење на имплант на празно место каде што немам заб. Односно тогаш само штрафот во коската го вградија. Сето тоа со анестезии и пиење антибиотици за болка заврши добро по ред. Забарката рече дека после 5 до 6 месеци ќе се става забот И дека главниот и најголем дел од процедурата е завршен. Сега јас сум трудна, и незнам дали е паметно да го местам забот. А местото можеби ќе зарасне многу бидејќи ќе помине многу време од ставање на штрафот. Ми е страв од тие тематики: снимање на заб, анестезии итн. (кои што штета или нештетат на бременоста)- што смеам, што несмеам.Незнам.Стварно незнам Дали некој имал СЛУЧАЈНО ваков сличен пример како мојот, или пак совет што ВИЕ би направиле. Се разбира ќе се консултирам и со мојот гинеколог, но го ценам и вашето мислење и искуство. Ви благодарам многу
Ај здраво на темата Кога не можеш да призаспиеш, нормално одма те напаѓаат wh-questions and if-questions. Дали во рана бременост смее да се плакне устата со Listerin (така се викаше?), @Annath?
А те молам советувај ме какви пастили да земам за грло. Имам една мака. Пред месеци ми се појави чувство на некакво пречење во грло. Бев на лекар, ништо не виде, само крајникот поголем. Го имам години таков, не ми пречи. Ова ми пречеше подолу зад душникот, па како да менуваше место, и имав многу шлајм. А не пушам. Со користење на препарати, љути пиперки, прополис, и друго, го снема. Ко вчера нешто на компјутер работев и ко згрчена бев и осеќам болка во грло и пак тоа чувство. Сега не ме боли, ама некако пречи, ко пуканка. Имаш чаре некое?
Да, баш и на неа ми текна тогаш. Во ред е, и хормоните. Еве вчера немав многу такво чувство. Шо знам, до грлово е мисла. Најдов уште две ко мене на форумов, ама ги нема да кажат.
@Annath здраво. Пред некое време пишувавме за тројки заглавени, нели носам протеза и треба да ја влечат. Тројкава ми е поставена некако зад линијава на забиве, на тврдото непце горе, и го чувствувам со јазик. Еве сега како набрекнат ми е и буквално ме трие ме жули непцето и по некое време ќе се смири таквото чувство. Секогаш вака ми правеше. Зборов ми е, се прави место за забот, меѓу двојка и четворка, има процеп колку јазикот да го пикнам, има неколку милиметри, нецел сантим. Е сега сакам да те прашам, како да ја забрзам работава, дали може побрзо да се туркаат забиве за да се доотвори место? Некако ми се мајтапи докторов демек ехееее чекај сега ќе средиме, едно дете друго дете, ехее имало време. Значи сериозно? Јас знам дека е заебант, ама година и пол ја носам протезава и уште колку време ќе треба?? И после треба со имплант да ми го влече. Извини шо олку ти пишам, ми треба мислење од друг доктор. Убав ден!
Треба време, не оди баш така брзо. Особено што кај тебе е завршен растот. Поместувањето на забите најбрзо оди кога си тинејџер, над 20 години е многу побавно. Година и половина не е ништо за фиксен апарат, тоа е период за исправање на помали аномалии. Кај мене импактираната тројка се симна на местото за една година после оперативниот зафат, ама кај мене имаше простор за забот, оти млечниот си стоеше до зафатот и чуваше место, плус немав ни 20 години. Ќе се среди, само трпение, нема друго.
Фала ти многу. Си велам можеби и олку шо се помести досега е успех и брзо се случи. Колку цм треба да биде процепот за тројката да влезе? Леле година дури да се спушти ауу тоа е дефинитивно многу. Ама ајде ќе се издржи. Мене ми е да не ми излезе низ непце и да се зафркне работава. Ама цело време стои импактиран, само што осеќам дека сака да дојде на место, да избие, ваљда не ќе ми прави проблем отсега. Само уште неколку месеци да издржи, да се отвори простор. Инаку, сум бремена, зафати некакви смеам да правам на забиве како поправање ако треба или рентген снимка? А за операција на забов тешко дека сега брзо ќе биде, за тоа ќе почекам.
Смееш да поправаш, не смееш да се снимаш. Тројката можеби добила некој стимул за растење поради придвижувањето на останатите заби, затоа ја осеќаш така. Процесот на симнување/влечење на забот ќе почне откако ќе се направи доволно простор за да може да се симне и да се намести во линија со останатите заби, не да биде понапред или поназад. Знам дека не си од Скопје, дали доаѓаш тука за фиксниот апарат и зафатот, или сѐ правиш во Охрид (ако не сум грешка, сограѓанка си ми , ако живеам во Ск, јас сум Охриѓанка).
Еее па не знаев дека сме сограѓанки од далеку. Сѐ правам во Охрид, ај да кажам каде, кај доктор Баткоски. Сигурно ќе треба уште дупло да турка од ова сега што е просторов направен. Тројките се крупни заби. Ми вадеше осмица за да се направи место, па мислам дека има уште место од коската за да се поместат забиве. Ми е страв да не имат снемано место за движење. Нестрплива сум и јас и забов, особено кога осеќам дека притиска. Инаку прилегнато поставен, малку на едната страна наведнат. Којзнае како ќе го трга.
Мојот беше сосема хоризонтално легнат, па се исправи. За секој заб има начин да се донесе на местото кај што треба да стои и таман да се намести. Штом си вадела 8ки, има место, не се секирај.
@Annath , sorry шо пак те замарам со мене. Толку ми е значи опсесија, ко некоја фиксација и само мерам премерам. Го мерив процепов со шивачко метро 3-4 милиметри има. А другава тројка шо ми е на место е вкупно 8 милиметри. Значи сум некаде на пола. Досега за нецела година успеавме да напрајме олку место. Колку време прогнозираш дека ќе треба уште да се доотвори? И знаеш шо ми е страв. Шо на пример го чекам го чекам забов да го наместат, и здравје кога ќе бидне тоа, шо ако е забов расипан? Можно е? Иако кога ставав протези ми правеа рентген, видоа како е поставен и беше ист како и другиве заби, бел, ако е неубав ќе се видеше на снимката?
Како би се расипал ако не е излезен? Здрав си е, не се секирај. А за тоа колку време треба да се направи место, па до крајот на годинава веројатно. Ама не би знаела точно да ти кажам.
@Annath извини што ќе ти подосаѓам, ама ми треба совет што можам да правам за или користам за непцава. Оваа бременост многу ми се воспалуваат и ме болат. Немам проблематични заби ниту непца генерално. Во првата бременост дури на крај почнаа да ми се воспалуваат, а сега еве 13 недела и почнува се почесто и повеќе да ме болат