Оди кај стоматологот да ти ги исчисти и дренира, па после по потреба. Дома плакнење со чај од жалфија (не голтај), може и со 3% хидроген, ама не пречесто. Редовно четкање со мека четка, конец задолжително, ама нема баш целосно да помине, трудничкиот гингивитис е резултат на хормоналните промени во бременоста и најчесто трае до породување, после се повлекува.
Користам курапрокс четка, а со конец имам проблем, тешко ми проаѓа меѓу забите. Ништо ако не ми се потсмират ќе одам и до кај стоматологот да ги види и дренира ако треба. А плакнење со чај од жалфија колку често може?
Свари си од сабајле чај, пола литар доволно е, нека се излади, во фрижидер чувај го, па после јадење може да плакнеш.
@Annath пак јас. Морам да те прашам за уште нешто поврзано со тројката. Петокот бев на преглед после скоро два месеци неодење и му велам ајде уште колку време ќе се тера, нестрплива сум и ми вели ако тера со вакво темпо уште неколку месеци ама ќе ти ставам имплант. Што значи сега тоа имплант? А пак не успеав да го прашам, сѐ само на брзање е. Дали со имплантот ќе го дотурка забов, тоа има задача? Бидејќи ако треба така, јас сум бремена, како ќе биде со анестезија. А нему не му спомнав, сега засега не мора ама ако дојде до ставање имплант... И дали смее сега пескарење на заби да се прави?
Пескарење не мора. А за имплант, ако мисли на мини импланти што се вградуваат за да се извлече импактиран заб, мислам дека може во бременост да се стави, во второ тромесечие слободно се работи со анестезија. Ама ако не е ништо итно, не мора такви зафати на топлово.
Баткоски ми рече да сме се договореле за чистење на забиве, ради наслаги. Има друг начин, освен пескарење?
Обично чистење со ултразвук. Пескарење е за крај, како полирање, јас лично не го применувам. Не ми се допаѓа ефектот врз непцата.
Пробав да читам назад ама имам неподнослива болка и ве молам за совет. Од пред некој ден горните непца почнаа да ми стануваат осетливи што и да каснам, обавезно после тоа кога ги чистам забите се раскрваруваат. Моментално од сон ме разбуди болка во левата страна, ме боли дури и образот и главата од таа страна. Дали да барам сабајле заболекар да ги чисти итно? Понеделник заминувам на одмор и страв ми е таму да не се искомплицира нешто… Во претходната бременост воопшто немав ваков проблем…
Вчера бев на заболекар поради болки во отворен заб со изваден нерв , значи празни канали , мала инфекција и болење до неспиење три вечери ми следеа после тоа. Не смеело да се вади заб во последните 3 месеци и првите три месеци, значи 4, 5 и 6ти месец можело вадење. Цела страна од главата ме пукаше три вечери дури очите ми светнаа од неспиење како да имам температура. Ќе одам на варијанта да ги чисти каналите еднаш неделно и да наполни ако тоа е можно па да се затвори забот некако. Гадна работа ова , мене од 2 болни заба на 4 ми отидоа со бременоста , 4ка, 6ка горни, 5ка доле(за тој и бев вчера) плус умник ми излегува од пред недела дена.
Вчера бев на заболекар , споман во бременост знаело да се појавува крварење. Оди на заболекар не губиш ништо барем ако може да ти олесни со нешто да не трпиш болки. Со лесно.
Отидов одма на заболекар. Терам сега некоја рутина, не е скроз повлечено, ама барем не е како на почеток. Фала ти.
Јас имам проблем не можам да измијам заби... штом ставам четка и паста во уста одма нагон за повраќање
Труднички..дали имате искуство со др Русе Пецановски? Добар доктор е? Ви кажав ме болеше заб. Бев кај него. Ама ми рече дека не е забот туку просторот мегу забите, се направил џеб. Вика да не те трујам со антибиотик сега,чисти само со Бетадине па ке видиме . Ептен било воспалено. И сега незнам што да правам фали да одам на второ мислење.
Дрен ти стави? Јас имам проблем кај еден заб, често ми се прави џеб. Го чисти, става дрен, потоа со хидроген и бетадине.
Може не било толку длабок џеб да мора да се стави дрен, ама ако не ти се смири за 2 дена, оди пак. Во бременост е често воспалување на непца и активирање на џебови, мора одлично да се одржува хигиена, и ако имаш мака мораш да одиш на професионално чистење па дома само да продолжиш со одржување на хигиената.
@Annath здраво. Ситуацијата со заглавенс тројка кај мене ти ја спомнав. Носам протези година и пол, шириме место за забот и вчера док ми рече дека ќе ми прави сецнување на местото за да почне да го влече забот. Алелуја Аман кажи ми колку би траело, дали смеам сега да правам со анестезија во 5ти месец бременост (тој ми рече смеам) и дали после тоа е можно некоја инфекција да закачам, ми е страв. Дали ќе треба антибиотик превентивно?ќќ