Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од najmilo, 22 септември 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Смееш сѐ да правиш, смее анестезија, антибиотик мислам дека нема потреба, не е вадење заб.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.668
    Допаѓања:
    11.113
    Пол:
    Женски
    Annath, добро утро. :)
    Завчера го сецнавме местото, со анестезија без адреналин им спомнав. Ги прашав и нив, и тебе ќе те прашам, анестезијава нема штета по плодот, така? Во смисла во развој на мозочето и слично...

    И уште ова. За колку време тебе ти се спушти тројката?
    Мене ми рече за 5 до 7 месеци, дека од назад ја влечат, поставена е малку налегната. Можно е и побрзо да даде импулс на растење, дека утрово леле сите заби на таа страна како се активирани, уф да издржам само.
    Можда вака на почетоков ќе бидат дур почна таа да слегува.
    Мене 5 месеци и брзо ми се гледа, супер ако целата се намести во тој период. Јас, пак, си мислев да не фати година растењето.

    Фала ти однапред, поздрав. 0
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Не штети анестезијата.
    А за забот, јас цела година го влечев, не паметам за колку време ми се спушти. Ама кај мене беше сосема хоризонтално поставен, го влечевме да се исправи за да влезе во низата.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.668
    Допаѓања:
    11.113
    Пол:
    Женски
    Болкава што ја имам сега колку ќе трае? Знаеш она чувство на триење од храна, како се набрекнато да ми е, ме нервира ме иритира, не можам да јадам, гризам од една страна.
    ексик.
    Да очекувам вака да ми е дури пркне првично од местото? После ќе си спласне местото?
    И за колку време ќе почне да пркнува, ваљда нема месеци да ја чекам за да подизлезе од ткивото..Ах шо ми напрај шо ме остај уште пред години со импактирана тројка. :fubar:
    Фала ти на одговорите, те пукнав, барам утеха.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Не би требало да трае долго време. Индивидуално е, ама ќе помине. За кратко нема ништо да ти пречи. Надуено е од сецнувањето, ќе спадне за некој ден. И олабави си малку, не си прави стресови, трудна си. И забот ќе излезе и ќе си се намести. Само трпение.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.668
    Допаѓања:
    11.113
    Пол:
    Женски
    Смеам да користам некакво гелче за непцава?
    И дали е можно и на долнава вилица од истата лева страна да осеќам притисок чешање како горе, а не носам протеза?
    Дури денес храната вкус ми нема, ми се лачи плунка, а како затегнато горчливо чувство во уста и грло имам и малку лево уво ме чепка. Сето ова да го препишам на тројката? Веројатно дека сега се активира процесот.

    Фала фала многу многу :hug:
    Да те честам кафе ко ќе идаш во Охрид, за одговориве шо ги добив од тебе, отколку од мојот заболекар.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Нормално е тоа чувство, и зголеменото лачење плунка. Ќе се среди кога ќе помине раната. Мислам дека смееш да мачкаш гелчиња, ама нема потреба, непцето има голема регенеративна способност, само ќе се среди.

    За кафето, те држам за збор ;)
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    616
    Некој искуство со загноен заб во бременост?
    Дали смее да се прави ренген снимка(стоматологот ми рече доколку е се во ред со бебето после 4 месец ќе може да се направи снимка)
    Забот е отворен пробавме со лек но повторно загнои?
     
  9. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    Здраво смеам да чистам забен камен во 36та недела?
     
  10. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    720
    Да ми препорачате некој гел за непца во бременост на природна база некој што го користи.
     
  11. Smurff

    Smurff Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki.
    Bremena sum 16nedela zdivot go osekam mnogu loso mirisa imam zakazano sega kraj na mesec za zabolekar, sakav da ve prasam imam mnogu beli naslagi na jazikot kako da se resam od niv dali ima nekoj iskustvo. ❤️
     
  12. Isibaby

    Isibaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Премногу ми се воспалени непцата, ве молам искуство што користевте, што најмногу помага? Толку многу ми се потечени што не ја осеќам цела десна страна
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Оди на стоматолог да ти ги исчистат непцата. Само нема да помине.
     
  14. Isibaby

    Isibaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Веќе бев пред недела дена.. Ќе видам ќе пробам со некое гелче ☺️
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.142
    Допаѓања:
    20.265
    Пол:
    Женски
    Мене ми помогна четкање на непцата со ултра мека Курапрокс четка, Парадонтакс паста или Лакалут Сензитив, плакнење со Курапрокс течност, 3% хидроген и чај од жалфија и мачкав Гингивал. Многу е непријатно ама би требало да ти се смири како одминува бременоста.
     
    На Isibaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Isibaby

    Isibaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, четка од курапрокс користам и лакалут сензитив паста. Денес земав и гингивал маст... Утре ќе ги земам и останатите работи и се надевам конечно ќе помине. Премногу е мачно неможам уста да отворам
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.142
    Допаѓања:
    20.265
    Пол:
    Женски
    Знам и жал ми е, многу е мачно. Мене така на почеток ептен ми се собра, прво гестациски гингивит, па умник се воспали и мораше да ми го извадат, ама тоа е.. Пази само со Курапрокс плакначот да го земеш тој што може да се користи подолг период, ги има разни. И чајот од жалфија исто не треба да го голташ, само да плакнеш со него.
     
    На Isibaby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Isibaby

    Isibaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски


    Фала премногу ❤️малку ми се смирија, ама сеуште имам мака. Се надевам за кратко ќе помине
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.142
    Допаѓања:
    20.265
    Пол:
    Женски
    Нема на што, мило ми е ако малку помогнав. Не знам која недела си, кај мене се смирија мислам откако влегов во второ тромесечие и плус го извадив умникот нели, може и он имаше влијанјие не знам. Инаку заборавив да спомнам, зголеми и внес на Ц витамин, најмалце 1000мг, а ако можеш смееш и до 2000мг дневно.
     
  20. Isibaby

    Isibaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам кај сите е најчесто во прво тромесечие, кај мене во трето 29 недела сум ... Вит Ц пијам од 1000 едно на ден. Баш ке ја прашам матичнста дали можам да зголемам доза.
    Колку пати во денот се плакнеше со хидрогенот? ( инаку ми е прегрозен )