Баш чудно, јас сум 31ва недела и се нема повторено откако ми помина пред второ тромесечие. Витамин ц со сигурност смееш да зголемиш, вишокот се исфрла од организмот преку мокрење, ама консултирај си се со доктор да. Се плакнев кога беше ептен лошо по два пати дневно, измеѓу почнав и жалфија и курапрокс плакнач. Грозен е, ама кога мора тоа е..
8ца ме боли, страшно и цела десна половина од лицето, синуси, око, грло, уво. Болката не реагира на парацетамол, листерин, бедоксин, калциум, магнезиум. Од синоќа почна нагло. Цела вилица ме боли. Мислам ќе умрам од болка. Јас имам огромен праг на болка, но ова И со првата бременост имав болки во лев умник горе, изби вертикално и после пораѓај оперативно го извадија. На панорамска слика само тој вертикално растеше, другите 3 ми се хоризонтално поставени. Многу страшно ми беше вадењето на првата осмица, за недела ипол ке бидам 7ми месец, може ли бруфен да се напијам? Овој парацетамолот никогаш не ми помогнал за болка.ама баш никогаш. Ај @Annath @Spidy советувајте ме, ако сте тука. Утре закажав за заболекар, ако не умрам до тогаш. Дури помислувам и на пареза на фацијалис, секој нерв ме боли. Да напоменам досега во живот ниту еднаш не сум имала кариес, ниту расипан заб. Имам сеуште 4-5 заби млечни, несменети. Повремено крварат гингиви, и освен осмицата во првата бременост, ова ми е втор пат со ваква неподнослива болка
Во 17-18та недела извадив 8ца. Се расипа преку ноќ буквално. Лечевме со недели ама никако да попушти. Почнав и јас да полудувам од болка, на крај завршив на дежурен. Го извадија многу брзо и лесно, дури немав потреба после тоа ни од апче за болка, ни од антибиотик. Со лесно.
Беше ли избиен твојот? Мојот воопшто не се гледа. ќе мора оперативно, со шиење со се по ред, ама болкава е полудувачка
Бруфен во трето теомесечие не е дозволен, за жал. Не знам дали некој би се нафатил оперативно да вади кај тебе во овој период, антибиотик не верувам дека би помогнал со оглед на тоа дека не е избиен забот. Најбрзо што можеш консултирај орален хирург да видиш што ќе ти каже, полошо е болката да ја трпиш отколку да го вадиш забот.
Беше да. Претходно имам извадено други две осмици што не беа целосно пораснати ама правеа проблем, растеа расипани. Не ме сечеа, ги кршеа па вадеа дел по дел, ама после тоа имав болка и морав да пијам апчиња за болка и антибиотик. Овој пат беше толку брзо и лесно што ми беше криво што воопшто чекав до тогаш. Мора да те види орален хирург и да оцени што е најсоодветно во твојот случај.
Zdravo Dali STE pravele snimka na zab mi kazaa deka moze imalo vo nekoi ordinaticii za snimanje so zastitna kecela za trudnici...
Здраво Јас не би правела... Каков проблем имаш? И мене ми се појавија проблеми со забите, но ниту еден стоматолог не препорача снимка. Консултирај се и со гинеколог.
Se konsultirav so ginekolog ne preporacuvaat..a inace mi Padma koronkata so straf pa sega mi baraat snimka zaradi da vidat Dali ima nekoj proces ...ke baram drugo care furi I za vadenje mi baraat snimka ako ne ke si sedam taka I jas nesakam snimka da pravam
A pa cudno I na klinika mi kazaa deka sum mozela I Edna Dr oridinacoja mi vikaat mozes hahahaha svasta sekoj razlicno kazuvat
И јас требаше да правам снимка но се консултирав со неколку гинеколози и не ми дозволија. Стоматологот сакаше во 4 месец било најбезбедно, но мене не ми се ризикуваше. Сега сум 7ми месец со отворен заб и немам проблем.
Zdravo na site sakam da kazam nesto moze ke mi dadete sovet. Bremena sum so vtoro, mn imam krvarenje na nepcata i bolka na zabite. Koristam i meka cetka dzabe e, bev i na stomatolog i me pregleda ja smeniv i pastata zaludno. Mi rece na pregled posle mesec dena pak istata prikaska, ovoj pat mi odgovori deka e hormonski da napravam krvna slika moze i nekoj vitamin da mi nedostiga.
Немам искуство со крварење на непцата во бременост, но пред да почнам да ја користам Parodontax пастата за заби, редовно ми кравареа. Пробај со таа паста, поскапа е, но си вреди секој денар
Здраво девојки, дали има некоја која чистела забен камен за време на бременост? Јас сум 17+2 и непцата ужасно ми крварат при миење заби .
Jas cistev, I mene cela usta krvoi mi bese. Zemi cetkaj gi so curaprox cetka. Mnogu e uzasno custvoto, od gornite nepce mi se slivase krv.
Здраво Бремена сум 18 недели. Имав голема болка во заб и денеска бев на заболекар ми го отвори забот и ми стави лек без анестезија. Ама сега чувствувам голема болка дури пулсира. Што можам да користам?