Не само што е безбедно, туку и се препорачува да се направи, особено околу 4от месец кога повеќето трудници развиваат гингивит
@Annath читам на темава за да не прашувам, ама сега сум збунета: општо прочитав може анестезија без адреналин, а зошто после 9ти не? јас сум не 9ти, скоро готово (39+5) ама ми почнаа прво едни благи болки, не определени, па рекоа џеб е ми го чистеја каменот и ми ставија dentisolon, и сношти се разбудив од ужасни болки конкретен заб последниот лево долу, на допир, на гриз, целиот заб пречувствителен и на ладно на едно место исто. Отидов пак и сакаа да ме сликаат и не бев сигурна си мислев ми се разголел забот ама докторот ми вика повеќе ми личи дека е живецот, ама не се нафаќа да го отвора без рентген. И сега сакам да ве прашам, дали да одам утре има отворена ординација (не сум во МК), ама пак се плашам се тоа и рентген и анестезија и лекот за каналот на многу места пишува дека се многу штетни, а па да одам со вакви болки на пораѓај исто не знам, и самите бактерии исто некој вика премногу се штетни.. Ум немам како да постапам ☹️
Во деветти месец обично не се препорачуваат никакви интервенции, ама во итни случаи може да се интервенира, со или без анестезија, може и да се вадат заби во ептен итни случаи, а снимка може да се направи со заштитно одело. Анестезија е секако препорачлива без адреналин. Подобро да се интервенира оти ризикот е помал отколку влијанието на стресот (од болката) врз плодот. Слободно оди нека ти го отворат забот.
фала ти ❤️❤️❤️ а кажи ми не се препорачуваат интервенции за да не дојде до контракции и пораѓај, нешто така читав, или затоа што има поголем ризик за нешто? Ако е само за контракции тоа не ми е страв. читав вчера рентген лекот штетен хм ама па и болките.. сега веќе некако се трпат ама сепак ги имам, ќе одам денес после 15 да видам уште еднаш како ќе проценат и нека го отворат па барам и после пораѓај да сум некоја недела барем рает. Само не сакам на бебуш да го ставам во ризик.
Па генерално не се прават интервенции за да не се предизвикаат контракции/породување, оти и самата интервенција може да биде стресна за мајката. За бебето нема никаква опасност или штета. Но во случај кога има јаки болки, подобро е да се интервенира, отколку да се трпи болка, оти тоа е голем стрес за бебето, и исто така може да доведе до контракции.
jac отидов: овој доктор не сакаше никако да ми прави рентген, и да го лечи забот сега исто не, и само ми го отвори со анестезија.. и ми го остави отворен. а рече по 3 недели да отидам и тогаш веќе да го направи цел.. што мислиш? добра ли е оваа идеја? никогаш не сум имала отворен заб, може три недели да издржи? го прашав што да правам рече ништо само убаво да го чистиш.. смеам ли и од горе да го чистам? многу сум плашлива.. некој совет друг?
Добро е што го отвориле, секако може да издржи уште три недели, само ќе пазиш да не се полни со храна. Слободно миј и чисти, само ме чуди бар лек против болка што не ставиле.
фала ти премногу за брзите одговори да не знам со лекот што бидна, прво мислам рече ке стави, го прашав дали е антибиотик рече не нема да ставаме и после ништо не стави.. сега чувствувам неприjaтен мирис и вкус дали од анестезиjaта или можеби гноj излегува.. ќе внимавам многу па се надевам нема полошо да стане. а најбитно да отидам на пораѓај без забоболка..
морам уште еднаш да те прашам докторот ништо не ми кажа и тука на форумов читам и наjдов вака « Јас имам отворен заб веќе 3-4 месеци. По двапати во денот го чистам со 3% хидроген. Со мал шприц и најтенка игла влегуваш внатрешно и го чистиш постојано(2-3 пати на ден шприцај појако). Советот ми е од стоматолог уште кога започна короната. Тој ми велеше да пијам антибиотик со парацетамол ама за среќа со овоа се смири. Од кога ќе се роди бебето и престанам да дојам ке го третираме некако,сега само орална хигиена. Под забот додека шприцаш со хидрогенот стави си салфетка за да не го голташ.» како е тоа внатрешно со игла? да брцнеш некаде?? дали е доволно само да правам гаргара можеби со хидрогенот? не знам како да jaдам зар нема да ми влезе лесно внатре храна :/ и што ако да?
п.с. @Annath öисто прочитав за jaдење да се затвора дупката со вата/памукче, дали е тоа добра идеја? суво или водено или како? ништо не ми е јасно
Многу си исплашена Истото ми го направија вчера , имав страшна болка , ми го отворија со анестезија и ми го оставија така со лек. Да одам за 2-3 недели за да го затвориме. Јас си ги мијам исто како претходно , само внимавам да не јадам на таа страна бар додека е продолжен викенд да не ми падне памукчето Уживај и само смирено
фала ти, да не преплашена мислам веќе ќе полудам од што не знам што да мислам. мене не ми ставија ни лек ни памукче скрос ништо.. а лек ми стоел и порано подолго ама тогаш не е скрос отворен забот колку што знам… искрено мислам од тоа да имаш забар и фризер што им веруваш подобро нема. јас не сум во мк тука еден забар имав отиде во пензија, и сега еве четири дена четири доктори сите со различни стратегии и никако не сум задоволна. сега еве читам таа процедура оставање отворен скрос е многу застарена и најмногу ден два а не па три недели.. https://www.nature.com/articles/sj.bdj.2013.1192 ама сега најмногу ме интересира болката дали ќе ми е помината, и ако не се породам до понеделник може ќе барам и второ мислење пак…
Сигурно знаат што прават . Најважно е да ти помине болката , пошо ја мислев ќе побудалам два дена Ако си при крај ти посакувам лесен пораѓај
фала ти многу.. не знам дали знаат или така му е најлесно денес беше само за итни случаеви отворен и мислам не сакаше два саати да се мафта.. не при краj туку понеделник ми е терминот (сега плус минус ќе видиме баш). ама не знам дали од хормоните или што или плус што сум плашлива за заби инфекции итд ја гледам колкава дупка е и ми се прилошува и ми се плаче и се си мислам понеделник ќе одам пак кај било ама да ми го затворат некако.. дали може со лек и привремена пломба? ама тогаш може пак ќе ме боли.. ич не знам само место не ме фаќа и никако не можам да се опуштам…
Опушти се, и себеси и на бебето му штетиш со нервозата. Најважно е да не те боли забот, ставај слободно памук пред јадење, сув, плакни со хидроген и после одма со обична вода. Ништо нема да му биде на забот за три недели. Дали ќе стават лек или пломба ќе се види тогаш.
фала ти не знам зошто ич не можам се ми се чини дека не е ова добро решение(( ќе гледам утре како ќе биде со болка и ќе одлучам дали петта среќа или да се стрпам. тешки да не бев олку терсене
Ама ако го затворат може да те боли. Затоа во некои случаи подобра варијанта е отворен да биде некое време.
мислиш дури и ако ми го извадат живецот и стават лек и тогаш може да ме боли? некој ме плашат дека може да ми отече вака отворен жив заб и многу има простор за компликации, а после пораѓај пак нема да е лесно време. не знам што да мислам..