Добар ден трудни мешиња, јас да ве поздравам и да ве прашам дали одевте на забар за време на бременоста, и дали смеат анастезија да ми стават? Јас додека јадев ме заболе забот и сега неможам да си а затворам велицата многу ме боли на допир, така да морам да одам на забар. Ај кажете ми побрзо оти многу ми е страв
Мислам дека можеш да ги правиш забите, се ставало некоја анестезија без адреналин и така може. Сепак почекај ја Аннатх мислам дека она има повеќе познавање на оваа тема
имама другарка заболекарка и пред една недела братучеда ми ја болелео заб цела недела и ми се јави да ја прашам другаркава дали се прават заби во бременоста и она и оговори дека е подобро да се прават отколку бебето да ја осека болката на мајката а и за вадење и за правење сега имало анестезии кои не биле штетни така да слободно одете на заболекар
благодарам девојки на одговорите. И им посакувам добредојде на новите труднички со лесно да си ја поминат бременоста
Јас денес кога бев на забар за забот, го прашав забарот дали смеам анестезија да ми стави ако во случај требаше да ми го вадат и ми рече после 3 месец може без проблем, локална е анестезијата и не штети на плодот. Мене без анестезија ми го правеше па ќе видеме за неколку дена дали ќе го биде или ќе мора да го вадиме се молам да не го вадам, само еден заб до сега имам извадено и многу ми беше жал и сега втор ако вадам ногу ќе се разочарам, сепак заби се, најпотребни ни се за јадењето и штета е да се вадат ако може да се проба да се направат за да се задржат
Девојчиња јас денес морам да одам на забар... И судејќи според очигледнава ситуација ќе мора да ми стави анестезија за да ми ги поправи два-та заба. Плус имам нешто протетика за работење, еден мост и една коронка да ми се стави. Сеа незнам...најмногу ме плаши анестезијата...смее ли да ме боцка? Ургентна ќе да е болката и неможе да почека уште 7 месеци!
Јас до сега имам одено 6-7 пати на заболекар, меѓутоа никогаш немам ставано анестезија. Извести го стоматологот дека си трудна, мислам дека он пак најдобро ќе знае. Мораш да ставаш анестезија?? Ајде малку похрабро. Анат е стоматолог, почекај ја неа да ти пише, сигурно ќе ти каже како најдобро да направиш.
Ќе видите каква е состојбата со забите, ако е неиздржлива, ќе мора најверојатно да се стави анестезија. Ако не е итно, ќе почекате да поминат првите три месеци од бременоста, после ризикот е занемарлив. Инаку, не е во ред мајката да трпи болка, и тоа се одразува на плодот.
Јас живец вадев без анестезија кога бев бремена , ми кажа дека несмее да ми стави анестезија и си се помирив.
Aх тие забиииии.. јас мака голема си видов со нив во бременоста а и сеуште ме болат.. Нон стоп значи немаше вечер да не ме болат .. и тоа не ни знаев кој заб ме боли едноставно сите ме болеа и сите ми се расипаа.. во последниот месец имав неиздржлива болка 2дена не јадев и не спиев и се решив отидов на забар 2 пати, едниот беше спремен одма да ми го извади ама му беше страв да не добијам контракции, а другиот забар ми стави само лекче и ми помина.. Така да мој совет е средувајте си ги забите на време зошто јас сега не можам да јадам ништо тврдо ама тоа е.. Поздрав и со лесно нека ви е на сите
Здравоооо. Јас во 5-ти месец бев на забар но претходно се консултирав со гинекологот и тој ми рече дека може со анестезија и ми ја кажа како се вика но сум заборавила. И когај заминав на забар му кажав на стоматологот дека сум бремена и ми стави анестезија која се ставало на бремени жени т.е тоа е анестезија која не му штети на плодот и фала богу не му е ништо на бебето, сега сум во 7-ми месец е се е супер. Ти разговарај со стоматологот, јас 2 заба правев со анестезија. Поздрав
не ти треба лек за забот него оди утре да си го направиш а сега за сега еден парацетамол ке ти заврши работа
нема да ми стават анастезија, на забар ке одам од кога ке се роди бебето, а парецтамол немам моментално нешто друго нели помага?
Пробај да држиш коцка мраз на расипаниот заб, го отрпнува местото и ја намалува болката. Друго што ми текнува е гаргара со чај од жалфија или ракија.
со ракијата уште повеке ке те спука а зошто него правиш сега забот ломбарди знаеш дека болката ја осека и бебето оди смееш да вадиш и правиш заб во бременоста
ке кажеш оти си бремена и ке ти стават анестезија без анедралин знам дека сега има такви оди не ги трпи болките оти ке збрлавиш