Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од najmilo, 22 септември 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски
    Многу се оптоваруваш, опушти се, не е време за тоа. Најбитно е што не те боли, породи се прво, па ќе ти го средат. Без грижа.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала ти многу @Annath требаше повеќе да те слушам не знам од каде ме обзеде тој невиден страв и стрес од еден обичен заб. И за жал си направив веќе компликации :( Ептен ми е мака сега.. сношти почна да ми тече плодовата вода и ми е слабо зелена(( се има покакано бебето.. знам дека тоа е од стрес :(

    Сега сум веќе на болница, некако се смирив и пробувам само на тоа да се сконцентрирам и се надевам ќе ми почнат наскоро контракции

    Фала ти уште еднаш за помошта многу
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски
    Само со лесно, и да биде сѐ ко што треба. Забот ќе се среди после.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала многу да пишам update: имало милост за мене: ме задржаа на болница и ме пратија да отспијам, и вечерта веќе ми дојдоа контракции, лесно ги поминав ко во полусон и после полноќ веќе се породив - таман на убавиот празник како што ми беше терминот. со бебушот исто се беше супер без никакви компликации - се гушкаме сега и чекаме утре да не пуштат дома.

    забот уште ме нервира, денес ми се пикна храна па некако ја вадев ќе пробам да најдам некаде доктор побрзо да ме прими и да ми го средат веќе. ама сега не се секирам толку што и да биде ќе биде најглавното се заврши како што треба :))
     
    На Трагедијаупмм, Easter, Joanna28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Девојки дали смеам измивање еднаш дневно на устата (гаргара) со бетадин 1%?
    Видов овде смеело со хидроген 3% ама ова веќе го имам дома на упатство стои дека е за гингивитис ама па кај дел за бремени вика консултација со доктор. Нешто од вчера ме мачат непцата на моменти.
     
  6. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Да си се самоцитирам може ќе помогне некому,
    Не. Не се препорачува во бременост.
     
    На blackdeath и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Меѓу двата заби ми се направил простор и ми останувала храна. Почна да ме боли по малку. Пред 2 дена отидов на заболекар го исчисти и ми се смири.Рече дека не бил расипан. Но еве денеска пак почна да ме боли. За утре закажав, но до тогаш што можам да правам? Инаку 7ми месец сум
     
  8. Analii23

    Analii23 Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2023
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Феминки .. како се снаоѓате со болка на забите? Ме боли 8цата ми ставија само лек ама еве уште имам болки .. помош??иначе сум 12+2
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    13.383
    Пол:
    Женски
    Над 12та недела можеш регуларно да си поправаш заби. Ако треба снимка ќе правиш само локална со носење оловна престилка, ако треба анестезија може да ти стават чиста без адреналин.
    Јас лично правев и панорама, примав и обична анестезија за да лечам заб, ама општо од претпазливост може и како што ти реков погоре. За болката само парацетамол. Среди си го забот до крај сега да не ти се искомплоцира на крај во 9ти месец или со тазе родено бебе бидејќи тогаш и да сакаш нема да имаш време да го правиш.
     
    На Analii23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Analii23

    Analii23 Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2023
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Да да те разбирам , но јас живеам во Германија и тука за една поправка на заб не смеат без анестезија .. и страв му е да се нафати без .. а болките не се трпат вчера бев на дежурен повеќе го расчепка за еден лек само и после ми вика неможам ништо треба прво да се породиш ;(
     
  11. boka_nylons

    boka_nylons Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Девојки помагајте :D
    Треба да вадам 8ца, имате некоја препорака за добар стоматолог за тоа бидејќи ќе треба операција :sweat:
     
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.321
    Пол:
    Женски
    Сестра ми ги извади сите на клиника и презадоволна беше.
     
    На boka_nylons му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    13.383
    Пол:
    Женски
    Без анестезија никако. Полошо е стресот и болката него анестезијата. Во Македонија вообичаено трудници боцкаме без адреналин, значи чиста анестезија, од трети до 8ми месец. Ама како и таму, има доктори кои комплетно одбиваат да работат на трудни, што некогаш не е возможно да се чека до после пораѓај.
     
    На Analii23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.387
    Допаѓања:
    7.525
    Пол:
    Женски
    Девојки стоматолози, бремена сум 5та недела и 3ти ден. Бев на преглед, се беше во ред. Сега матичната ми кажа умртвување заб никако до 12 та недела, а јас веќе умртвувам две недели скоро. Толку сум уплашена, дали може нешто да влијае, го умртвувам пред да останам бремена, денес ќе го вадам тоа. Кога ја прашав забарката ми рече немало штета, а гинекологот вика никако. Ептен ми е страв нешто да не му влијаело на плодот. Дури на 8ми сум за срцева реакција. Кога кажав дека умртвувам ми кажа не е страшно извади го лекот. Совет.:worried:
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    13.383
    Пол:
    Женски
    На уредна бременост нема никаков проблем да си поправаш заби. Лекот за умртвување најголем ефект има првите 2 3 дена, така да веќе поминал ефектот, сега треба да се исчисти и наполни забот, ако го оставиш така само може инфекција да направиш додека да дојдеш до 12 недели. Плус лековите во забот делуваат само локално, нема никаков ефект на плодот. Ич да не се секираш, секој проблем со забите е многу полош на телото (заради оток и болка), отколку процесот за лекување.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.387
    Допаѓања:
    7.525
    Пол:
    Женски
    А зашто гинекологов ме исплаши толку… не знам што да правам. Еве чекам ред.
     
  17. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.357
    Пол:
    Женски
    ја да сум на твое место би побарала второ мислење, кај некој друг гинеколого во кого имам доверба
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    13.383
    Пол:
    Женски
    Некои доктори се премногу претпазливи. Да не се работеше за акутен проблем, секако дека најдобро е да чекаш по 12 недели, ама заб кој веќе се лекува да го оставиш на пола поправање 2+ месеца, тоа нема никаква смисла. Замисли да ти се направи инфекција и да потечеш, па да треба да пиеш антибиотик, или да го вадиш забот. Компликациите се далеку полоша варијанта од опцијата да си го средиш забот сега иако си бремена.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.387
    Допаѓања:
    7.525
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам :l:
     
  20. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    188
    MAMICKI влегов ВО 4 месец и почнаа забите да ме болат особено непцата ми крвават и ми се отечени што се конзумиравте вие страв мие сега д ане почнат забите да се расипуваат што превземам страв ми е многу неможам ни да јадам сега а каков апетит си имав