Најдобро оди па таа ќе ти каже што може а што не. Ако не е длабоко може нема да ни да имаш потреба од анестезија.
Да така ќе направам. Дај боже да не треба.. само е скршен .. незнам дали и колку е расипан надолу, ама пусти страв Си закажав ќе отидам да ме види па ќе одлучиме. Морам да го средам да не ми се направи поголема беља, а после со бебе и тодлер тешко ќе најдам време за забар првите месеци..
Мојата па и без бременост не сака со анестезија, ептен нема кај нас некои искусни, досега 100 пати ќе ја сменев. Како сум била многу нежна, како сум раѓала, сега за ова не сакам да издржам. Кога треба да одам кај неа ми се темни.
И јас имав таков забар. Ми викаше напиј се б6 и дојди, не ти треба анестезија... За тоа го сменив. Сега оваа ми е супер до сега све со анестезија со правев. Ама сега дека бремена не се нафаќа. Ама рече дојди па ќе видиме..
Прашај за ибупрофен. Мене доктор ми дозволи. Логично е да може.. гинеколозите секакви антибиотици препишуваат за вагинални инфекции или не дај Боже ако се разболиш нешто.
@Spidy Кои витамини и апчиња можат во бременост за заштита на забите? Читам претходно се користеле Флуонатрил. Постојат ли сеуште или некои други?
Скопје конкретно последно кога проверував имаше високи нивоа на флуорид во водата, и јас лично не сум препорачувала суплементи. Само локално премачкување по потреба. Трудници имаат тенденција да развијат гингивит, и во комбинација со гадењето обично им се намалува хигиената. Тоа е многу поголем фактор зошто се расипуваат заби во бременост отколку недостаток на флуор, па да е потребно да се суплементира.