На заболекар ставаат анестезија локална, само на местото кадешто е забот за правење, не е ништо страшно. Јас во 5 месец бев на забар, ми се скрши многу лошо еден заб и морав да одам, ме болеше, ми го отвори, ми го исчисти , ми стругаше и се тоа без анестезија, знаеше докторот дека сум трудна и ми рече дека може без проблем да ставиме анестезија, не е штетна , ама јас сакав прво без анестезија да пробаме па ако не можев да издржам ќе ми ставеше анестезија и не ме болеше, издржав и така покрај тој заб ми поправи уште 2 до него кои биле расипани и ете сега сум си ок со забите. После тоа одма и се јавив на гинекологот и ја прашав дали смеам да ми стават анестезија и ми рече слободно може, тие се без адреналински и не се штетни за трудниците. Така те советувам и тебе најубаво да си појдеш уште утре на заболекар и поправи си се што имаш од расипани заби оти после може касно да е и полошо да си направиш
а јас когас сакав уште пред еден месец да одам на заболекар, мм сејави кај таа што му ги прави заботе и жената рече кога ке се породи тогаш ако сака анастезија ако не нека дојде, и за тоа знаев дека сега не ставаат анастезија, ако е така утре одма одам. ама како ке спијам вечер?
Не се секирај, ставаат анестезија, нема ништо да му биде на бебчето, докажано 100% Ако чекаш додека се породиш до тогаш може уште неколку да ти се расипат и само полошо ќе си направиш така, не си играј. Јас кога ја прашав на мојот гинеколог тогаш за анестезијата дали смеам ми рече да си ги направам сите кои ми се расипани, да не оставам ние ден ден да ме боли некој заб. А за вечер, истрпи малку или ако боли многу напиј се парацетамол, па утре рано наутро оди и направи си го забчето, не е фер да трпиш и ти и бебчето твое болки, оти ако те боли тебе и него го боли да знаеш
Mene stomatologot me ima sovetuvano,na rasipan zab sto boli rakija-NIKAKO ! I Jas imam strasna zabobolka koga bev 2 mesec,mi bese potekol zabot,abe ke umrev od bolka.Ako ne pomogne paracetamol,ke mora da se stisne zabi i sto poskoro na stomatolog.Nisto drugo ne pomaga...
ломбарди, убаво ти кажа калиас.. мораш да одиш на заболекар, еве јас во бременоста уште од 1виот месец ме болеа забите па се до крај и сега сеуште ме болат.. ти се верува дека се ми се расипаа и додека јадев ми се кршеа .. тоа беше катастрофа.. мене ми беше страв да одам на заболекар и си трпев нон стоп ставав ракија,заболекс,апче и се и свашта и на крај кога се породив отидов да ги правам и што ќе види докторот КАТАСТРОФА невидена, имам 3 многу расипани заби па мора да ми ги вади нервите.. а кој вадел знае дека многуууу боли .. и пак ништо и од тоа.. затоа што почнаа да гнојат и сега освен супа и лепче дробено ништо друго не можам да јадам.. затоа додека е малку оди и среди ги .. па после ќе можеш да си уживаш со бебчето
Нема страв, утре мајка ќе бидеш детето ќе треба на забар да го носиш. И да е без анестезија ќе трае 15 мин и готово, па колку и да боли после ќе ти помине а вака цело време те боли.
еве имам закажано во 4 на заболекар, и оваа докторка ми рече нема да има анастезија за мене, ако верувате од страв 3 пати во вц имам отидено до сега уште не сум ни тргната на забар. а вечер ке ви кажам колку болело. Ми ставија лекче, и рече дека за 10тина дена треба да одам да ми ставе друго, и еве поминаа 3 саати од кога ми е ставено ама забот не прекина да ме боле неможам ни да јадам од што ме боле
Мене навистина не ми е јасно зошто не ти ставаат анастезија. Ти си веќе во одмината бременост, па колку што сум јас информирана нема никаква опасност, а сега веќе има анастезии кои не се опасни за трудници. Стоматологот мене ме советиваше дека е многу полошо да се трпи болката, зошто е поголем стрес и за мајката и за бебето. Се надевам дека Аннатх ќе ти објасни подетално, иако мислам дека го има ова објаснето во некоја од темите.
После 12 недела може да се даде анестезија...Маж ми е стоматолог и еве сега го прашав и ми кажа..Така да не се секирај...
Плус што анестезијата која ја даваат на забар е од истата група на анестетици како и епидуралната. Кога бев на консултација кај анестезиологот ме праша дали сум имала алергија на анестезија на забар и баш ми објасни.
а оваа мене што ми го стави лекот денес ми вели дека и требала потврда и одобрение од гинеколог за да ми ставела анастезија, оти можела да ми предизвика контракции или крварење. и не сакаше да ми ставе. инаку јас се снајдив, видов дека после лекот забот ме болеше уште повеке и му го тргнав лекот, се напив парецтамол и сега веке не ме болеее станав си сметив си исчистив се си средив дома како ново направив, и се надевам дека барем уште 5 6 недели ке издржи мојот заб да не боли
^ некои заболекари не сакаат да стават анестезија токму поради тоа, јас пред да се породам бев ама заболекарот не сакаше да се нафати да ми стави анестезија за да не ми предизвика контракции.. иако му се јавивме на матичниот и тој дозволи.. бев и кај друг ми ставија лекче , требаше да одам да го правиме ама се породив.. а да не ти ставила она за умртвување на нервот.. тоа боли ама боли 2-3 часа, не верувам дека од лекчето би те болело..
епа и пред тоа ме болеше забот, ама ми бил напукнат уште многу одамна и кога ми падна пломбата се отвори забот и прекина да ме боли, тоа сето се случи кога бев во 6ти и од тогаш до сега немав мака е сега на отворен заб пак почна да ме боли, и нели отидов прегеска на лекар и ми стави лек со самото тоа пак ми го затвори забот и почна уште повеке да ме боли, мислам во главата ми удираше болката и неможев да издржам, го извадив лекот и се напив парецтамол и за 15мин ми помина
Труднички муабети Девојки здраво и од мене. Ајде да си се пожалам малку и тука, доста му се жалам на мм од сабајле Денес имам еден проблем со умникот, кој ми расте горе и скроз малку ми е излезен веќе неколку години и така си стои, ми препорачаа да го вадам уште тогаш пошто накриво расте ама дека немав никакви болки до сега , не мислев да го вадам. Е денес , кога станав сабајле , има што да видам, ми отекло горе местото кај што треба да излезе умникот и го допирам со прстот и ми излезе нешто бело со крв помешано , оооххх ко си фатам да си плачам, ме фати многу страв и си велам сега ли мораше да ми се случи ова и ајде трк на заболекар да ме види , па кога ме виде ми кажа дека местото е полно со гној и ќе мора да се вади умникот,сеуште не излезен, па за да сплане отокот мора и антибиоток да пијам , па ајде да се јавам на гинекологот за да прашам дали смеам да земам антибиоток сега и ми одобри, ми рече не е ништо страчно за плодот и еве сега само што сипив една таблета и за 2 дена да одам да го вадам. Лелле колку само сум нервозна денес, само на бебчето мислам, да не му биде нешто од антибиотикот, ама заболекарот ме убедува дека по опасно е инфекцијата која почнала сега од забот да се шири ако не се спречи отколку антибиотикот, зошто ако оставам така може да биде ептен штетно па затоа земам антибиотик , да не се прошири инфекцијата од забот многу ми е страв само на тоа мислам..... Дали на некоја од вас и се има случено сличен ваков проблем со заб во бременост и земање на антибиотик? Ајде охрабрете ме малку оти мислам дека ќе пукнам од мисли и нервози
Труднички муабети Точно, поопасна може да биде инфекцијата, гнојот. Јас пиев два пати антибиотик во бременоста. НЕмај гајле, веќе си 33н.
Труднички муабети Штом си ги консултирала и гинекологот и стоматологот, сигурно ќе добиеш антибиотик кој е безбеден за твоето бебе и подобро одма да го решиш проблемот , оти свеќи така имаше загноен заб што го чистеше без да го вади, на крај заврши на операција. Сигурно антибиотикот е од 2 зла помалото во споредба со инфекцијата и гнојот кој може да ги искомплицираат работите.
Труднички муабети Јас бремена 7ми месец вадев умник. Со анестезија. И ич не ме болеше, ама ич ништо не осетив кога го извадија. Ако имаш добар стоматолог, оди вади го, раат ќе си бидеш.