Труднички муабети Здраво мешенца. Еве ме и мене, денес го вадев умникот, не осетив ништо, со анестезија го вадев и не ме болеше ич, ама после кога помина дејството ох леле колку ме боли еве дури сега почнува полека да се смирува болката, пијам антибиотик па дај боже да мине утре.....само што малку ме загрижи заболекарот, ми кажа не е 100% сигурен дали го извадил цел или останало некое парче внатре, пошто е многу длабоко не можеше да види, тој вели мисли дека го извадил цел ама за да биде 100% сигурен треба да го снима местото и да се види, а не смеам сега во бременност да се снимам на рентген па не сака да ризикува да го снима.....па ќе оставиме неколку дена да видиме како ќе се одвива дали ќе ме боли или ќе ми отече местото, ако е се во ред значи не е останал дел внатре..... раат да се немало значи, цела бременост се немам напиено ни едно единствено апче, гледам колку поздраво да се хранам и пијам витамини и сега при крај ме снајде да пијам антибиотик дури, да надокнадам за сите месеци што не сум пила ништо, ептен се изнервирав, мораше ли баш сега да ме фти овој глуп умник веќе аман Дај боже да се среди се, да не мора повторно да одам да ми вади пак
Труднички муабети исто и јас го мислев пред некоа ден, цела бременост помина и сега кога имам уште еден месец тогаш почна да ме боли заб па да трчам по заболекари бреее зар неможеше да издржи уште малку. а како тоа тебе ти ставиа анастезија а мене не сакаа ни да помислат?? значи и овие лекарите зависи на коа нога станале, сите се со различни теории
Труднички муабети И јас не би сакала да правам било какви интервенции овој период,би трпела болка но...секоја болка има своја граница.Некогаш трпејќи болка можеш многу да си наштетиш не само себеси,туку првенствено на бебчето.Бог нека не чува нас и наите глувчиња!
Труднички муабети Може анестезија да се става, до 3 месеци не смее ништо да се прави, после тоа може, јас со консултација и со забарот и со гинекологот го вадев умникот и плус антибиотик што пијам е се во консултација со гинекологот, така да слободно можеш и ти да правиш заби сега, немој да чекаш, анестезијата е локална и не оди во крвта, јас се исплашив ради инфекцијата која може да настане ако не се излечи навреме и затоа одма решив да го вадам, што да првам, за бебето ми е , за мене ич гајле не ми е, ама него го мислам цело време
Труднички муабети kallias јас тоа и му го реков дека сакам локална анастезија за забот да ми го средат, и знаев дека до 3ти месец не се чепка ништо, ама оваа глупата заболекарка ми рече дека оти сум била во крајниот период од бременоста можело анастезијата да ми предизвика контракции или крварење, и за тоа ми стави само лекче (што за 3 часа ми падна). Среќа што не ме боли забот така страшно како тогаш, туку од време на време некоа тапа болка но кога заспивам и ми поминува се надевам дека ке издржам уште некоја недела. инаку во сонот ме фаќаат грчеви по нозете многу боли дали на некој му се случувало ова и дане знае од што се предизвикуваат?
Оваа недела сум на забар. Вчера ми поправија еден заб без анестезија , издржа срце јуначко, имам уште еден во Четврток. На забарката и кажав дека кога ме боли главата од хормоните исто чувствувам одвратна болка во левата страна од горната вилица (кај кажав кај се запустив) , одма ми рече дека е до непцата и фати да ги чисти. Мислам дека ги видов сите цртанки со ѕвезди околу нив , колку ме болеше. Ама нели трпам се за да не се случи во 8-9ти месец со стомак да трчам по забари.
ве исчитав сите со ред ,ама пак не дојдов до заклучок,а почнува болката да ми станува неподнеслива ,значи средени ми се сите заби уште пред првата бременост ,немав проблем ,пиев флуонатрил,ама сега пред да забременам почнав да ја правам 7 та еднаш пломбирана ,имав болка па ми го отвори докторката, стави лек и требаше да го вади нервот ,кога дознав дека сум бренена не отидов , значи поминати се 7 месеци од тогаш ,се рони лекот и болката веке не се трпи , сигурно ке мора и да го снимам, има шанси со анестезија ,ја има во секоја ординација таа што е без адреналин ? во понеделник секако морам да одам кај матичниот стоматолог , ама некоја утеха до тогаш ???
за грчевите треба да примаш магнезиум ,ако ваке не пиес .мене ми препорачаа мг.директ најдобар бил.а што ги предизвикува искрено незнам.
Еве мешиња после 4 дена поминати со болка ,денес се решив отидов на забар ,и го решив и забот ,претходно со консултација со гинекологот ,ми стави докторката инекција без адреналин и ми го извади,инаку од антибиотици ми рече дека слободно можам да земам се што е на пеницилинска база и цефало.... тоа не го разбрав или парацетамол , сега ми е цела страна вкочанета се надевам нема да имам болки писле ова инаку докторкава ми препорача да ги пијам флуонатрил , претходната бременост ги пиев редовно и немав проблем со забите а гледам и на керка ми за сега и се супер ,па не е касно ке ги земам ,,вие ги пиете имавте препорака од гинекологот или?
^ Мене покојни Др. Палчевски ми го препиша јас го купив но не го испив.И фала Богу што не го испив,флуорот и не е толку добар колку што рекламираат дека е,но да не бидам офф па да ме бришат само ќе ти кажам дека (мое мислење е а и на доста научници) опасен и штетен за здравјето,ние дома одамна користиме и паста без флуор. Ќерка ми сега за сега има прекрасни заби,за моите неможам да го кажам истото ама нешто ќе жртвуваме Подобро внесувај повеќе калциум. И само ќе ти кажам што подалеку од тоа одвратно чудо а ти како сакаш
Труднички муабети оф што ме снајде 2 кариеса имам а никогаш не сум сакала да ги оставам така забите ама ме фаќа паника да не ми се дорасипат најмногу мразам расипани заби смеам да ги направам ако сум бремена?
Труднички муабети Мислам дека не смееш, заради болката. Може да прашаш директно на забар ако имаат анестезија без адреналин, па така да направиш, ама почекај според мене.. сум слушала дека не е пожелно да се прават заби во бременост.
Труднички муабети Јас прашав гинеколог и ми рече дека можи да се направат. Денес сум на заболекар, само ќе му напоменам дека сум бремена и сигурно ќе работи без анестезија
Пеницилинските и цефалоспоринските антибиотици се антииотци од прва генерација, и по завршувањето на ембриогенезата (првите 3 месеци) можеш да ги употребуваш бидејќи не ја поминуваат плацентата... Пожелно е подобро поправен заб одколку некоја инфекција од расипан недај боже
Јас ги правев со анестезија бев 3ипол бремена кога ги средив.... Забите после 3от месец со анестезија може да се прават,без да се плашите одете и средете ги
толку ми олесна откако го извадив забот и плус без никакви компликации поминав ,а на кој да кажам вадев заб се чуди ,зошто да се трпи болка докторката ми кажа дека на трудници вадела и во осми и во девети месец заби ,исто важи и за поправка на заб...
Јас денес се решив и отидов да си сменам пломба и бидејќи смее со анестезија (а тешка прпаџика сум ) бев решена така и да го правам забот. И др. ми вика абе каква анестезија пломба ќе ти мењам, и вака така заврши работа а син на мајка се возбуди за мене па едно клоцање што ми дадеее сега уште на чистење и полирање, па здравје со рамно меше на контрола понатаму
МОЕТО ЗАБЧЕ ОТИШЛО СКРОЗ,СТАВИВМЕ ЛЕК НО ДОБИВ ГОЛЕМА БОЛКА И СЕГА ГО ИЗВАДИВМЕ ТАКА Е ОСТАВЕН ЗАБОТ БЕЗ НИШТО ПОЧНАЛ ДА РАБОТИ ВО КОРЕНОТ И Е ЗА ОПЕРАЦИЈА. ОТОК НЕМАМ ДОБИЕНО АЛИ КОГА КЕ ЧЕПНАМ НАД ЗАБ ОСЕКАМ БОЛКА ВО КОРЕНОТ.Е СЕГА МОЈОТ СТОМАТОЛОГ МЕ ПРАКА ДА НАПРАВАМ КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ЛАСЕРСКА ДА ВИДАМ ДАЛИ КЕ МИ СЕ НАФАНАТ ЗАТОА ШТО ДРУГАТА ОПЕРАЦИЈА НЕМА ДА МОЖЕ А ИМАМ УШТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ДО ПОРОДУВАЊЕ МИ Е СТРАВ ДА НЕ НАПРАВИ КОМПЛИКАЦИИ СО ИНФЕКЦИЈА,А И ЗА ЛАСЕРСКА СЕ ПЛАШАМ НЕЗНАМ КОЛКУ Е СИГУРНО ТОА ШТЕТНО ЛИ Е?? ВЕ МОЛАМ АКО ИМА НЕКОЈ СЛИЧНО ИСКУСТВО НЕКА ПИШЕ НЕЗНАМ ШТО ДА ПРАВАМ..
Пожелно е подобро поправен заб одколку некоја инфекција од расипан недај боже [/quote] Јас велам за обично кариесче се појавило малку, не мислам за потешки случаи кога подобро е да се интервенира под било кој случај отколку да се остави така.
Јас велам за обично кариесче се појавило малку, не мислам за потешки случаи кога подобро е да се интервенира под било кој случај отколку да се остави така.[/quote] Vetruska во бременоста за многу брзо време еден заб од обичен кариес може да премине во нешто полошо. Исто така треба да се внимава и со воспалени непца, доколку има таков проблем (тоа најубаво го гледа и знае стоматологот) треба да се исчистат и да се извади забен каменец, затоа што кај бремените жени многу полесно може да дојде до парадонтопатија...Затоа мој совет е посета на стоматолог