Те рабирам, јас немам сеуште искуство бидејќи сум на почеток, ама пишувам од тоа што читам по интернет. Пример, бидејќи фетусот се развива во првите три месеци треба да се избегнува стоматолог за да се избегне и најмала шанса за несакани последици (болка, самиот стрес и сл.). Идеално е во второто тромесечие ако треба нешто да се прави, а никако не е пожелно во третото бидејќи голем број на трудници не можеле да седат во таа положба на столот подолго време (може да се јави и прерано породување поради позицијата на телото) и обично кога се јавува потреба од интервенција во третото тромесечие истото се остава за после раѓањето. Е сега, тука сигурно не станува збор за тешки инфекции кога подобро е да се интервенира отколку да настане некој пострашен процес. Башка како што пишав постојат такви анестезии без адреналин кои може да се користат во текот на бременоста, за во случаи кога интервенцијата е неизбежна.
ехехееееј сега забегавме со темата, односно со прашањето од Forko Во периодот на ембриогенеза многу работи не смеат да се прават, не само одење на забар... ама не беше тоа прашањето јас само си дадов совет (кој е поткрепен и од Др.) и пак ќе кажам: од едно обично кариесче може да настане поголема компликација (која побрзо се одвива кај бремените), ова го пренесувам и од искуство на моја пријателка...Ајде јас да се спремам отидов на забар (најискрено)
Болки и други здравствени проблеми во бременоста женчинја смеат ли да се поправаат заби?некаде имаше прашанја за тоа ама не можам да најдам.еден заб ме боли а на другиот ми падна пломба.на различни страни од вилицата ми се па не можам да јадам.докторката ми рече смеам да поправам ама да внимава стоматологот со анестезијата.ама сепак ме интересира вашето искуство .
Болки и други здравствени проблеми во бременоста Не се препорачува да се поправаат заби, освен ако е итна ситуација.
Нели здивот само по спиење ти се менува. Ама во последниве месец дена, по неколку пати на ден си мијам заби...зошто некако како самата да си осеќам промена во усната празнина, мн.чудно.
феминкии јас пред да дознаам дека сум бремена бев на заболекар и со анестезија ми го вадеше тој глупав умник ме измачи за сите пари забот.. пиев и вентор аналгин.. тоа на гинеколог не сум го кажала се надевам се ќе биде во ред нели??? пошто јас верував дека сум bремена и пред да го вадам забот преку крв испитав дали сум бремена и не покажа ништо, сигурно зашто било уште рано... има ли некоја такво искуство ве молам да ми пишете
јас почнувам да имам проблеми со непцата како што ми стои.. левиот умник ми се има дуено од порано а сега повторно сака внатре жлебината ми е набабрена и на горната вилица непцето ми е поддуено како воспалено споделете искуство... пс. пошто на горниот пост немам одговорено од никој јас си го прашав матичниот гинеколог и рече дека нема проблем се е во ред.. јупии ми падна камен од срце
Дали некој од вас користи Флуонатрил во текот на бременоста? Колку што знам јас за време на бременост забите обично се расипуваат,па затоа и ги даваат овие таблети.
мене почнаа да ми се воспалуваат непцата и да ми крварат.. нешто да ми препорачаш ако знаеш некоја паста ......
За паста не знам да ти кажам но еве јас ги користам овие Флуонатрил и до сега немам осетено никаков проблем. И со син ми кога бев бремена исто ги користев и сум задоволна.
бев на заболекар и ми рече дека горната 8 ми е за правење ми била расипана... и сеа да ја правам или да не ја правам.. а за овој другиот умник доле шо ми се дува жлебината ми рече да си купам некој гел гингивит и ќе се спајнала жлебината.. ме загрижува осмицата горе...
мој совет поправај со време,оти како тече бременоста порасипливи се а и потешко ке ти биде да седнеш и да поправаш.нека ти поминат првите три месеци и среди си ги забите.ова од искуство ти кажувам оти поправав заб минатата недела со анестезија и едвај издржав а две недели претходно завршив на брза помош од силна забоблка.
уф од заболекар бегам како од ѓавол.. едвај се убедувам да одам а сега како да се решам да одам ццц ауу ќе се помочам од страв.... заболекарката ме прашува шо така кај мене... викам никој од арно не оди на заболекар јас пак ќе си го прашам гинекологот да ми даде тој зелено светло.... ама се плашам затоа што долу кога ја отвори заб. осмицата внатре беше мн расипана дури до нервот па го вадевме забот а од надвор ништо не покажуваше .. се плашам пак да не е исто а не ме боли
се вратив од заболекар ја направив 8 цата нормално пред да одам го прашав гинекологот и добив зелено светло.. значи може и да се прават заби и да се вадат... јас поминав супер фала богу
И јас сум мноогу задоволна од Флуонатрил и ги пиев со минатите две бремености и никакви проблеми со забите немав...сега со оваа бременост кај си знам и имам позитивно искуство со нив,на секоја контрола ја прашував мојата матична и само ми викаше ај не сега понатаму и така одеднаш ми се расипаа 4ри заби и тоа катници па мака мачев по заболекари и без двоумење си ги купив апчињата и сега за сега супер ми е...затоа мој совет земете си ги со време,не само јас повеќето што ги знам ги користеле,па немале никаков проблем,јас ги пиев и после бременост,немаат никаква штета само корист
помагајте непцава партал ми се ем отечени ем ми крварат и страшно боли (цела вилица ме боли ) дали че ми помогни со камилица да ја жабуркам устава
земи си ваква паста за заби парадонтакс ...помага многу...мене многу ми помагаше и жабуркање со растворен јод... Спојлер
исти проблем и јас буквално плувам крв иста паста користам само без флуор.. ама гадна е после неа треба да си миеш со друга паста заради здивот
пастата е со солен вкус, на почетокот е малку ,, гадна,, меѓутоа со тек на време се навикнуваш јас ја користам со години и сега не можам да замислам да се мијам со друга паста Спојлер сега тие вкусови од другите пасти ми се ,,гадни,,