Здраво!!! Моментално сум 8-мо одд. и еве полека се завршува .... Во средно сакам да се запишам медицинско, смер-забен техничар во некое од овие две медицински училишта (СМУГС ,, Д-р Панче Караѓозов,, или СУ „Д-р Јован Калаузи“ ). Сакам помош од забните техничари што завршиле или веќе учат во овие училишта. Сакам да ми кажете кои се предностите што ги дава СМУГС ,, Д-р Панче Караѓозов,, , а кои се оние во СУ „Д-р Јован Калаузи“ ... Каква е опремата, стручната служба, наставниот кадар.
Епа јас ке ти помогнам колку можам Јас сум втора година во Панче Караѓозов, смер - забен техничар. Сама го одбрав ова училиште и баш овој смер од една причина : Добро се распрашував и најмногу пофалби добија забните техничари Е сега, професори има многу и не би можело да се одреди уште сега кои ке ти предаваат,но битно е дека сите колку-толку се океј Треба работа, труд и учење и се ке се постигне како што треба Од втора година е поинтересно зашто има стручни предмети и пракса и почнуваш навистина да се запознаваш со професијата и како, што се работи Ако има друго што те интересира, прашај Со задоволство ке ти помогнам колку можам П.С Мислам дека нема да погрешиш ако се запишеш на овој смер, работата е многу ценета и со големи предности! Јас лично сум задоволна сега за сега и не се каам
Од кога видов како работат забните техничари (мојата вујна е забен техничар сега и мојот братучед) знаев дека кога ќе дојди ова време ќе ја одберам оваа работа. И како што кажа и ти, да работата е ценета исто така и фармацијата затоа што никогаш не изумираат и секогаш има работа...Мајка ми понекогаш ми вели дека е добра и фармацијата но јас не се премислувам... Ме интересира уште нешто...(доколку знаеш) се работи за поените....дали знаеш со колку поени се влезени твоите соученици, затоа што мислам дека листите на учениците кои се примени на смеровите ги објавуваат....и ме интересира дали се учи 2 странски јазик или само македонски и англиски... Благодарам
И јас сакам да се запишам во медицина, се двоумам помеѓу забен техничар и фармација..Мајка ми ми вика да одам фармација затоа што повеќе работа има таму Според вас кој смер е подобар,кој да го одберам ? Фала однапред
секој смер си има свои предности и негативни страни, ако завршиш забен техничар и продолжиш стоматологија факултет, ако не отвориш своја ординација многу е потешко да најдеш работа а и да работиш за некој многу мизерно плаќаат, додека фармација има аптеки еден куп на секој ќош, како и некои фабрики, веледрогерии и слично поголеми се можностите за вработување. Инаку јас сум 3 година средно фармација и не се каам за тоа што го одбрав овој смер
Какви се наставиците секој час ли испрашуваат или не затоа што и јас сакам да се запишам за фармацевт?
зависи кој професор, најчесто чекаш да ти се насобере материјал и коа ќе закаже тест тогаш одговараш, или усно како доброволец, немаат време за секој час да испрашуваат, освен мокрова ако ти предава а мора да ти предава у 1 ва година анатомија и втора фармакологија е само она испрашува секој час ама на пример одговараш на 2-3 лекции и е многу подобро во глобала фармацевти немаат лоши професори
Тоа ти е голем плус во учењето и праксата, секогаш ке имаш кој да ти објасни и покаже како да се работи. Инаку за поени незнам, би требало сите да ти се петки а ако имаш врски и немора
ДСМУГС ‘‘Др. Панче Караѓозов‘‘-Скопје Да не се запиша некој во ДСМУГС ‘‘Др. Панче Караѓозов‘‘-Скопје ,смер забен техничар ?
Епа вакаа, јас сега ке сум 4-та , забен техничар...нема да се гледаме највероватно зашто ке сме различна смена.. само ке ви посакам се најдобро..ја неможам да го заборавам првиот ден у школо..цела запрепастена...кај дојдов си мислев..па сакав да се отпишам ...и све што не поминав...и еве стигнав до тука, си мислев колку уште има, а како песна ми летнаа годиниве..у прва малку ке си се мачите со Хигиена, Физиологија , Анатомија..Хемија..ама ке ви помине брзо..јас уште една година имам...Со среќа, се најдобро ако нешто ви треба пишите слободно !
Примаат со 70 поени.. не значи дека треба да си со сите 5-ки И се учат 2 јазика македонски и си одбираш англиски,француски или германски што сакаш
У смена идат прва година македонци со 2-3-4 албанци и 1 албанци со 2-3-4 македонци.. прва ке ти е тешка малце..додека да се навикнеш после е полесно.. у втора мира по фиксна ке ве здрма малце , и жана е така по строга по мобилна..другото е лесно јас у прва бев 5.00 втора 4.7 мислам а у трета 4.9 сите мислат нешто медицина тешко , ма да не е така.. ке се снајдеш...