Дали се почесто навистина забораваме или околностите и ритамот на животот ни го наметнуваат тоа? Се поретка појава е некој да е љубезен, насмеан, искрен, а да не зборуваме за честа, искрената љубов, вистинското пријателство, чесноста, дадениот збор. Дали се сите овие навистина заборавени човечки особини или се кријат некаде во нас, само ние поретко ги употребуваме? Сe повеќе гледам лица кои возат скапи автомобили и постојано изустуваат пцовки, намрштени лица искривени од завист, оговарање,трачарење,навредување.... Мое лично мислење е дека луѓето генерално си наметнаа некое динамично темпо на живеење,некако се подзаборава она што е човечко. Ваши размислувања повелете
Па мислам дека е загубено се она што е хумано т.е. човечно, почнувајќи од искреноста, вистинското пријателство, убавите зборови,чесниот збор, па се до верувањето во господ, сега сите сме материјалисти т.е. на се има цена, сите завидуваме некому, сите озборуваме или исмејуваме некому
Подобро да се прашаме што не е заборавено заброавени се 1.ХУМАНОСТА 2.ЧОВЕШТВОТО 3.ДРУГАРСТВОТО 4.ДОСТОИНСТВОТО 5.ГОРДОСТА 6.ВЕРАТА КАЈ НЕКОИ ЛУЃЕ 7.ДОБРИНАТА 8.ЛОЈАЛОНОСТА 9/ВЕРНОСТА 10.КУЛТУРАТА 11.ЧУВСТВАТА 12....
Како што луѓето созреваат и учат колку лоши работи може да се случат во животот и забораваат дека треба понекогаш да се гледа и на светлата страна на животот, тие така наречени заборавени човечки особини се потиснуваат и човекот почнува да применува идиотизам, кретенизам, пцовки и други слични такви изрази. Со самата помисла дека нешто лошо се случило или дека некој ни згрешил, ние луѓето почнуваме исто така лошо да се однесуваме и забораваме дека искреноста, ченоста и лојалноста се особини кои вредат, но треба да знаеме кон која личност повеќе да ги покажеме. Од моето досегашно искуство, иако немам кој знае колку години, сум сменила мислење за многу работи во животот, а како што гледам и како што поминуваат годините уште повеќе ќе се менувам и надоградувам како личност. Никогаш нема да заборавам да ги покажам добрите мои особини кон личности кон кои вреди истите да бидат покажани, а за другите... жал ми е но не заслижува секој да го почитуваш и да се трудиш да бидеш во добри односи. Ако таква личност не е толерантна спрема мене, или спрема вас исто како да не постои...
Би рекла дека ритамот на животот го наметнува тоа, различни околности, различни карактери на луѓе и сл.Човекот е премногу оптеретен со работи кои не може да ги смени, со нешта кои сакајки да се заштити себе си, од оние кои го повредиле, се одлучува да им возврати на ист начин и тука се губи она човечкото.Човек колку и да е човечен, треба да биде челичен за да остане таков каков што е, да не дозволи да се промени себе си, што е многу тешко.Човек и да налета на некој кој го почитува, кој е љубезен према него, се однесува како човек према него, ќе го гледа со сомнеж, потсмевање, иронија мислејки дека има некоја причина зошто другиот се однесува така према него, следствено на тоа настанува бариера која едноставно заради не постоечки причини, прави човека да биде не човечен према другиот.Понекогаш мислам дека баш заради тоа, многумина од пред нос губат човечни луѓе, а потоа велат дека истите ги нема.Можеби човек треба да погледне подалеку за да види што има покрај себе и дали вреди да се однесува човечки према некого.Постојат многу причини, емоции да речам кои човека можат да го надвладеат, за да заборави на човечкото во себе си, животот може еден куп одговори да даде, разни ситуации за тоа, во кои се бара од него човечки да постапи.Како што реков, човек треба да е челичен за да може се да издржи во животот.
Љубезноста, искреноста, културата, верноста.. човечноста воопшто. На улица да падне човек ќе се вртат 10 души околу него, а дали еден ќе се најде да помогне. Во продавница ќе ти превртува очи продавачка, а од тебе плата зема. Се судруваш со некој, не ти вика извини туку ти се дере и успат те навредува.
Довербата е најзаборевена човечка особина.Кога лугето би си верувале повеќе еден на друг,повеќе би си помагале меѓусебно,оставајќи им простор на другите позитивни човечки особини како искреноста,хуманоста,да доминираат. За жал денес е обратно.Недовербата мегу луѓето расте.Место да си помагаат еден на друг, си наштетуваат, а со тоа им даваат предност на негативните човечки особини како љубомората,одмаздата, алчноста ...нанесувајки си штета првин на самите себе без да се свесни за тоа, а потоа и на другите. Кога би го занемариле материјалното и барем малку би се свртеле кон духовното се би било поинаку.
И да знаеш дека е така.Луѓето веќе сами на себе не си веруваат, а не пак да има некој доверба во нив.Човек не може да даде нешто, што нема.И што е најважно, на вакви работи се гледа со потсмев, иронија.Само ретки се луѓето во кои човек може да има доверба, преретки дури.А и човек не ни може да има доверба во некој, кој прво што прави, пред негови очи, го издава оној кој се доверил во него, доволен показател дека на таков човек воопшто и не ни треба да му се верува.Пак и да се крие, сам ќе си се открие или некој друг ќе го открие, како личност.Лесно видливо преку постапките на другиот. Луѓето некогаш и дозволуваат да избркаат таков човек од својот живот, а после да велат дека не може да се има доверба во друг, најверојатно сами го избркале.А кога некој ќе изгуби во некого доверба, се знае, сосем нормално доброволно да се тргне човек од другиот.Воопшто, многу важно е какви луѓе има покрај себе човекот.
Луѓето заборавија да бидат искрени. Лицемерноста и недовербата се општо прифатени особини, наспроти љубезноста и добронамерноста.Почитта и благодарноста се повеќе се заменети со егоцентризам и алчност,а толеранција и да непостои. Луѓето не знааат да сакаат.Имаат силно чувство на непријателство и одбивност кон некого или нешто.Љубовта има поинакво значење и се изразува низ броеви.Ја нема онаа длабока емотивна наклонетост и силна приврзаност кон блиските. Материјалната компонента континуирано го уништува човечкиот дух, а кога духот опаѓа негативните особини се видливо изразени.
Заборавени човечки особини... Хуманост, верност, искреност, љубезност, чесност, добродушност, толерантност, колегијалност - со еден збор ЧОВЕЧНОСТ се прекрасни човечки особини. И верувајте не се заборавени - само се потиснати длабоко во секој човек!!! Денес, кога сите немаат време за самите себе, кога е тешко да се помине со платата од први до први, кога сите од опкружувањето се „гребат“ преку трудот на другиот - да се биде човечен е малку тешко!!! Со сопки се сретнуваме на секој чекор - на работа, на училиште, на улица!!! Колку и да се трудиш да бидеш човечен кон луѓето, ќе се најде некој кој таа твоја човечност ќе ја протолкува како глупост!!! Но, јас сепак се трудам да ги задржам насмевката и добрината и да им ја покажам на сите кои ја заслужуваат!!! Можеби некогаш пак ќе се „разбудат“ заборавените човечки особини, па сите среќни ќе си подаваме рака во добро и во лошо!!! Се надевам дека тоа време е во најблиска иднина!!! Спојлер Јас и мојот ОПТИМИЗАМ!!!