Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    ^
    Да канада е северно од америка,ама не е северна америка,(прочитај го постот на членката што ја цитирав јас,зборуваше за северна америка америка не с.америка канада :!: Или веќе ако мислеше на канада ќе напишеше канада и во минатиот пост)така би му дошло ко да зборуваме за србија и да велиме северна македонија.аман немој сега да не почниме и час по географија да имаме :lol: И онака темава е забегана во сосем спротивна насока
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Континентот е Северна Америка:lol:
     
    На CameliaMiller, mims-89, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    На CameliaMiller, Dr.Awesome, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Знаев дека на крај ќе дојдиме и до час по географија знаев. Ама и ние живееме на континентот Европа ама многу јасно знаеме дека сега зборуваме за Македонија,држава на европскиот континент.дај пак да речам дајте да се држиме до темава да не забегуваме по светов :)
     
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Ne gi iscitav poslednite 4 stranici (nad 80 postovi) ama kako so vidov taka odozgora, zakluciv oti na vas vi smetaat ne samo kolickite, ami i majkite so razgaleni deca voopsto. Temata si e zabrana za vlez so kolicki, a ne zabrana za vlez so deca. SO NE VEE JASNOO ALOOO (duri glaso mi se fana od so se izderah) Normalno oti ako ima zabrana nema da se ode tama, taka mu teknalo na gazdata,pa si zalepil lepenka na dzamo i tocka. Po negoviot dzep ke bide, ne po vasio ili mojot. Ima 7939293 prodavnici niz grad i nie majkite so kolicki bas tama ke se zaletame da odame o da pazaruvame. :fubar:
     
    На TIGARCE86 и joy1 им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Прво само да напоменам дека јас не сум барала помош туку само што ќе ме видат со децата веднаш самите луѓе ми понудувале помош, која некогаш сум ја прифаќала некогаш не сум.

    Парфеми, пудри и друга козметика си купувам од кај другарка ми на работа, меѓутоа од кај знаете дека мајката баш за себе си купува парфем, можеби и нејзе и треба хитно за подарок.

    И лично не очекувам никој да ми го расчистува патот, јас сум си ги родила децата, јас сум си одговрна за нив, како дома, така и надвор од домот, не мислам дека сум го фатила бога за муда затоа што сум мајка, сум си го проширила сопственото семејство, ама не сакам ни да слушам некој да ми кажува затоа што имам дупла количка која ми е неопходна дека сум испод просек со интелегенција а и децата такви ќе ми бидат затоа што не ми било гајле за другите дека им пречам со количката.
     
    На kjukli, Annath, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Епа Кирил, мајката што ја отворила темата отишла баш во продавницата каде има забрана и тоа истакнато со слика залепена на излогот.
     
  8. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Ti pa vrati se na prviot post i prociti oti majkata ne go videla znakot za zabrana i kako ja izbrkale nekulturno.
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Мене многу ми е јасно што сакаш да кажеш во однос на тоа како ти се грижиш за своето семејство и дека си се носиш со одговорноста, те читам и по други теми, можам да кажам дека имам каква-таква претстава, па кажав дури и дека ти се восхитувам. Сметам дека не те нападнав директно тебе иако те назначив во моето претходно мислење, само те прашав како би постапила во конкретна ситуација.

    Што се однесува до цитираниот дел, кажав и претходно, секогаш има нешто што нема да ни оди по план и ќе изникне од нигде никаде, па фала богу ќе мора и да се снаоѓаме. Но факт е дека на 90% од тие примери што ги гледаме секојдневно дека не им искрснала непредвидена роденденска забава или нешто слично, мислам која би била веројатноста. Да беа само тие инцидентни случаи веројатно немаше ниту да постои темава.

    Проблемот е што многу луѓе си се шалтаат низ секојдневието без да помислат како со тоа влијаат на околината. Јас барем лично сметам дека секој свесен човек треба да се труди да си ја олесни работата колку што може, а воедно и да не им отежнува на останатите, па по потеба дури и да им помогне. Но егоизмот никогаш не бил окарактеризиран како позитивна особина и секогаш ќе биде критикуван од пошироката маса на луѓе која е засегната, без разлика дали станува збор за припадници од едниот или другиот табор на дискусијава.
     
    На CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  10. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Еве случка од денес во супермаркет што ја доживеав јас.
    Одиме јас, мм и син ми во количка кој спиеше (значи немаше шанси да голтни нешто)
    Гужва за гужва немаше, но додека разгледуваме ние со количката до нас нели кога луѓе околу мене идат на истиот рафт количката ја тргавме настрана без да чекам некој да ме опомени.
    И одам јас кај рафтот за да земам грашок и еден господин со дете можеби 8-9 години седнато во количка за пазарење стои точно пред грашокот, прави муабет на мобилен и ја чека сопругата која незнам кај беше. Јас се исправам на прсти, се наведнувам, лево десно со главава мафтам него ич не му текнува да се помести 1 метар. На крај му се извинив и го молам значи да се помести да разгледам. Ми се сврти и ми вика од цееееееел маркет огромен е значи, јас МОРИ тебе ти засметав.

    Целта на постов ми е нема врска со каква количка си, битно е да разгледаш на околу да ги видиш условите за таа количка во објектот која зафаќа поголем простор.Се има случено и со корпа да те удрат и да не се свртат да видат дали удруле некој или нешто турнале.
    Тоа е нашиот македонски менталитет, засрамувачки и никаков. Затоа човек растен во Македонија никаде во светот не го сакаат. Кај и да појдиме лош впечаток оставаме.
     
    На kjukli, kikkki, Heidi и 15 други им се допаѓа ова.
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.743
    Да не е форумов, вестиве ќе немаа што да кажат...
    На канал5 само што кажаа за случката со Рамстор ден откако се дискутираше тука.... хммм, coincidence? I think not. :D:lol:
     
  12. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @Mishela мојот коментар не е воопшто безобразен за разлика од тоа ти што го предложи, прочитав во твојата ситуација дека мајката ти се развикала али да искоментираш да си ги остави децата надвор, тоа ми е малце глупо и безсмислено, викаш дека твоите материјали се скапи и дека можат да ти ги украдат, јас све тоа сфаќам ама неможам да сфатам како материјалите неможат надвор а децата можат? Па не постои мајка која ќе си ги остави надвор децата а она внатре ќе пазарува, тоа е исто како што и ти нема да си ги оставиш работите, само што едното е човечки живот и едно мало невнимание може да направи беља, а материјали, хамери ќе купиш..
     
    На TIGARCE86, leona83 и Dust им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Епа не си прочитала убаво, јас не искоментирав ништо кога мајката со мене се испонаша така, која сум јас некому да ставам ред во живтот, како што не сакам мене да ми се меша некој во изборот, не упаѓам ниту јас, едноставно немав право и не беше културно. Кој беше во право во оваа ситуација јас доволно сум свесна, нема потреба повеќе да се полемизира.
    Но, не можеш ти мене да ми се исмеваш со недолични коментари за нешто што не сум го направила.

    Ме направивте и егоистична и не знам каква, а не кажав ниту збор, а онаа која му дувала на бебето со цигарата не се важеше, тоа беше во ред, или тоа не ви чинеше за читање, мислам, немам коментар. :)
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Можеби испаднавте неодговорни, зашто сте неодговорни. :!: Или тоа нема шанси, секоја мајка е безгрешна и суперинтелигентна? Не знам, еве, прашувам.

    Ако ТИ... анина, како мајка, не го правиш ова што го наброја, не значи дека мнозинството мајки не го прави. По муабетите овде може да заклучиме дека екстремната игнорантност која мајките на форумот ја поседуваат, се доказ дека мнозинтвото мајки се и тоа како неодговорни, ако не за своите деца, тогаш за околината во која живеат. Ако сте неодговорни кон соседите и не ви е гајле дали пречите некому со количките, дефакто сте неодговорни. Дали сте и кон децата како што сте кон соседите, не знам.

    Ќе пробам да ти објаснам од поинаков агол, иако знам дека залудно ќе ти пишувам, ќе се фатиш како пијан за плот дека тропам глупости, ама ако, јас пак ќе ти напишам.

    Тука на форумот, голем дел од членките, а и ти и битерсвит, сакале да признаете или не, мене ме гледате како многу фин господин кој е вистинска промена од клишето кое го познавате за поимот маж. И ако јас отскокнувам во која било форма од клишето, не значи дека мажите се смениле или созреале, туку дека збориме за исклучок. Ако ти си паметна и добро ги воспитуваш своите деца, сврти се околу себе и види колку лоши родители има, кои се потпросечно интелигентни и немаат ни трошка знаење за воспитување деца.

    Затоа немој да ни продаваш приказни дека мајките се светици, не се, обични просечно интелигентни жени се, како сите на планетата. Тоа што имаат деца, е само детаљ.
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На CameliaMiller, Heidi, calliope и 11 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.550
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека откако ќе родат мислат дека господ го фатиле за м*да и сега сите треба да им се клањаме затоа што станале мајки. Нека им се здрави и живи малите , јас на моите најблиски им имам речено ако кога родам се претворам во мајка сезнајка и се равам како да сум го открила лекот за сида и и сте видови рак на планетава, слободно да ме ишамараат да си дојдам на себе си. фала многу, пријатно!
     
    На black-angel, CameliaMiller, Heidi и 11 други им се допаѓа ова.
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    1. Зошто сите мајки ги ставате во еден кош? Минатиот месец бев во Ск и во зоолошка градина. Син ми застана да ја гледа мапата и едно тинејџерче земало празно шише од еден литар и го мава на син ми по глава. Му вика „Ајде гуштер бегај„ Се тоа да се докаже пред женските. Ама кога го удрив јас со полно шише од еден литар не знаеше како да избега побрзо.
    Ова не значи дека сите тинејџери се исти. Има такви ама има и добри деца. Не можам сега јас на форумов заради 5 или десет случки да ги кудам сите.
    2. Јас овде видов само омраза кон мајките и искрено се разочарав. Не затоа што сум мајка, туку затоа што некој се дрзнал мајките во глобала да ги нарече ниско интелегентни и себични.
    3. Тебе на форумов те гледам маѓу редови, како и ти мене. Воопшто немам изградено мислење за тебе бидејќи освен овие два поста, објавени на оваа тема, не сум прочитала во целост ни едно твое мислење. Според ова што го прочитав ти си еден од најниските џентлемени.
    4. Јас и ти не сме надлежни да кажеме кој како ги воспитал своите деца. Мене дете може да ми пречи само дома. На јавни места секој си оди за себе. И мене ми сметаат кога со полуголи газови се фрцкаат на сред ресторан, каде си отишол да ручаш, фамилијарно. И мене ми пречи додека пијам кафе некој да се лапа или фаќа на масата до мене. И мене ми пречи кога зад мене доаѓа некој кој збори толку гласно да го чуе цел свет. Ама сите овие луѓе не сте вие и не сме ние сите мајки.

    Најиритантно на целава тема е тоа што сите се ставаат во исти кош. Па и ти „фин„ господине, го направи истото. Од насловот на темата не остана ни „Н„. Се што ви лежи на душа, за несовесните мајки, вие го истуривте врз нас. Тоа е ниско и подло
     
    На kjukli, bambusce, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    @anina морам да се умешам и да пишам дека свое дете да удриш дури и кога сметаш дека си во право е храброст/лудост/ризик...а не па туѓо.
    Тинејџерче пиша. И тоа е дете, толку разбира очигледно. Потребна му е лекција за култура а не повторување на истото насилство кое оно штотуку го извршило на некој помалку моќен од него.
    Што ако татко му се појавел па тебе како помалку моќна ти се навртел....таков магичен круг не завршува добро.


    Само мислење за една конкретна ситуација, без намера да те навредам или слично.
    Свесна сум те извадило од такт, те здоболило...али од најмал удар се може да се случи на душа дете да се носи.
     
    На Elena69221, calliope, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ова испаѓа ко нешто со пензионериве, се возат во автобус дека им се може.:D Дал бате знаете-кој, ајде, навали народееееее..... Дали со осет или не, дали во 7 и пол во гужвата кога сите одат на работа и на школо, или од 3 до 5, кога сите се враќаат дома, не е битно, нив им се може. Осетот дали се има или нема, не коментирам, затоа што на сите ни е јасна ситуацијата.

    На пример, јас се возам со автобус само кога морам, преферирам приватен, ме изгубија како редовен купувач на месечна карта. Сигурна сум дека не сум единствена.(fingers)

    Некна во Џамбо влегов по папки и тоа таму беше покољ. Мене таму не ми се влегува со малце поголема ташна, а па со количка да влезам, ќе скренам прво јас, после тие околу мене. И со количка за пазарење и со количка за бебе, со која било од овие две да влезам таму ќе се скренам, жими мене. Некна избуткав три пара прслуци оти се свртев зад мене, да ги видам хулахопките. Ни младо ни старо не знае што прави и како прави, битно се буткаат сите околу тебе. А порано па и поширочко беше, сега само доставаат дополнителни полици, рафтови, како чирови сред алеја. Не дај Боже па горе кај бебињата што се алиштата, барав пижами и трипати ќе се бацев филмски со луѓе додека се разминам.

    Ја сум посклет човек и стварно алал ви вера како издржувате со колички во тој хаос. :|

    Ако зборуваме веќе за странство, прво ние ја немаме таа култура, а второ ги немаме тие услови. Таму каде што сум била јас, а сум била во повеќе земји, трговските центри се на огромен, празен, рамен плац. Алеите меѓу рафтовите се два метра, може на едната страна вработен да си реди производи, а двајца купувачи да се разминат дополнитено. Овде бре да прднеш цел супермаркет ќе се умириса. Дури незгодно ме фаќа, јесте дека не сум најситна, ама има супермаркети кај што треба да минам укосо да не го бутнам чипсот од полицата. Стварно ме фаќа склет, ќе одам уште 100 метра, ама не се буткам па последно да ми е.

    Друго, почнеме од самиот факт дека стопати имам пишувано како луѓето се нервозни и не си ја истураат нервозата на правото место. Возач на автобус ми се дере оти сум го прашал за кај е автобусот, па тоа ти е работа бре. Некоја мадам во продавница се дере оти и ги нема цигарите. Некое дериште ќе те изгази, нема бре извини, он е тепач, он го гледа тој со Долина на волците на Сител, ти него ќе му кажуваш.... Ете тука е проблемот, сите тепачи, сите најпаметни, сите знаат како треба, а никој уствари поим нема што прави и како прави. Само галама да се крене.

    Мал милион пати сум дигала колички на пешачки, во лифт, на скалички, сирота жена стои сама со бебе, плус уште па едно за рака ако држи... Јас ќе и помогнам, многу нормално, ама секогаш го имаш моментот - Кај си тргнала мори сестро, ни тоа ни тоа разбира, па едното плаче, па другото плаче, леле... Стварно ми е жал, се надевам и правам се' во мои напори да не се доведам во таква ситуација, разбирам дека некогаш и стварно мораш да купиш нешто и ти се брза. Ама па кога знам дека ќе бидам сама на себе препуштена, има така да се опремам со секакви залихи, што знам.:drunk: Ваљда ќе се најде некој, мајка ми, сестра ми, другарка, братучетка, роднина.. Ем ќе се видиме, ем мала испомош, ако веќе толку дојде нож под коска, па за тоа мислам си имаш и такви особи во близина.

    Ама на темава, дали нешто итно ќе ти треба да пазаруваш од Базаро? - Веројатно не. Зошто ќе влезеш? -Од истата причина поради која пензионерите играат шах во 2ка, оти им се може. :D

    Ја последен пат лани влегов таму и бев под стрес да не скршам некој кинески кристал или порцелан, а па со нешто погабаритно да влезам ќе ме фане склет, ко што ви реков погоре.:drunk:

    Секој си знае валјда сам за себе....:?:
     
    На CameliaMiller, kjukli, Marossa и 14 други им се допаѓа ова.
  19. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Не е наша вина што самите си се препознавте! :hai:
     
  20. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не беше толу страшен ударот, да речам само опомена. А и мм од 194 беше во близина:D
    Се зезам ама стварно излегов од контакт. Син ми не знаеше како да избега, се испаничи во целата толпа од деца. 16-17 годишно дете покажува сила на 5.5 годишно дете.