Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Капетане човече ај не си ласкај толку, не сум тинејџерка да ти се палам по постовите а уште помалку ми отскокнуваш од околината како маж, посебно не од таа околина каде што сум јас.
    За тоа која како си ги воспитува децата тоа не гледам како е твој или пак било чив проблем , ти гледај утре ти како ќе си ги воспитуваш твоите деца.

    И повторно никој/а не кажа без нели да навредува дека сме вакви мајки, такви мајки како ете да не пречам на околината со дуплата количка, бидејќи нели јас не приметувам дека сметам пошто сум ниско интелегентна.|(

    И сериозно дај сите престанете со тоа светици и грешници, јас не мислам дека сум светица затоа што сум мајка, баш напротив мислам дека не би ни имала 3 деца доколку нели би била светица, кхм, кхм:P
     
    На kjukli, ph.orhideja, mimiiiii и 7 други им се допаѓа ова.
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Добрар епитет - бездетни :D
    Ова му доаѓа како модерен термин на јалови жени. Шега на страна, гледам тешки навреди паднале од двата табори и впрочем затоа не се остварува дијалог. Како СДСМ и ВМРО сте мајке ми со чест на исклучоци.
    Значи (не) културата е врзана за поединецот, никави колички и оправдувања не се наоѓаат за такво безобразие како што се случува секојдневно. Подеднакво постојат невоспитани жени без деца како што постојат и мајки со таква болна харизма да ти се просере денот. Да, сум начекала таква мајка, нервозна на тротоар со дете што урла од 20 метри далечина како ми се истура затоа што уредно си чекам на тротоар да светне зелено за да преминам улица. Поентата беше или јас да се симнам на улица или таа да причека неколку секунди со количката и да го задржи фамозното “Госпоѓо?!“ што беше изустено на крајно дрзок и арогантен начин.

    Меѓутоа само заради еден изолиран случај на некултура, подеднакво не ги вагам сите мајки. И тие се луѓе со обврски, со проблеми и бараат решение како да завршат уредно некои непремостливи работи, а при тоа да не пречат. Решението е исклучиво кај оној што има отворено таков објект и не е лошо вие мајките самоиницијативно да се соберете и да потпишете барање за да овозможи услови при пазарување на мајки со деца. Дали тоа ќе бидат посебни кошници или нешто трето, тоа е задача на оној што нуди услуги, а ваша задача како потрошувач е да ја побарате за добро на сите.
    Со вакви навреди и демонстирање сила на форумот ништо не се постигнува, а проблемот и понатаму стои.
     
    На lavaleta, Bridget, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас имам прашања и за мајките и за останатите.

    За оние што не се мајки.
    Дали знаете колку е напорно да се одгледа дете? Дали знаете колку е мачно да се будиш секој 2 часа, да ти тропа постојано некој со играчките, да кенка, да плаче, да скока, а при тоа да немаш помош од никој? Дали знаете дека и на нив им е тешко да се влечат со колички и ранци како за планинарење? Е да внатре има пелени, цуцли, млекце, чајче, резервни чорапчиња, панталончиња итн. И на нив им е напорно, ама некогаш кога се мора да се пазари се мора.

    За мајките.
    Дали знаете дека понекогаш претерувате? Дали сте свесни дека вашите деца се само ваши а не на цело опшетсво? Дали мислите ако не ви помогне мажот ( кој најчесто е на работа), свекрвата, мајката или некој близок, дека се должни останатите да ви помагаат и трпат? Не. може да помогнеме ако сакаме и ако сте пријатни. И оние кои не се мајки си имаат свои маки и нервози и не мора да трпат ништо што не е нивна обврска.

    За да не ме испотепате на форумов, ке ви признаам дека сите мајки кои пишавте сте совесни и во ред, но сфатете дека не се сите такви и крај. И да во Базаро не е место за колички и деца, затоа што навистина се е кршливо. Замислете ситуација еве јас стојам пред рафт и поминува татко со количка, па јас сакајќи да му отстапам место за да помине (а не дека може намерно да ме или ненамерно да ме удри), турнам некој порцелан и се скрши. Кој ќе го плати тоа? Кој ќе се поцрвени? Кој ќе се чувствува лошо? Детето сигурно не.
     
    Последна измена: 15 декември 2014
    На CameliaMiller, Nova, bambusce и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    :rofl::rofl::rofl::rofl: Да не пукнеш, не можам да се соберам од смеење :rofl::rofl::rofl:
    [​IMG]
     
    Последна измена: 15 декември 2014
    На Nova, calliope, Captain-Omni и 15 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.397
    Допаѓања:
    114.539
    Пол:
    Женски
    Релаксирана сум јас не се секирај. Не се замар ти со мене а јас ќе пишувам каде сакам и кога сакам зашто ова е форум, и си имам право да си го кажам мислењето. Ако ти смета слободно не ги читај моите мислења. Уживај си ти во странство каде што живееш , а ние овде ќе си тераме како знаеме.
     
    На CameliaMiller и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.397
    Допаѓања:
    114.539
    Пол:
    Женски
    @okcenzi иако немам родено мое дете имам изгледано и исчувано бааги деца, што внуци што од другарки. И знам како е да се гледа дете, знам дека не е лесно. Ама тоа не дава за право да одредени мајки се однесуваат како да се кралици на светов, како да треба сите да им постелуваат црвен тепих кај што ќе дојдат. Да се биде мајка не е лесно, не велат за џабе дека треба село да се изгледа дете. Ама па не можам бе да оправдам кога во продавница јас влегувам а тука некоја мајка да ми изводи, детето да кмечи во продавница да се тегни и да расфрла се и сешто а госпоѓата да не мрда со прст.​
     
    На CameliaMiller и SwanMay им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    ^
    Нели за колички е муабетот, каде сега деца што урлаат и мајки што не реагираат? Или секоја тема ќе се користи да се потенцираат мајки кои (моментално) изгубиле контрола врз своите деца? Ајде уште цигарите и кафиќот да ги спомнеме па да почнеме одново.
     
    На kjukli, Sky-butterfly, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Анина озбилно ова го споделуваш со доза на гордост од твоја страна ? Се мериш со тинејџер и правда делиш. Што правиме ако си го повредила посериозно со оглед на тоа дека се тешки шишињата. Треба неговата мајка или татко да дојдат главата тебе да ти ја дупнат за да ја израмнат сметката? Срам да ти е што на насилството си возвратила со насилство. Имам кажувано во други теми дека како дете имам често јадено кутек од моите врсници,што во градинка што на улица ама мајка ми и татко ми НИКОГАШ не излегле наместо мене да се тепаат со тие деца. НИКОГАШ ! А верувај и мајка ми ја болело кога сум се вракала дома со модрици,искасаници и расцепена уста затоа што локалниот bully во градинка на мене се истурал.Секоја мајка ја боли за своето дете и секоја мајка го сака своето дете најмногу на свет како што ти го сакаш твоето и по секоја цена сакаш да го заштитиш.

    Еве не знам ,утре тебе да те чукне некој намерно или ненамерно сеедно,одма кунг фу зафат ке му направиш ? Си ја измери силата со 16 годишник и те напраи тоа горда и силна жена? Браво за тебе ,мислам стварно БРАВО. Падна на ниво на тинејџер. Се прашувам само како утре твоето дете ке ги војува своите битки на самостоен начин знаејки дека мама ке улета со Брус Ли поза наместо него. Ако ме прашуваш мене доволно било само да го тргнеш твоето дете на страна да провериш да не е повредено и на многу поинаков начин со збор да го закопаш пилиштарот пред девојчињата да не му текне веке мангуп да се праи. Ама за тоа акал треба да се има во глава а не сила во рака.

    Од се што прочитаво до сега ова деф ме згози најмногу. Не затоа што си го бранела своето малечко туку затоа што со гордост кажуваш како си истепала некој.Со гордост еј !Јаз'k !
     
    На CameliaMiller, Daydream, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Јас не ја осудувам Anina за постапката, сепак се работи за намерна постапка без причина и тоа на три пати повозрасен од тоа мало дете.
    А ти SuperGirl24, немој ни случајно да се браниш ако те нападне некој манијак, пијаница или слично оти на насилство не се враќа со насилство.
     
    На kjukli, SexiLy, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас не се тепам со врсниците на моите деца. И моето дете доаѓало дома искасано и истепано па единствено сум го учела како да се одбрани. Дури ни кај родителите не одам и не ги учам децата нивни. И се тоа бидејќи еднаш се дрзнав на дете од комшиите да му кажам што е исправно а тоа, на свои 6 години, ми рече да му го јадам к****. Не е моја работа кој како е воспитан. Едноставно мислам дека ако ја видевте и вие сликата и вие ќе се изнервиравте. Свесно силно удирање по глава и тоа неколку пати, со крајно иронично смеење и мафтање со раце како знак за доминантност. Не сметам дека тоа би го направило дете, врсниче на мојот син. Тоа е карактеристика на 17 годишен тинејџер кои за една година ќе стане полнолетен, а не е дораснат.
    И што јас ќе му речам на 16-17 годишник. Ќе го превоспитувам? Ќе му објаснам ли јас дека не е убаво?
    И јас не го истепав, не преувеличувајте толку. Да го истепав и на вести ќе ме имаше. Ги чукнав со шишето вода кое го носев во раце и фино лепо го прашав што прави. Да не направил ништо лошо ќе ми се вратеше, богами и не беше мало дете.
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Па и Анина е 3 пати повозрасна од тој тинејџер? Зарем не би требало да очекуваме од возрасна жена разум и самоконтрола? И не драмете и не мешајте баби и жаби, ве молам!
    Или треба да очекуваме сега бригада на фемина мајки како притрчуваат во одбрана и рационализирање на нивната bully друшка? Ако денеска следат коментари од типот `ама вие не сте мајки, чекајте да видите како ќе ви биде кога ќе станете мајки`, тогаш подобро да ја избегнувам темава.

    @anina, не ти вратил оти очигледно имал поголема култура од тебе ;) Исто така, милион пати сум се изнервирала во животов, многу работи ме имаат заболено ама знаеш колку пати физички сум вратила? НИЕДНАШ!!!!
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Е ајде место цело време само да ја напаѓате Анина како бие би постапеле на нејзиното место?
    И не е Анина 3 пати постара од тој тинејџер, чинам има околу 25-6 години.
    Мислам односно 100% сум сигурна дека да видам некој тинејџер како ми го мава детенцето, џигерот ќе му го извадам а не да го мавам со шише вода.
     
    На kjukli, artemidis, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ќе му се развикам на невоспитаниот тинејџер, ќе го прашам како не му е жал така што постапува, ќе си го земам детето за рака и ќе си одам од таму. Ако тој е невоспитан, мене од дома ме научиле на подобро.

    Исто така, Анина ти сега почна да ја филуваш приказната, нешто те изненадија негативните реакции на твојата постапка па ајде сега да ја рационализираме, всушност детето ти било во опасност па затоа си го удрила другото дете?
     
    Последна измена: 15 декември 2014
    На SwanMay, darcy и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Всушност ако тоа поголемо дете го удрило неколку пати твоето по глава каде беше ти за тие неколку пати!?
    Ако јас забележам само еднаш нема да чекам неколку пати да го лупне по глава веднаш ќе реагирам.
     
    На buba4e89, Nausicaa и SwanMay им се допаѓа ова.
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ова станува глупаво. Да ви кажам и што имав облечено?
    @bittersweet немој со џигерите ќе те спалат:bow:
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Кимоно гарант и врзан црн појас.:D
     
    На Cka и friendy им се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    А бе кога почнав да мавам апчаги-мапчаги, појасот летна. Само кимоното остана . Ко се префрлив на бокс и кимоното се скина и на крај си заминав гола ама сите беа претепани :rofl: само да те читнам бре Далеронке, не можам а да не се насмеам
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Да, да ме нападне манијак или пијаница ке се бранам а ако не можам да се одбранам ќе ќиднам ,сепак не сум кунг фу панда и тепачиште па да можам соодветно да се осбранам ...Ама јас како возрасна жена и мајка врв гордости у денот да ми биде тоа дека сум истепала некој тинејџер знаејки колку им е паметот на таа категорија млади лица и притоа со гордост да се пувам ко кузнае што да сум направила никогаш нема да си дозволам. И никој не и закачен на Анина лично и се обидов совет во друга тема да и дадам во врска со несоцијализацијата на детето и постојаното задевање упатено кон него ама некако вака читајки дури чудно и симтоматично ми паѓа како по некој сплет на околности постојано нејзиното дете од сите страни е напагано.На улица во маало,во парк,зоо....Дури мислам дека целата ситуација ја преувеличува и и е оправдување за својот моментален излив на љутина и бес.Еве не знам ама до сеа ниту еден родител нема произнесено толку проблемина таа тема со напади кон своето дете.

    И баш ме занима дали и во градинка или во школо или на било кое друго место им дубите над глава на своте деца и ако некој ги удри,ги турне,ги задева,ги навреди на било каков начин директно улетувате со ставот chainsaw massacre и вадите лев бубрег на се живо и диво што е "закана".

    Куцам од тел се извинувам за печатните грешки.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.279
    Пол:
    Женски
    Колку ми се интересни ваквите девојчиња со приказните: јас вака, јас онака... :rofl: :lol:
     
    На kjukli, ph.orhideja, artemidis и 6 други им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Извини, ама така се решаваат конфликти, со дијалог...