Еден впечаток се добива кога ќе прочиташ тинејџерче, а друг 17 год. кој е на година од полнолетство. Ама ај, далеку сме од темата.
Жити се Јас дека од планина симната, па не знаев до сега. Не ми ја сфати поентата на муабетот, ама има време...
Заборавивме дека вие сте се родиле возрасни, а некои уште од роџење сте мајки Вие не сте биле "девојчиња"
Summer, ова од искуство го пишав, не туку така. Токму затоа што и јас размислував слично. Ама... терајте си бре како сакате. Ваша работа. Не оправдувам насилство, ама ова со Анина и тоа како го разбирам. Не дај Боже да се случи некој само да ми го чепне детево, не знам во афект како би изреагирала. Сигурна сум дека 90% од мајкиве размислуваат како мене. Тоа не ги прави некултурни, насилнички и не знам што не, туку едноставно мајки. Прашајте си ги мајките како они би изреагирале во дадената ситуација.
ЈАС го разбирам револтот на оваја мајка посебно ако се работи за бебенце мало мислам дека е апсурдна забраната,притоа ако се работи за поголемо детенце а знајме какви се деке трчат на сите страни претурат во рафтовите прават метеж итн,и те како родителот треба да си го фати детето за рака да не го испушта и повеќе контрола да има врз него,а сега на овие деца све му е дозволено дури и отповеќе е таквите родители неможам да ги сватам,сепак каде и да се оди треба да се има некаков ред,а и маркетите да се снабдат со кошници за пазарења каде што можат и деца да се сместат... Една случка да кажам лична,значи фино лепо во веро на каса седам и чекам ред,пред мене една жена пред неа друга со оние количињата заедно со кошница што одат за пазарење нормално детето седи во самото количе и притоа урла на касата,а зад мене чекат еден куп луѓе,таја наместо да му подвикни на детето уште се смеј го гали се лигај на каса и ние киниме живци,тоа вришти се дрецка отворими чоколадо се дери,таја фино лепо дреми на каса сезанимава со детето му отвара чоколадо и незнам што назад луѓето фучат и нормално касиерката му вели госпоѓо вемолам го држитередот,значи што да кажиме за вакви мајки без апсолутно никаков осет?па страмота е во редот имаше и стари луѓе и сега ние да чекаме да се лигај таја со детето на каса,апсурд жено подвикниму на детето тргниго настрана и правете што сакате па сега сегде треба да има златна средина јас сум за тоа дека треба да се има осет а не сум за никакви забрани,бидејќи секој човек кај и да оди излегва од дома за заврши рает работа и за парче мир...
Имам само еден или два поста на таа тема за децата од маалото и моето дете. За тоа дека не се тепа и не се кара. Колку проблеми ми изброи ти? Сакаш да се префрлиме на таа тема?
Денес секој сака да е родител, а никој не е едуциран како да се воспита детето. И ова е кажано во врска со болдот. И не скокајте одма како пијавици.
Аууу, каква дискусија.... Искрено, не бев свесна дека некому би му пречела количка во продавница. Особено ме чуди што станува збор за маркет, кадешто секако се пазари со количка, па и нема некоја разлика дали е бебешка или количка од маркетот. Не знам што е разликата меѓу мајка со детска количка, или некој друг со количка за пазарење, кога и едните и другите можат да те турнат или зафаќаат исто место. И не можеш секогаш да имаш на располагање некој кај кој можеш да го оставиш детето да ти го причува. Јас сум пазарела со количка по маркети и никогаш не сум имала проблем. Во едната количка доле имав место за артикли, па наместо да носам дополнителна корпа таму ги ставав. Никогаш не сум имала проблем некој да се пожали, или децата да фатат и да турнат некој производ од рафт. По продавници за облека не сум шетала со количка. Генерално, не одам со деца по продавници за облека, освен нели ако треба нешто за нив да купам, па мораат да пробаат. Комплицирано е и не сум имала потреба. Досадно им е, а јас не сум раат. Кога се мали не можеш да влезеш во гардероба. Затоа, имам потреба од купување, ги оставам на чување некаде. Во секој случај, ваква забрана е под секоја критика и искрено не знам која е потребата воопшто да постои. Ако некој скрши нешто, треба да си го плати, па без разлика дали бил со или без количка. Но, исто така не го оправдувам однесувањето на некои мајки кои поради тоа што се со деца мислат дека можат да се распостелат низ цела продавница. Само за жал, не се само мајките во прашање, туку генерално, многу дрзок, невоспитан и нетолерантен народ живее во Македонија и станува се полошо.
Не е тоа цинизам. Немој да ме сфатиш погрешно, ама она што иритира во врска со твоите постови е тоа што цитираш две-три реченици од нечиво мислење и наддаваш како на лицитација. На изминативе ноколку страни нема ни едно цело твое мислење туку се само нешто цитирано а ти како Баба Ванѓа толкуваш. Не го пишувам ова со цел да те навредам туку да ти посочам зошто сите се „возбудуваат„ на твоите коментари
@chocolade Што зборуваш, знаеш? Каква заштита од дискриминација. Еве јас пушам и има знак забрането пушење и што сега да се обратам дека сум дискриминирана? Јасно е прикажано и истакнато што е забрането и тоа строго треба да се почитува. Од памет не го ставиле сигурно, туку како мерка за заштита од некоја си немила случка.
Добро ај баталете ја случката со Анина и тинејџерот, веќе сме оф топик 3 страници, башка нема никаква врска настанот со насловот на темава, колку и да е исправна или погрешна постапката.
Не сум девојче, напротив постара сум и од дел од мајките кои пишуваат тука но мило ми е ако со постовите и ставовите делувам помладо Во секој случај, напишаното ти го сваќам како комплимент а не како затскриено умалување на вредноста на моето мислење поради погрешно претпоставената возраст.
Епа сега, според твојот пост не се приметуваат твоите години, напротив... Едно ќе беше да кажеше дека веќе си се нашла во таква ситуација и си изреагирала како што напиша, а сосема друго е да претпоставуваш како би се однесувала во дадена ситуација и притоа некој кој што веќе се нашол во истата да го навредуваш, а да го оправдуваш тинејџерот и уште одозгора да тврдиш дека бил покултурен од Анина? Се надевам не си сериозна? Те молам! Животот до сега требаше да те научи дека не секогаш работите се случуваат како што сме мислеле и посакувале
Тинејџерот никаде не го оправдувам! Неговото однесување е за секоја осуда и тука нема дискусија околу тоа но Анина ја читам на Форумов, ми има оставено впечаток на разумна жена и од неа воопшто не очекував таква постапка. И да, многу сум сериозна со ставовите што ги пишувам тука, исто како што стојам зад оние зборови кои ќе ги кажам во ријл лајф. Доволно сум возрасна, доволно сум паметна и доволно се познавам себе си за да знам како би реагирала по определена ситуација. Не викам дека животот нема начин да ме демантира но сакам да верувам дека на овие години се знам себе си -сепак имам доволно животно искуство, кое добро кое лошо за да знам отприлика што да очекувам од себе си во определена ситуација. За среќа, досега се немам непријатно изненадено себе си, се надевам дека така ќе биде и во иднина.
Ова баш не ми личи на осуда. Мило ми е што си толку сигурна во себе си. Ти посакувам така да продолжиш и никогаш да не се најдеш во ситуација каде што би се изненадила од себе си.
Лелеле муабетиве....ај малце reality check Во последно време (кај нас, во светот од поодамна, ама тоа е нормално нели, касниме со развојот) се' повеќе има места, објекти и делови од просторот кои се стриктно означени за ''бремени жени и мајки со колички/деца''. Викате со потомокот наш не сме биле за во супермаркет? Ја мајката, затоа има специјално дизајнирани коли/колички за деца, па дури и за бебиња на количките за пазарување? Во нив кучето да не треба да го ставам? А имате ли видено и дека, НЕВЕРОЈАТНО, ама вистинито, има и специјална каса САМО за бремени и мајки во новите супермаркети?? Имате ли инфо колку кафичи/ресторани почнаа да никнуваат со игротека во нивни склоп? Колку од постоечките импровизираат со по една лулашка и лизгалка, како тие на кеј? Слушнавте дека има сега и студио за вежбање, како и студија за јога и пилатес, каде условите овозможуваат мајката да си го донесе детето и да вежба заедно со него или да го остави да и' го чуваат бесплатно во тој 1 саат на нејзина релаксација? Што мислите, зошто е така? Кој најчесто го контролира и планира, а богами и троши, семејниот буџет? Ако ја исклучиш мајката од потрошувачкиот свет, како што повеќето од вас сакаат, знаете што ќе им остане на трговците? Среќа постојат паметни луѓе кои децата ги прифаќаат оберучке во своите објекти, па тоа им се враќа тродупло. Читам спомнувате Џамбо како место во кое не смее да се пазарува со мали деца....значи, како да кажам не знам, а да не звучам идиотски, ама ако во продавница која 70% е опремена со играчки, гаџети и облека за бебиња и деца, не отидете со дете, тогаш не знам каде треба да одите Новогодишните и велигденските украси се привремени во тој објект, а домаќинските фино одделени на вториот спрат. Проблем солвед, ама не, на вас децата и во продавница за играчки ви сметаат Имате ли заприметено колку списанија за мајки и бебиња има во последно време? Колку има за тинејџерки и млади жени? Мислите ќе постоеја ако не се продаваа? Трговски никнуваат со цели спратови наменети за деца, со огромни игротеки кои згрижуваат додека мајките купуваат...посебни паркинг места за родители со колички и деца најблиску до влезовите, посебни ВЦ-а за деца на секој спрат. Се' во служба на комфор на мајките, зошто ако тие не се задоволни - цела фамилија дома ќе седи, аш трошење Не се фалам што сум мајка, јас сум благословена и на секоја жена и' ја посакувам оваа состојба, чисто заради чувството на комплетност и среќа, не за да речам Еве да видите како ни беше на нас. Јас не се чувствувам никаде дискриминирана, ниту омаловажена, ама во исто време и не ми е гајле за муабетите од страна. Моето дете е воспитано, небитно што некои членови од овде мислат врз основ на мајката и нејзините мислења на форум и го носам секаде каде што сметам дека ќе се чувствува пријатно и среќно. Во конкретнава продавница не влегував ни сама кога бев, а не пак со дете, така да ич не ме тангира натписот. Времето ќе покаже колку ќе опстои со ваква политика