Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Супермаркети треба да се проектирани така што ќе може мајка со бебешка количка да шета нормално и да има доволно место за да не пречи никому. Не знам како поинаку би се снашла мајка која живее сама со партнер што оди на работа, за да пазари. Треба да се има разбирање.
    Скроз друга приказна е носење на деца по бутици за облека и места кај што дефинитивно не е местото за бебиња.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ана, што не ти е толку јасно? Тебе некој да те удри по глава со нешто тешко, ќе те заболи? Да, така? Ќе те спука андреналин? Она го удрила со шише полно вода, тој и вратил на насилството? Не, а можел да отиде до кај неа, да и мавне бокс и да ја срамни со земја но не, тинејџерот, ваков -таков ама битно решил да не врати на насилство со насилство. Возрасна жена vs недоделкан тинејџер и на крај безобразниот тинејџерот покажал повеќе самоконтрола. Во таа конкретна ситуација, за мене, тинејџерот со тоа што се тргнал покажал повеќе култура од жена која се силела пред група деца, знаејќи дека, ако нешто згусти, ја има подршката на својот 2 метра висок маж. Сега доволно ти е јасно или да продолжам?

    Исто така, Ана браво за селективното читање :)
    Фала богу дека никој на форумот не го оправува детето ама очигледно, некој си чита така како што му одговара ;)
     
  3. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Да многу добро знам што зборувам :). Само не знам како можеш ти да споредиш едно со друго. Може и јас сум пушач па не ми смета знакот забрането пушење во продавница. Заради тоа што таа потреба можам да си ја задоволам и пред да влезам во продавница. Ќе издржам 10 мин без цигара :). А јас лично како мајка која што немам бебето на кого да го оставам многу добро ја разбирам мајката која што ја отворила темата. Заради тоа што имам бебе да седам дома и да чекам да наполни 5 години за да можам да влезам. Па после може второ ќе родам, оп уште 5 години. И замисли во сите продавници да има таков знак? Прехрамбени маркети, аптеки итн.. И кога нешто итно ќе ми треба ќе ја оставам количката пред маркет и ќе замолам некој минувач да ми ја почува? Само мајка која што е врзана за бебето 24 часа може да разбере што значи оваа забрана. А да, ја упатив во Комисијата па доколку се обрати, сепак членовите на комисијата ќе одлучат дали се работи за дискриминација или не. Затоа постојат :)
    Извинете за долгиот пост...
     
    На TIGARCE86 и anina им се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Како што кажа @Moira, се повеќе продавници има со специјален третман на бремени жени и жени со колички (посебно тоа се супермаркетите, каде навистина е неопходно некогаш да се оди со бебето), така што не гледам дискриминација ако некоја продавница од типот на Базаро смета дека не им е таму место. Ако е тесно, или им се случил некој немил настан, или имаат премногу поплаки, нивно право е да стават забрана. Дали тоа ќе им делува позитивно или негативно на прометот (а може и да не осетат разлика), сами ќе си видат.
     
    На mimiiiii, Annath, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Епа не замислувам секаде да има таков знак, ама каде што има треба да се почитува.
    И постот што си го постирала не е со револт према знакот, туку револтот е против непристојното однесување на продавачките. Читајте добро.
    @darcy Па ако не влезат во таа продавница голема штета бре.
    Никаде нема забрана на маркетите со храна, барем јас не сум видела.
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @chocolade, дискриминација е ако се стави знак забрането за деца, не е дискриминација да се стави знак забрането за колички за деца. Тебе никој не те спречува да влезеш со детето внатре. Исто така, што е тоа што се продава во Базаро и е толку итно па да мора сега веднаш да се влезе внатре?
     
    На Daydream, mims-89, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Леле девојки не се возбудувајте толку, па како може 17 год да удри дете по глава а мајката само да го искара. Јас нема да го искарам, дури мислам и полошо би постапила, би го пријавила, па нека се расправа со служби за малолетници, пошто и за нив има прекршочни. За свое чедо се работи. Не сум за тоа да се употреби сила,ама па кога веке тој зрел тинејџер се осудил да биде ждере и да нападне толку мало дете, тогаш нека си ги сноси последиците, а не да изигрува фраер пред друштво или девојка. Не ја осудувајте мајката која го штитела чедото. Видете јас немам свое дете, но кога некој така би постапил со внук ми, јас би се изреволтирала до крај и би му возвратила на ист начин, па да осети како е да бидеш понемоќниот. Кога внук ми некој ќе го искара со повисок тон мене срце ме заболува, а не пак да го удри.
    И многу се отиде оф топик, дај да се вратиме на тема, за да не не бришат.
    Темата е за количките за кои станува се потесен просторот. Не се виновни оние со колички ( баби, дедовци, татковци, мајки, тетки) туку газдите кои гледаат да го пополнат просторот со што повеќе рафтови. Најдобро би било кога ќе има поголем простор, па да може било кој да разгледа и да пазари, а и кога би имало и такви каси за нив. крај на дискусија.
    Вие кои сте мајки и кои пазарувате со деца, сфатете дека на сите им врие по нешто и дека не сме виновни ние останатите, што просторот во маркетите е нефункционален и што Базаро забраниле со добра причина. Е сега кога Базаро би имал заштитни рафтови ( оние со лизгачи и стаклена пластика) тогаш би било безбедно и со деца и колички да се пазарува, но ние сме Македонија и тоа е тоа.
     
    На kjukli, TIGARCE86 и anina им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.277
    Пол:
    Женски
    Ај пак.
    Тинејџерот кој бил насилен врз три пати помало дете за тебе е покултурен од мајката која реагирала насилно во одбрана на сопственото дете?
    Не читам јас селективно, ти си контрадикторна самата со себе. Еднаш го осудуваш тинејџерот, друг пат го оправдуваш. Збунувачки е.
     
    На okcenzi, TIGARCE86, artemidis и 3 други им се допаѓа ова.
  9. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Не беше наведено во која продавница го има знакот. Зборам општо, може и во прехрамбена да има таков знак. Па со бене во раце не е баш лесно да се пазари :) Плус не реков дека има дискриминација, само ја упатив во комисијата која што може да одлучи за тоа.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Закон за заштита од дискриминација :D Немојте луѓе ви се молам! Тоа не е дискриминација, исто ко што има забрана за влегување со храна и пијалоци така и ова, зарем мене ме дискриминираат ако јадам сладолед? :D
    Тоа си е политика на продавницата и нема врска со никакви агенции за зштита на потрошувачи. Нивно право ако сакаат ќе стават и забрана за влегување со чевли.
    Многу е жестока темава, јас нонстоп викам дека нема нешто похистерично од мајка со мало дете, лутете се колку сакате ама така е. Сигурно и јас ќе бидам утре таква, не викам не ама затоа е пресмешно, пресмешно е како само мајките со децата се во право и секогаш и секаде треба да имаат привилегии и треба да прават се што ќе посакаат.
    Да се вратам на темава, за мене е сосема во ред таа забрана. Базаро има премногу кршливи предмети кои лесно можат да се турнат и искршат, деца ко деца знаеме дека фаќаат се. Скршениот производ може ќе оди на товар на вработените па ќе терба да си скратат од нивната плата само заради несовесната мајка која баш немала кај да го остави детето и баш тогаш морала ИТНО да оди во Базаро. Ако и речат да ја плати оштетената роба мислите дека ќе ја плати? Би ја платите? Секој би го избегнал тоа, би се расправал до немајкаде и би си отишол без да ја плати оштетената роба, па дури може и да ги тужи ете затоа што работите не им се убаво неместени па лесно се туркаат и кршат. Повредите и добросојстобата на децата тука нема да ја коментирам, се имам изјаснето на некоја од темиве, не ме интересира мене ако мајките сакаат да ги замараат и тегнат децата насекаде со нив. Секој си знае како му е најдобро.
    Во марктите точно дека има специјални колички за деца кои исто така се гломазни, ама пак нема простор каде да ја сотавиш количката на бебето за да го ставиш во онаа за пазарување и да пазариш. Тоа е една од причините зошто детето не треба да го носите во маркет. Можеби ете нависитна нема со кого да го оставите ама па немора секој ден да се оди во маркет. Отиди еднаш, двапати во месецот и испазари убаво. Леб и млеко можеш од локалната продавница секој ден да си зимаш, немојте да се правдата глупаво е, а и никој не го бара тоа од вас, сами ги преувеличувате работите. Не е оправдување тоа кога ќе кажете дека мора да го носите со вас затоа што немате друг излез, кажете едноставно дека сакате да го носите и тоа е тоа, не сте должни никому да се правдате. Ајде пак за во маркет разбирам, ама во бутици или ете во Базаро. Абе во Џамбо е атракција, ко во игротека ги пуштаат децата таму...
    Мене лично не ми смета, јас можам и да се разминам, да заобиколам, нокому ништо, не ве разбирам вас мајки кои најдовте да се објаснувате на темава како сте немале друг излез па сте морале да ги носите, па што сте сакале ќе сте правеле, во ред, само размислете колку на децата им е интересно и забавно во маркетот, бутикот, додека ве чекаат пред гардроба или додека пола саат барете пудра.
    Во Космо пред некоја недела додека пазарев имаше мајка до детенце кое беше седнато во оние количките ко камиончиња за деца за пазарење, детето спиеше во количката и беше навалено, искривено на едната страна секој момент ќе треснеше на земја, она си пазари око не и трепка, си бира пудра, па моливче, па лак и ко капак на се после си продолжи и во Тинекс, детево си се изнаспа искривено. Којзнае колку време го возеше така.
    Друг случај во поранешно Јуник, ова одамна беше, мајка со дете кое и беше во количка, бутна со количката стаклена сталажа, цела сталажа се испокрши и неколку од производите, се напраи невиден крш и лом, она ноншалантно си излезе од продавницата ко ништо да не направила.
    Знам за случаеви каде мајките ја користат количката на бебето за да крадат во продавниците.
    Не генерализирам, несакам да докажувам нешто ниту пак да се правам паметна, само набројав примери зошто според мене е оправдана таа забрана за влегување со колички. Ако не друго учам од вакви работи и вашите мислења каква мајка не терба да бидам.
    Еј знаете што, сега имате и сервиси за достава па направете список и ќе ви достават до дома од маркетот се што сакате, а бебенцето за промена прошетајте го низ парк наместо во трговски центар.
    :hai:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babylove90

    babylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    lele gluposti,ova sega prvpat go slusam (citam)...da ne vlezes so kolicka...i sto ke ti napravi kolickata?guzva se pravelo...a bez nea nema guzva neli?ne e problemot vo toa tuku sto nasiov narod celo vreme se butka,pa ima nekoi se sunjaat levo desno ko muvi bez glavi i ete ti guzva...i posle kriva im e taa so kolickata a zaboravaat deka i oni do vcera imaa bebinja pa se setaa sekade so kolickite,a za ovie drugive sto nemaat seuste ke vidat kako e koga ke imaat bebe...u ostalom sto ima da ne pazaram so deteto,i da ima koj da go cuva zaso da go ostavam?moze jas ne sakam da se delam od moeto dete,koj e toj sto smee da mi zabrani?ova se za mene cisti gluposti...da ne pazaruvas nosejki go bebeto vo kolicka...a vo sto da go nosam?na uska?

    a da,spomna nekoj deka isto bilo i vo sad...e da ama vo sad ima kolicki za pazarenje so prostor za bebinja a ovde ima samo za deca...epa deteto moze da sedi a malite bebinja ne mozat, toa e edna golema razlika
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Што сте запнале за тие колички аман. Мајка со бебе сигурно нема да отиде да пазари за цел месец, туку ќе купи нешто неопходно што и е потребно во моментот па ќе си го земе детето во раце.
    Сигурно едно бебе од неколку месеци нема 200 кила па да и тежи.
    Па зошто тогаш се мажите, мајките, свекрвите, сестрите (и комшиите) ако не се најдат во таква ситуација да помогнат на било кој начин. немојте ви се молам направивте како децата да не може да влегуваат во продавници, а се работи за една габаритна количка.
    Некој рече газдите се криви за рафтовите. Е толку е простор нема повеќе, згора на тоа и трошокот за тој дуќан што го плаќа, ќе гледа да го исполни просторот со роба, а не со бебешки колички.
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ана, ти намерно се правиш дека не ме разбираш или јас толку лошо се изразувам? Не сум јас контрадикторна, туку ти си читаш како што тебе ги одговара- одговорот на твоето прашање се наоѓа во реченица веднаш после делот ти што си го болдирала. Исто така, не ми ставај во иста зборови кои не сум ги кажала.

    Ако сакаш да го продолжиме муабетов, те молам пиши ми во порака, отидовме многу оф-топик.
     
    Последна измена: 15 декември 2014
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ало дами, што беше тоа толеранција? Па не сме животни да се бориме за само наш простор. Тоа само дома...
    Кога збориме за количкиве ми текнува на ситуација син ми кога беше бебе. После прошетка во Жена-парк, влеговме во Жито -Лукс да земам нешто за јадење. Не знам дали уште постои во Трговски од кај паркот, тогаш се продаваа лиснати, пици. Само што застанав до каса, човек дрско ми се обраќа дека не може да помине од количката. Човекот е со телесен хендикеп, го гледам уште низ градов...Му велам дека има простор доволно да помине, а тој враќа дека му треба повеќе. Човеков сметаше дека заради неговиот инвалидитет му треба повеќе простор, а јас немаше каде да одам со количката. Се ќе беше добро да не ми се обратеше дрско и на висок тон, вака го помнам како еден немил настан.
    Секој смета дека неговите потреби треба да имаат приоритет. Така да сфаќам дека кога пробувате нијанса на кармин не сакате мајка со количка да ви го ремети комодитетот, ама тоа е. И јас порано многу се нервирав кога баш пред производот кој сакам да го купам, ќе заглават некои пријатели кои баш во Веро се сретнале после долго време, или еуфорични тинејџерки пред производите на Есенс. Сега се вртам, купувам друго, па кога ќе се одглават се враќам на производот.
    Патем, јас нешто не забележувам дека по продавнициве има некоја посебна инвазија од мајки со колички или мали деца. Чат-пат ќе сретнам некоја жена со количка и не ми е тешко да се поттргнам. Добро освен во Џамбо пред празнициве. Таму сега не се влегува, јасно...Но, ми се наметнува едно прашање, каде има поголем хаос - во Јамбо пред празнициве или во во Манго за време на оние фамозни 50% попусти. Ајде сетете се на сликата -влечење блузи, испопаѓани алишта (а нема деца, чудно :^). )
     
    На kjukli, ph.orhideja, TIGARCE86 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Nekoj da mi go cepne deteto... (zaboraviv so ke pisev deka ke mu napravam) ustvari ke go splujam od zemna :ninja::punch: Abe jas ako sakam em tocak ke vozam, em kolicka ke butam. Vas ako vi precam trgnejte se na strana, da ne ve sogazam oti jas sam nesovesna majka i mnogu mi e gajle za ostanatiot narod koj e za grev!
     
    На chocolade и anina им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.283
    Тинејџер е од 13 до 19 години.
    Тинејџерче е за мене долната граница, дете, а тинејџер горната. Веќе можеби и корпулентен, и ако не ментално но физички силен како еден маж.

    Иако некогаш е тешко да се отцени возраста, јас 17 годишен не би го именувала како тинејџерче.

    Че најчесто се става (според мое знаење) на нешто што би го класифицирале како мало(мило) па од таму и мојот впечаток дека дете се учи, а не да му се возврати со насилство.

    Да споделам една случка која беше актуелна кај мене по медиумите иако е офф.

    Еден таков тинејџер, после прославата на својот својот 18 роденден за да одржи лекција на една девојка (5 години постара од него) и удрил шамар...девојчето паднала на земја. После неколку дневна кома, клиничка смрт и си ја погребаа. Пак ќе речам за лошо не треба многу, без разлика дете на дете да дигне рака или возрасен на дете.

    А мислам дека сите се сложивме дека највеќе пречи односот на мајката која ја бутка количката, а не конкретно количката.
    Јас ако знам дека некаде нема место да се мине со количка или не се дише од купувачи, не ми треба забрана за да не влевам таму. Треба само малку свест за сите секојдневни ситуации.
     
    На Daydream, Doozy, darcy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Значи темата ја напрајвте попара аман држетесе до истата,тинејџери,тепачки, точаци незнам што уте нема да се напика во темата апсурдно е да се коментира повеќе...
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    259.176
    Пол:
    Женски
    Какви теми и мислења има на Фемина, да не бев член ќе останев непросветлена.
    Сега ќерка ми е поголема па не одиме веќе со количка ама колку и каде се ја имам носено да знае количката да зборува. Мене дома ми е таква состојбата да немам на кого да ја оставам а има луѓе кои зависат од мене, така да јас морам да можам да одам со бебето/детето и во маркет и во аптека па сум била неколку пати и во фамозново Базаро со количка. Не за друго малава запамтила дека таму се продаваат балони па кога и да поминеме од таму ме тера да купувам.
    Сме се возеле и во јсп а еднаш по грешка дури и во петок, тоа ми беше најголема грешка, за враќање се снаоѓав со приватен бус па ја возев пешки количката до кај мене дома. И да нагласам ова не било за да се шетаме туку сум имала неизоставна потреба да одам некаде.
    Искрено и немам некој став, мислам дека мајките со деца треба слободно да се движат и да живеат тоа некако ми се подразбира. До сега и не сум мислела дека треба да се дебатира и објаснува на оваа тема ама еве очигледно требало.
     
    На ennaz, kjukli, Nova и 6 други им се допаѓа ова.
  19. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Леле темава.Машала толку страници наполна.
    Сума сумарум,мајки запамтете мене искрено ми сметате бре во Сити мол со колички по гардероба кога сте излезени. И тоа пази еј,во нафреквентен дел од денот.
    Тука немате оправдување.
    А за одење по леб и млеко ви гарантирам дека може и во најблиската маалска продавница да земете.
    ДУри размислив и кашички од аптека може да купите,него како во аптека со се количка ќе влезете?

    И коментарот со клавирот ми е омилен!
    Девојко браво кај ти текна за идејата. Бар ме насмеа и ми го напрај денот.
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.278
    Пол:
    Женски
    Штом ти сметаме седи си дома :D
    Замисли и мене ми сметаат еден куп возрасни моми когс шетаат низ џамбо во делот со играчки ради едно селфи .Застанале на средина се клештат ко пореметени и се ствара гужва.Мајка им ја бараат низ барбиките и тропките а?|(
     
    На kjukli, leona83, ddevojce и 8 други им се допаѓа ова.