Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Ве обожавам кога сте нервозни и се нешто се објаснувате.Нели оти сте во право.
    Дали јас ќе седам дома или не е мој избор.
    За твое и доброто на сите мамички кои нервозни седат на фемина ви реков идете кога нема толку гужва па и 2 саати возете си со колички ако немате попаметно нешто.
    Ајде сега сите мамички а и дадат поддршка на оваа што и сметам,нели мора да се држите заедно.
    Иако тука ќе си пишувам што и како треба,ако некогаш налетам на тебе или на некоја друга со количка верувам од култура ќе те почекам и ништо нема да ти искоментирам.ДУри нема ни во себе да ти општам со поблиската фамилија.
    Домашното воспитување е пресудно.
    Мене од дома ме учеа дека треба да имам разбирање за оние на кои им е потешко.
    Во моемнтов тебе со кочика и дете ти е. И поради тоа ќе те причекам да помнеш па макар и да упатиш некој лош збор за мене.
    Но имај на ум,не се сите јас.
    Со некоја ќе имаш кавга и расправија а јас ќе застапам на спротивната страна да ти образложам зошто не си во право.
    А дотогаш,уживај со детенцето.Глеј ручек,фамилија.
    Остај не нас БЕЗДЕТНИТЕ (кои понижувачки збор ама ај) да си тераме ќеф по бутици :)
     
    Последна измена: 15 декември 2014
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Некои од мајките на темата сакаат да докажат дека оние од другата страна ги дискриминираат, ги ставаат сите во исти кош (со што се согласувам дека НЕ Е во ред, ако сум против нешто, тоа е генерализација, имам прекрасни пријателки мајки ако ништо друго коишто го потврдуваат тоа) , се навредуваат кога ќе се речат одредени коментари испровоцирани од постови на некои членки а самите А не кажуваат против коментари од типот на како сакам ќе шетам со детето мое низ продавници, а ако му пречи некому, нека се истави од патот да не го згазам. И јас сметам дека има различни мајки, дека не се сите исти, самата го реков тоа и реков дека не сум имала проблеми, ама еве и вие докажете со тоа што ќе им укажете на оние коишто коментираат од вашата страна (од аспект на став), но во крајност. :D

    Еве јас уште отсега изјавувам дека не се согласувам со оние коишто сметаат дека сите без исклучок откако ќе станат мајки се однесуваат на ист начин. Како што мајка на машко дете не се преобразува магично во ваква и таква затоа што станала свекрва. Некои улоги во животот само ни` ги истакнуваат посилно одредени наши веќе постоечки особини и квалитети. :) Се` друго најчесто наликува на изговор.
     
    Последна измена: 15 декември 2014
    На Daydream, calliope, LaraSolare и 12 други им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Епа по се изгледа неможеш секаде што сакаш да правиш. На пример неможеш да влезеш во Базаро :D
    Е ради тоа 100 страни ќе се испишат на темава.
    Мајчиња, многу лично го сфативте ова. Една обична, секојдневна забрана ја сфативте како лична навреда и повреда на вашето мајчинство. Секој аргумент кој го поддржува тоа правило го сфативте како напад врз вас и вашето дете, а замислете времето што го потрошивте тука за објаснување можевте да го поминете со вашето дете. Кој го чува додека пишувате на Фемина? Мхм, заборавив, сигурно спие детето all day long...
     
    На Nausicaa, Daydream, calliope и 8 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    327.824
    Пол:
    Женски
    Шо дека те учеле да имаш разбирање за сите кога ете се гледа го немаш :)
    Самата пиша Мајки ми сметате низ Сити мол седите дома.Каде е разбирањето?
    Второ ми се обракаш со Оваа?И тоа ли е дел од твојата домашна култура.Јас дискутирам како и повекето овде.Не сум нервозна.Не употребувам пцовки ни навреди.И остај ме и ти мене да си терам кејф со децата кај сакам.Глеј ти дечкото,факсот шо и да е :)
     
    На kjukli, Dust и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Pa tamu sigurno nema da vlezam oti ima zabrana, eto jasno e toa, ama na drugo mesto da. I toa so cel kejf ke si vozam i na edno trkalo i ke klizam (fingers)
    @macovska ti pojma nemas od voena muzika!
     
    На kjukli, joy1 и Dust им се допаѓа ова.
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Темава идентична со оние за „ Доење на јавно место“ и таа со децата во кафичите, така и беше насловот мислам.

    Мене ме интересира зошто НЕКОИ мајки се прават жртви и сите ние треба да правиме отстапки заради нив. А другиве мајки дека си ги извршуваат обврските и си ги извршувале и ќе си ги извршуваМЕ без некакви џеви и безобразлуци, кажуваат дека се зависи од личноста.

    И не знам зошто не обрнувате внимание на постовите како овој погоре, туку овие ги прескокнувате и одите директно на оние каде има нешто да се сконтрате и жртви да се направите.

    Е сега пример1:

    Јас работам како продавачка. Продавницава е за патики и чевли за возрасни. Просторот е буквално метро на метро за да можат луѓето да си пробаат. Во летото доаѓаат жена со дете и нејзината мајка, значи баба на детево. Влегуваат двете си ја паркираат количката внатре, го блокираат влезот и ме тераат да им давам патики да си пробуваат. Прво едвај се изнамачив да им најдам од бројчината бидејќи количката цело време сметаше, а ниедна од нив не се ни потруди да ја помести, па цело време морав ЈАС да се извинувам зашто ја поттргнувам. Второ убаво видоа дека на два-три пати други луѓе пробаа да влезат и се откажаа бидејќи го зафаќаа буквално ЦЕЛ простор. На крајот налевокруг и си излегоа. Не ми купија ништо, а јас можеби изгубив потенцијални купувачи. ЈБГ.

    Пример 2;

    Си влегува жена за да проба нешто. Нејзината сестра во меѓувреме ја чека надвор со детето, таа си пробува, луѓе си влегуваат никому ништо. :sun:

    И сега до жените е, до мајките е, или до луѓето без грам осет и што мислат дека цел свет се врти околу нив е?:D

    И не не можете да ми кажете дека итно и притребаа патики на госпоѓата. Едноставно не можете.

    А мене децата не ми сметаат, јас децата ги сакам, сите до едно, мене возрасните ми сметаат, јас возрасни не сакам.;)

    И не не ви треба забрана каде не треба да влегувате со се количка, се согласувам со тоа, треба осет. Толку.

    И ај сега нападнете ме со хипотетички ситуации како, може и се скинале сите патики на жената, а мајка и не може да стои на отворено и да го причува детето, зашто бла бла бла бла.:hai:
     
    На kjukli, Dust, Daydream и 19 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Се јави и Базаро со коментар :D.

    Почитувани,

    Со интерна одлука на менаџментот на Базаро ДОО, а со цел за заштита на потрошувачите и избегнување на можни повреди, ограничен е влезот во нашите продавници со храна, домашни миленици и колички.
    Ваквата одлука во никој случај не е во насока на ограничување на потрошувачките права на нашите потрошувачи.
    Менаџментот изразува искрено жалење поради настанатото недоразбирање.
    За нас најбитна е безбегноста на потрошувачите и избегнување на можни повреди, посебно на деца, имајќи во предвид дека дел од изложената стока е лесно кршлива.

    Со почит,
    Базаро ДОО

    [​IMG]

    Има доста коментари под постот, ама искрено после овие страници овде, се изморив да прочитам што пишува таму. Ако некоја има уште желба и волја за коментари, еве линк
    https://www.facebook.com/Bazaro.mk/...0658506320978/754142674639223/?type=1&theater
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Aj nie na forumot sme anonimni, ami tie sto javno go kudat Bazaro??? Nemat nikakva kultura i red dr raboti.
     
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    Еј настрана расправијата, упс , дискусијата тука, ама коментарите мора да се прочитаат под постот. Се смеев наглас, искрено ме насмејаа со коментарите, цела група "мајки и деца" им се пушти највероватно.
    Мајките рулс (fingers) :D 8)

    Абе вие не сфаќате дека мајките стануваат лавици во одбрана на своето чедо. Некогаш и неразумно, и работите ги некогаш сфаќаат лично ама за своето најмило и памет се помрачува и јас од тоа не се срамам да кажам. И сите мајки се свесни за тоа и затоа се разбираат и помеѓу себе. Наравно треба контрола, разум, осет, ама тешка борба е таа. ]:)
    Затоа и ви кажуваат чекајте па ќе видите, малку ви е иритирачка изјава, ама па факт е.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Не знам како тоа е факт. Има мајки во темава кои се уште си се приземјени и имаат осет за другите. Тоа е целата работа.
    Ние и така како народ сме слаби со култура, нерви и трпение, па додади уште дете на сето ова и добиваш мајка која не ја интересира никој и ништо. За жал. Затоа вака само со забрани функционираме. Забрани и казни, кога веќе немаме свест.
     
    На Daydream, calliope, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    зборувам за тоа чувство на љубов, на заштита, на стресување над своето дете, кое особа која не е мајка не може да го замисли колку и да се обидува.

    А осет треба сите да имаат и толеранција, а не само мајките.
     
    На TIGARCE86, joy1 и ddevojce им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
    Јас овде на форумот за прв пат прочитав дека децата им сметаат во кафиќ, во супермаркет, во бутик, абе им сметаат секаде.
    Насекаде се подига совеста и се форсира доењето само кај нас е срамота да доиш на јавно место, се дои до 9 месец, евентуално година бидејќи после млекото станува вода и што уште не ќе прочитам. Само кај нас мајките мора да седат дома и да си купат во залиха леб за еден месец зашто може случајно ќе и засмета на некоја девојка кој отишла да пазари во супермаркет.
    Па се јавиија и душогрижниците и пресметаа колку бактерии ќе се изнаголта тоа бебе во количката, друга се грижи за бебето кое заспало во количката. Што се не прочитав.
    Све искусни, со совети од кои глава боли, а види истите тие се неоженети и не се мајки. Истите тие ако пишеш дека очекуваш свекрвати да ти го погледа детето барем на еден час колку да одеш и да пазариш, ќе те искритикуваат дека тое е само твое дете и не трба да очекуваш некој друг да ти помогне. Истите тие први делат совети какви треба да се мажите во бракот, и истите немат никакво искуство ни со мажи ни со свекрви, а најмалку со свои деца.
    Ама види ти они чувале дете на другарка или сестра. Исто, да не кажам идентично. Што има да раѓате, ете го детето на сестра ви на кое сте му тетка, а не мајка.
    Епа драги мои ниту сум проста, недокавкана и неинтелигентна, туку немам кој да ми го почува син ми и со него одам да пазарувам секаде. Го носам дури и низ бутик, и кај козметичар, па последен пат ме шишаа со него затоа што син ми несакаше да седи со никој. И за среќа никој не ми кажа ништо, во секој супермаркет ми ја отвараат вратата, во бутиците сами се нудат да го причуват додека јас пробувам, ама имам среќа да среќавам луѓе кои имаат осет и толерантни се, а и знаат дека јас како муштерија сум им од полза на нив. Само овде на форумот мајките се осудуваат.
    Јас драги мои со син менувам влошка и вршам нужда, па ај пресметете колку бактерии голтнало во тоалетот. Синко оди и фаќа секаде па најбезбедно е со мене во тоалет.
    Или пак ќе го чекате маж ви да си дојде за да појдете во тоалет.
    Мајка сум и го фатив господ за брада, затоа што тоа е најблагодарната работа на светот, ете да ми понудат да работам штознам адвокат од светски рамки и да ми кажат да го вратам времето и да го одложам раѓањето на син ми, што мислите што ќе изберам,м? Син ми. Толку е вреден за мене и толку се чуствувам среќно и исполнето. А на вам што ви сметаат количките и децата очигледно имате некој проблем со истите.
    А за културата, тое е друга тема, на вас не ви сметаат некултурните мајки, јас ви се чудам на примерите, чиниш во планина живеете, на вас ви сметаат децата. Зошто, незнам, ама не истурајте го гневот на мајките кои отишле да пазарат. Сигурно нема да седат дома додека децата да порасанат. Што народ ќе бевме, секој за секого се грижи, а се преставуваат како современи жени. А толку полни со осуда.
     
    На ennaz, kjukli, НаталиЛили и 18 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Да, треба да имаат, ама немаат, а поготово мајките, токму поради тоа што ти го опиша. Мајките се борат и треба да се борат како лавици за своите деца во ситуации кои го бараат тоа, а не кога некој нема да се тргне од нивниот пат да поминат со количката и ќе фрлат поглед со кој може да те убијат на лице место.

    И тука од пишувањево во темава се гледа дека има такви кои очекуваат зашто се со количка треба сите да им направат место, да се тргнат, да имаат осет кон нив. Ама тие не, не треба да имаат осет зашто се со дете, ќе застанат каде сакаат, кога сакаат и ќе стојат колку сакаат, чувај Боже да речеш нешто.
    Не знам како не сфаќате дека тоа е револтот?

    Јас лично не ни приметувам мајки со деца, колички, додека не ми застанат пред нос, не ме потчукне, или да не можам да се разминам. Воопшто не ми ни сметаат, може се случило и јас да се загледам, па ќе се извинам културно, а не да фрлам убиствени погледи и да си мрљам под нос како луѓето немаат разбирање зашто сум излегла јас пет минути од работа и целиот свет треба да се прилагоди на моето брзање. Ама тоа го очекуваат мајките (не сите, со чест на исклучоци), треба сите да се прилагодат на нив. Односот е тоа што горе-долу го дискутираме тука, да не речам односот што повеќето го немаат.

    И кога читам, ќе видите вие кога ќе станете мајки, се чувствувам како да ќе ми се помати умот начисто, ќе станам некоја сосем трета личност и сите принципи до сега што сум ги имала ќе ги снема. Што ако на вас ви се случило не значи дека на сите им се случува.
     
    На Nausicaa, Daydream, Giovanna и 8 други им се допаѓа ова.
  14. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Добро сите разбравме и се сложуваме дека се' е до осетот на луѓето,не е само до мајките или немајките(бездетните како милувате да кажете:D).
    Јас незнам што ве буни толку и двете категории,дали е количка за пазарење или количка за бебе,мислам нема аба баш никаква разлика,финтата е кој стои позади нив,треба да се има разбирање и осет,бидејќи сите имаме исто право дали со или без колички.:nod:

    Стрикно за мене,внимавам многу да не одам на места каде што нема доволно простор за со количка,ама ете имам кој да ми ги причува некој,ама тој што нема никој во моментот а има потреба од пазарење,барем најосновното,м?8) Сепак мислам треба да се прават и отстапки,никогаш не ми сметале мајките со количките и секогаш сум помагала и отстапувала место кај што треба,бидејќи мислам дека тоа е човечки и нормално,ама гледам некои им смета тоа па дури и навреди,препукувања за нив аууу,страшно!!!Сум прошетала до сега пола свет,ако не и повеќе,во ред е забраната од Базаро,како и секаде каде што има потреба,дека таму навистина е баш тесно,нема простор за со колички и го почитувам тоа!!!;)

    До сега сум немала никаков инцидент со мајка со количка,колку што сум имала со други без осет луѓе,што мислат дека се е нивно,па така со една попуна госпоЖа со количка за пазарење,кај шута па уште ме испобута од редот,она да била пред мене,јас со малото во раце фино лепо си чекам,небарам привелегии,ама да ме испобута од ред абе како не и беше срам,па кога ми пукна филм(мразам неправда и без влакна на јазик)па кога и сржав,перенде ја напраив,па уште силна се обиде да ми возврати,па кога и викнаа и другите околу мене-во земја пропадна!!:envy:Ете тоа е драги мои,културата наша,неважно дали е мајка,стрина,комшика со булдужер,пи'ано,колички,битно е ОСЕТОТ,кој се помалку го има,за жал....:tmi:
     
    На bambusce, galapce, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
    Ако те чукнала со колчката можеби тоа било ненамерно, невнимавала во тој момент, има милион ситуации и причини, нема потреба да се крева толку прашина и да се вели дека мајките немале осет. Ете и тебе ти се случило да се загледаш, да засметаш, кажи сега да те окарактеризираме како жена без осет, некултурна, а ете ти се случило еднаш или двапати.
    Туку друго ви смета вам.
     
    На MacenceEna, Sky-butterfly и anina им се допаѓа ова.
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Boldiranoto kazuva se, si imala kultura i si se izvinila. Epa kulturata e bitna, ne kolickite.
     
    На galapce, Sky-butterfly, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Да, точно, друго ми смета. Не ми смета што ме потчукнала како што кажав, ми смета што притоа ме гледа кој јас да сум кривата што сум стоела тука, требало да ја видам уште од долу дека иде со количката и да се тргнам. Е тоа ми смета. Сега појасно ти е?
     
    На Daydream, okcenzi, angel92 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
    Ама може да се случи да те потчукне и жена која не е мајка, ама сеа мубаетот е дека само мајките се без осет нели.
     
    На Sky-butterfly, anina и joy1 им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    327.824
    Пол:
    Женски
    Не само сега ;)
    И при доење во јавност,и на темата за бакнување деца, и овде..секогаш се мајките безосетни и без култура.Се останато е мн воспитано и без грешно
     
    На JuLleE, kjukli, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    ^ Ај врати се на постот погоре.
    Туку, I give up, нема фајде од исправање криви дрини тука, Базаро си направиле како што мислат дека треба, секое чудо за три дена, ќе се привикнат луѓето и тоа е.
    А љубезноста секогаш помага, затоа иако сте мајки и сметате дека имате некои божествени права, погледнете малку и кон оној простиот, обичен, бездетен народ, можеби некој некогаш се брза, па нема цел ден да ве чека вас со количката за да се размине.
    Убаво си реков на почетокот. Требаше самата да си се послушам.:nod::hai:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.