Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.224
    Nemozam da sfatam sto tolkava vreva za zabranata za kolicki...jas ne sum majka ama osven kolicki postojat i drugi nacini za da dojdete so deteto vo prodavnica na pr. Onie lasticite so koi deteto go nosite kako kengurce so vas-neznam kako tocno se vikaat. Ama ne zafakaat tolkav prostor kako kolickite. Ostavete ja kolickata prefrlete go bebusot vo toa i zavrsena rabota. Koga veke morate da pazaruvate
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Не многу одамна на една група на фб која има членство од 9,000 жени беше ставена слична ваква објава, само се работеше за Певекс. Они имаат исто истакнато дека е забрането влегување со миленици и колички. Групава на фб е составена претежно од мајки, домакинки и во малцинство се оние немажените и бездетните како што некој ги нарече. Се дигна голема галама околу темата, имаше околу 250 коментари, и јас искрено бев запрепастена од нив. Значи повеќе од 90% од коментарите беа осуда на забраната, со коментари од стилот - абе сега утре ќе им отидам и со количка и со кучето - кои се они да ни забрануваат - срамота - па ова е страшна дискриминација - ќе влегувaм кaде сaкaм и бaш ми е гaјле aкo некoму му сметa - мање више истото како овие коментариве што се под објавата на Базаро од линкот погоре.. Оние малку што немаат деца беа веднаш каменувани дека не треба да коментираат зошто немаат деца, па незнаеле. Јас имам деца, па пак не разбрав, како може во Певекс, во тој збутан простор и постојана гужва да сакаш да влезеш со количка, па таму и без количка е кнап да пазариш.. Ама мајкиве ептен ги погоди тоа што неможе да си отидат да го прошетаат детето, па уз пат да си купат некое ефтино парталче во Певекс. Исто имаше еден пост на некоја членка каде кажува дека нејзинава комшика во 01 по полноќ пуштила правосмукалка, абе кога и се сипаа, што има врска, кога сакаат ќе си чистат, треба ли некого да прашаат? Една мајка беше најјака, она стално после 22 чистела зошто не сакала децата нејзе со крпата во рака да ја гледаат туку сакала да им го посвети тоа време на нив, па кога ќе заспијат во 22 она тогаш почнувала да чисти. Еднаш дури и се качила комшиката од долу и она партал ја направила, па веќе не и текнало да се качи.. Значи поентата ми беше, ќе го разберев револтов на мајките доколку оваа забрана беше во место каде има простор за движење, а не дозволуваат да се влезе со количка. Но онаму каде што нема не треба по секоја цена да се влезе без разлика дали стои знак или не. Од друга страна девојчињава тука малку претераа со филмовите, ама па и нив ги разбирам зошто гледам од овие погорниве постови што ги спомнав дека овие безобзирните луѓе (во случајот мајки) ги има навистина многу..
     
    Последна измена: 15 декември 2014
    На Nausicaa, LaraSolare, Daydream и 11 други им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Значи не разбирам кој го интересира дали вршите нужда со детето или не:D И не знам како се наоѓате повикани дека не треба никаде да одите или дека количките се сето зло на овој свет. (facepalm)Се работи за забрана за влегување со количка во одредена продавница.
    Фирмата така си одлучила, очигледно поради некој инцидент...За каква борба се работи? За некоја каприциозна жена која самата вели дека треба да се остави на совесноста на купувачите а притоа ни самата не е совесна. Ок не и се допаѓаат правилата на фирмата, слободно може да не стапне таму и готово. Каде не ми одговара не одам.. А сета ова хајка против Базаро што ја води повредената мајка од страна ми делува патетична...

    Лечење фрустрации.. А има работи во кои мајките во нашата држава се дискриминирани. И во темата за права на бремени жени пишуваат и јас лично познавам многу жени кои загубиле работа поради фактот што решиле да донесат нов живот па ни породилно не им се исплаќа... Ама за тоа никој не збори, галама се прави за баналности од типот - оти да ми е незгодно да си ја извадам дојката у ресторан притоа да не се покривам, оти да не можам да пазарам со количка иако е очигледно дека просторните услови не го дозволуваат тоа..

    За тоа треба врева и бунт а ова ти е лечење фрустрации.. И самите кажавте дека многу маркети, центри се прилагодуваат на потребите на мајките што е и за поздрав... Правило си е правило, избор на фирмата, а купувачот може да си избере каде да пазарува.. Уствари и темата веќе не е битна, битно е да се испукаме:rofl:
     
    На Nausicaa, LaraSolare, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Ако ја тргнеме културата на страна, оти се сложуваме сите дека ја има и нема и кај мајки и немајки, тогаш останува фактот дека на мајките слободата им е ограничена. Барем ваше мислење е дека треба да им е ограничена. Многу малограѓанско размислување и многу шаблонски гледате на работите, веќе знаете една особа која веќе е мајка како треба да се однесува. Јас велам така како што сака, нејзин живот, нејзини правила, вас ако ви смета тоа е пак ќе кажам до култура, а не затоа што е мајка или не. Ви смета што некоја мајка рекла каде сакам таму ќе шетам со моето дете, и што сакам тоа ќе правам? Ви доаѓа арогантно? Зошто не ми е јасно, па мој живот е како сакам така, ти ако сакаш утре стави се во рамка на добра домаќинка и мајка која не излегува од дома бацили детето да не фати и не го носи по маркети да не се задави од нешто, ама оставете слобода на другите. Зошто толку оговарање, анализирање на секоја постапка на мајките, осуда, знаете ли колку сељачки звучите?
     
    На kjukli, Dust, Nova и 11 други им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    @Bridget абе да се најдеме во муабет па и ти, нешто да се дешава.:D
     
    На Bridget и mimiiiii им се допаѓа ова.
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Чекајте малце другари, зошто мислите дека Базаро поставил ваква забрана? Мислите ним им е сеедно што ќе изгубат стотици потенцијални потрошувачи? Секако дека не им е, и сигурна сум дека веќе имало неколку инциденти штом се решиле на овој чекор. Се согласувам со многу од коментарите погоре, Базаро е претесно, дури и јас кога влегувам со ранец сум екстремно внимателна, мислам на прсти одам, а што останува за количка? Ако некоја мајка скрши нешто со количката сигурна сум дека ќе се испокара со продавачките, можеби ќе стаса и до шефот, ама нема да плати за оштетеното (сум била сведок на ова неколку пати). А како што продавачките во Базаро се млади и неавторитетни, не мислам дека имаат некоја голема шанса против (најчесто) гласните мајки. После ќе треба од свој џеб да платат за штетата.

    Што се однесува за количките на другите места, јас мислам дека каде има дозволено колички за пазарење, треба да има дозволено и колички за деца. И првите и вторите зафаќаат ист простор, а ако некаде е гужва мене искрено не ми прави разлика дали пред мене има количка за дете, количка за пазарење или клавир :rofl: Работата е што кај нас маркетите ем сакале да заштедат на изнајмување простор, ем сакале да набутаат продукти па има помали рафтови помеѓу регуларните рафтови, ем шетаат и мајки со колички, и луѓе со колички за пазарење, епа мора да си ја прередат листата на приоритети. Ако е помал маркетот нека нема никакви колички, ниту за деца, ниту за пазарење, ако имаат многу производи, нека изнајмат поголем простор па сите цивилизирано да пазариме.

    Никој не ви го скратува правото на слободно движење, ама треба да знаете дека децата се одговорност, количките зафаќаат простор, и не може да си терате како претходно. Добога, па кога носам една торбица до автобуска чувствувам како да сметам во автобус, па се обидувам да зафаќам што помалку место, постојано им се извинувам на луѓето околу мене, а ако треба нешто да купам успат, планирам и го купувам предвреме затоа што знам дека со торбица не можам да влезам во маркет, не ми се остава, а не можам ни да ја влечкам со мене. Не ги споредувам децата со торби, туку сакам да потенцирам дека малце подобра организираност и мислење однапред може да реши многу работи.

    И мамички, дај баталето го Базаро, што сте му запнале. Упатете се кон Џамбо, таму е рај за деца и за колички (а пекол за останати муштерии).
     
    Последна измена: 16 декември 2014
    На tessie, Nausicaa, Daydream и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.231
    Допаѓања:
    157.172
    Јас сум тука за делот - далеку сме од Европа и Америка.

    Сепак...луѓето се државата, а не државата е луѓето.
    Се додека се движиме по линија на помал отпор и ментален склоп - што сакам ќе правам, не ни заслужуваме поинакви услови.
    Практичен и безбеден живот, добро за вас, добро за сите. Нема потреба од потресувања.
    Ме револитра ставот - што сакам ќе правам, затоа што ми се гади веќе кажан во било кој контекст, па дури и од родител, затоа што тоа е темел на одење по ѓаволите и суштинско непочитување на останатите. Кога секој еден би поработел на себе си и би променил нешто такво кај себе, државава ќе процвета.
    Премногу себичен и чуден народ сме.
    Ако вие сте себични, онда и останатите имаат право да бидат себични, не очекувајте повеќе.
    И не е аргумент - немате деца, тоа немање деца како аргумент во многу теми барем јас сум го доживеала прилично бесчувствително, дури и навредливо. Затоа што дете не е привилегија... (иако би требало да биде, ама тоа е друга тема хехе)

    Што се однесува до тоа маркет и бебиња/деца. Пред некоја недела на поседок чувавме тудлерче. Секако го шетавме тие денови. Јас не сум мајка, но одговорноста за детето секако ми беше еднаква, па и уште поголема оти не е мое.
    Го носевме во Веро, си седеше во количката за пазарење и секако си беше наполнета, а не заради неа само. Во Џамбо се шеташе за раче, иако купувавме повторно глупости, просторот не е замисливо да се оди со количка за пазарење, не па за дете. Досадно е, треба да пазиш да не бутнеш нешто, да пазиш на останатите, неизводливо е, па детево за раче и си одеше и си гледаше, малку во раце и завршивме работа.

    Проценка... проценка е се што треба. Нешто што суштински му треба на народов тука. Затоа во 4 часот се закрчува цел сообраќај во центар на Скопје и никој не користи обиколница.

    Не можете да речете - ќе правам што сакам и да наидете на разбирање. Револтира! Никој не вели дека не треба со колички да одите, ама проценувајте ја ситуацијата, а не само вашата удобност.
    Како што тебе не ти е гајле за другите, така мене не ми е гајле што ти сакаш да пешачиш до маркет со количка... карикирам де, ама што знам, реципроцитет ми е логичен...

    Сериозно се запрашувам дали некогаш и всушност ви било гајле за некого освен за себе си. Ама таков народ сме ние, просто уживаме да се занимаваме самите со себе си и нашата битност...

    Не е до Америка и Европа, туку до луѓето во тие земји. Таму им е грижа еден за друг, па затоа создале услови за сите... Колку од колку мајки користат транспортер во автомобил кој може да се прикачи за количка во маркет? Не, мајките ги држат во раце додека се возат во оваа напатена земја и не го гледаат како морална ствар. Да не навлегувам во други работи...
    Се што треба е да се употреби главата и да не се утапкува во бесконечното удобство и правење - што сакам.

    И ако е Базаро во случајов, освен суетна мајка, во случајов друго не гледам. Во Базаро е лудост да влезеш со количка. Значи не е итна потребштина од типот леб и млеко, потреби на бебе и така натака.

    Во принцип не ми сметале мајки со колички, од причина што сум ги доживувала и нормално и природно, ретко-ретко да ме заглави некоја во продавница, ама не ми било трн во око, ни па нешто за забележување.
    Додека мајки со став кој пак ќе го повторам - што сакам ќе правам, јас сум мајка, вие бездетните, ги доживувам многу негативно без разлика што и да е темата. И при тоа овие се дел од оние најнеспретните со колички и при тоа така лабаво се однесуваат и не им е гајле за остантите, тоа е чудо. Секако веројатно се помалку бројни за среќа, па не ми засметало значително.
    Прво и основно, не секоја жена може да стане мајка, па вашата потреба од сензибилитет од околината за вас, преминува во бесчувствителност кон жени кои можеби не можат да бидат мајки. Што е... ОД-ВРА-ТНО што МАЈКА може да го каже тоа!
    Второ, мајка не е посебно стекнато право по заслуга. Нормална работа која ја правите ненормална. Ок е да се гордеете со мајчинството, ама... као, нормално е, посебно е за вас самите, останатите околу вас и баш никако не мора да припаѓаат од воодушевеност за вас. Честитки за детето и сето тоа, ама...секој си има свое на кое што се радува.

    Сепак, соземете се. Можеш да бидеш мајка и приземјена истовремено.
    И сепак, баш дека не сме Америка и Европа, проценувајте си ги условите и живејте според нив, мислете на другите и бидете оптимисти дека ќе се променат работите.

    Јас лично сум толерантна и пријателски настроена помеѓу родители со деца, додека многу поретко наидувам на обратното. Добивам впечаток дека се случува некој чуден феномен со луѓето кога стануваат родители.

    Ќе избегам од темата ама ... ме дочекале и повојници со мајки распиштолени во бели маици и без градник и млеко кое неконтролирано тече, пресоблекување на каки од дете при трпеза на гости, дете од 5 години во количка кое не сака да оди, го мрзи, дете од 6 години со таблет во раката кое толку е внесено во игрите што буквално НЕ КОМУНИЦИРА, туку испушта звуци како во игрите при комуникација со луѓе, дете од 3 години кое се уште кака во пелени и повторно, се соблекуваат пелени пред други и смрди веќе како на возрасен човек, сепак јаде тврда храна... и се тоа поминува низ тоа - немаш деца, не знаеш како е.
     
    Последна измена: 16 декември 2014
    На eloves, LaraSolare, Daydream и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ова мене ми се има случено во певекс....за жал. Јас ваквите би ги пријавила за дискриминација ама нема ништо да им направат, туку мене удредена ќе ми речат дека сум и дека тоа е нивни локал и нивни права. Каде е законот за заштита овде?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Истакнувањето на ваков напис (забрана) има право секој газда на приватен објект. Со закон му е гарантирано тоа право. Ама од друга страна е дискриминација. Целосна дискриминација на одреден дел од популацијата кој и не е така мал. Ај замислете на пример, (само пример давам) да им забранат влез на девојки до 27 години во ДМ, оти ете, им ги крадат тестерите и ги отвораат артиклите наменети за продажба?! Не е ли тоа дискриминација? Како би се почувствувале девојките? Како вие би реагирале на таа забрана? Сигурна сум дека сите млади девојки тука на форумов би реагирале бурно.
    Оваа реакција на мајката е нормална, ограничено и' е правото на движење кога е со количка со дете/бебе. Не е важно за кој објект се работи.

    А овде на темава сфатив дека ни едните ни другите немате ни грам осет, ни грам толеранција, ни грам трпение. Се карате и се навредувате, а што најмногу ми паѓа во очи - генерализирате! Колку и да ме убедувате дека не е така, така е. И едните и другите претерувате, да можете преку монитори очи ќе си извадите. Секој ќе си тера по свое, џабе вие се докажувате. Такви сме, арно рече Лилит, сите гледаме само за себе, што ни е гајле за другиот?! Затоа сме далеку од цивилизираниот свет.

    Јас секаде одев со детето кога беше помал, оти немаше кој да ми го чува, ама и не седеше со никого. Секоја обврска сум ја завршувала без проблем со него, каде и да сум била. Не дека ми менува нешто забраната во Базаро, оти таму и јас би забранила да влегува дете ради опасности по здравје и живот, ама ете, дискриминацијата е она што ми боде очи.
    Факт е дека треба сите да имаме осет, култура и толеранција, да бидеме помалку себични. Да, да си го живееме животот како сакаме, ама не на сметка и штета на другите! Треба да прифатите дека светот не се врти околу вас (важи и за едните и за другите).
     
    На eloves, kjukli, Hipster и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Знакот не е забрането влегување со дете/бебе во конкретна продавница туку КОЛИЧКА.
    Дискриминирана е количката и
    клавирот.;)
    Ако се направи разлика, немаше да има толкава дискусија.
    Сепак постојат и други начини за влез во продавница со дете.
    Е сега што дискусијата забега на милион страни тоа е веќе друго.
     
    На eloves, Nausicaa, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Ама Далерон, како ќе носиш со тебе бебе/дете на возраст од 7-8 месеци до година и пол, две? Кенгурот е мал, количката е единствен избор. Да, треба да постои опција за оставање на количките, ама Македонија е ова, за жал. Нема шанси да ја најдеш количката ако ја оставиш надвор.
     
    На bambusce и anina им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друго прашање за несигурнаста на оставените предмети лесно преносливи.

    Засега само во Базаро има таков знак па и не мора таму да влезеш на крајот на краиштата. Целата дискусија се сврте на културата на мајките без осет и со потполно право.
    Секоја чест на оние со осет, ама има мајки кои што родиле и мислат дека го фатиле господ за муда, па ако има дете може да прави што сака (сум имала и имам милион примери околу мене).

    Оттаму целиот револт на девојките.
    Иако и јас сум мајка и сум била со мало дете ги оправдувам „Бездетните“ како што безосетно ги нарекоа. Можеби и некоја од нив така ќе се однесува некогаш, а можеби и не.

    Едит: Сегашни и идни мајки еве една идеа за носење бебе секаде со вас. Ем практично да не се замарате, ем како кошница ќе си го земеш бебето со себе во продавница.

    Smesni-izumi-16.jpg
     
    Последна измена: 16 декември 2014
    На Nausicaa, Daydream, De-lovely и 4 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Жешка темава :)
    Мојата прва реакција беше ...зарем навистина не може со количка во продавница? (не сум видела никаде ваква забрана) :?: Срамота!
    ...Но, од како со ладна глава размислувам, имаат право сопствениците. Онаму каде што нема можност за движење со количка, нема! И тоа е тоа.
    Разбирам да има револт да не може да се пазари во маркет во кој се продаваат неопходни намирници (тинекс, веро, рамстор ... и како што кажа @angel92 мало дете релаксаторот во количка за пазарење, поголемо дете - седнато во истата) , но паника за базаро, певекс, џиџимиџарница .... епа нема потреба (со добра организација тракаташки, блузи и џиџимиџи ќе купувате со детето во раце). Мајки никој не Ве мрази ни Вас ни Вашите деца, нема простор за колички. А кога нема, нема ;)
    Единствено @bittersweet ми го мати умов :) , немам решение ... среќа што таму каде што е, веројатно има простор за краток престој на децата чии родители пазарат, а да е тука - ќе баравме амандман на законот за трето дете - се дозволува користење на количка секогаш и секаде :)
     
    На angel92, bittersweet и tessie им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.464
    Допаѓања:
    250.987
    На мене на форумот ми боде очи генерализацијата што се прави и целата таа одбивност кон мајките. На сите теми е истото, можела дома да дои, да го остави детето, не е за во кафиќ и слично. Потоа доаѓаат примерите за мајките без осет. Јас реков такви примери само овде читам, дали не сум сретнала, дали не обраќам внимание и не се замарам со другите луѓе, и не ми е гајле другиот што прави.
    Јас моево дете не го пуштам во маркетите да фаќа и крши, јас навистина незнам како го замислувате тоа.
    И кога одиме на гости не дозволувам да ја демолира куката.
    Не дека нема такви мајки, има, ама заради една не треба да се крева толкава прашина за мајките во сите теми. Некултурни луѓе има секаде, било да се мајки и девојки, проблемот овде е што генарализирате, и одите до таму да сметате како некоја мајка се грижи за детето, колку бактерии ќе голтнало. И тоа боде очи. Ви смета, не на сите но на добар дел од девојките на форумот ви смета. Не знам зошто. Една година сум мајка, ама и претходно никогаш не сум се пожалила на мајка со дете. Напротив.
    А тоа со мудата јас лично се осеќам така, чест ми е, среќна сум, што незначи дека очекувам и околината така да се однесува со мене. За чуството зборувам, кој ме сфатил. За останатите сум истиот човек, со количка или без неа. Количката нема да ми ја смени културата.
     
    На SexiLy, Sky-butterfly, An-na и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Леле кои драми ги направивте од една обична забрана за една КОЛИЧКА, не за детето ваше значи, чудо некое!
    И јас неможам кучето да си го носам, а сегде во свет можам, па што?!
    И да, кога ќе се скрши нешто ќе го платела како не! Ќе се кара таму 5 саата како оно било дете, па она несакајќи го турнала, па многу било тесно што очекувале они?

    Врв ми е сепак мајкава што ја почна целава "дебата". Убаво и било истакнато што не смее да внесе! Ова му доаѓа ко - од кај шуто па и боде. Ако ја исфлиле некултурно нека се пожали кај газдата или негде и нека галами за тоа. Јес да, во Базаро работат девојчиња колку мене, на кои им значат тие минимални плати, али добро и да ги отпуштат може госпоџава да ги вработи кај маж и во фабрика (може и од таму и е целава аронгација).

    Јас, мајки, не ве ни приметувам низ маркет, трговски центри и сл. Широко е и секогаш има место да се помине, нека не преувеличуваат тие што им сметате по вакви места. Секогаш ви отстапувам место на каса, автобуси да не збориме, секогаш се потргнувам без злобен поглед, чак и му се насменувам на вашето дете.
    Ваша одлука е дали сакате во сабота попладне да го шетате детето во Зара или во паркот од спротива.Не ви се мешам тука.
    Али кога ве читам ваака по форумов и фб, коса ми се крева и се прашувам дали постапувам правилно?
     
    На Hipster, Daydream, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Само што сакав да напишам вчера дека доволно ги „изрекламиравме„ Базаро и дека веќе голем дел од потрошувачите (вклучувајќи ме и мене како мајка со количка) ќе го почитуваат нивното право на водење политика т.е. вешто ќе ги заобиколуваат. Нема потреба да трошат средства за да ставаат налепници и по другите продавници, доволно луѓе информираа. Денес еве го читам ова.
    Тие само си се дорекламираа на фејсбук затоа што не сите читаат форуми.
     
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас тој Базаро, ниту знам кај е ниту ме интересира, ниту пак ме пецна тоа што ми бил забранет влезот таму. Ама ич. Си имаме ние во Охрид, огромни продавници. Три колички да се наредат едно до друго можат. Никој не те гледа намќоресто, врата ти отвараат, ме пуштаат на банка преку ред, а не дека барам. Супер си се луѓево кај нас. Си излегувам од такси и таксистот трча да ми го земе детето од раце, за да излезам ко човек. Сигурно нема да трчам во дотичниот Базаро или Бизаро, или што знам како се вика. А и кај не ме собира јас не ќе се туткам ко сардина. Не сум јас будала ако видам дека нема место за количкава, да ги туркам рафтовите, за да влезам. Мене ме заболе ставот на сите каде мајката се замислува како најсебично суштество. Се некоја ве гледала попреку, ве газела, ве туркала... Нешто не ми се верува дека е до детето, до човечноста е. Ама ако, мислете си дека сме сите исти. Тоа си е ваше право, како што е наше право да си шетаме со колички:)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Јооооо @anina мор џе го најде Охрид баш!?
    Од сите градови во Мк највејќе пука од љубезни луѓе, не нема им рамни.:rofl:
    Е немет редне за Скопјанишчата за Холанџани имет.
    Слушај земи количка и правец во големите дуќанишча бисери да купиш или некое филигранче, празници се ближат мораш.:D
     
    На toogood и Glasna им се допаѓа ова.
  19. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Oвa сooпштение е oбјaвенo нa фб стрaнaтa нa Бaзaрo кaкo реaкцијa нa oвoј истиoт пoст нa мaјкaтa кoјa им гo пишaлa нa нивнaтa стрaнa. Истo зa нaстaнoв имa пишaнo гoспoѓaтa нa свoјaтa фб стрaнa, a пријaтелкиве нејзини јa сoветувaaт дa им пише нa Бaзaрo a тие декa ќе ги изругaaт.. Плус е сигурнo пoстирaнo и пo групите зa мaјки нa фб. А пaзете вo кoментaри нa нејзиниoт пoст, кoгa и рекле декa не смее сo кoличкa дa пaзaри внaтре, декa е зaбрaнетo, сaмaтa пишувa декa бaрaлa oбјaснувaње зoштo немoже, пa ги убедувaлa декa нејзинoтo дете не фаќа, декa немa дa скрши ништo, декa aкo имa штетa ќе плaти.. Знaчи прoбувaлa и пoкрaј известувaњетo дa продолжи да пазари сo кoличкa, и претпoстaвувaм билa и дрскa вo тoa штoм и тие нa крaј биле дрски и и рекле дa гo нaпушти oбјектoт..
     
    Последна измена: 16 декември 2014
    На okcenzi и Daleron им се допаѓа ова.
  20. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ам охриџани си се најубај со охриџани. Секој за своето. Туку јас не купвам бисери и филџани, гајќи ќе си купам, по приметот твој, новогодишни. И пљачки ми требет, за НГ де. Ќе тркнам до некој поголем бутик за да ме соберит со количкава и да го причивет детево дур пробвам :*
    Пола саат пишам со дијалект, ту бре го зборвам а не можам да го пишам.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.