Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Нема шанси да не и преречат ако го заобиколи редот до каса, шалтер...
    Е аеродром е веќе друга, ма трета работа. Веќе од таму, иако уште на македонско тло, сите глумат европејци ... а всушност повеќето од нив се изгубени у свемир и не пропуштаат од што сакаат туку мислат дека така мора, па си ќутат. Ред култура ...онаа европејската, ред не знаење...она свемирското ;)
     
    На Bozica1980 и Enamena им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Многу жеското сте се нападнале бе, не очекував до толку лоши работи да прочитам, сте ја претерале.

    На темава, како прво воведниот пост и проблемот на госпоѓата, мене искрено ми е големо преувеличување. Заканување, пријави, ујп, форуми, фејсбук, искрено што е многу многу е. Зашто реално мислам дека не е против законски и според мене не е дискриминирачко. Не е баш пријатно за мајките, ама веројатно е многу попожелно за газдата. Самата продавница си има стаут на деловно работење и тоа е приватен простор кој тој има право да го управува согласно со законот ама приспособено на неговите потреби. Мислам дека тука малку госпоѓата измешала баби и жаби и целава оваа ситуација толку ја преувеличила да добиеме слики дека брутално ја исфрлиле од продавницата, кога верувам дека прво убаво ја замолиле а потоа нели после одбивање да ги спроведе правилата ја замолиле да го напушти локалот. Исто како ако некоја од нас влезе со храна внатре а сосема е јасно дека е забрането и доколу те опоменат и одбиеш да ги ги спроведеш правилата ќе те замолат да го напуштиш локалот. Не гледам некој да земе да се буни дека ги дискриминира правата да јаде во продавница. И да сосема е исто како и со количката, само ние малку поинаку сакаме да го тумачиме, дека тука станува збор за превозно средство на децата, па сме малку чувствителни. Правила си се правила.

    Е сега реално дали треба или не треба да има вакви правила во сите маркети и продавници не знам баш. Мене не ми сметаат ама воопшто, сум сретнала некултурни мајки со деца, т.е повеќе би рекла невнимателни не некултурни, ама сепак не гледам потреба зашто да патат нивните деца. Веројатно количката е од голема потреба и помош, реално јас не можам да знам, ама штом толква џева се крена не е за џабе. Прашањето е колку внимателни треба да бидат останатите и колку внимателни треба да бидат мајките. Со сигурност треба да биде поделно 50-50.

    Некои девојки реагираа дека некогаш им сметале големите детски колички кои навистина зафаќаат голем простор, и некои осторо го нападнаа. Нема прави и криви, нема точни и погрешни одговори за мене во тие ситуации. Знаете, секој има право да си го каже мислењето и чувствата. Само не ја сфаќам потреба да се употребуваат зборови како бездетни, или оние клетивте како баби не ќе видиш ко ќе родиш, ако родиш. Мислам навистина дали ви доликуваат такви зборови. И коментарите за инвалидските колички, мислам сериозно до таму ли дојдовте, сфаќате ли колку сте непромислени и злобни со тие коментари. Не личат, посебно не на мајки. Од друга страна се претера со коментарите дека мајките возат рели со количките, јас не сум видела мајка искрено што го прави тоа во маркет или продавница. Тука се во право мајките да земат став дека се генерализира, дури и преувеличува.

    Тоа е проблемот мислам дека се удри многу на хиперболизација, од влакно стана слон, слонче во авионче дури. Се исповреѓавме и ништо на крај.
    Супер ќе беше да навистина можеа мајките да ги остваат количките и да ги стваат децата во количка за пазарање. Ама за џал не е баш сосема применливо кај нас, не за сите. Не сите доаѓаат со кола кога пазарат па да можат да ја остават количката во кола. друго пак и да има место за оставање никој нема да гарантира безбедност. Пак не сме со решение.

    Толеранција му е мајката, за да нема губитници и плачковци на крај.
    Ова ме потсеќа на еден многу поучен муабетот на мајка ми кога ќе се најдат две кола во тесна уличка-кој да се врати во рикверц или да се качи во тротоар? Ужас ситуација ако и двете возачи се жени, нема мрдање, стојат у место 2 минути и свират. И потрошиле две минути залудно и тапкаат у место, наместо и двете на направат отстапување од својата комфорт зона. Ама никој не сака да отстапи од својата комфорт зона и тука лежи зајакот.

    Никој нема повеќе право според мене, затоа што има дете или нема дете. Се е прашање на добра воља и доблест. Воља да се отстапи место и доблест да не се злоупотреби таа воља.

    Гледам ситуации на злупотребување на воља и користење во друга насока. Ако некој ти отстапил место, ако ништо друго можеш да му се заблагодариш нели, зашто никој не е приморан да го прави тоа. Да де да, непишани правила како за во автоубус дека на трудница, мајка со дете и на стар човек се станува, точно, ама па и другата страна треба да го цени тоа. Инаку во спротивно се создава нетрпеливост и непотребна агресија врз основа на позитивна дискириминација. Зашто јас тоа го ставам во кош на позитивна дискриминација, која искрено знае да биде голем pain in the ass понекогаш.

    Култура ни фали, ама пред се толеранција и почит спрема туѓите потреби и вредности.
    Секој од нас да мисли и на другиот не само на себе, нема да има тепачки и гужви во Џамбо, и да се закачуваме низ маркетите и туркаме со толичките.

    Мене не ми сметаат лично, не сметам дека сите услужни бизниси треба да го спроведат тоа правило, пред се зашто навистина таа количка е потреба, не луксус или како што прочитав "ја користат од инат". Мислам сериозно никој не го вози детето во количка од инат зашто нели му се може, родила дете па сега ќе го возика зашто нема попамента работа. Количка е сто пати попрактична од кенгур, или да се држи во раце цело време, нема деца ама имам блиски луѓе со мали деца па гледам со свои очи. Како ќе се справам јас кога ќе имам дете не сакам ни да мислам, којзнае што ме чека.

    А за муабетот со бутиците и козметичките салони можам само едно да кажам, ако ги носите децата таму, не ги оставајте на продавачите да ви ги пазат.
    Ми се деси таква приказна лично на мене каде ме доведоа во непријатна ситуација каде не знаев каде да се завртам, дали по детето или да си ја гледам работата. Ем тоа ем другите муштерии ги вознемируваше. Дете е, не знае што треба а што не треба нормално не можеш на детето и да сакаш да му се налутиш, ама тука крива е мајката која без разлика што првичната намена зашто влегла во продавницата не и детето, не може да постапува како да е сама без него и тотално да го занемари. Единствено за тоа сум против одење на шопинг со деца, зашто едноставно не е исто како одење без нив без разлика што некој сака да го докаже спротивното во пракса се покажува поинаку.
    Шопинг во Солун со мали деца е ноќна мора.Ме носеа еднаш колешка на мајка ми и мажот и со дете до три години. Еднаш и никогаш повеќе. Џабе и кола и удобност и тоа што не мораш да мкнеш кеси по цел ден у раце и да одиш пешки и се, кога детето нема трпение на гледа по продавници 8 саати у денот, сака да игра, сака да јаде/ да пие на секои 2 часа или нешто интересно да прави. А мајката сака да проба што поише и да прошета што поише, па детето кенка и плаче или едноставно се малтретира, а со тоа и мајката. Општ хаос и брканица. Тука во стаклено звоно да го ставиш не помага. Тоа ми е единствено категорично не. Иаку се согласувам со коментарот дека ако станала мајка не треба дома да се зароби и да не купува облека и да се дотера, ама па мачење на околината и на детето не гледам за да по секоја цена се задоволат своите хирови или потреби.
     
    Последна измена: 24 декември 2014
    На eloves, manja666, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Замислете мајка со дете во количка во Џамбо ]:) посебно овој период. Сретнав мајка со бебе, си го носеше во кенгур (или како и да се вика, од напред) и си пазаруваше лампиони и украси. Веднаш ми текна на темава. Само еден пример дека се е до игнорантноста и до разумноста. Зарем оваа мајка не можела да влече количка со неа? Можела. Ама имала разум и секоја и чест :)
     
    На Nausicaa и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не замислив видов.
    Мајка која релаксирано си разгледува, таткото ја буткаше и количката на бебето и количката за пазарување и плус го држеше бебето во раце. Тоа дека немало на кого да го остават.
    Еве да не ме нападнете дека мрчам или дека мразам мајки со деца да ви кажам дека мене ич не ми сметаа, фино лепо си ги заобиколив и секој нормален би ги направил тоа. Они се ненормалните во случајов.
    Пак да не испадне дека стигнав да берам гајле за туѓи деца ама детенцето беше греота во таа гужва и топлина да се малтретира, а за бактериите и вирусите пак да не коментирам. Буквално неможеш да се разминеш од луѓе и доаѓате во близок контакт на дишење во врат. Јас сама без никаков товар едвај издржав 10тина минути, алал да им е на нив само тоа ќе кажам.
     
    На Mishela, simoncelicius, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.568
    Пол:
    Женски
    Или па уште полошо... Да си го остави само детенцето во количка за пазарење, во сред маркет додека она си е позади некоја сосема деста полици и разгледува производи...

    Си одеше женава пред мене низ Џамбо и само во еден момент си ја остави количката и си замина на сосема другата страна... Кај нема каде да се поминува низ Џамбо и буквално се удираш со секој што се разминуваш или евентуално чекаш едни да поминат за да можеш ти да поминеш после нив, она така ноншалантно си ја остави количката и си замина.
    Не знаев како да реагирам, погледнав да не има некој близок на детенцево и видов не видов ја поместив количката за да можам да поминам...

    Можам да разберам мајка излегла со дете до маалска продавничка, немала на кого да го остави детенцето а итна е ситуацијата и го земала... Ама која е итноста во купување украси низ Базаро или било каде?
    Едно е да станува збор за секојдневни намирници друго е за вакви глупости и слични тракатанци.
    И не сметаат толку количките со децата колку некултурата и безосетноста на родителите...
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Како мислете забрана на за движење со количка??????

    па вие сите што сте за таа забрана според мене нешто ви фали...во ЦЕЛА Европа мајката со количка е привилегирана а кај нас забрана...бог да чува и да бране. Таа што е мајка знае што и што се е потребно за.да.може да излезе со бебето ке се согласи со мене, овде шишињата за млеко, термосот со топла вода и млекото во прав, па памперс па марамици, цуцли и 300 работи што ТРЕБА да се сместат во количката да и се олесни на мајкат, не се за џабе измислени количките и не де само за за фрцкање туку имаат некоја фунцкија. А таа што погоре напишал дека ракоплеска за таа што била со кенгур излезена е многу злобна...нека стави она кенгур и нека шета да види дали е лесно па и ташна да носи. Не сите имаат мајки и баби да им ги чуваат децата за тие да се шетаат сами слободно...мора да си го зема и бебето оли според вас треба дома да седи 24 саата. Ме изнервиравте страшно со вашите глупи и ниско културни мислења да не речам прости и несовремени, додека вака гледате на работите подобро да си се вратите во селата од кај што сте излезени
     
    На MilaP, PUPICA, tace73 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Jas se soglasuvam so tebe... Jas imam bebe koe e rodeno 4400, sega odma nemozam vo kengur da go stavam zatoa sto e malo (iako e pogolemko rodeno, sepak e malo za vo kengur)... i sega zamislete jas na tri meseci da go nosam vo kengur, a togas kje ima eve da receme skoro 6kg moze i vise, neznam kolku kje napreduva... No sepak mene bi mi bilo pretesko, pa kicma kje mi se skrsi... Pa jas ako odam vo jumbo, nema da odam da go kupam celo jumbo, a kolickite za pazarenje na Jumbo se dosta pogolemi od mojata kolicka so bebe... Zasto ako se trgnes da pomine covek so kolicka za pazarenje, da ne se trgnes na kolicka so bebe???? Pa ima majki sto sami se po cel den i mora da odat da si kupat nesto itno do nekoj market, sto da pravat so bebeto? :/ Ne za dzabe imame tolkavi marketi, imajte dusa malku so komentarive...
     
    На bittersweet, 2013 и ennaz им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Izvini ako ti smeta majkata so kolicka vo jumbo, zasto da ne ti smeta covek so kolicka za pazarenje vo jumbo? Ooooogromni se kolickite za pazarenje vo Jumbo, dosta pogolemi od edna kolicka za bebe. Aj ako ne kje zemam kje si go stavam transporterot vnatre vo kolickata za pazarenje, taka nema da smetam? :D hahaha
     
    На MilaP и ennaz им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    А што ке кажете на ова - пред два дена кога заврна за време на мајските празници сите мајки со колички се напикаа во Џамбо и Веро за да има каде ДА ГО ГУБАТ ВРЕМЕТО до заспивање на децата, па оние кои дошле да пазарат неможеа раат да си тераат работа.
    Излегле две приателки со по две деца од кои две се во количка и муабетисуваат на сред ЏАМБО.
    Епа извинете, ама затоа се и забраните ставени.
    Тие си зборат а децата подаваат рачиња од количка, чепкаат.
    Сите имаме или ке имаме деца.
    Треба да се има осет.
    КОга надвор врне, поарно не влагај во Сити Мол...колички и пискотници колку сакаш
    Па и мајките сами се изразуваат - епа врне и мора некаде 2 часа да го шетам бебето

    да се дополнам - па што мајка е таа која бебето го пика во цела гужва во Џамбо каде и здраво и болно шетаат ???

    Да речеш да купува итно нешто-леб...намирници...ама се накарминила и ај на шетка
     
    На okcenzi, Nausicaa и Daleron им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    E edno e setanje, drugo e odenje po potreba nekoja vo market ili eve da receme Jumbo, taka da mi zavrne kje si fatam taxi i kje si odam doma... E sega sekoj ne se sekjira tolku i bas mu e gajle kje dreme dva casa vo Vero da prevrne, sto ako vrne cel den? :D no toa e ima razlicni majki... Jas iskreno neznam dali bi mi zatrebalo itno da odam da kupam nesto od market i da go zemam bebeto so mene, kolickata mi e kupena za na ulica iskreno... Ama gi podrzuvam tie majki koi se sami i ne ziveat so svekrva kako mene, pa mora da go zemat bebeto so niv :)
     
    На Eli23 и referentka им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Јас сум сама мајка ама не влечкам дете по маркети
    Или ако веке одам , одам сабајлечки кога нема народ и кога голем дел од народот се на работа

    Поради таквите мајки без осет, и останатите ги губиме привилегиите.
     
    На Cka и Eli23 им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.243
    Пол:
    Женски
    Ај уште и гајлето и го берете на мајката. Што има она бре да се накарминисува и да шета!!! Дома има да седи бре! Или... ептен, ама ептен ако е итно може да излезе, инаку никако. Како инаку останатиов “нормален” народ ќе може раат да шета!
     
    На MilaP, kjukli, TIGARCE86 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Искрено не ми е јасна политиката на фирмата. Мајката со бебе е еден од најголемите потрошувачи и во секоја културна земја тоа се почитува. Ако фирмата се заангажира малку и направи анализа на потрушувачката количка на една мајка, и на таа за споредба на еден пензионер или просечен граѓанин јасно ќе увиди колку повеќе пари мајката им остава. Ова е едноставно непознавање на полето во кое работат и искрено ги жалам.
    Јасно е дека кај нас бизниси се водат со крајно непрофесионални и неинформирани менаџери. Не верувам дека нивната логика за воведување на ваква забрана била инспирирана од желбата да не се создава гужва или да има повеќе простор за движење на останатите купувачи. На тоа верувајте воопшто не е мислено. Тука кај менаџерите на продавници сеуште владее пустиот страв од кражби. Ако имаш количка со торба ќе те следат по продавница ко криминалец некој. Ќе те гледаат под око. Наместо да се најми професионален кадар во осигурување со предходно образование кој стручно ќе процени потенцијален крадец, се запослуваат братучеди и чичковци а се превземаат вакви идиотски „заштитни мерки“ против опасните мајки.
    А за оние со коментари против мајките кои по дожд шетаат низ Џамбо. Ако цела зима поминете дома со бебето верувајте одвреме навреме таква депресија ве фаќа, и желба да се отиде некаде било каде, да и од друг град тргнувате кон Џамбо или Ситимол, за барем еден ден да ви биде различен од останатите студени и врнежливи поминати сами дома.
     
    На NoellePage, TIGARCE86, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    За феминката со детето од 3 месеци родено поголемо.
    Јас го носев во кенгур наскаде на 3 месеци и не изводете дека детето е тешко за во кенгур, кичма ќе ме фати. Аман бре имав 32 години кога ја родив па не се пикав по продавници со количка и не ми се скрши кичмата. Или ајде јас сум мајка и се ми е дозволено, ќе рушам се пред себе затоа што сум со дете (затоа децата ни се килави). Политика на фирмата каде што јасно има истакнат знак за забрана за влез со количка и точка (иако тогаш немаше). Нема да влезам, не го фатив Г.... за муда ако родив.
    Што е овде за изненадување!? Знакот?
    Знак исто како за забрането пушење, ако сте мајки не сте светици или војводки, аманте.
    Почитувајте правила барем таму каде што јавно се истакнати.
     
    На eloves, De-lovely, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Imam skulioza visok stepen i ne bi rizikuvala da go nosam vo kengur, 9ti mesec edvaj izdrzuvav 5min na noze, kaj kicmata pa i desen kuk mi se ukocuvase... Ne sudi bez da znaes :)

    Edit: Baska ne rekov i deka kje go setam vo marketi, sepak kje si pocituvam pravila... Kolickata mi e za na ulica za na ova prekrasno vreme, samo si cekam 40 dena da pominat :P
     
    Последна измена: 6 мај 2015
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Имам дископатија и оштетување на колковите, ако веќе одиме во детали и дете вештачки напрвено, па не изигрував МАЈКА СО ДЕТЕ. Не те осудив само си го кажав своето мислење и цврсто стојам на ставот дека лигавежлукот е најлош.
    Уште ова. Не мора кенгур, ама нема да влегуваш со количка каде што одвај човек може да помине и се работи за дуќан со кршливи работи, не е добро ниту за детето ниту за твојот џеб.
     
    На De-lovely, Nausicaa и referentka им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Ама кратко и јасно - продавницата си има таква политика поставила такво правило и ако не ти одговара ич не ги занима.Сигурно има зошто некој донел таква одлука.
    Јас пак ке се повторам, и јас сум мајка ама банализам е туркање со количката во целата гужва...
    Нормално дека имаш потреба од пазарење како и секој нормален човек, ама сигурно не си сама...сопруг...баба...стрина...комшивка..
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.265
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Napraviv i promena i gore.. ziveam i so zolva i so svekrva, pa ako sakam da setam po marketi i prodavnici za obleka kje si setam sama so mm :) Samo rekov deka gi podrzuvam majkite sto ete mora da go zemat nekogas deteto so niv...
     
  19. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Не си у право DALERON, секоја мајка со количка е рамноправна со сите други луѓе, овие правила не треба никаде да се поставуваат, срам да им е на оние што им текнало. Ако живееш у Мк и баш нема да се сложиш ама у Германија (пример) за колички имаш направено секаде лифтови патеки без разлика дали е ресторан или бутик или маркет, дури и специјални маси за пресоблекување и гратис памперс...е сега види кај сме ние а кај е Европа... Кој што и каже против количките за мене е сељак пак ќе кажам затоа се измислени и се повеќе се усовршуваат, не се за украс + која мајка / татко кај сака таму ке оди, ако сакам и на месечината ке се качам со количка, нема никој право да ме вреѓа или понижува!!!!!
     
    На kjukli, ddevojce, TIGARCE86 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28

    Мило ми е додека вака гледаш на работите нема метар да мрднеш :) а мајките што живеат сами нека умираат од глад, не смеат да се приближат до маркетите:D