Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Само накратко, моја констатација како член кој повеќе е читачки настроен на форумов, морам да кажам дека многу сте нервозни и стварно се чудам како може се да ви смета бе? Некултурни луѓе кои сметаат, муабетат, застанале на сред пролаз, пензионери, мајки, тинејџерки - па ајде сите како роботи онака програмирано да се движиме, ни еден прекршок да не направиме... А верувај Ан-на дека сите ние си се забораваме и влегуваме во ситуации кога ќе застанеме во продавница на краток муабет со некого, или ќе се распричаме на мобилен, или ќе застанеме пред одредена полица со производи па се мислиме што да купиме и пречиме.

    Заобиколи, стрпи се повеќе од другиот и не се преоптоварувај толку.Ама ич не се согласувам дека сме некултурни како нација и од „таквите“ нема одење напред... Ова ми се толку површни муабети, онака баш површни.
     
    На eloves, NoellePage, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Јас реков ли некаде дека ми сметаат некултурните луѓе? Не. Само констатирав дека не се единствено мајките со колички тие кои го попречуваат “сообраќајот” во маркетите.
    Ако добро ја читаш темава ќе видиш дека ретко која мајка кажа дека некој друг и смета, ама затоа се најдоа еден куп душебрижници на кои што уште малку и воздухот што го дишеме ќе почне да им пречи.
     
    На kjukli, zuto и joy1 им се допаѓа ова.
  3. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Па јас не те цитирав, во еден наврат ти се обратив и мислев на ова:

    „некултурни луѓе кои се распослале со количката за пазарење низ цел пролаз и не им текнува дека можеби сметаат, па ти мисли му ја. Или, ќе си застанат двајца пензионери, тинејџерки, женички или што и да е и ќе си разврзат муабети на сред пролаз, а останатите треба да кружат одоколу. Еден куп вакви примери имам.“

    Ааа извини од реченицава сфатив дека ти засметале... ти само си опишувала гужва во сообраќај...
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Јас ќе те цитирам.
    На темава очигедно само ти си мајка, останатите сме само родилки. `100 пати истакнав дека забраната е само за Базаро, а ти упорно тврдиш дека насекаде пречат количките.
    Приспитај се.
    Ако воздухот што го дишеме ни е забранет до сега ќе не немаше.Пак ќе напоменам не си само ти мајка.
    Сите на темава дај Боже сме мајки.Секогаш си контрадикторна, се најубаво со плодот на твојата љубов со златна лажица да јаде, ама утре не знаеш што те чека, кога ќе потпорасне.
     
    На Maceto123 и Cvekjence им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    За болдираново се гледа од приложениве коментари. Цитирај ми каде некоја мајка рекла дека сака да ја третираат како да е единствена, а колку коментари има каде што им сметаат количките, каде што се делат совети како да се одгледува детето итн. Мене тоа ми смета. Мајките се исти како и останатите граѓани и така треба да се третираат, а не да им се лупаат етикети и забрани бидејќи некому случајно му засметала количката или е станат на лева нога.
     
    На zuto, IveBrajan, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Какви работи се случуваат па ќе се замарам за некои си колички. Немам веќе коментари на овааа тема, секој нека си тера како си милува.
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Хахаха, сосема погрешно си разбрала. До културата е мајко, до културата :)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    И во Певекс има забрана за колички. Хахаха и така не би влегла никогаш таму, како смрди внатре на кинеско.
    Ако има негде забрана, нема да ме видат, ни со количка ни без количка. Да не сум имала вистинска потреба да одам во продавница со бебе, не би се мачела ни себе ни бебето. Потрошувач сум исто како и сите други. Зарем моите пари помалку им се вредни кога сум со количка? Како и секој останат потрошувач и јас си плаќам нели? Ова зборувам како идна мајка де, да нема забуни.
    Затоа мој избор ќе биде да не влагам во таа продавница :rofl: Како што може сопственикот на продавницата да избере кој да му биде потрошувач, и јас можам да изберам кај да пазарам, нели?
    Кога сум во продавница, повеќе ми сметаат деца што трчаат насекаде низ маркетот, пензионери што неможеш да ги дочекаш да го измерат овошјето и зеленчукот, па и уз тоа да направат муабет со комшијата, жени или мажи што количката со производи ја оставиле на среде пролаз, а тие на сосем др страна гледаат нешто и не ги интересира дали некој друг треба да помине.
    А мајки со колички кои уредно и воспитано си пазарат не ми сметаат. Сигурно нема бебето да рика да плаче, ти со него во продавница да седиш.
    Арно си рекоа погоре, до културата е на човекот, кој како е воспитан.
     
    На ivi1987, kjukli, IveBrajan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    704
    Ауууу вчера колку се изнервирав.Одам во ПЕВЕКС кај Лептокарија со ќерка ми во количка и на врата продавачката ми вика извинете ама количката ако може надвор да ја оставите и јас :^) и и викам не е безобразно ова што го правите и сите кога се свртеа... и ми вика имаме наредба пишува и на врата... и јас фино лепо вртење и и викам е веќе мои пари тука не оставам,а баш мислев да си купам нешто и и викам преиспитајте се малку дека вака губите муштерии.
    Ако мислат моето дете да го споредуваат со милениче сварно се безобразни и непрофесионални (на врата пишување забрана за миленичиња и колички)..
     
    На bittersweet, kjukli и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    Не ме навредува ниту возбудува тоа што некои продавници си имаат свои правила и прописи на движење. Јас си ги почитувам тие правила и разбирливо ми е, дури и да нема забрана не би се пикала секаде со количка. Доволно ми е што големите супермаркети како Тинекс, Веро, Рамстор, Кам, се доволно пространи за да можам и со дете да испазарам основни работи за дома. Единствено на Стокомак им замерувам што им се гз-место дуќаните :D а баш тие ми се најблиску (и кај мене и кај моите) па од таму најчесто пазарам. Се случувало да морам кај нив да влезам со детето во раце, а ако треба да купам повеќе од две работи автоматски морам да одам на другиот крај на населбата во друг маркет каде ќе не збере со количката.

    Знам, мака е кога имаш мало дете што не оди, а сакаш нешто да купиш, но блуза или пантолони не е нешто неопходно или итно за да морам баш со количка да се пикнам во бутикот. Тоа го оставам за тогаш кога ќе имам придружба па да ме почека пред дуќанот со количката или пак кога имам на кого да го оставам детето а јас да одам да шопингувам.

    Тие забрани не се ставени од инает бидејќи на некој му сметале бебињата, туку едноставно во мали продавничиња каде што нема простор за разминување на луѓе, уште помалку простор има за колички..as simple as that.

    Мене повеќе ми смета политиката на тие газди што напикале роба како за цела стоковна куќа во само два квадрати. Таму и сам човек неможе да се сврти а да не се удри со друг муштерија, или во најдобар случај да се истриеш од него :D
     
    На Mariangel, Giovanna, koritsaki и 24 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Фала за инфово за Певекс. Да си знам. Не дека сум одела којзнае колку до сега, ама... Таму каде што моето дете е непожелно, јас пари не оставам!
    Исто како што газдите одбрале да ме дискриминираат, така и јас ќе ги игнорирам нив.
    На крајот на краиштата, оваа политика сигурно им одговара на оние “бездетните”, на кои што се во врска со децата им смета, па ќе можат на раат да си уживаат во шопингот во горенаведениве продавници.
     
    На kjukli и joy1 им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Срам да ви е. Мајки, а толку огорчени! Какви ти се тие зборови ма @An-na кој ти рекол дека детето ти е непожелно, па бездетни, потценуваш жено, некој мака мачи да добие дете, а ти се обраќаш со омраза, срам да ти е! Ти да не си едниствена жена што родила па сеа да терба да ти се клањаат сите, ццц, срамота навистина, мене срам ме фати што те прочитав што си изнапишала.
    Колку убаво си напиша @Kitten и таа е мајка, што си ти поише од неа?
    Не ви се децата непожелни аман сфатете го тоа, едноставно нема простори за колички внатре и што сега, со сила ќе се пикаш? Ќе се тужуш, што ќе правиш?
    Знаеш ти колку мајки ја користат количката на бебето за да крадат по продавниците?
    Конкретно во Певекс има преефтина роба, купишта, неможеш сам да поминеш, а не па да се разминеш со некој. На алиштата немаат аларми како во скапите продавници, може некоја ќе иде ќе се испокраде, ќе изнабута во количка се, и после жените кои работат таму кои и онака едвај 10000 дали зимаат уште и украдена роба ќе плаќаат.
    Имајте почит малку бре, кај што ви викаат дека е забрането за пушење неможе да пушите со сила, кај што несмее со количка и несмее, има причина зошто, а причината не е лично до вашите деца туку е многу пообјективна, а не зашто некоја „бездетна„ што мрази деца така решила...
    Просто не ми се верува дека мајки на мали деца може да се волку огорчени и без чувства...
     
    На Mariangel, 1209, BoaVista и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.998
    Допаѓања:
    81.337
    Пол:
    Женски
    Не е непожелно детето Анна, ниту пак е пропаганда на „бездетните“, туку едноставно просторот од една стиска не ти дозволува комоција ниту тебе како купувач, а не пак на детето сместено во количка, шетајќи низ рафтови и доаѓајќи во контакт со - пардн мај френч - усмрдената кинеска роба помешана со мишка арома-терапи.

    И во Мана сум приметила како без пардон влегуваат со колички, а конкретно, Мана во Центар или онаа на Првомајска, знаете колкави стиски се. :)
    Пред извесно време, жена ме замоли да и` причувам количка за да не ја качува по скалите во Центар, на драго срце прифатив. Заврши работа за неполни пет минути, се уби од извинување иако милион пати повторив дека воопшто не ми сметаше и потоа си се изнасмеа на сопствена сметка „леле, којзнае за каква мајка ме сметаш сега“. Не знам зошто си набиваат таква грижа на совеста без потреба.
    Факт е дека нема ништо полошо од несовесни луѓе, ве молам не бидете такви. :)

    Патем, не сме ние „бездетните“ криви, што секојдневно се отвараат продавници со квадратура на мини-бања.
     
    На 1209, Giovanna, koritsaki и 16 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    Кој ти го споредил детето со милениче? Не ти велат детето надвор да го оставиш, туку количката. Причината е многу едноставна: нема место бе. Што е толку тешко да се сфати? Три мајки со колички внатре да се пикнат, па никој не може да помине. Каде ќе ја оставиш количката? Пред касата? Или ќе ја влечеш по себе? Нема место да ја провреш низ гужвата.

    :o :x
    Дали си нормална?
     
    На koritsaki, tessie, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Не.

    Кој како сака, така си чита.
    Нема да се мачам да ви објаснувам. Џабе ќе си го трошам времето.

    @mims-89 ај прочитај го моето мислење, па после прочитај го твојот одговор :x Ептен, ама ептен си ги измешала лончињата. Каде во мојот пост виде потценување и омраза? Каде јас реков или сум рекла дека треба да ме третираат како единствена мајка која што родила дете. Побогу!
    И претходно имам кажано, ова е дискриминација и јас таквите продавници ќе ги заобиколувам во широк круг.
     
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе, бебе ми е 3 месеци. Од како е роден ги крстариме сите продавници,аптеки, банки, пазари... низ општина аеродром , буквално по 3 саати шетаме по паркови се доиме. Се пресоблакаме во капитол (собчето за пресоблекување е малку неубаво ама брка работа.)
    Значи пазарам за дома, денес не работеше банкоматот па во банка бевме, и културно си чекам редови и да ме пуштаат прекуред викам фала но ќе си почекам. Ако бебуш плаче оставам се, излегувам, одам во паркче или на некоја клупа, ќе се смири,па ќе се вратам.
    верувајте ми до сега не сум имала ни еден проблем за да влезам било каде, и ми помагаат и врата ми отвараат ама стварно . Каде живеете вие, каде пазарите што имате толку мака :?:Само во базаро и певекс не ни одам, они така си одлучиле, фала приетно, а и навистина е тесно бре, јас ќе направам беља со количката како што сум трапава
     
    На Mama25, Giovanna, koritsaki и 11 други им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Зошто еднаш за секогаш не сфатите дека некои продавнички се гз место напраени и ради тоа не е пожелно да се влегува со колички внатре а не затоа што "бездетните" направиле теорија на заговор против родителите? Ако имате приметено таквите забрани се баш во такви третокласни продавнички кај што човек нема место кај да прдне а не па да помине со колица. Колку пати ми се дешавало во такви продавници со ташната да бутнам некој артикл пошто ми е голема а не па со нешто друго да влезам таму. Крај краева коа ке испобутаме нешто се праиме наудрени и бегаме пошо нели испод част ни е да се наведнеме да кренеме маичка или било што да е ,ама затоа продавачките се тука ке трчаат по нас .

    Со другарка бев сведок како мајка крадеше во Космо со количка за бебе и уште неможеме да се соземеме од тој призор.Без срам и перде буташе артикли во долниот дел од количката додека бебе на горниот си спиеше спокојно.Коа дојде на каса за плакање само еден кармин плати ,другото брада дим да ја њама со количката. И ? Пак се во заговор бездетните за ваквите клептомани што не сакаат со колички да им вллегуваат во продавниците или продавачките се должни да плаќаат туги работи од мизерната плата што ја зимаат?

    Не ми сметаат бебиња,деца,колички напротив луѓе сме сите мора некој пат у продавница да влеземе за да пазаруваме .Ми сметаат височества кои мислат дека светот го освоиле со тоа што станале родители па сите други небитни на нив мораат да се прилагодуваат.
     
    На 1209, koritsaki, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    А не, не. Ај те молам објасни ми ја изјавата што ја цитирав, еве ветувам дека внимателно ќе читам и ќе дадам се’ од себе за да те сфатам. Што ти значи тоа бездетни? И зарем навистина мислиш дека таа инфериорна категорија на луѓе направила заговор против мајки?

    Бездетни немаат право да коментираат зашто не знаат ништо за животот. Мајки со деца над 10 години немаат право да коментираат зашто заборавиле како е (и овој бисер е од твое мислење). Ај нека остане форумов на мајки на мали деца, па ќе биде една прекрасна утопија. :f:
     
    На 1209, Giovanna, koritsaki и 8 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Ако ја следиш внимателно дискусијава на темава, ќе видиш дека овој термин не го воведов јас, туку во текот на дискусијава сам се наметна. Дури мислам дека беше наметнат токму од жените / девојките кои што немаат деца. Јас во тој израз не гледам ништо навредливо, затоа и го употребив.
    Значи:
    - мајки: женски личности кои имаат деца;
    - бездетни: женски личности кои сеуште немаат деца, ама затоа знаат се во врска со децата (како ќе ги воспитаат, како другите треба да ги воспитуваат децата, итн...) Јасно ти е за што зборувам, се надевам. Истите тие не еднаш се изјаснија на темава дека малтене се во врска со децата им смета. Не се во прашање само количките. Затоа и ги споменав во коментарот. Ништо лошо не реков, само дека ќе уживаат во мирот и тишината на шопингувањето.

    Во ниту еден момент не помислив за оние жени коишто не можат да имаат деца. Мислам... од каде ви е само помислата?

    За крај, за да ги разјасниме работиве.
    Јас, заедно со моето дете се сметам за еднаква со другите, па така сакам и да ме третираат. Не барам, ниту очекувам, никакви поволности, само сакам да можам, како и сите останати, да се движам слободно без притоа разни индивидуи да ми превртуваат очи.
    Дали јас ќе влезам или не во продавничка со гз место, останува на мојата проценка, ама би сакала да го имам изборот како и сите останати да се движам без забрани каде сакам. Толку!

    (Со детево и пари да ми даваат не влегувам, ниту пак сум влегла во мали продавнички. Ем заради што е тесно, ем заради нечистотијата )
     
    Последна измена: 15 септември 2015
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    @An-na еве ти дефиниција, чисто да знаеш што значи тоа бездетна
    http://www.makedonski.info/show/бездетен/прид

    Бездетен
    бездетниот
    Вид збор: Придавка
    Што нема деца; што не може да има свои деца.
    Англиски: childless
    Примери:
    Бездетен брак.
    Бездетна вдовица.
    Бездетно семејство.

    Изведенки
    бездетност ж.
    Мислиш дека ништо лошо не рече?

    Јас те сфаќам што мислеше, ама и во тој случај намерата ти беше да потцениш. И самиот тон на мислењето ти беше ужасен.
     
    На BoaVista, koritsaki, Lilit и 5 други им се допаѓа ова.