Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.608
    Допаѓања:
    35.115
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на појаснувањето.
    До бескрај можеме да се убедуваме што и како сум мислела и со каква намера сум го пишала мислењето.
    Крај нема.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.981
    Допаѓања:
    133.589
    Дојдов само да си го прошетам клавиров низ темава, и да и кажам на мајка Ана дека дете и количка не е исто, ама мајка Ана не може без количка, можда е многу свилена за во рака да го носи детето...
     
    На koritsaki, theowndemon, okcenzi и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    :fubar: :fubar: Луда хахахахахаха. Ај клавирот под мишка и да те нема.
    Пак ќе не метат.:D
     
    На okcenzi, Captain-Omni, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.608
    Допаѓања:
    35.115
    Пол:
    Женски
    Фала ти што секогаш ми посветуваш внимание :*
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Jas od koga e roden sin mi pa se do negovite 2 god odevme sekade so kolicka,znaev kade smeam kade ne smeam (t.e. kade imam mesto da pominam so kolicka a kade nemam i za gabe da ne se pikam da pravam guzva ili da skrsam nesto) . Deteto nemase koj da mi go cuva,mm raboti stranstvo za jadenje mora da se ispadni da se kupi,kengurot bese zabranet za sin mi i ni ostanuvase samo kolicka.Nikogas nikoj ne rekol deka smetame ni pak nekoj prednost ni dal zasto sin mi bese mnogu umen i samo si sedese i se smeskase.E vo butici da setam so sin mi fala,ali ne.Treba da probuvam ke se zadrzam dosta vreme a da go maltretiram deteto ne planiram,osven koga kupuvav nesto za nego.A krajno me iritiraat majki,tetki,babi so deca dali vo kolicki dali vo kenguri ne e vazno ili vo race kade deteto placi,vriska a ovie muva ne gi lazi.Pa ke zemam najophodno so treba i ke si zaminam,zosto deteto da se nervira i da placi,toa mi smeta.
     
    На koritsaki, okcenzi, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Доволно е што уживаш да го употребуваш зборот „бездетни„ зашто неможеш како нормален човек да кажеш „луѓето што немаат деца„ , што пак никако неможам да разберам зошто ги мешаш во оваа политика која си ја имаат некои дуќани.
    Мајка си и знаеш каков дар е детето, зарем немаш толку трошка емпатија кон луѓето кои неможат да имаат деца и уживаш да ги нарекуваш „бездетни„?
    Зошто се чувствуваш дискриминирана?
    Тогаш и ја се осеќам дискриминирана што неможам да пушам кај сакам, што неможам со куче да шетам по зелена површина, малолетниците се дискриминирано зашто неможат у диско после 12, сите сме дискриминирани зашто неможеме да купиме алкохол после 21 часот. Ова може нели? Овие правила и закони што ги донел некој непушач, некој што мрази алкохол итн... не те прават да се чувствуваш дискриминирано, ама забраната за количка те прави?

    Вака да ти кажам мир и тишина у шопинг нема зашто ко прво трешти музика од бутикот, второ жени на куп се и има гракање, детето најмалку бучава прави, ама толку можеш да разбереш и ти, не сфаќаш дека детето на никој не му смета, количката смета само за пролаз што и не е ништо страшно се поместува де, ама ете газдата на локалот решил дека не е функционално да се влегува со количка у продавницата и стаил знакче, си има и зошто. А ти и понатаму чувствувај се дискриминирана и увреџена, а што убави ефтини работи има у Певекс да си изнакупуваш, милина, ти пропушташ заради неоснованиот инает и повредена суета од страна на некоја си политика на дуќанче беее.
     
    На 1209, BoaVista, Giovanna и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Еден факт е количките ги прават се поголеми и погломазни два, три спрата и ова и она се да има.
    Друго пак мало дете и тоа е тешкичко па не може цел ден во раце, алал да му е на децата што и се навикнати за во колички да лежат подолго, па поубаво е да си седи на едно место. Некои од продавничките се многу мали ама пак исто ти се фаќа дали количка ќе носиш заради детето или цел пазар од тоа шо си пазарувал цел ден од чанти до ствари и глупости го истуриш низ цел дуќан е така убаво можат да си се распостелат како дома да се. Некои културно си прашуваат дали ќе смета и количката да ја внесе.
     
  8. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    703
    Со тоа само што пишува забрането за колички и миленичиња така се почуствував.
    А башка што мината недела со истата количка во истата продавница купував,како тогаш имаше место |(
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Количка-миленичиња, а не дете-миленичиња. Миленичето е со душа како и сите ние, а количката може и таа има душа па кога нема да ни треба да и направиме достоен погреб.(facepalm)
     
    На nena2010, okcenzi, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.573
    Абе јас право да ви кажам, мислам дека возачка дозвола треба и за колички на буткање.
    Како за мајки со деца, така со ретардоси со колички по супермаркети, па кога ќе ја опрчи на сред да не можеш да поминеш, а он бира рецимо кавијар јал од Русија, јал од Канада. И стоиш и стоиш му викаш, извинете количкава ако може, он те гледа као да си го опцул. Оу извини, не знаев дека само ти тука пазариш.

    Фан сум на мајките што одат на пазарење со дете и количка, ама детето е камуфлажа, она после детето за рака, количката натоварена со кеси до дома. :D
     
    На koritsaki, nena2010, MacenceEna и 11 други им се допаѓа ова.
  11. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Мислам деκа тρеба дуќаните да ги планиρаат по убаво.
    Неκаде нема место јас со стомаκот 9 месец да поминам без да бутнам пола ρаботи по пат, а не па κоличκа да помине :)
    Пρенатρупано, ниту можеш да поминеш ниту да видиш што баρаш.
    А за κоличκите има и κултуρни мајκи што не го фаќаат цел пρостоρ...тоа до човеκот е не до κоличκата :) исто κаκо што има девојκи или баби што не се мρдаат цел саат од ρафт.
    Затоа не ги ставајте сите во ист κош и не се навρедувајте без потρеба. На κρај κρаева ние сами одлучуваме κаде ќе си ги дадеме паρите, аκо не сме пожелни на едно место не е κρај на свет, пρодавници мал милион има :) тие губат во сеκој случај, ние паκ ќе си најдеме што ни тρеба, тие ќе изгубат муштеρија и тоа е тоа :)
     
    На theowndemon, ane-sk, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Е ради таквите мразам да одам во маркет во сабота наутро. Колку и да има место меѓу рафтовите, он си мисли супермаркетот е негов. Сум имала такви дешавки, како што вика Плеза4е со огромен труднички стомак ги замолувам да се потргнат, не бре мили мој :D боже сакам да го колам.
    Отидов оф топик малку.
     
    На cresa-jagoda, tessie и menelele им се допаѓа ова.
  13. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    Znaci prvo site sme luge i treba da imame svest i sovest pred se. I jas sum majka so kolicka kade i da vlezam vo pomali dukani prasuvam dali moze so kolicka. Kaj mene vo naselba ima tineks ama nekako e tesen i ne odam. A za peveks stvarnoe tesno nemozat dvajca da se razminat ne pa uste kolicka da stavis. Bas tolku e zaguslivo sto vozrasen nemoze da izdrzi na pa bebe. Oset treba da se ima od site. i butik ne e nesto neophodno a za vo market bogami site treba leba da kupime.
     
    На nena2010, cresa-jagoda, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    ме мрзи да читам 24 страни, али морам да си го кажам ова: немам пробелем со мали деца, ни со мајки ,ни со колички, имам проблем со луѓе што немаат осет. Не знам во која продавница бев, во сити мол, знам дека се најдов меѓу рафтови затоа што женава не сакаше бар малце да се врати назад каде што имаше место и за неа и за количката, не мораше да се напика меѓу алишта со количката, а ја требаше да се качам на рафт за да се разминеме. жено толку ли беа битни маиците на попуст за да го напикаш бебето во прашината од алиштана? на крај краева требаше само три чекори да направиш наназад ќе се тргнев, ќе направев простор да поминеш да си одбереш блуза. значи: немам проблем со мајкици со убави бебиња, али малце осет, не можеш бе да се пикаш у метро ширина ти, бебето, количката и ја. нема место едноставно. пс- не знаев дека има забрани, забрани за колички, али до негде ми е логично.
     
    На nena2010, MacenceEna, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    Nadvor od,temata, ama morav da napisam,peveks jas go dozivuvam kako buvljak vo koj sum vlegla nekolku pati, bez kolicka,i ne svakam sto toa ima da se kupi tamu, taka da ne se propusta nisto ako ne se poseti. A baska vnatre ne mozes ni da se svrtis ko covek kolku e tesno i se,nafrlano bez nikakov red.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Mene mi e top u peveks iako komentarot mi bese ironicen, ne se precenuvajte mnogu koga istite partali se tie ko i berska i zara samo od lanski kolekcii, pa koj e budala da plaka poskapo neka izvoli... Ist dzemper so ista etiketa u peveks 250 den u zara 1500, ama dobro u zara ima mesto za kolicka pa upatete se tamu...
     
    На Mama25, koritsaki, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  17. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    Ne praktikuvam odenje u shopping so deca, ni so kolicka ni bez nea. Nemam visok pari za frlanje, kupuvam redovno na sezonski popusti, nitu sum snob. Samo pisav kako jas go dozivuvam peveks i zosto ne mi se vleguva tamu. A na sezonski popusti sum kupuvala super raboti i od mango i od zara i od bershka za cenite koi ti gi navede ili nesto epten malku poveke. Vo peveks rabotite, so isklucoci se od pred 5 sezoni najmalku.
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам малку офф, да ви кажам збор-два околу Певекс зашто мислам дека не сте им ја разбрале политиката на робата....без разлика дали се работи за постари или тековни колекции, тоа е дуќан за фелерична роба. Целата роба по конфекциите кога се шие поминува низ контрола, кај некои дури не поминува ниту еден раб неколку милиметри да забегал во шиењето. Сум налетувала на маици со фелер во боењето на текстилот па излегле цели како со флеки. Затоа цената е премногу ниска на гардеробава (барем беше кога почнаа, сеа веќе се претерува со цените како и за се во државава кога ќе видат дека има поголема побарувачка) и затоа што ја купуваат на кило. И премногу треба да се внимава на фелерите кога купувате, зашто имаат и големи фелери како дупки искинати, фармерки без патенти и тн.

    Можеби од тука произлегува и тоа што немаат потреба од простран дуќан.
     
    На crimson, <3 pleza4e <3, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека некој има потреба да влезе во Певекс со количка.
    Како што рекоа погоре, да се пазари леб, млеко да, разбирам.
    Ама цел дуќан смрди, загушливо е и не се дише, ред за гардероба неможеш да дочекаш.
    Зарем некоја мајка ќе пробува е бебето ќе ја чека пред гардероба?
    Мислам не ми е логично зашто толкава дискусија се развива околу ПЕвекс.

    Инаку мајка со количка може без проблем да прошета во секој трговски центар, да седне на кафе со количката до неа, па дури и да шета во бутиците. Еве конкретно во Сити Мол има услови за тоа. Ако е целта да се прошета и да се релаксира, има каде.
    Не верувам дека со бебе во количка некоја мајка ќе успее да му се посвети на шопингот.
     
    На koritsaki, <3 pleza4e <3, darcy и 7 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.374
    Предходно кога пишував на темава без дете, сега со бебуш па мал апдејт:lol:.
    Мене ми е стресно испаѓањето сама со бебуш низ супермаркети. Не гледам никаква релаксација во истото туку зорт.
    Сама сум се шеткала со неа низ селово, тоа ми е релаксација. Природа, свеж воздух, нема сообраќај...
    За по супермаркети не е изводливо сами ние.

    Нема во селово дуќан.
    Иако е на 5 мин. оддалеченост, единствено преку автопат(значи само со кола) се стасува до првиот супермаркет и дм.
    Еднаш неделно пазаруваме.
    Не носам количка бидејќи го зафаќа цел багажник а под 5-7 големи кеси за купување не сме, па само транспортер.
    Транспортерот го ставам на среде една количка за пазарување и свеки или мажот(зависи со кого сум) ја буткаат таа количка а јас онаа за пазарување. Има доволно простор и количките за пазарување не се дефицитарни па е супер така. Од таму тековно во дм продолжуваме и потоа се враќаме дома. Тоа ни е рутина.
    Доколку пазаруваме пијалоци со малата седиме и чекаме во кола. Повторно нема место и за количка и за гајби пијалоци во багаж, а дететво не сакам да го пикам таму.

    Однапред планирам што да се купи за цела недела бидејќи би ми било стресно да го повторуваме ова неколку пати неделно.
    Леб и онака не јадеме многу.
    Тој што сме го купиле трае 2 дена а доколку имам потреба во текот на неделата ќе испечам багет или замесам.

    Еднаш неделно испаѓаме и до еден трговски центар. Кога сум со мојов он чека пред дуќанот. Односно ја развозува малата и е пресреќен што не мора да влева со мене.
    Кога сум со свекрва ми и она влева во дуќаните, но она ја бутка количката додека јас разгледувам, пробувам и плаќам.
    Најискрено сама не би ни одела. Колку и да ме релаксира одење по дуќани, тоа би ми било стресно.
    Се што треба да се проба ми е шкртнато доколку сум сама.
    Повеќе пати ме има мојов оставено и сме се договориле да дојде за 2 часа. Секогаш така е темпирано поради доење. И тогаш сум имала само одредени дуќани во план каде е стварно пространо и се што треба да купам е на дофат на рака без пробување. Најчесто нешто за него, за бебуш, за домаќинство...но не и за мене.

    Барем еднаш неделно одиме некаде да јадеме.
    Секогаш гледам да има доволно простор за количка, и тоа не само за истата да стои, туку и да можам да ја подвозувам напред назад додека заспие бебуш.
    Нашата количка е прилично широка но никаде не сум имала проблем. Не дека тука нема тесни дуќани, но едноставно ги одбегнувам или одам само кога сум со придружба која би ме чекала надвор.
    И сеуште не би се навредила доколку е забранет влез за колички. Сваќам и гледам логика во истото.
     
    На Giovanna, koritsaki, Miss.Sweet и 27 други им се допаѓа ова.