Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Во право сте за повеќето нешта, дефинитивно треба да се создадат повеќе услови за мајки со деца. Ама ова веќе не е во ред. Немаше тоалет во кафичот? Освен ако бил многу мал просторот па не си можела да влезеш со количката...

    Мислам, можам да замислам да седам да си пијам кафе и одеднаш да ми замириса од зад мене. Ја разбирам ситуацијата, ама директно во кафич да го преслекуваш... што знам.
     
    На Daydream, Аliсe, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Аха, после ние „бездетните“ сме имале проблеми, сме изводеле и сме биле вакви, такви, онакви? А кажи ми, во кафичот немаше тоалет, не можеше таму да се смени пеленката? Или баш мораше во кафичот, пред останаите гости, за мама да не пропушти ништо од муабетот? Извини вака, ама ова твоето е врв на некултура и непочитување на останатите. Смрдлива пелена насред кафич, браво...
     
    На Daydream, Аliсe, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  3. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Незнам за женава што го пресоблекувала бебето, ама јас лично во 99% од кафичите не влегувам ЈАС во тоалет, затоа што никогаш не е чисто и одвратно мириса, а не па бебето да го бутнам таму!
    Луѓето се гадни, посебно жените, по кафичите тоалетите се лом, да ти е гад да влезеш, па улошки насекаде расфрлано...и таму треба ние бебето да го затвориме во тој одвратен простор од 1 квадрат без воздух затоа што вас ви била гадна пелената бебешка??
    Погадна ли е од тоалетите?? (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На bittersweet, MilaP, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Ам ај тогаш, ако ви мириса тоалетот, направете на сите да им мириса цел кафич.
     
    На candy.cane, SexiLy, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    mims jas ne sum Koce,ne gledam zosto sum citirana so ukazuuvanje sto toj ne daval.:)
    Osven za vo aptekite i restoranite,mestata kaj sto ima hrana,nemam protiv za milenicinjata na drugi mesta.
    Koce ima dosta propusti.
    Da se navratam na temata,ne se cuuuo del od isfrustriranite majki,ubavo objasniv za mojot stav okolu kolickite.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.152
    Да ви објаснам...
    Тоалетот беше далеку, долу, по скали, а јас седев на кеј и не го пресоблеков на сред кафиќ, значи надвор од кафиќот, одалечена и од својата маса, така да го пропуштив муабетот, не грижете се.
    Морав надвор, внатре тоалетот претесен, нема каде да го легнам син ми, единствена опција ми беше на количката. Нема ваљда да го пресоблекувам на лабавото.
    Сум менувала и пелена во тоалет, ама поширок беше, имаше столици, па беше покомотно за пресоблекување.
    Плус количката завртена прикриена со тетра пелена, сосема дискретно, подалеку повотрувам од кафиќот и местото каде што седевме.
    Инаку да не му ја сменев пелената е дур тогаш ќе замирисаше.
    Одма испаднав некултурна, муабетот беше за друго, за споредбата, а на крај краева и за тоа дека нема никави услови за детето да се пресоблече.
    Зошто бре наместо еден споменик не се направи во центар една просторија за преоблекување на децата, соба за доење, м?
    Тогаш сите среќни и задоволни, и културни.

    И каде по твое @Nausicaa да сменев пелена, каде еве објасни ми? Во тоалет каде нема простор за ништо, на лабавото ли? Како да ја симнам количката долу, во претесниот тоалет?
    Сто пати реков, бев доста оддалечена, прикриена, додека вашите кучиња какат каде ќе им текне и притоа повеќето од вас не ни чистат, па тоа не е за гадење, така?
    Затоа беше споредбата.
    Кармата е лоша работа, пазете, се смеете на пелени, на доење, на колички, ама да, еден ден бетер ќе ви е. Ќе го макнете со вас и на гинеколог дури.
     
    Последна измена: 23 септември 2015
    На bittersweet, MilaP, stefanija70 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Ти кога ќе имаш дете ако сакаш и во веце шољата брцни си го бебето за да не им мириса на другите една минута бебешката пелена а бебето да ти закачи секакви бактерии и вируси од секаков народ.
    Тоа што другите не се како тебе, не е твој проблем.

    Жената кажа дека се тргнала настрана, на крај во кафичот свртена со грб...не ги вадела каките на сред маса.
    Епа ај ако не нека отиде до автопат да смени пелена кај што нема народ...па да се врати да си го допие кафето...:yawn:
    Само нели на вас свилените да не ви смета
     
    На MilaP, Miss.Sweet и Eli23 им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Ок, тоа е веќе друго, се извинувам.

    Ај жити се’ не преувеличувај. Бог да чува.
     
    На candy.cane, Giovanna, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Не е до глетката, туку е до мирисот 8-|;)
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.367
    За да пресоблечеш дете потребна ти е рамна површина. Се надевам дека барем подот е елиминиран од комбинација па одам со опција капак од шоља(facepalm).

    Дури и да се спушти капакот(на страна опасност и самиот да фанеш нешто а не па детето со легнување на капак од јавна шоља), и ај тоа што формата не му е адекватна, туку ни големината не одговара за да легнеш едно бебче(освен новороденче можеби или предвремено родено).

    Најчесто со количка не можеш да отидеш до веце оти нели тесно.
    Значи треба во една рака дете, во друга ташната со неговите потребни работи. Па поднаведнат(сеушсе со една рака држиш дете), да вадиш од ташна, да постилаш врз капакот од шољата, па ташната на земја, и останатите тракатанци вклучувајќи и облеката на детето да пазиш да ги легнеш врз ташнава оти нели...втора опција за алиштенцата ти е на умивалник или па трета под.
     
    На bittersweet, Mama25, Peppermint и 6 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    А четврта - да се прилагодиш на ситуацијата и да одиш на место каде што има услови. Ете напиша некој погоре дека во Скопје има такви места.

    Добро, муабетот беше за количките, го завлековме на скроз друга страна.
     
    На Daydream, Mishela и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.367
    Само давав опис дека пресоблекувањето на детет во веце не е како што се замислува.
     
    На koritsaki и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Епа мила моја, штом носиш бебе со себе, уште пред да седнеш во кафич/ресторан ќе видиш дали ти е пристапен тоалетот за во случај да треба да смениш пелена. Ако е отежнат пристапот, ќе седнеш во соседниот кафич. Извини ама нема правдување за твојата постапка.

    Ова нешто како треба клетва да биде или? :?:
     
    На candy.cane и Daydream им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.152
    Ок е, ме нервираат ваквите коментари. Ма и надвор од форумот ги сретнувам.
    Јас ете морам да го носам со себе детево, ретко има кој да ми го гледа. Значи некогаш морам.
    Добивав коментари да го дојам во тоалет, на шолја, значи се што не чув, па коментари од типот мора ли да го макнам детево секаде, можело и дома да седи и сл.
    Во Скопје ете има на едно место, а што е со другите градови.
    Доста со тоа напаѓање и коментирање какви се се мајките, и како треба да ги гледаат децата.

    @Nausicaa сериозно ова? Да го проверувам тоалетот? Уште да пишеш син ми да ми каже во колку часот ќе врши нужда, па да си знаеме.
    А тоа не е клетва, туку така ти е во животот, кармата е опасна работа, попувајте по социјалните мрежи како деца треба во тоалет да се дојат и да се пресоблекуваат, ама како мајките се лоши и менуваат пелена по кафиќи, ама реков баш ваквите што се смеат, гледаш по некоја година бетер се. Не е клетва тоа драга, ами живот. Освен ако не планираш да имаш деца, или некој друг да ти ги гледа, дадилка, свекрва, па тогаш слободно да шеташ.
     
    На bittersweet, MilaP, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас одамна немам потреба да одам со количка во продавница ама сметам дека несоодветна е споредбата куче-дете па нека е и количка. Ако правиме споредба со странство, еве јас конкретно ќе кажам за Америка бидејќи таму бев со мало дете, сопственикот на објектот е должен да направи тоалет за инвалиди и соба за пресоблекување на детето. И не е дозволено внесување животни во ресторани. Не можеш ни да го шеташ каде сакаш, ќе си го качиш во кола и ќе го носиш во парк каде е дозволено присуство на животни. Мене лично ми смета да се движат животни онаму каде и деца, еве за зелените површини, колку од сопствениците се совесни да си го соберат изметот од кучето. Да не пишувам тука какво "сочно" искуство имавме со измет од куче на едни патики на детето. Морав да ги фрлам.
     
    На bittersweet, MilaP, stefanija70 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    А што толку те чуди тоа што го пишав дека пред да седнеш некаде треба да провериш дали тоалетот е простран за да собере количка? Дани убаво објасни дека дете не се пресоблекува било каде, што значи дека во најголемиот дел од нашите кафичи, единствена опција е врз количка. Штом излегуваш со дете, знаеш дека во секој момент може да искрсне итна потреба да му се смени пеленката. Ако однапред не провериш дали тоалетот е доволно голем за да собере количка, како ќе знаеш дали ќе може таму да ја промениш? Или едноставно, гајле ти е за останатите гости, нека им смрди, кој ги шиша нив па планираш и нареден пат да ја менуваш насред кафич?
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:D Значи следно идење на кафе....

    Здраво, повелете...што ќе нарачате?
    Извини дечко јас не сум за влегување...само на поминување да ви го проверам тоалетот...:D:D:D

    Ставете си повеќе гориво во колата зошто ќе ви се потроши шетајќи низ градот за детектирање јавни тоалети
    :lol::lol::lol::lol:
     
    На bittersweet, MilaP, SexiLy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Значи стварно претерувате. Не, не мора на секое да проверуваш. Едноставно си ги знаеш кафичите што имаат океј тоалети и таму се движиш. Не е толку комплицирано, не мора на секое излегување ново место да тестираш.
     
  19. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас лично еве не ги знам, кажав погоре дека не влегувам во јавни тоалети...во 99% од случаите...а и во тие што сум влегла...сум излегла првата секунда :D
    Па бидејќи ти си поупатена ќе те замолам вака културно да ми кажеш за да знам каде да одам нели :rofl::rofl:
     
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Се отиде ептен оф топик, ама искрено се изнервирав од напишаното.
    Ако сме мајки работава е дека треба дома да седиме меѓу 4 ѕида?
    Контакт со надворешниот свет не треба да имаме.

    Што ви смета ако ете мајката си го пресоблекла детето на кеј, затскриено, каде што највероватно никој и не ја видел и приметил.
    А ова пеленава божем смрди на километри.
    А шо да праиме со оние сељаци што си седат и си потпрднуваат на маса, налицкани и детерани, се чудат од кај смрди. Не гледам некој да им забранил да седат во кафичи или да има знаци забрането смрдење?
    Шо да праиме со запотените мишки, неизбањати студенти што глумат шема на кеј?
    Или со циганчињата што одат од маса на маса додека јадеш?

    Како се да е совршено, па сеа само пелената ни сметаше. Вардар и канализацијата на плоштад колку смрдат е друга работа.
     
    На bittersweet, MilaP, Mama25 и 6 други им се допаѓа ова.