Каде во Скопје ете можеш да влезеш со количка во тоалет? Дел од тоалетите се долу, мораш по скали, па кај ќе собере, мислам од инат зборуваш. Друго сто пати повторив не менувам пелена во сред кафиќ, да повторам уште еднаш? Прочита дека објаснив дека беше подалеку, прикриена, или ќе се расправаме. Никој не ни примети дека менувам пелена. Ми нема смисла повеќе дискусијата, да девојки во право сте, ние сме лоши мајките. И кога менуваш пелена, го правиш тоа дискретно, исто како доењето, значи нема зошто да ви смета. Никој не вади покакана пелена на сред маса, или дојка. Претеравте.
Значи се што ќе се напише се сваќа буквално, се цепи секој збор и обавезно се испревртува. Но, тоа е нормално од некои членки...задолжени се за корегираат туѓа реторика. Мислиш најпаметни се. За бебињата и кафиќите/рестораните... Има овде тема ,,предизвици кои ги носи мајчинството,,..еден од предизвиците е и што ти се скратува можноста да седиш до бесконечност во разни локали. Второ, ако си мајка на бебе тоа не значи дека треба да окапуваш по дома, но не значи дека треба да окапуваш по кафичи и ресторани а со тоа да ги ,,окапуваш,, останатите гости....значи бебешко плачење, лелекање, сметање и нарушување на ,,хармонијата,, во локалот не се пожелни, верувајте ми. Ако си одговорна мајка се знае-ке си се припремиш од дома СЕ бидејки имаш БЕБЕ, и нема што да седиш со саати...нормално ако имаш осет и обзир. Сигурно пред да родиш си знаела дека цел живот ќе имаш обврски према детенцето, па треба да бидеш спремна и дека нема квачење во кафичи со саати и дрндање муабети... Да нагласам - и јас имам бебе.И мене не ми се седи дома цел ден.Ама никогаш не сум дозволила кога ке си излеземе некаде меѓу народ (кафанче, ресторан...)да седам со саати и да мрчам што нема соба за да го пресоблечам детето. Кафаните и рестораните не се наменети за бебиња..за возрасни се.Не дека не се родителите добредојдени, ама излишно е да образлагам ,,целодневно,, престојување на дете во кафана. Крај краева, како ви се носи дете со саати да седи меѓу толку народ (народски кажано и здрави и болни и стари и млади седат во иста просторија). Претпочитам количка, парк, детско игралиште...па седи си колку сакаш. За дечињаа кои разбираат, има игротеки каде децата си играат а родителите си пијат кафенце и си ги гледаат децата...не Ви е помило таму да седите???
Koj ви рече така? Не ми пречи. Погрешно разбрав од првиот нејзин пост, мислев дека во затворен простор на сред кафич го пресоблекувала. А тоа смрди, и тоа како. И тие пречат. Некој рече дека тие не пречат? Која е целта на споредбава? И на нив реагираме тивко во себе, исто како и на некултурни мајки без осет. На мајката секако нема директно да и’ се обратиме да кажеме дека пречи. Ама ова е форум, океј е да кажеме што мислиме, нели? Не е совршено ништо, ама тоа не значи дека не треба пелената да ни смета. И колички во претесен простор - да се вратиме на темата.
Во тоалет бе дете да пресоблекувам. Свесни ли сте бре вие што зборите каде што народ врши нужда дете да се легне. Ако веќе збориме за култура и почитување, како во нормален свет, секој локал треба соба за пресоблекување да има, а пошто нема мора да се импровизира. Обично тоа го правам на блиска клупа или количка дискретно и ич не ми е гајле. Ако може капитол и сити мол да обезбедат соба за доење и пресоблекување, може и ГТЦ и секој друг центар, не е никаква инвестиција. Само не е до парите, до развиеност на свеста е. Е дур ги нема собите, ние мајките со бебиња сме дискриминирани и мораме импровизации да правиме, да се покриваме вртиме одалечуваме. А некои да не гледа како лепрозни да сме.
А јас пак не знам кафичи/ресторани кои имаат тоалети во подрум(освен Старо Скупи и Костарика) ама пак од друга страна, јас не излегувам во Воденица и слични места. Можам да ти набројам куп места каде (според мене) може да се влезе со количка ама веднаш ќе ме демантирате (бидејќи не сум мајка и врска немам, нели) дека таму нема шанси да собере количка или дека мајката ќе нема место да се сврти или дека е нечисто така да нема ни да се обидувам. Како и да е, ти посакувам убав ден и се повлекувам од дискусијава
@Nausicaa и @LivingGlam зошто водите инает? Гледам дека за инает се тераат дискусииве само за да не бидат мајките во право, и покрај тоа што до најситен детал објаснија како би изгледало менување на пелена во тоалет, што во спротивно е процедура која трае 2мин и не верувам дека би го правеле буквално сред кафич помеѓу масите...Јас барем ништо слично немам видено до сега. Навистина непотребна е дискусијава посебно што е офф топик.
@Nausicaa тоалетите на Кеј каде се? Толку и од мене, што повеќе да објаснам, кажав, повотрував, ама тоа е.
@Kitten не водам инает. Тоа што не го разбрав убаво кажав, мислам дека се разбравме и моите коментари од тој момент не се однесуваа на @JuLleE . Ме нервира кога се извртуваат зборови до бескрај. Ти велиш - не е океј да се пресоблекува дете на сред кафич и да се влегува со количка во претесен простор, а добиваш одговор "ааа вие сакате ние мајките да седиме дома меѓу 4 ѕида". Или "ти ко ќе имаш бебе во шолја мрцни го". Мене ми изгледа ко другава страна да води инает.
На кеј повеќето тоалети се во подрум, или на спрат, значи секако имаш скали. А и навистина се тесни. Скоро бев во еден кафич на кеј, тоалетот беше горе, немаше посебно машко - женска кабина и плус чешмите немаа вода. Неочистено мислиш една година. Баш се чудев за што им стоеше списокот за одржување хигиена кога очигледно никој не влегол таму доолго време.
Бебе во тоалет... ц,ц,ц... Ајде доста со муабети за ,попредок,, Ако немаш итна потреба и ТИ не е пожелно да влезеш а не бебето да го пресоблакаш.
Рефке оти со саати седење. Може само пола саат до саат а пак да се погоди да треба доење или пелена да се смени. Ти имаш три деца, најдобро знаеш како одат подготовките. Првен спремаш торбата за детето, па ние се спремаме...па за крај се остава пелената на бебуш и доење. Баш за подолго да го ``држи``. Во меѓувреме мажот веќе симнал количка и стои на врата, чека. Додека се симнеме доле и врзам дете во кола, тргнеме некогаш трае и 10-15 мин. Пат 30-45 минути. Паркирање и влевање во кафич ресторан 15 мин. А бебе е. Некогаш го држи 3 саати, некогаш само саат. Не мора да седиш со саати за бебе да се искака или да му се прицица.
Епа ајде ќеифи ќе исполнуваме... Во Пиаца Де Торос, седев пред една недела. И бев во тоалетот, со стомак - 9 месец. И да, тесно ми беше. Ми се чини една кабина беше. Нејсе, ќе менувам јас пелена во тоалетот, а надвор ќе чека редица за мочање па секако ќе ме пцујат. Само незнам како ќе ја бутнам количката во тесен простор или меѓу масите, може требаше да барам да купам некоја со опција на летање.
Мислам многу од девојките ќе сменат став кога ќе станат мајки. Кога ќе се соочат со фактот дека во нашава држава нема ама баш ниедно соодветно место да излезеш со мало дете освен ете во сити мол. Не сум го доелаа и не сум го пресоблекувала на јавно место. Почнав да го носам во маркет кога беше доволно голем да седне во нивните колички. Инаку сум го чекала мм да дојде во 7 саат и да ми донесе леб. Во бутик количката сум ја оставала надвор. Ама ги разбирам мајките што го прават горенаведеното зашто немаат друг избор.
Еве лично јас вака правам. Истиот распоред го имаме, само што од дома ке ја најадам и преоблечам, но таа си има ,,саатница,, кога точно кака и ако одиме надвор, тогаш веќе ја завршила таа потреба. Надвор си носам сокче и толку.... Ке си поседиш еден час и цурик назад. Не дојам, немам проблем со тоа, ако сакам да седам некаде имам припремано ,,мастраф,, за Хумана да смучкам. Но имам пријателки кои секој викенд одат навечер во кафана со бебе колку моето и навистина еве им се чудам на паметот...па ги успиваат децата во количка па си седат до 01 по полноќ. И деновиве слушам од нив, имале бебињата бактерии, па од кого ги фатиле не им било јасно кога децата дома им биле гледани....па и се чудат замисли...доста е еден да кивне и ете ти проблем. Не извртувајте..реков дека не е пожелно со саати да се седи и тоа за детето не е убаво.
@LivingGlam значи едно е вака да збориме ете можеш во тоалет, каде да ви кажам и мене ми било најпријатно, ама не секогаш можеш во тоалет. Реков дека сум менувала и во тоалет. Последниот пат немав услови, па си создадов сама, притоа внимавав да бидам што подискретна. И објаснувам, ама ете добивам коментари што од инат кои немаат никава логика. Сигурно да можам ќе му ја сменам во тоалет. Никој ама баш никој не менува пелена во сред кафич, или пак намерно турка со количката. Муабетов е дека се им смета на некои девојки. Буквално се, па почнаа и кучиња да вмешуваат. Лошо е што вакви коментари слушам секојдневно, како тоа ние мајки со деца им пречиме на луѓето. Така испаѓа. Мене ме имат избракно буквално од кафич во мојот град, ми стоеше торбата и кафето на маса, а јас го пазев син ми кој си играше пред кафичот, надвор од него, и газдата зема ми ги стави работите на страна демек масата сум ја зафаќала, нема везе што јас пијам кафе и правам и јас промет, ама работата е дека сум со дете. Крајно безобрано е однесувањето на повеќето луѓе спрема нас мајките и децата.
Ама џабе ги анализирате тоалетите кај се и какви се. Дете во тоалет не се пресоблекува бре луѓе, посебно не во нашиве тоалети, сите знаеме какви се. Јас имам релативно мал стаж како мајка, ама мноооогу долг на шетање и искачање. Јас мајка немам сретнато во тоалет дете да пресоблекува, мислам тоа е надвор од здрав разум. Пред секое излегување од дома, за било каде, макар и до блискиот парк менуваме пелена и го дојам, ама сепак некогаш ќе се јави и таа потреба надвор од дома.
На секоја мајка мислам детето и е поважно од муабетот, така да ќе си се спакува и ќе си оди. Тоа со саати дремење јас за мое дете не би го направила искрено. Ептен да е свадба или дешавка на ептен блиски личности, што се случува еднаш во годината, ама сепак да има услови да седи бебето таму т.е. да си спие, па да поседиме до кај 11 рецимо.
Не ми беше целта да извртувам, само да споделам лично искуство дека потребата за доење или менување пелена се јавува и кога посетите во кафич и ресторан се прилично кратки, а не само кога истите траат со саати. Се сложувам за останатиот дел.
Те разбрав. И ја оправдувам ситуацијата. Газдата на кафичот што го опишуваш во никој случај не го оправдувам. @irena.1, мислев на тоалет доволно голем за да ја собере количката внатре, па тука да го пресоблекува. Не ми падна на памет друга опција. Ако е тесно, ете ќе се снајдете некако. Ама не на сред кафич. Пак да разјаснам по не знам кој пат - овде не мислам на @JuLleE која си кажа дека не го направила на тој начин, туку на другите мајки од темава кои убедуваа дека е нормално да го преслечеш на лице место и не смрди, а ние сме ненормални што ни пречи.