Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Да де, слободно кажи си дека мене ми водиш инат...затоа што мене НЕ МИ Е НОРМАЛНО бебе да внесам во јавен тоалет, од било која причина!
    Јас не влегувам во јавен тоалет, не па бебе таму да пресоблакам.
    Не влегувам дома до чевли со кои одам надвор, не седнувам дома со таа облека со која седам надвор!
    Наречи ме како сакаш, нека сум и ненормална, и болна педантерија, и што сака нека бидам, ако треба и ќе ти смрдам со бебешки пелени ама мое бебе во јавен тоалет нема да влезе за нечиј ќејф, а во никој случај нема да го чувам со какана пелена!
    Да бидеме реални ниедна мајка не менува пелена на сред кафич така да не преувеличувајте без потреба!
    Поздрав 8)
     
    На galapce, bittersweet, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Ниедна мајка овде на темава не тврди дека е нормално да го пресоблака бебето на лице место, во сред кафич. Ама и никоја не истакна вака децидно, мислејќи дека е непотребно затоа што е физички невозможно.
    Затоа што е премногу тесно за да се помине. А има еден куп реквизити што се потребни за менување пелена. Верувај никоја нема да извади пелените на маса, па павловичева, па влажни марамици, или пак подлога за повивање. Ниту пак сакам некој од соседната маса да се загледува во голото бебе.
    Сите мислевме на на случајот на Џули. Дискретно и затскриено. Затоа што и за тоа беше нападната и разврзана дискусијата.
     
    На bittersweet, JuLleE, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    Значи јас така разбрав од тоа мислење и реков дека тоа не е во ред. И не е, сега и ти сама велиш дека не е и дека мајките не го прават тоа. Супер тогаш, исто сме мислеле.

    Не те нареков јас никако. Кој ти е проблемот?

    Тој впечаток го добив од првиот коментар на @<3 pleza4e <3 веднаш после мојот. Кога оправдуваше менување пелена без да се разјасни ситуацијата и дискретноста.

    Ај, претеравме веќе.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Не сум од поддржувачите на доење во јавност ниту на мајки со бесни деца во ресторани. Не сум дечар, а од неодамна сум мајка, излегов 3 пати од дома во 2 месеци и сто пати се покајав. Услови за возење количка никакви, непристапни продавници, кафулиња претесно, тоалети не ми падна на крај памет да користам јас камо ли да размислувам за бебето. Не треба изричита забрана за колички или бебиња, се се сфаќа на прва.

    Во однос на кометариве за пресоблекување на бебе во тоалет... КАКО без широка подлога од која нема да падне детето???? Се обидувам да сконтам како ви функционира мозокот но не успевам.
    На крајот на денот како што рековте се се сведува на развиеност на свеста и на едната и на другата страна ( ако може така да се наречат).
     
    На joy1 и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.431
    Допаѓања:
    38.412
    Пол:
    Женски
    Лелее бе како се извртуваат зборови на сите теми чудо нешто. И јас не сфаќам како во тоалет може да се преслече дете, на шолја ли, на лабаво, на што ?? Читајќи ги темиве од сега добивам одбивност да излегувам ко ќе се роди бебето, ни со количка има услови, ни за преслекување, ни за доење..

    И доста веќе со тоа мајка- немајка, ако не е некоја сега, ќе биде некогаш и може ќе се промени мислењето драстично од сега. Друго е теорија да си кажуваме сите, друго е да сетиш на своја кожа.
     
    На galapce, Mama25, stefanija70 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    @Cka и @Captain-Omni дојдете прошетајте ги клавирот и овцата малку, ова веќе излезе од контрола.:D
    Се измешаа баби и жаби од количка стасавме до кучиња, пелени, козметика,кафиЌи, соблекувални, тоалети и што уште не. Бидејќи случајот од кој потекнува темата е од одамна нема потреба веќе да се развлекуваат мислења кои што се вртат во ист круг. Родилки и бездетни (жалам за зборот кој што несоодветно е употребен во темава).
    Фала многу и пријатно што би рекла @okcenzi
     
    На Captain-Omni, Cka, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.485
    Пол:
    Женски
  8. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    46.135
    Пол:
    Женски
    И јас сум мајка и апсолутно се сложувам со постовите на @referentka и со реченицата на @darcy "zivotot so bebe e prekrasen I poubav, ama ne e ist so slobodata na zivotot pred nego"
     
    На SuperGirl24, Daydream, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Женски форум, тоа ти е :D Хормони на сите страни! Ама барем не ни е досадно на темава, тоа мора да се признае :D
     
    На Daleron и lunicka им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.921
    Сеир и драма е за оние кои немаат мака, мајки со големи деца кои заборавиле како е а и други времиња беа тоа, мајки што имаат армија негователки дома такозвани мајка, тетка, баба, стрина и слично, и нормално млади девојки кои обожаваат да теоретизираат.
    И да, младите мајки не се баш "при себе" кога се со мали деца, можете да прочитате слободно во темата за предизвици да се биде мајка, колку е напорно на почеток, колку си изгубен и неорганизиран (а како и би биле поинакви кога се работи за бебе кои менува ритам на денови или недели), ненаспани, деконцентрирани, уморни. И тоа кафе испиено во град или прошетка низ маркет ти е понекогаш толку потребно оти мислиш дека ако не излезеш од дома и смениш мисли бар на кратко ќе полудиш. Башка што често и вистина мораш оти нема кој друг. И на сето некој да ти отежнува работа со гледање попреку, оговарање, да се чувствуваш како нечиј терет и непожелна оти количката ти зафаќала место па на некој му е тешко да рече -извини, може само малку да поминам?
    Бев дива кога бев млада, нит деца сакав нит мајки ме интересираа, ама сега откако знам како е, имам осет и за расплакани бебиња, и за мајка натоварена до гуша како се турка низ продавници, инстиктивно ми доаѓа да помогнам ако можам некако, не да критикувам.
     
    На galapce, bittersweet, menelele и 21 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.485
    Пол:
    Женски
    А тебе прстите те јадат па мора да удриш антикоментар ,па дали имало потреба или не ,не е битно.
    Знаеш како велат старите ,вие ќе дојдете на мои години а јас нема да се вратам на ваши.
    Со еден збор да го објаснам мојот збор драма е што непотребно се дига прашина за некои теми.И така секоја мајка си прави онака како што ја учи паметот и како што има потреба,.И да,има голема разлика од точката на гледање и нема потреба од удирање со куршуми дека сме сенилни и сме заборавиле.Дали нас/мене некој ми ги чувал децата јас знам како и секоја која има поголеми деца.Или нашите волшебно дојдоа до да речам тинејџерски години.Секоја мака во свое време драга моја.
    п.с.иако не именува се најдов во почетокот на постот кој фино го заблажи со крајот.Колку да не испаднеме само ние постарите како фаќаат сеир и драма.
     
    На Captain-Omni, okcenzi, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Еј полека малку, каде виде дека јас напишав дека ми сметаат деца и мајки со колички и општо кога напишав дека самата искачам со другарка ми и нејзиното бебе, тоа значи дека јас немам никаков проблем со тоа.
    Мене лично воопшто не ми сметаат мајки со бебиња, ако сакаат и 5 колички нека си буткаат, и тие имаат право да бидат на местото каде што сум јас, не вредиме повеќе едните или другите. Јавниот простор е наменет за сите без ограничувања, освен онаму каде што ги има на пример во одредени дуќани. Мене не ми смета ниту доењето на јавно место, ниту менувањето пелени на јавно место, ниту плачот или смеењето на децата во кафич, ресторан или било каде. Не се чувствувам компетентна некому да му судам каде му е местото каде не, како што јас можам трезвено да размислувам каде можам да се напикам сигурна сум дека и мајката со бебето може и таа си знае што е најдобро за нејзиното дете, кои сме ние да кажуваме каде било соодветно каде не. За мене едно нешто е соодветно, за друг друго и така натака...
    Луѓето се пицајзли се им смета, за се ќе најдат нешто што им го нарушува мирот, немојте да се замарате со тоа и глејте си што е најдобро за вас.
    Јас најмногу сум за тоа дека не треба да се затвори во 4 ѕида и да не искача од дома со детето, на луѓето што им сметаат деца и колички се им смета, самите на себе си сметаат па гледаат само да се испокараат да се испукаат. Јас сама искачам со другарка ми и со бебето, сама ја викам да искочиме и таа сама сака да искочи. Маж и на работа таа со бебето сама дома, бебето кенка, надвор е убаво и сончево, треба да се прошета и она и малото, па зашто да не седне на кафе негде и слично, ама таа претерува. Неможе бре да се расправаш со персоналот, ако нема нема, што да прават тие сега? Кога знае дека треба да цица нека не искача ако не и пријатно да дои во јавност и ако нема каде, не е должен никој да ги трпи тие испади, најмалку персоналот кој е ни крив ни должен. Земи шишенце, кашичка што и да јаде кога ќе огладне, секој си го знае терминот на цицање и гледај тогаш да си ја завршиш таа обврска дома кога веќе нема каде... Кога знаеш дека нема рампи и услови какви што бараш тогаш седи си дома најубаво е така, а живее во убава населба, поточно кај авиончето е баш супер за деца и колички и се, ама не и се одело секогаш таму и сега што да правиме...?

    Во однос на тоа сметам дека и јас како сопственик на домашно милениче треба да бидам испочитувана, но ете за жал кај нас има преглупави закони за се и свашта и морам да се прдржувам на нив, како што морате и вие да ја почитувате забраната за влегување со детски колички.
    Не ве сфаќам за споредбата со куче и бебе, извинете ама како што вие си го сакате бебето така јас кучето така ќе споредувам колку сакам. @galapce знам дека не си ти Коце само сакав да ти направам илустрација зашто не ти беше јасно зашто ги вмешавме домашните миленичиња. Незнам ете глупа била споредбата и незнам што, а се работи за душа, се работи за живо суштество. Мислите дека животот на човекот е повреден од животот на некое куче, маче или мравка? Па и тие се нашле на планетава исто како и вас, и на нив некој им подарил живот, и тие ја делат истата планета со нас и што сега? Не била на место споредбата, ма ајде... Повеќе грижа им се обрнувало на кучињата одколку на децата... навистина @JuLleE ? Па да не беше таков гад човекот немаше да има деца по улиците но ајде... ние барем како најсвесни жители на планетава требаше да бидеме попаметни и посвесни од животните но за жал неможеме... Повеќе права имале они од мравките, браво, да вредевме колку мравките добро ќе беше... :rofl:
     
    На Miss666, 1209, Edie.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.027
    Допаѓања:
    134.292
    Eве ме @Daleron цел ден на работа, па сега да го прошетам клавирот малце, и он има душа, досадно е цел ден дома.

    Ама јас клавирот не го носам во кинески продавници, Певекси, Стокомак, маркети полни со прашина, луѓе куп во затворен простор, кашлачи и прдачи. Јас си го сакам клавирот, и го носам во паркови, зеленило, го дружам со други клавири, учи нови симфонии... Со стари пијана не го дружам, не му е местото таму. Не сакам после да ми настине, жиците да му чкрипат или да фати некоја болест од кинески прашини оти јас сум сакала да си го правам ќеифот. Кога веќе сум го купила, и тврдам дека го сакам, не правам со сила да се бутка во прашини. Згора на тоа, толку е голем, баш делот со жиците поминува во иста висина со задниците на многу луѓе, па не би сакала некоја да му прдне на клавишите.

    Затоа, си правам список со работи што ми требаат од маркет, па одам еднаш неделно додека маж ми свири на клавирот. Кога е на пат, има некој близок кој учел да свири, па еден саат неделно вежба на него, да не е осамен. Е сега, со мојот мозок на плавуша, заборавам по нешто, па ако има ситница која сум ја заборавила, одам до блиското продавниче, заедно со клавирот и од врата ме услужуваат. Знаат луѓето, тешко е со клавир да влегуваш.

    За гардероба никогаш не сум го носела со мене, никогаш не било толку итно да купам алишта, па да мора да го пикам цел клавир по продавници. Од итно купување облека, еднаш купив танга итно, ама тогаш немав клавир. Знаеш, заедно си упатството за употреба на клавирот пишува дека освен права имаш и обврски, па едно од нив е дека веќе ти не си итен и битен, клавирот е.

    Исто во упатството пишува и дека не можеш клавирот на сите од глава да им го маваш, оти ете си го купил, а другите не, туку дека човек кој знае да свири клавир како што треба, сам се истакнува и себе си и клавирот, не вика, видете, иам клавир, вие немате и затоа има да ви сметам. Тоа со ситни букви е, оти се подразбира, ама некои пијанистки почнале од глава да м ги маваат на сите кои немале, па решиле и тоа да го пишат.

    Ај, ми заспа клавирот, одам на поинтересна тема.
     
    На Oxymoron, SuperGirl24, merida и 19 други им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @mims-89 jades meso?
    Cisto onaka,deka site zivi sustestva imaat dusa.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.127
    Се е така што имаш пишано...
    Ама клавирот додека стаса до симфонии и двајцата ќе голтате ноти и ќе учите како се читаат истите.
     
    На bittersweet, stefanija70, victoria и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јадам да, ланец на исхрана де. И кучето јаде месо, и лавот лови антилопи... Што има тоа врска тука? Не велам јас дека повеќе права имам од лавот на оваа планета. Велам дека сите сме исти, и јас и ти и мравката и слонот сите го дишиме истиот воздух и сме се нашле на планетава, не го потценувам животот на мравката во однос на мојот, ни на свињата ама ако сакам ќе ја изедам, ако таа сака ќе ме нападне...
     
    На MiloMalo и Nausicaa им се допаѓа ова.
  17. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Темава стана ко ѕидот на Анима Мунди на фб, толку популарна.
    :rofl::rofl::rofl:
    И јас имам куче, а ќе имам и бебе. Не ми текнало да ги ставам на исто рамниште.
     
    На Mama25, awl, stefanija70 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Epa sporedbata
    bebe - kuce
    bebe - prase
    bebe s magare
    za mene ne e na mesto.Pogotovo ne na ovaa tema.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Како да ти кажам... Освен по љубовта која му ја пружаш на твоето бебе и колку тоа ти значи на тебе по никој друг основ нема повеќе права да живее на планетава од прасето на свињата, пилето на кокошката и лавчето на лавицата... И тоа не го кажувам јас туку тоа е закон на природата.
    А која споредба е на место? Никаква споредба не ви одговара. Ти пишува убаво пред продавница „забранет влез со бебе со количка„ исто како што пишува „забранет влез со домашно милениче„ и сега зашто ти да се чувствуваш дискриминарана, а јас не? Зашто ти да имаш повеќе права од мене, односно зашто твоето бебе да има повеќе права од моето куче? И ја може немам на кого кучето да го оставам, може нејќам да го врзам пред продавница зашто може да ми го украде некој исто како што ни ти не би го оставила бебето пред продавница оти може да ти го киднапира некој. Зашто си ти повредна од мене? Повеќе пари ќе потрошиш во продавницата? Зашто ти си дискриминарана, а јас не?
    И на крај, зошто јас можам да ја почитувам забраната и да не влегувам со куче, а ти неможеш да ја почитуваш и се расправаш и на крај ќе се напикаш во продавницата и ќе вриштиш, ќе тужиш, ќе потпишуваш петиции и слично...
    Ова е хипотетички, не мислам строго на тебе лично, само го надоврзав мубатов...
    Ако можеш објасни ми зошто? Или некој друг нека ми објасни.
     
    На anuskaNESTLE, okcenzi, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Ти ова сериозно??? :?:
     
    На ivi1987, MilaP и stefanija70 им се допаѓа ова.