Не можам веќе, млекото ми се врати од смеење. Ова беше законско. Од прашање дали да се влегува во маркет, на крај, ние мајките испаднавме толку лоши што ќе не пријават во социјално. Едни бидејќи децата ни голтале бактерии, други бидејќи сме ги туркале... На крај и ќе земеле нешто од рафтовите и ќе голтнеле. Трети се бунат дека ќе сме скршеле нешто или немало место.... А бе на кој не му чини не му чини. Туку дај да не набројувам што се не сум видела во маркетот во 3-4 години работа. Ако почнам да набројувам 10 страни ќе зафатам а што е најбитно сите биле без бебиња и деца
Кроце... мајки, немајки, полумајки, полунемајки, за сите важи... Немам ништо против мајките и нивните колички, некад у поголема гужва сме си биле пред нозе, не ми пречеле никогаш драстично, eте ме, уште сум жива. Не ми се толку страшен проблем во маркети. Но, ете, тоа се коси со нечија политика на работење и тоа е тоа. Си знаат они зашто. Некому пак му пречат во движење низ продавници. И тој си знае зошто. Што е право, право е, си имало знак. Koга веќе решаваме да влеземе некаде, сметам дека треба да се почитува политиката на функционирање на самото место. Можеби требало на повидно место да го стават. И ја се осеќам дискриминирано што не можам да си влезам со ѓеврекот, ама шо да праам. На вас ви кажуваат кога да шетате со децата, на мене кога да јадам... eeeиии, они на нас, замисли. А и Базаро е, не дека толку често ќе се случува таму да одиш од зорт. Не е маркет. Другите поединости нема да ги коментирам.
Апсолутно се согласувам со горенапишаното од Cka. Не е во ред да се биде себичен и да се користи бебето како средство за лични придобивки од типот давање ред во маркети или "сега ќе ја ставам количката тука и никој освен мене ќе нема пристап до штандот со производи, да можам да си одбирам на раат". Тоа е само малтретирање на децата, кои ни криви ни должни може да настрадаат, некој не сакајќи ќе ги повреди и после кој ќе биде крив? Ако веќе немаш осет за луѓето наоколу, тогаш барем внимавај на сопственото дете и размислувај за последиците. Секоја чест на мајките кои размислуваат трезвено и навистина се грижат за своите деца.
Искрено не гледам зошто се крена толку голема узбуна. Било која продавница, ако сака да стави свои правила, си има право - а право на потрошувачот е дали ќе се повинува на тоа правило кога ќе оди таму, или нема воопшто да оди. Супермаркетите дозволуваат колички, не гледам што е проблемот. А Базаро нити е итно, ниту е неопходно да се посети, туку моментална желба (јас и без количка немам желба да влегувам). Односот на вработените иритира, треба да се културни кога го спроведуваат правилото, но ништо повеќе. На крај на краиштата, пред две години бев во хотел во кој во еден од рестораните беше забрането влеување со деца, и никој не направи проблем - сите со дечиња одеа во другиот. Има авиокомпании кои забрануваат превоз на деца, хотели кои забрануваат деца (и на Крф ги има, во околинава) - и тоа е тоа. Коа одам со дете, ќе бирам нешто друго. Можеби е дискриминација, но и тоа е право на газдата - одлуката влијае директно на неговиот џеб, било да е негативно (ако бројот на тие што ќе се откажат од услугата е поголем од оние кои ќе му бидат благодарни), или позитивно (ако ситуацијата е обратна).
E aman ma zeno, od edna lepenka so e zalepena na stakloto na nekoja prodavnica napraivte epten golema rabota. U jajceto vlakno barate. Ne bilo vo red bebeto da se koristi kako sredstvo za licni pridobivki. Cccc koja trezvena majka.ke.go pravi toa??? Isklucoci ima na sekoe pole, ama pa do tolku da si fantazirate za nekoi raboti???
Никаде не видов забрана да дадам свое мислење. Ако Вие сметате дека е во ред да ги изложувате сопствените деца на опасност - слободно! Во тоа никој нема да може да Ве разубеди. И не сум жена, девојка сум. Но, очигледно годините не се одраз на зрелоста.
Повторно лепење етикети и ставање на сите мајки во исти ќош иако се кажа повеќе пати дека има секакви.
^ Не е точно. Еве ти цитат од погоре каде јасно е разграничено: "Секоја чест на мајките кои размислуваат трезвено и навистина се грижат за своите деца." Друг пат читај како што е напишано, а не како што сакаш да е пишано.
Во Тинекс можеш да си земеш количка на буткање и таму да го прикачиш релаксаторот - потврдено и испробано со внука ми. Или ќе си ја паркираш количката за бебето кај касите, па види дали некој ќе се осмели да ја изнесе надвор. Барем Тинексот во Струмица не е толку голем и касиерките се веднаш таму кај слободниот простор. Јас немам ништо против со мајките што влегуваат со колички, но барем нека бидат совесни за природата на просторот - сигурно дека во маркети и продавници каде просторот помеѓу рафтовите е буквално една стиска, ќе има проблеми и со туркање и со стварање гужва. Не ми сметат ниту низ трговските центри, тие бар се така димензионирани за да може да се смести и количка. Но кажете ми, која свесност е, да се пикнеш во ДМ во Веро Џамбо или во Џамбо и да го окупираш целиот простор без притоа око да не ти трепне. Еднаш ми се случи така во Штедлер накај ГТЦ, која патем навистина е тесна и не знам како се собра мајката со количка и дете, немам поим што правеа и не ме интересираше, сакав само да си земам хамер и да си отидам после факултет. Кај што бев целата натоварена со табли и туби хамери, госпожата ми се направи паметна и ми рече нешто во стилот „зошто си влегла со толку работи, не ли гледаш дека е тесно?“. Па тесно е, кога од метар ипол простор ти си зафатила метар и кусур. Тоа веќе не е до детето или до правилата, туку од културата и свесноста на мајката и тоа е она кое ме вади од такт.
Auuu so toa so odime u prodavnica li gi izlozuvame decata na opasnost??? Emi aj da ne mrdneme od doma. Ccc epten ograniceni razmisluvanja, ama aj sto e tuka e. Abe tocno, nikade ne pise zabrana za komentiranje, ama pa stom komentiras treba i da ocekuvas deka mozebi nekoj ke te citira, iskritikuva ili pofali. So pravo mora da ripate, bozem za gusa ve fajkame. Sekoj si go brani stavot, ama nema potreba od tolku frustracii. I mozebi si devojka od kaj da znam,ne sum baba Vanga, toa mi bese najsoodveten zbor da ti se obratam. Abe ti za nekoja godina ke go odis toj pat so butkanje kolicki, ama togas drugacije ke razmisluvas, zatoa i ne ti zameruvam. Nepoznati ti se tebe i na drugite tie poimi. Ama se vo svoe vremee.
Извини вака, не го ни дочитав твојов пост заради тоа што избива фрустрација и негативна енергија од него. Јас никого не нападнав, а ако е толку неопходно да се пазарува, може сопругот да го причува детето, баба, дедо, итн. За се' постои решение кога се сака. Толку од мене, очигледно тука нема разирање и помош.
Колку што знам Вие е и множинска форма. Не гледам ништо лошо во мојот пост и секако не содржи навреди и лепење етикети. Луѓе, Ваше е што ќе правите. Секој носи одлука за себе. Исто како што таа компанија донела одлука за забрана на влегување со колички. Може да е да се спречи неред, да се спречат кражби, оштетување на инвентар и роба. Нема потреба од напаѓања, овде само дискутираме.
И мене не ми е јасен тој момент со изложување на опасност, опасност од што? Какви повреди? И дома може плафон да му падне на глава, од кај да знаеш, чувајте ги бебиња само дома, под стаклено звоно. Абе, се е станало дозволено, секакви девијантни појави, само фрка се дига околу бебиња во колички и доење во јавност... за жал... И друго, мене ми се тие колички во продавници далеку погломазни и повеќе простор зафаќаат од колички за бебе. Во продавниците како Џамбо ти смета и друг човек да пројде, а сите возат тие големи колички за пазарување, е зошто би сметале колички со бебиња? Кога ми застане некоја тетка со таа количка огромна и тотално игнорира сите околу неа и си ја брка работата, тоа не е некултурно? Затоа не треба да се генерализира, се е до човекот и неговиот осет за другите. И плус тие идилични постови, па може некој да ти го причува бебето? Е па постојат случаеви кога ете не може, и треба некој да ме нарече несовесна мајка? Ха, ама мене па баш ме многу гајле
Затоа што мојот прибор чини 10.000 денари. Сигурно нема да го оставам надвор и да ми ги здипли некој случаен минувач или цигани кои постојано се таму околу контејнерите, па после заради нечија несовесност да си ја трескам главата од ѕид. Зошто мајката не ги оставила децата надвот кај пролазот, едното беше многу поголемо, сигурно немаше да се случи ништо. Мај беше, не беше воопшто ладно и нема некоја причина со која можеш да ја оправдаш оваа постапка. Едноставно, аздис е во прашање. Не кај сите, ете кај дотичната госпоѓа.
E aj sea so mi se zalepi ko muva na g*mno?! Toa so sum direktna i so ne go krijam mojot karakter zad DDEVOJCE , ne znaci deka sum zbesnala da se karam samo zatoa sto ti ili dr imate razlicno mislenje od moeto. Kaj ja vide negativnata energija osven drzenje.i branenje na stavot??? Boldiraj mi. Epa drugat pat citaj do kraj iako od moite postovi izleguvaat streli. Pa neretko se slicuva nekoj da ima povredi ili dupka u ozono.