1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    На многу малку места сум сретнала дека има забрана за колички.Знам за Базаро и Певекс.Ајде за Певекс е логично зошто искрено таму човек неможе да помине од што нема место не па да бутнеш дете во количка,нема да може да се вози.А ми нема логика оној муабет дека мајки шо буткаат колички краделе па затоа имало забрана.Знаете ли колку бабички со торби обични влегле па краделе локум и ред други работи затоа срамота е да се набедува дека затоа е ставена забраната.Јас кога ми беше мала ќерка ми слободно шетав сегде со количка и влагав во бутици,маркети,аптеки,трговски центри и секаде каде што имав потреба за тоа а никогаш не влегував таму каде што и да немало забрана просторот е премал,како прво тоа е мачење за мене,да се мачам во тој мал простор па да пазам нешто да не бутнам и ред други работи.Сум седела и по кафичи и кафани и никаде не ме избркале ама сум седела еден саат и сум си одела зашто реално со бебе и неможе многу да се седи.Затоа ќе кажам дека ние луѓето сами си ја правиме фрката и правиме драма од ништо.
     
    На cresa-jagoda, MacenceEna, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Ако постои на влезот забрана за влегување на детски колички во некоја продавница,не гледам причина зошто моето бебе и јас би биле дискриминирани.Таа забрана не се однесува само на мене,туку на сите мајки со колички.Крај краева, нема таква забрана во сите продавници или маркети.Ќе го одминеш фино-лепо тој маркет/продавница и ќе влезеш во следниот.
    Споредбите од типот дека како може да се користат колички за пазарување во тој маркет,а да не се внесуваат колички за деца,ми се бесмислени.Секоја куќа си има свои правила и ако не ми одговараат,не ни влегувам таму.Кога некој што е одговорен веќе измислил дека е подобро да не влегуваат колички во маркетот,нема што понатаму да размислувам.Плус тоа кога ставаат вакви забрани самите се свесни за позитивните и негативните страни(губење на муштерии) кои произлегуваат од ова.
     
    На Captain-Omni, mariz, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Јас до сеа никаде не сум видела забрана и искрено си се изнашетав летово и City mall и Капитол, со мм си одам на пазарење во маркети и секогаш сум скоро со бебуш, во кафичи си седнуваме со него (гледам прво дали има убаво место за да ја ставам количката, да не му ја стаам на пат на некој) и никогаш не ме погледал никој чудно, па секаде каде што сум шетала врие мајки со бебиња во колички, барем во денешно време и секоја мајка може да си дозволи количка, бидејки има голем избор... порано немало ни толкави маркети, а богами ни колички... не ја купив количкава за дома :)
     
    На Mandarinka, irena.1, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваме за закони и поставување на истите пред влез треба да стават и дека е забрането во ресторан да си го секнете носот додека другите вечераат.... забрането е бакнување, лапање и налегнување на сите јавни места... здригање и подждригнување и сл....
    Ама не е бе до законите... до свеста на луѓето е... ама очигледно ние во македонија немаме такво нешто - свест.
    Ми се има случено во бутик една фуфуца со количка влезена и упорно ме турка и гази за да помини... разгледува по закачали а малово пишти.... мислам немам зборови...
    А и во трговските ценнтри и поголемите маркети треба да има паркинг за детски колички и соблекувални. Знам Скопје дека има во веро мислам беше соблекувална...
    И јас имам влезено во маркет со количка ама не сум правела гужва и неред а најчесто ја користам количката за пазарење... ја седнувам малата во обележаното место за седење и така пазарам.
    Во кафичи немам видено забрана... нормално се паркирам каде има место за да не пречам никому а и често ми прават место за количката келнерите или луѓето.
     
    На cresa-jagoda, Kitten, converse.brown и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mandarinka

    Mandarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Само ви се чудам кај одите со колички во Базаро??Па уште и навредени сте заради забраната.Многу јасно дека ќе ја има кога нема култура. Мене страв ми е сама кога сум да не испокршам нешто а па не со количка.
    Нормално дека ако сме мајки незначи дека 24/7 треба да сме дома затворени.И јас сум многу против тоа. Земи си го бебчо,шетај со количката,ама не влегувај таму каде што не те собира.
    Ама па да знам дека ставиле забрана зошто мислат дека со колички се краде,епа би била многу навредена и изреволтирана и никогаш повеќе не би влегла таму!
    Инаку живеам надвор од Македонија и искрено е многу полесно т.е. има подобри услови за да шеташ со бебе и количка него ли кај нас во Македонија. Каде и да се свртиш насекаде има мајки,татковци со колички.
    Имам комшивка пред 1 месец се породи.Кога бебето и беше 1 недела старо ќе си го ставеше во количка и пешки ќе си отиде до маркет.Едноставно тоа е,мора да испазари.
    И не само она, има многу случаи каде бебиња тогаш родени што се вика, па родителите си ги шетаат или во кенгур или во количка.
    И јас преку ден додека е мм на работа го шетам син ми низ населба или до маркет. За викенд обавезно сме излезени или до некој трговски центар или на прошетка на отворено,на кафе...
     
    Последна измена: 19 октомври 2015
    На cresa-jagoda и mariz им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Кога читам на оваа тема, темата за доење во јавност и скоро сите теми поврзани со мајчинство сум ептен среќна дека штркот ме оставил во оваа прекрасна земја каде се третираат мајките како кралици а не како ѓубриња.

    Секаде има до влез од една страна паркинзи за инвалиди од другата страна паркинзи за родители со колички, пристап секаде има за со колички и тоа дупли како мојата, да се возиш на ескалатор итн.
    Во секој шопинг центар на секој спрат има барем по три, четири соби за пресоблекување, доење, микро внатре ако е на ад млеко, истото важи и за секој поголем објект, зоолошка, аквариум, паркови, кина, ресторани итн.

    До сега не сум имала непријатност за коликата, ако седнам некаде на кафе, ручек нагласувам дека сум со количка и оставам на персоналот да ме смести онаму каде што нема да им пречам на другите со количката, продавниците тука скоро сите се огромни така да и таму не сум имала непријатност некој да ме гледа попреку дека зафаќам место со количката, во помали продавници влегувам само ако нема гужва.

    Влегувам да купувам и танги затоа што ако сум мајка не сум престанала да бидам жена ама најчесто купувам облека за децата затоа што ја надраснуваат со брзина на светлината, не можам да купам едно нешто и готово ги средив и ај сега догодина пак ќе им ја обновам гардеробата, деца растат, кинат, прљаат, потреба е тоа а не бес.

    Еве јас со три деца сум скоро секој ден излезена ако врне или е ладно ќе ги прошетам низ шопинг центар и узпат ќе завршам некоја работа ако е убаво времето ќе прошетаме низ парк, плажа итн, децата сакаат од дома да излезат не сакаат дома да бидат затворени, значи пак се шета од потреба а не од бес, аздис како сакате наречето го.
     
    На PoisonGirl, firequeenn, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @bittersweet Претпоставувам дека живееш во европска земја и сето тоа што го наведе е во ред, но еве темата е отворена за состојбата конкретно за во Македонија каде првично општо за луѓето се нема добри услуги, а камоли пак за мајките како посебна група.
    И пред се темата беше отворена од револтирана мајка, која што влегла со се количка во продавница каде напред си имало истакнато забрана. Тогаш чија е вината што знакот не бил забележан? И како второ, никој никаде не рече мајките да не излегуваат додека децата не тргнат на факултет или дека излегувањето е од бес, а не од потреба.
    Но еве на пр. не гледам итна потреба или да мора пар заедно со количка и мало бебе да разгледува украси во Џамбо при најтесните рафтови. Ако некој случајно од купувачите помрдне нешто, истото може да падне во количката, и после кој е крив? И не е ок да се води детето при прашина, светки и натрупани глупости.
    Се согласувам со @Mandarinka. Кога гледаш општо какви се условите во државата, барем таму каде има забрани и таму каде не ве собира со количката, едноставно не влегувајте.
     
    На cresa-jagoda, Mishela и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.524
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право и мене ми е мило што не си тука, што си таму и што ти е убаво.
    Тука веќе изгледа не не' собира, нема место за мајките со колички, нема место во автобусите од пензионери, сообраќај врие, па народот е постојано нервозен и изреволтиран.
    Оди студент се гужва во автобус, кине нерви, влегува во потесен маркет не може да се размине, мајката нервозна не може да помине со количка, ете, може морала да излезе од каква и да е причина, на крај се добива тоа што го имаме, народ спремен да се испораздере и испокара и за најмали ситници.
    Ова и кај нас да го има веројатно нема да има вакви теми.
    Може и онака ни фали малку култура како народ, ама кога ќе се соберат и сите горе наведени фактори културата е непостоечка.
     
    На cresa-jagoda, Lady Phoenix, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mandarinka

    Mandarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    @bittersweet јас и ти во иста земја да не живееме?Зошто сето ова што го напомена ми е видено и мн. добро познато :)
    А имам патувано и со автобус со количката.Шоферот прво ќе го спушти автобусот и ќе пушти рампа за количката, за да немора јас да ја поткревам.За излегување исто така
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Игнорантноста кон фактите и субјективното гледање на нештата го владеете беспрекорно драги мои...

    Какви се тие споредби на предградијата на Сиднеј, селата во Масачусетс и ливадските гратчиња во рурална Германија со напумпаниот и спремен да експлодира од луѓе Скопје? Споредбите се едноставно смешни, зашто не ги земате предвид сите детали кога ги правите споредбите.

    Скопје е прегусто и премало за да собере речиси милион луѓе во него. Населби како Аеродром, Карпош, па да не зборувам за Центар, едноставно немаат капацитет да ги опслужат во целост потребите на модерните и богати Скопјани. За разлика од Скопје, модерните маркети во модерните градови во светот се дизајнирани за сите луѓе, од обичен тинејџер до мајки со деца. Но до нив, по правило се стигнува со автомобил, нешто кое во Скопје исто така е возможно, големите маркети се доволно широки за вашите колички. Ама да излезе од дома на прошетка низ маало и со количката да влезете во Стокомак, маркет 2 на 3, епа да не претеруваме.

    И ако мислите дека е тоа некоја фалинка која само Скопје ја има бидејќи ние нели сме затуцаните, (пу да ти ебам влада и вмро и кај се родив тука) обидете се да влезете со количката на посебниот паркинг резервиран за мајки со деца и инвалиди во Бруклин некаде на пример, во оние дуќанчиња кои постојат 150 години, каде атмосферата е многу слична на Скопје. Или обидете се да најдете специјален паркинг во стариот дел од градот на КОЈ САКАТЕ град во централна Европа, каде пак по правило се најскапите продавници. Не можете ниту да стигнете со автомобил до таму, камо ли да имате паркинг обезбеден.

    Знакот за забрането за мајки со колички не го измислил Певекс или не знам кој скопски локал. Појава секаде низ светот е. Бунете се вие колку сакате.

    [​IMG]
     
    На MacenceEna, cresa-jagoda, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.477
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Гледам не е активна темава со години.
    Сега има ли некаде забрана за шетање со количка?
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Секако дека не.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.