Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    А мојата количка од 15000? Или уште потрагично детето?
     
    На <3 pleza4e <3, bambusce, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    А големото дете што ја чува надвор ?
    Не е оправдание, ова што го пишуваш, воопшто! Само го потврдува аздисувањето кое сите тврдиме дека не` нервира.
     
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Што ти тврдиш бре девојко? Ти не си го оставила хамерот надвор бидејќи чинел 10000 денари а јас треба количката од 15000 да ја оставам надвор? И уште викаш дека детето требало да стои надвор бидејќи било мај??????
    А бе ова се будалштини било. Ти кога ќе родиш, оставј си го надвор.
     
    На <3 pleza4e <3, bambusce, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Значи Анина, беше мај, надвор сончево, ведро. Зошто мајката фино лепо не го остави малечкото во количката заедно со поголемото братче кое сигурно имаше 8-9 годинки? Ќе влезе, ќе си заврши работа и толку. И волкот сит и овците на број. :)

    Продавницата е премногу, значи премногу малечка (оние од Скопје сигурно знаат) за да влезеш со толку луѓе и притоа да командаш сите да внимаваме. Зошто ти да не бидеш тој кој ќе внимава. Во никој случај тука мајката не е во право. Е, јас за таквите зборувам, оние кои се арогантни и несовени.
    Останатите кои се однесуваат нормално и пријатно не ми се воопшто проблем, дури и причекувам во маркет кога се разминуваме и кога гледам дека не е „рели возач на повидок“, како што многу од девојките ги нарекоа.

    Значи прочитај ме убаво, никаде не навредив никого за да заслужам вакви извични реченици!
     
    На LaraSolare, senza.parole, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.297
    Добро е што се сложуваме за значењето на вие, се надевам дека делиме исто мислење и за ситуација кога се цитира и обраќа кон конкретна личност а се употребата на вие се мисли на таа личност како дел множинската форма вие. Проценување или констатирање дека си го донесува своето дете во опасност од предходно кажаното (или отсуство на нешто суштинско кажано)е за мене барем тежок збор.

    Јас на пример не знам никој во овој град, немам родители, фамилија, пријатели..не живеам со свекрва и партнерот често 12 часа на ден на работа.
    Кога ќе имам дете ќе бидам оставена сама на себе. Толку ли е тешко тоа да се верува?
    Дека не за секој продукт ќе можам да дочекам да си дојде мојот од работа. Прво бидејќи можеби ќе ми биде итно потребно, второ бидејќи он додека стаса можеби се ќе биде затворено.
    Не е каприц.
    Реалност е.

    Нагласив дека треба да се има осет и разбирање да се одбегнат непотребни ситуации или проблематични локации. Али 100% не ни дозволуваат околностите да се следи слепо правило без количка во било кој супермаркет или објект од тој тип.
     
    На kjukli, Victorian, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Јас искрено ги разбирам до некаде и двете страни.Нормално е и мајките да бидат поголем дел од денот со бебето, а тоа да вклучува и пазарење низ големи маркети и движење низ трговски центри или пак некои институции по потреба, но ги разбирам и сите оние останати купувачи кои исто така имаат потреба да ги извршат истите обврски, а при тоа наидуваат на несовесни родители кои мислат дека го поседуваат просторот.
    Не ретко се случува да има застој во некоја продавница поради тоа што количката е несоодветно поставена во просторот без да се размислува на тоа дека треба да поминат и други луѓе. Многу често во некоја продавница е толку тесно што навистина тешко се разминуваат две особи, а камоли па да се влезе и пазари со количка.
    Верувам дека многу од ваквите ситуации би се намалиле ако и двете страни станат потолерантни едни кон други и ако се потрудат да ги разберат и потебите на луѓето околу нив, затоа што сепак има некои општествени норми и непишани правила кои сите треба да ги почитуваме за да тече полесно секојдневието.
    Секој може да се потргне да помине мајката со детето или да причека некоја секунда плус, но и мајките треба да се свесни дека не мора баш во најголемата гужва во 8 часот навечер да одат на шопинг во сити мол кога и ќоро и сакато е излезено па и онака е гужва, кога ќе видите дека е тесна гондолата потрудете се да одберете побрзо или барем одвреме на време погледнете дали и некој друг е заинтересиран за некој продукт што се наоѓа на истиот рафт каде вие разгледувате, а не може да стигне до таму поради вашата количка. Ако некој ве замоли малку да се потргнете, не се муртете одма.
    Мали ситници се со прашање за да се избегнат конфликтни ситуации.
     
    На calliope, bambusce, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    А што знаеш можеби е тоа детето неодговорно, можеби е љубоморно на малото братче/сестричка, можеби мајката нема доверба во него да го остава така?

    Постојат многу можеби, не треба веднаш да се фатиме и да осудуваме зошто некој направил овака или онака. Не се работи во животот само црни и бели.
     
    На Dust и anina им се допаѓа ова.
  8. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    danichap, говорев за оние мајки кои не внимаваат, кои ги изложуваат своите бебиња на опасност, каде некој може да ги чукне, или да падне врз нив, како што беше случајот во еден од постовите погоре. Исто така, за мајките кои воопшто не внимаваат на луѓето што исто така испаднале да пазаруваат. Можеби и тие оставиле дете дома, им се брза. Не мора секогаш да се гледа само едната страна од приказната. Верувајте дека немав лоша намера со пораките. Здраво е да се води дискусија, не е во ред кога се оди веднаш со напад на оној кој не размислува како нас. Не можам да гарантирам дека утре кога и јас ќе бидам мајка нема да го носам детето со мене, но би внимавала да не пречам на останатите и да не создавам дополнителни фрустрации и нервози во денешницава што ја живееме.
     
    На Giovanna и danichap им се допаѓа ова.
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Pa nikoja trezvena majka
    Abe kako mozete da pomislete majkata da si gi ostavi decata nadvor a taa da pazari?! I za eden leb da vleze mozebi ke ima guzva na kasa (tesko deka nekoj ke ja pusti preku red oti e samo so eden proizvod) i decata vonka ke si dremat. Cccc aloo deca. Znaete li sto znaci toa??? Nevini sustestva koi nedaj Boze moze.da bidat meta na nadvoreani zverovi. Pretrcuvaat ulici, nemirni itn. Aj malku razmislete pred da tropnete nekoja teska glupost, kolku da se rece nesto.
     
    На kjukli, Annath и Dust им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    И од моја страна постојат многу причини за „можеби“. А од осудување, тука јас НАЈМАЛКУ треба да бидам осудена зошто не сум го оставила приборот за цртање надвор! Пак ќе кажам, до совесноста која секој си ја носи во себе е.

    Во очите на мајката можеби јас сум била несовесната, но реалноста беше нешто друго и ете нека и личи нејзе. Јас ниту се буткав во неа, ниту прекршував некои правила. И другата страна треба малку да се запраша што е и како е.
     
    На CameliaMiller, Summerlover, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Јас се согласувам и прееска кажав во претходниот пост, не сакам генерализации, а ова е токму тоа.
    Битен е осет и од двете страни, во тоа сигурно сите ќе се сложиме.

    Тебе те цитирав дека ти ја потенцираше случката што ти се случила и што не ти се допаднала.
    Анина само се надоврза на тебе.
     
    На Mishela и tessie им се допаѓа ова.
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Sea pred malku procitav post na fb, kade majkata dodeka pazaruvala vo Ramstore i.go ukrale deteto maz i zena od Kosovo. Majkata reagirala na vreme primetila vednas dwka.go nema detwto pa gi zatvorile site vrati i garazite. Go nasle deteto vo kola celoto istrizeno keljavo i uspieno za da ne place. Povikale policija i go privele. Isti slucaj pred nekoj den.i vo city mol. Pak ljuge od kosovo i niv gi fatilie. I vie ke solite pamet decata nadvor da gi ostavat majkite.
     
    На kjukli, Glasna, BurstBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    A да се заврти приказната од друг агол, ем со детето ем пазарувала и поради нејзино невнимание замалку засекогаш ќе го изгубела. Кој е овде виновен?
     
    На calliope, mims-89, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Да го кажам јас мојот завршен збор на темава. Ние мајките никогаш нема да ви одговараме на вас девојките. Веќе е јасно дека на форумов има најмногу осудување на мајките. Да не напоменувам но оваа тема е иста како таа „доење во јавност„. Се додека не го почувствувате мајчинството на своја кожа, нема да ги доите децата во јавност и нема да ги носите по маркети. Ама реалноста е поинаква и потешка за мајката. Јас не се тркам со другата мајка на сред маркет, не барам да ми го придржиш детето додека пазарувам, не барам попуст за тазе родилки.... Јас само одам да си купам леб, да платам сметка, да уплатам пари на картичка... Не чепка моето дете порафтовите, не паѓаат луѓе над него... Појма немам од кај ги извадивте овие ситуации. Не знам зошто тоа толку ви боде очи.
    @Mishela многу ми се допаѓа никот. Ќерка ми се вика така. Ама не си во право душо. Ако жената морала да купи нешто, тогаш ќе си ги земе децата со себе. Не вреди хамерот твој повеќе од едно дете, верувај ми. Јас лично надвор не би ги оставила ни под разно.
    Сите имате некоие решение вака со слободни раце, ама кога ќе имате свое бебе решението е можеби едно.
    Имајте пријатна ноќ!
     
    На kjukli, Nova, bambusce и 10 други им се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    дај пастирај го постот и линкот каде е ова вест, дека никаде на вестиве нема. Се си мислам дека е измислена работа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.297
    Што би рекле пример за непример.
    Како не треба, т.с очите отворени и детето секогаш до тебе.

    Мала наивност и невнимание може да има трагични последици, затоа дискутираме.
    Не дека сите мајки се светици а оние кои немаме сеуште деца немаме право на коментар. Се е во осетот.
     
    На Glasna и SwanMay им се допаѓа ова.
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Vinoven e toj so go ukral deteto, bidejki e bolen u mozok, nikoj zdrav ne pravi vakvi raboti. Normalno sekogas postoi mala doza na nevnimanie, no deca se i trcat na sekade. Pa nekoja psiha ke go iskoristi toa. Tuku Bog da gi cuva decata. I aj kako so rece Anina nema da vi odgivarame. Vie doprva ke go odite patot na majcinstvoto pa togas ke zboruvame.
     
    На TIGARCE86 и anina им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    @anina , да беше хамер, алал ќе го дадев некому и не би ми било гајле ако ми го украдат - за 30 денари, светот нема да пропадне. Но, еве конкретно, кога веќе почнавме со сумите - тубата за хамер ми чини 400 денари, таблата со материјалите за цртање 10.000 денари рамно. Ако ја оставам надвор, сигурно немаше да ја најдам таму кога ќе завршев, а повеќе од јасно е дека ако се случи тоа, јас не би можела да си приуштам нов прибор. Па ми украле обично пластично ќесе со лењири и моливи во локален маркет, а ова нешто би било премија за некого.

    Јас секогаш сум била онаа која има разбирање за сите, која стои и чека да помине мајката со количка и дете и ред други ситуации, а кога мене ќе ми се јави потреба за нешто, зошто пак јас да бидам крива во тој случај?
    Океј, не сакала да го остави детето надвор, нека не го остава јас сепак не се буткав во неа, ниту и` солев памет како да направи, но зошто така ми се испонаша кога гледа дека не сум јас крива? Не ли ти кажува тоа малку за нејзината култура?
    Или не, додека е она во книжарницата јас треба да чекам додека не заврши. Не си во право во оваа ситуација, извини, те разбирам и тоа како, но јас не заслужив такво однесување од неа, кога и таа сама е свесна за колкав простор стануваше збор.
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На CameliaMiller, Victorian, anuskaNESTLE и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Postot e prezemen i site go spodeluvaat. Cc kako mozes da pomislis deka e izmislica.???! Eve ti citaj.
     

    Прикачени фајлови:

    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Значи остајте се од тој вечен аргумент дека ние не сме мајки, бидејќи секогаш тоа ви е одговорот. И впрочем зошто да не ни одговарате, форум е, тема е, различни мислења се. Ако сакате направете си тема и поддржувајте си се to the Moon & back.
    A што се однесува до кој е виновен, најнормално е дека се деца и дека трчаат сегде, што доведува до заклучок дека таа не можела истовремено да пазарува низ маркетот и да внимава на детето.
     
    На Captain-Omni и SwanMay им се допаѓа ова.