Тешко на децата понекогаш. Колку е само детски и плитко да се размислува дека секогаш е виновен другиот ако нешто му се случи на детето, а никогаш не е виновен оној кој треба да внимава на истото.
http://www.puls24.mk/makedonija/ves...d-kosovo-ukrale-dete-pronajdeno-e-vo-garazata во право си. http://www.time.mk/c/3db762a32a/dra...ovo-ukrale-dete-pronajdeno-e-vo-garazata.html страшно
Citaj: Sekogas postoi mala doza na nevnimanie, znaci vo bilo koja sredina, vo bilo kakvo opkruzuvanje. Citaj pogore na linkot, se svrtila na sekunda.
Секако, никој неможе да биде на опрез 100%. Полека доаѓаме на горе - долу сличен став и тоа е добро. Децата се наша иднина и најдобро е сите да внимаваме колку што можеме.
Леле стρашно е ова девојче и тоа κаκо тρеба да се отваρаат четиρи очи,не дај боже ова на ниκој ама за тие таκвите болни умови,што штетат на едно невино дете само смρтна κазна...
Јас лично на една мајка и имам кажано дека веќе не одам со нејзе и малото по дуќани на шопинг. Мене ми е многу стресна сета таа ситуација кога дете кое штотуку стабилно проодело, или протрчало како муња влева од една во друга гардероба, се крие измеѓу штандовите со облека и сл. А јас резервен потрчко барај го, викај го, извинувај се...а друг мака нема. Се има понудено дома бејбиситинг да правам додека мајката си зеде на раат неколку часа за себе и си направи добар шопинг али немам срце за да преживувам такви шокови. Посебно кога станува за работи кои не се нужни, туку шопинг за опуштање. Мене живот ми се крател. А зе беља некогаш треба и секунда, посебно со дете.
Ова за случката во Рамстор е муабет кој во летото се прераскажуваше дека се случил во Икеа во Грција. Ако евистина ќе го имаше на вести.
Mislam deka nemase potreba da se stigne do "zajaduvanje" na ovaa tema i normalno deka se sudiraat mislenjata, kako sto ne sakam da se napagjat majkite, taka nesakam i nekoj da se ljuti sto od moite postovi izleguvaat streli, oti jas si go brana stavot (abe samo za u parlament sum na govornica )Jas licno koga sum so kolicka i ako vidam deka nekoj pesak nema mesto za minuvanje pravam pat, iako mnogu cesto jas sum taa sto dobiva prednost. Se slucuvalo i da zgazam nekoj, da go cuknam, ama ke mu se izvinam i covekot ke mi rece nisto, nisto i taka nema tepacki. A ne da preteruvate. @zvecarka kako i da e, postojat bolni umovi. Samo Gospod da gi cuva decata.
И пишав на девојката и ми рече дека се случило пред две години. Значи не е од скоро, но сепак мамички бидете внимателни.
А кога сме кај количките и децата мене денес лично ми засмета една која додека седевме со колешките да пиеме кафе во еден кафич надвор, пошто убаво времето денес, една мајка буквално ме залепи за масата со количката и кога и кажав да ја тргне малку ми кажа ,,па толку е местото“. Иако веднаш спроти кафичот имаше клупи на кои можеше да седне со детето и да пие кафе,таа два сати не малтретираше и нас и детето кое се угуши од чадот од цигарите кои ги пушевме.
Е ова смета, го имам почувствувано на своја кожа. Ама пак, не е крива таа, криви се кафичите кои во трка по профит не оставаат место ни за две така покрупни личности да се разминат, а не пак за количка. Со бебе не се оди во кафич, се оди во парк, зоолошка и други интересни места, ама ти да пиеш кафе и да го влечеш бебето во места каде што и за тебе е штетно а не па за бебето, тоа не го разбирам, Ама темава е за продавници и иако немам бебе, ги поддржувам мајкиве што си ја имаат потребата да ги земат со себе децата во маркет, маалско продавниче и на места каде што неизбежно е да се заврши некоја работа. Затоа што Македонија не е развиена а дел од народот не е ни дораснат за западните правила и култура...
Со задоволство го чекам денот кога 99% од сите девојченца тука, кои што се дрзнуваат да осудуваат и да делат совети, ќе се најдат во иста ситуација. Е, тогаш да ве видам или... тогаш нема да ви чинат тие без деца?
А коментарите на @Mishela дека може да се постави транспортер на количка за пазарење сите ги скокнавте, како што ги скокнавте и сликите на @angel92 каде што тоа е и објаснето. Мислам, ова е страшно, не дај боже да кажеш дека нешто ти пречи кај некоја мајка, бетер е од тоа на црнец да му кажеш nigga како што ми изгледа. И аман со тоа дека вие имаатe родено, а другите немаат, како другите да живеат во некој паралелен свет и никогаш не биле во контакт со бебе (било во ситуација на доење, било за пазарење и сл.) И не ми е јасно зошто веднаш на секоја тема се сфаќа дека некој се кара со вас, зарем не е јасно дека некогаш има и спротивставени ставови и секој си образложува зошто мисли така како што мисли. Во некои теми може да имам спротивни ставови со некоја феминка и воопшто да не се согласувам со неа да изнакажам се што мислам за нејзиниот став, ама тоа нема да ме спречи да ја поддржам во некоја друга тема каде што ми се допаѓа нејзино мислење. Не мора се да се сфаќа толку трагично. Но од друга страна, кога доаѓа до вакви ситуации, кога ги читам постовите се прашувам со кого јас се објаснувам? Си ги замислувам тие профили на личности според постовите што до тогаш сум ги сретнала од нив, си заокружувам една слика за нив и јасно ми е се', само не сум си јасна самата јас кога знам за какви личности станува збор зошто воопшто се трудам да пишувам. Треба изгледа да си мавнам еден facepalm кога до сега не ми дојде паметот да не се мешам каде што нема да има никаков ефект (или барем не позитивен). Генерално луѓето се многу нервозни, веднаш те начекуваат на нож, секој коментар со некоја забелешка се сфаќа како дрскост и веднаш се оди кон кавги. Ова зборувам општо за животот, не само на форумот. Кога сите би биле посовесни и свесни, кога нема само да гледаме од наш агол, туку и од другиот, се ќе биде подобро. Колку пати сум била сведок кога сум чекала пример за вадење на личен документ, некое лице ги нема сите потребни документи, службеното лице му укажува и тоа место да се заблагодари и да излезе да ги комплетира документите почнува да се кара, да пцуе, да вреѓа по вработените, па државата му е крива и да не набројувам. Се' се сфаќа како личен напад, само се чека момент да се истури нервозата од другите проблеми врз некое трето лице. Пак ќе кажам, прво не ми е јасно како е воопшто изводливо да се пазарува со количка со бебе дури и да не е забрането? Носите корпа, па буткате количка, па плус има со вас уште едно дете? Еве да ја спомнам @anina, мене би ми било жал да го мачам 5годишното дете тоа да ја носи корпата со продукти, макар имало во неа само еден леб. Самата корпа доволно тежи. Навистина не знам како успевате воопшто да испазарите нешто, па јас некогаш кога имам многу работи во ташна и кога сум со корпа се чувстувам ужасно, губам концентрација и гледам побрзо да завршам. Некогаш и да немам корпа, а сум со ташна се случувало да турнам нешто од наредените производи во маркетот несакајќи. Затоа е и таа забрана во Базаро, како што е тесно, голема е веројатноста и кога сме сами дека нешто ќе турнеме, скршиме, а не пак со дете во количка, кое што може и да биде повредено во тој момент. Се' може да се заврши навремено и без тешкотии ако добро се организира времето, ама не сакам да бидам сфатена како некому да попувам и да му кажувам како да го прави тоа. Знам, немам деца и џабе зборувам, бла бла бла, ама луѓе имајте малку и вие разбирање за другите, како што и тие се трудат да имаат за вас. Имате деца, а некои (не сакам да генерализирам, затоа велам некои), се однесуваат бетер од деца, толку разгалено, толку возвишено, сакаат цел свет да се врти околу нив затоа што се мајки. Мислам аман. Ова беше долг пост во еден здив, не планирав да пишувам, ама ја немам таа одмереност во постовите како @danichap (за која и' се восхитувам) и не можев да се воздржам и да си кажам што мислам на оваа тема.
Ќорото го подучува сакатото. Сеедно. Поддржувам и охрабрувам секакви мерки за воспоставување ред затоа што ми е преку глава од мајки кои не умеат да ги контролираат децата, а ги влечкаат на места неадекватни за нив. Нема да започнувам дискусии, ако некој се препозна не е мој проблем.
kade toa vo north America e zabraneto da nosis bebeska kolicka vo prodavnica???jas eve 11 godini sum vo north america,do 4 godini kerka mi bese vo kolicka i vlegov vo mnogu prodavnici i nikade nikoj ni me opomena ni mi zabrani da vlezam so kolickata,i veruvaj ne bev i se uste ne sum edinstvena,
Никогаш не ми сметале детските колички низ продавниците, ниту пак сум имала проблем, а и да ми попрече на пат ете ако се направи гужва или ке и спомнам да поминам или ќе почекам ( тоа нема да е повеќе од минута- да бидеме реални) на секого ако му кажеш со убаво сигурно нема да ти се испонаша, ги прочитав сите страни и се запрепастив од некои коментари како: поголемото дете да си го оставела надвор со малото нели пошто е мај ,а нејзиниот хамер (како и да се викаше) ќе си го внесе, јас незнам шо не и рече детето и хамерот ќе ти го причуваше. Мајките не треба да одат на кафе со децата туку во парк, во золошка и сл, епа девојче се надевам дека имаш 15-16год чим ваков коментар оставаш и знам дека ќе ми пишеш дека кај што си седела се пушело и нели тоа штети, да беше и внатре каде што не се пуши истиот коментар ќе беше,како што е и во маркетите и во трговските центри. Јас кога ќе имам дете ќе си ја носам количката со мене во продавници каде што е дозволено.
Следниот пат да не сакаш тебе да те викнам за да ми ги причуваш работите? Коментарот ти е дрзок и безобразен! Ниту јас бев таа што се испонаша, ниту пак кажав збор додека земам тоа што ми треба. Секој за себе, со своите проблеми - мајките со нивните, јас со моите. Кога свесно влегуваш во продавница која нема повеќе од метар на метар слободен простор , тоа веќе е нешто друго, не треба да ти пишува на врата дали е дозволено да се внесе количка или не. Не сум јас „виновникот“ во таа ситуација и муабетот ми беше дека госпоѓата постапи некултурно, ама што се битни другите луѓе, Универзумот очигледно треба да престане да функционира за нив.