1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    171.888
    Пол:
    Женски

    А чекај малку, испадна работава дека твојот прибор од 10.000 денари е повреден од детето, така?
    Колку што таа мајка имала потреба да набави нешто, толку и ти си имала. Двете сте клиенти на тој дуќан, таа дошла пред тебе. Па ако е метар на метар, ќе си почекаш надвор пет минути, ќе заврши жената и ќе излезе. Ти продолжи си со шопингот.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.778
    Допаѓања:
    104.598
    Пол:
    Женски
    Значи ние што сме без деца треба да се осеќаме како лиѓе од понизок ранг?? Абе ајде збеснати мајки носат деца кај што не им е место!
     
    На black-angel, CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    171.888
    Пол:
    Женски
    А мене многу ме интересира каде не им е место?
    Еве, знам дека во кафич каде што се пуши, не им е место.
    Каде на друго место не им е место? Во секс шоп не им е место.
    Хмм, навистина не знам каде на друго место?!
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    80.835
    Пол:
    Женски
    Доволно долго бев надвор пред книжарата од Х причини, вклучувајќи ја и таа дека ете можеби ќе излезе пред мене. Немам цел ден на располагање за да висам надвор и да чекам купувачите да излезат за јас да земам тоа што ми треба. Кој има време нека прави така, јас за жал не. И што дека била дојдена пред мене, кога јас завршив за две минути и излегов пред неа, тие си бркаа работа, нит се допрев до неа или до некое од децата - купив и излегов. Пак сум крива јас, нормално, слободно додадете уште нешто.
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    171.888
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не реков дека си КРИВА, ниту дека си ПРАВА. Прашав дали детето е повредно од твојот прибор од 10.000 денари. Знам дека се многу пари и знам дека не е за да го оставиш надвор, ама животот на едно дете е многу повреден за мајката од твоите 10.000 денари. А за тебе може и да не е. Тоа е најмалку важно...
    Штом не си се допрела до неа, ниту до некое од децата значи не ти сметала жената за да си ја завршиш својата работа и да излезеш. Ете ти контрадикторност.
    Види, јас не сум за колички во три квадрати, ама да споредуваш табли за цртање и дете е малку безобразно. А уште побезобразно затоа што си имала доволно простор да си ги завршиш своите работи и пак се жалиш.
     
    На Annath, Glasna, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    80.835
    Пол:
    Женски
    Па контрадикторно е, зошто кога не остваривме никаков физички контакт, таа ми се развика да внимавам и што уште да беше ?! Што ти кажува тоа? Дека јас сум била некултурна или дека таа била малку некултурна?
    Не се жалам без потреба, тоа во никој случај, туку ти не си го прочитала моето целосно мислење на почетокот од темата.
    Мене моите работи ми се важни исто како што нејзе и` се важни децата, не споредив ништо со никој, не беше тоа мубаетот.
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    171.888
    Пол:
    Женски
    Јас те прочитав, не се секирај. Едно е тоа што ти рекла да внимаваш и ти се развикала - тоа е недостаток на култура. Количката не е крива, туку нејзината култура, разбираш?
    Може било кој да ти се развика така, дури и со количка од супер маркет, не мора да е детска количка. Уствари не, може и без количка да ти се развика, со самото тоа што ќе се разминеш со таа личност со домашно воспитување на најниско ниво. Ќе ти рече --- Еееј пази кај одиш, не е твој маркетов. А тој/таа си стои и си разгледува производи во редот кај што има најголема фрекфентност во моментот.
     
    На Annath, Glasna и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    80.835
    Пол:
    Женски
    Без разлика, сепак е несовесност, тоа го утврдивме, така?
    Јас за тоа и зборувам цело време, дека без разлика за кој или за што се работи, мене ми смета кога луѓето околу мене се несовесни, да бидам „виновник“ во нечии очи, кога знам дека никому не сум му погрешила и дека секогаш покажувам почит спрема повозрасен од мене.
    Има места каде просторот дозволува да се внесе количка, има и книжарници и слаткарници и секакви продавници и мене не ми смета воопшто, но тоа во никој случај не беше една од нив и требаше таа да има предвид за тоа.
    Доволно беше, да оставиме простор и за други дискусии.
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    171.888
    Пол:
    Женски

    Па ова е форум, можеме до утре да дискутираме, никој не ни брани. Само го утврдивме тоа што и јас го кажував од почеток, за твојава "ситуација".
    Ти се изјасни дека мајката со количка не требало да биде таму, бла бла..да не се повторуваме. Затоа и сите останати ти се нафрлија (ок, барем едната половина).
    Несовесноста (и некултурата) на родителите (патем и на тие што не се сеуште родители) веројатно треба да биде во некоја сосема друга тема, затоа што тука конкретно се коментираше за количките во продавниците, а не за културата на луѓето, која што како што гледам е на се пониско ниво за жал.

    Како и да е, барем се разбравме, а веројатно и недоразбирањето се расчисти;)
    Пријатна вечер Мишела:)
     
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.325
    Vo Canada sekade e zabraneto.Prethodno imas postovi kako treba da se upotrebuva sopping cart za deca.
     
  11. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Ете конкретно за ова ама баш никаде не сум сретнала освен во Македонија.Типична балканска (не)култура.Имав прилика да работам во фамилијарен ресторан во странство.Значи луѓе дете не претрча. Кај нас каде и да отидеш кога има деца трчаат околу масите, се пикаат под маси,додеваат на други гости, викаат....А тоа се случува од една единствена причина :да не им досаѓа на родителите и тие си мислат пушти го таму нека трча барем они да си поседат на раат.Ваму тоа ни под точка разно не смееше да се случи, значи милениците не ги пуштаат да им шетаат по комшии а не па децата по ресторанот.А ми се случило безброј пати дотичните родители со пријатели да се толку внесени во муабетот а нивните деца мене над глава ми висат.

    Исто е и со количките, се разбира дека во големи маркети не треба да биде забрането ако има простор и ако мајката совесно го користи просторот и пази детето да не фаќа свенешто.Еве ако немам деца, земам пример од мајка ми, за дома сум била многу размазена ама кога ќе отидам некаде се знаело дека не смеам да пипнам ништо, дома и на глава можев да и се качам ама на гости и во маркети, бутици не сум смеела да пипнам ништо и мајка ми е мајка па кога зборуваме на вакви теми самата е против.И неа, ако е мајка најмногу ја иритираат родители без осет и во ресторани и во маркети и секаде.

    Разбирам , јас како девојка без маж,деца па имам триста обврски а не пак да си мајка и плус да работиш.Мора така да функционира.Ама се работи за осет.Не можеш пример ете во Базаро кое што и не е толку итно и има кршливи работи да се тутнеш со количка.Или во малска продавница.Точно е дека се нема услови кај нас да се остави количката и притоа да е безбедна , да има каде да се вози детето при пазарење, ама пак треба да се има осет и култура.Сите сме нервозни, расеани со обврски , со убаво ќе се каже, ќе се извини и едната и другата страна.А не мајките да мислат дека зошто се мајки може на глава да се качат на сите по ред и не девојките или било кој да мисли дека светот се врти околу нив и кога ќе излезе од дома све треба да му е како подмачкано без ништо да му го попречи патот.

    И баш ми е неумесно , жена што се нарекува мајка , што има толку возвишена улога да си дозволи да каже па ќе правам што сакам гајле ми е на кој му смета, мои деца се. Мајчинството според мене би требало да ги облагороди а не да ги направи уште посаможиви и себични.
     
    На CameliaMiller, calliope, De-lovely и 17 други им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.325
    100% go delam mislenjeto so tebe.
    Denesnive majki se isklucoci, sreka samo na Balkanot se takvi. Raat ni e glavata na nas koj ne sme tamu.
    Jas ovaa godina koga bev vo Mak. se zaprepastiv.Decata neartikulirano trcaat nasekade, podmasa, zadmasa, tie sednale gajle nemaat. Pa uste koga ke se zakackaat dve deca trcaat da se karaat prvo so deteto, a potoa raspravijata produzuva so roditelite.Decata toa go gledaat i dobivaat na sila. Zatoa i se mnogu agresivni, non stop se dokazuvaat, vikaat i se razbira se tepaat.Imaat podrska od roditelite, a istite potoa se zalat kako nisto ne gi slusale i uste na ovie godini im odvrakale.
    Dal da se smees dal da places.
    Izvinete me vie malkumina koj stvarno me voodusevivte.
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Моето дете си е мое дете и се му е дозволено. Ќе си шетам со него каде сакам и ќе му дозволувам да трча како улаво и да вознемирува други луѓе оти влакно од главата не смее да му падне.
    Мало морген.
    За количките и нема потреба да се коментира. Има таканаречени кенгури па обеси си го на врат не мора со 3 тонска количка се да рушиш околу себе.Абре распрдени мајки немојте случајно да си го нарушите вашиот комодитет за останатите што ви е гајле.
     
    На black-angel, CameliaMiller, calliope и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.403
    Допаѓања:
    126.684
    Уште не сфатив, оти мајките не сакаат во количката за купување да ги стават децата, кај што има направено место за седење? Намерно буткаат и колчика за бебе и количка за купување оти им се може?

    Мене, да ви кажам ми се може и клавирот да го буткам на тркалца низ рафтови. Ми се може бе, вие сте родиле, буткајте количка, јас клавир сум купила, ке си го буткам бе. Може ке дојде некој ке ми го украде од дома додоека купувам.

    И шо ми е гајле, не знаете вие шо немате клавир каква е таа љубов, и додека не купите, не сакам коментар да чујам. Ми се може бе, шо ако ви сметам?

    За детето треба да сте мајка, а за останатиот свет луѓе. Како да исчезнува почека човечноста поради раѓањето. Полека, тргнете ја настрана количката, ставете го детето во коликата за купување, купете, земете си ја количката на крај и одете си. Никој нема да има проблем.

    А тоа што сте родиле, еве ние девојките капа ви симнуваме, алал, како сте успеале. Чудо е тоа. Ама не значи дека на глава треба да се качувате на останатиот свет за работа која постои откако постои човештвото.

    За бебињата кои врескаа во кафичи, има друга тема, За доењето во јавност, има друга тема. И секаде ние сме глупи, оти не сме обавиле секс и пораѓај.
     
    На CameliaMiller, Heidi, calliope и 18 други им се допаѓа ова.
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не си ти нападната, туку ние бидејќи сме обавиле секс и пораѓај.
    Намерно или не намерно споредбата клавир и дете ти е крајно глупава.
    Моето дете не седи во количка за пазарење. Можеби на годинка ипол да ама сега не. Дома немам со кој да го оставам. И сега?
    Крај краева се крена галама и почнаа да се снимаат холивудски филмови со секакви сцени. Туку дај да се префрлиме на друга тема, јас да кажам што ми пречи кај некои од вас кои немате деца, па вие да се браните. Секој за себе е во право. Тоа е природно правило.
    Кај нас во Охрид никде не е забрането влез со колички па јас си продолжувам по старо.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    64.712
    Пол:
    Женски
    ^^Ете има едно место а другите две што да ги правам, да ги оставам во кола да се угушат за да не ви сметам на вас немажените, бездетните?

    Хахаха ама е смешна компарацијата на клавир со дете, а јас што имам и клавир и него ли со трите деца да го туркам по рафтови?|(
     
    На Dust, kjukli, * Zence * и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.403
    Допаѓања:
    126.684
    Споредебата е имам- ми се може. Гајле ми е ако ви сметам. Како што вас не ви е гајле ако сметате на другите.
     
    На De-lovely и tessie им се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Е па очигледно имаш ама не ти се може. Ај да видам каде ќе те примат со клавир?
     
    На * Zence *, Dust и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.895
    Со количка сум влегла неколку пати во маркет, претежно ја оставав количката надвор. По големи пазарења со количка и бебе не одев, две колички треба да туркам и сама не можам а знам и дека ќе сметам. Некогаш влегував ако гледам дека има простор, а бидејќи количките за пазарување се поголеми од мојата со бебето можам слободно да кажам дека тие мене ми сметале, нели? Исто можам да кажам дека дебели луѓи ми сметаат оти кога ќе застанат пред полица да разгледуваат нешто пола рафт го зафаќаат па не можам ништо да видам. Исто поголеми се од мојата количка. По ваша логика нели.
    Мишела твојот пример е за тоа колку оние без деца си се себични за свои работи и као не ја разбираат себичноста на оние со деца. Замисли ти за ташна и хамер не сакаш да помислиш да ги оставиш затоа што вредат 10 000 денари, а за дете размислуваш како пакетче палома да е, ете толку знаете што значи мајка да си.
    Осет треба да се има и од мајките, се планира уште од дома пред да тргниш, каде ќе одиш, има ли простор и услови да си испазаруваш како што треба, барем јас така правев првенствено за свој комфор после и за другите.
     
    На kjukli, Annath, Glasna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    64.712
    Пол:
    Женски
    Само повторуваш дека сметаме а не ни кажувате како да не ви сметаме?
    Ете таа што има едно дете ќе го седне во количка за пазарење ако има повеќе????
    Или најдобро е да не мрдаме од дома дали по потреба или разнонода само да не ви пречиме со количките.

    Јас најсериозно само овде читам вакви постојани забелешки на сметка на мајките, среќа моја живеам во нормална држава каде односот кон мајките е крајно респектабилен и се се праави да им се олесни животот при секојдневните обврски на мајките.
    Во сите паркинзи кај влезовите се резервирани местата замајки со колички и инвалиди.
     
    На kjukli, Annath, Glasna и 6 други им се допаѓа ова.