Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    34.653
    Пол:
    Женски
    Значи,ρеспеκт за дρжавите κаде на МАЈΚИТЕ е ставен малκу повисоκ пρоцентна ρеспеκтабилност. Не велам деκа тρеба да не стават во стаκлено ѕвоно,но едноставно наρодот е таκов,живееме во вρеме κога сите бρзаме и ниκој за ништо не го интеρесиρа,но тρеба да се има малκу чувство. Толκу ρаботи κај нас она што се виκа κултуρа. А,тие што во иднина ќе бидат мајκи(на сите ви посаκувам тоа да го доживеете),многу поинаκу ќе мислат тогаш,би саκала да ве видам само од неκоја стρана κаκо неκој ве осудува,κаκо што вие сега пρавите. Κажав деκа на оваа тема не κоментиρам,од пρичинκ што и сум за и не,но на фоρумот постојат личности κои мајκите ги осудуваат во сеκој поглед,κаκо ние да сметаме на човештвово.
    Запρашајте се само вас κој ве ρодил или штρκот ве донел на свет,потоа κоментиρајте,зашто значењето МАЈΚА е исто за сите жени.
     
    На bambusce, Annath, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Количките чинат многу повеќе од 10000 мкд а децата се БЕСЦЕНЕТИ, па ајде што да оставиме надвор?
    Прочитајте што пишува за случката во рамстор и сити мол, па не ми паѓа на памет да оставам деца надвор.
    Секако дека нема да одам со количка ни во Базаро и сл.места каде што стварно нема место за количката, ама во веро, јамбо има услови.
    Отидовме предалеку, ама ако е зорт и ако некој е сам, и те како ќе оди со децата секаде ( јас на пр.многу често сум скроз сама и се снаоѓам на сите можни начини да не ги малтретирам децата ама ако се мора, мора).
     
    На galapce, Annath, Glasna и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Добро, да ве прашам јас вас мајките- сите и се нафрливте на @Mishela а зошто никоја не ја искритикува мајката од дешавката? Утврдивме дека не станува збор за маркет па да речеме дека немала на кого да ги остави децата а морала да купи леби и млеко. Мишела ја направивте ваква-таква а никоја збор не кажа за некултурата на мајката? Вие го оправдувате тоа однесување или од солидарност си премолчувате?

    За аргументите дека не знаеме како е да си мајка, можам само да кажам дека јас сум од волци израсната на планина, врска немам колку е тешко и напорно да си мајка. Ниедна од нас нема сестра/ другарка/ братучетка/ колешка која има дете па дојдовме на темава да хејтаме чисто онака, зошто мразиме мајки, колички и деца.
    Исто така, бидејќи се спомна неколку пати, исто така како аргумент дека ќе сме виделе како ќе ни биде кога ќе бидеме мајки, ме интересира што е тоа што ќе го видиме? Нема да не пуштат во кафич со разврескано бебе, ќе не истераат од ресторан зошто децата ни играат брканица? Или тоа што ќе мора да го префрлиме детето во нивна количка ако сакаме да шетаме низ Базаро, ах каква неправда...

    @Cka, да си жива и здрава, ме пресмеа со коментарот за клавирот.
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На CameliaMiller, Heidi, Marossa и 10 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Јас стварно не се фаќам за kоментарот на @Mishela.

    Првата реакција, мисла и она што најчесто го правиме не се секогаш исти.

    Во таква стресна ситуација ете помислила на варијантата поголемкото да го чува помалото како поволна опција да се одбегне било каков конфликт и безболно да завршат сите работа. Не оти верува дека еден хамер е повреден од детенце туку ситуацијата била толку непријатна па помислила на таква алтернатива, која потоа и она сама без ние да и кажеме ќе биде класифицирана како неизводлива или невозможна.

    Муабететот беше баш за некултурата и злоупотребата на статусот мајка.
    Кога некој ќе те испровоцира до толку, за на крај што и да кажеш ќе згрешиш бидејќи твоите зборови се грев поради нејзиниот статус мајка.
    Кога е со осет или односот на мајката е стварно концентриран кон нејзините деца, а не кон неа самата како она да е центар света, секој друг во продавницата ќе го види тоа и ќе биде дури и од помош.
    Баш такви девојки како Мишелка потпомагаат, поткреваат, потпазуваат...

    Ни фали култура и емпатија. Обострана.
     
    На Marossa, calliope, galapce и 14 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Свашта!!
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Нема да коментирам за мајкиве со колички, бидејќи веќе се е кажано. Има и со осет и без осет. На тие со осет секогаш им потпомагам. На тие без осет ги гледам попреку. Толку. Него јас вчера бев во Џамбо и човече значи не можам да сфатам како некој зел толкава колича, се врти 2-3 часа низ рафтови и на крај на каса иде со 5-6 почитни производи кои комотно ги собира во корпа. Леле како се изнервирав со еден дебил од 150 кг. На страна тоа што тој зафаќа пола рафт, па уште и количка за пазарување зел, а внатре 3 кутии со лампиони, стикери за ѕид, светилки и една бела мечка од оние малите. Се тоа фино си го собира во корпа, ама дебилот пола саат ме замараше пред рафт и се мислеше кола мечка да ја земе ( имаше средни и мали) и згора на тоа количката не ја помрднуваше. Па уште на каса зафати простор како за 5 потрошувачи.

    Луѓе без осет има секаде и се почесто. Да кажам само уште ова. Јас потрошив околу 2500 ден и тоа се убаво сместено во 2 корпи ( не бев сама), од лампиони до џогер. Е како да не се нервирам после. Идиотизам и кретенизам. Да имаше и мајки кои си ги оставаа децата да им поттрчнуваат и да си припискуваат. Имаше деца кои земаа еден или два прозиводи од еден рафт, а мајките подоцна си ги оставаа на друг рафт “па мамичка тоа не е за тебе, стави го тука“. Е не мамичка, врати го на место за да го најдам тоа што го барам и да ја видам цената дали ми одговара.

    Не ми сметаат мајките со колички воопшто, ама ми сметаат мајките без осет. Е тие мајки колку да ги извадат децата од дома, демек да прошетаат, а прават гужви и се креват до небо, демек се мајки и се им е дозволено, ми ги корнат страшно нервите. Па секогаш знам да ги спуштам така фино лепо, да ги изнервирам до крај, за да не морам само јас да се нерврам.

    Пред неколку год беше братучед ми кај нас на поседок.Имаше 8 год а јас имав тој ден закажано депијација и немав кому да го оставам па го зедов со мене. Но му кажав внатре да е мирен, му го дадов телефонот да си игра игрици и глас не му се слушна. Кога после 30 мин завршив со депилација и кога излегов од просторијата, го видов во чекална на нозе како си игра на тел, ама ете отсапил место за муштеривката. Е тоа дете на никој не му засметса, дури и си го задиркаа девојките што беа внатре, пошто дете на сите им е интересно. Ете несоодветно место за дете, ама таква беше потребата да морам да го земам. За тоа ги разбирам мајките што одат и на пазарување накит или пминка, ама нека имаат осет.
     
    На black-angel, kjukli, calliope и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Dvolicen, лажна е веста (за среќа)

    Рамстор Македонија испраќа демант за наводно киднапирање на дете во супермаркетот.
    Преку ова соопштениеофицијално ја информираме јавноста дека содржина на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина. Според увидот, единствен извор за објава на оваа вест е наводен статус на личен профил на социјалните медиуми што укажува на нејзината неверодостојност. Истовремено, упатуваме апел за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивното објавување и консултација со организацијата чие име се користи, стои во соопштението на Рамстор.

    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/182348-Ramstor-demantira-Nemalo-nikakvo-kidnapiranje

    Да беше ова вистина, ќе го имаше на сите вести, ќе се дигнеше таква фама околу киднапирањето а вака `веста` порталите ја пренесуваат за поголем број на кликови. Веста ем удира на емоции ем ја подгрејува постоечката етничка нетрпеливост- полн погодок за медиумите!
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На Daleron, SwanMay и Dvolicen им се допаѓа ова.
  9. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Значи јас апсолутно немам ништо против децата, напротив кога ќе видам некое дете се топам. Мене конкретно ми сметаат родителите кои немаат контрола врз своите деца. Било на улица, ресторан, продавница, музеј, и на сите други јавни места кај што ги среќавам (со мали исклучоци, кои кај нас се навистина многу малку) каде децата кои едвај проодени се пуштени да се движат сами и каде треба да пазам да не случајно ги повредам, кога некое се дери за некоја играчка, а родителите се однесуваат како да не е со нив, кога се туркаат по рафтови и викаат по децата, кога јас треба да имам грижа на совест кога на места кај што мене ми е дозволено да пушам има и деца, и ред такви работи. Ми сметаат и многу други нешта кои не се поврзани со децата, но нели овде е темата за количките и децата па затоа тука и пишуваме за тоа. И на сите треба да ни биде јасно дека кога некој има дете не значи дека треба да се откаже од излегувањето надвор туку најпрво за сопствените деца, а потоа за другите да знае каде и како може да се однесува.
    И нема што да ве навредува споредбата со клавирот, како што останатите нема што да ги навредува тоа што вие како ,,мајки“ може да правите што сакате.
     
    На Annath, Glasna и SwanMay им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Демант: Во Рамстор немало никакво киднапирање: информацијата од 13.12.2014 е невистинита
    Почитувани пријатели,

    Во текот на вчерашниот ден во 3 медиуми излезе вест за наводно киднапирање на дете во нашиот трговски трговски центар.

    Ве информираме дека единствениот извор на оваа вест е личен статус на Facebook и воедно е апсолутно неточен.

    Медиумите не ја утврдиле веродостојноста на изворот и не ја провериле информацијата со официјално засегнатите страни.

    До медиумите е испратен демант кој очекуваме во целост да се објави и да се извинат за дезинформирање и ширење паника кај јавноста.


    Рамстор продолжува посветено и сп сите мерки да се грижи за безбедноста на нашите потрошувачи.

    https://www.facebook.com/ramstoremall?fref=nf
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Мхм, се придружувам на акцијата „Сакаме во маркет со клавирот на Чка“ со тоа што клавирот ќе биде само симбол на слободата и непокорот пред комерцијалните капиталисти кои нè ограничуваат, а причината за тоа е што татко ми еднаш сакаше да влезе во Веро со својата овца и замислете... не му дозволија. :o :o :o :o
    Не ми верувате? Еве слика од него, културно човекот си дошол до Веро, со својата овца која нема каде да ја остави, не може да ја врзе надвор пред врата зашто некој може да му ја измолзи или недајбоже истриже, и негова си е, не може да си седи на нива со нејзе, си ја земал нормално.
    [​IMG]
    Поддршка!!!

    Сериозно сега, Базаро не е Волмарт, не е ниту Веро со широк простор меѓу рафтови, вашето влегување во продавница со деца им го попречува купувањето на останатите, плус, убаво беше објаснето, дека сето тоа е од правнички агол поставено, нема што Маркетот да сноси одговорност за неодговорните родители. Сигурен сум дека некој мудар родител веќе ги тужел за тоа што детето им голтнало нешто од рафтови.

    Инаку, вие мајки, како цитираната која ѝ е гајле за светот околу неа, алал да ви е, идоли сте ми со својата игнорантност и неподнесување сметка никому за ништо во животот, би сакал да ме поучите како тоа да го правам пред ЕВН и Водовод.

    Ако сте станале мајки не сте влегле во масонска ложа. Очигледно како што сте биле интелигентни пред да станете мајки, сега сте исти, а вашите деца ќе бидат исто толку интелигентни како вас. Браво, вие сте најсилна причина за актуелниот просечен коефициент на интелигенција во светот.
    Поздрав до игнорантните мајки, ова сте вие. Оние интелигентните, за разлика од вас, само ќе се насмеат на следнава сликичка. Вие ќе се налутите. Мене баш ми е гајле за тоа. :dance: Нели, како вас со количките за деца во маркет. :*

    [​IMG]
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На Cka, CameliaMiller, Marossa и 8 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Уште една причина плус зошто не треба со количка да пазарувате ( бебешка количка). Успат мајки внимавајте.
    [​IMG]
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    [QUOTE="okcenzi, post: 2260102, member: 68508"]И пишав на девојката и ми рече дека се случило пред две години. Значи не е од скоро, но сепак мамички бидете внимателни.[/QUOTE]
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    Па не пишува дека од количка и го украле.
     
    На Glasna и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
     
    На simoncelicius и tessie им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.563
    Бубаче, читај ја темава пред да постираш, скролни нагоре и ке видиш дека неколку веќе одговориле дека е лажна вест, таа што објавила немала работа по дома да зачисти, па тропала на ФБ.

    Нејсе, фала Капетане за поддршката, од сега одам со клавирот секаде со мене. Немам каде да го оставам а морам на депилација, оти сами ке ми попаѓаат влакнава.

    Многу ме иритира игноратноста, фактот дека „ви се може“ и дека не ви е гајле за останатиот жив свет, вие сте најбитни. А бидејќи има повеќе луѓе и мајки кои своите деца не ги влечат по маркети, туку ги носат во градинки, игротеки, паркови, а оние кои сакаат да ги шетаат децата во Веро се помалку, на маркетите им одговара политиката со неносење на колички за бебиња. Бидејќи, ако туѓите деца ми сметаат, ке си отидам и ништо нема да купам.

    А мајките, идат само за кило млеко да купат, нели, оти ИТНО морале во маркет со бебето.
     
    На CameliaMiller, tessie, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    Молам?
    Биди реална .Ако станува збор за кражба на дете дали е полесно да го грабнеш самото дете кое за миг било испуштено од вид или дете кое седело во количка тешка околу 15 кг и плус би било закопчано со сигурносен појас?
    Повеке време се губи во вториот случај и позабележително би било.
     
    На Glasna, leona83, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Дување и пердашење додека си анонимен. Изигравање најпаметен од сите со твојата, сигурна сум, потпросечна интелегенција. Типично за еден балкански „маж„, ако може така да се нарече.
    Напад врз оние кои не можеш да ги нападнеш јавно, затоа што не ти стиска.
    Ама ај да те утешам, интересен си за читање со твојот преувеличен простотилак
     
    На simoncelicius, Dust и bittersweet им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    На првата страна, мајката што ја отвори темата пак направи споредба, т.е ги израмни децата во количка со инвалидите.
     
    На CameliaMiller и LaraSolare им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Едноставно е - детето е украдено поради невнимание на родителот. Ако веќе го носиш со себе, тогаш пази го. Неодамна имав прилика во маркет да присуствувам на сцена во која детенце кое штотуку проодело плачеше на цел глас затоа што се изгубило. Сите се вознемирија и родителите ги бараа на разглас. Кој е крив за тоа? Ние, бездетните, како што некој погоре не' етикетира?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.