Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана за движење со детски колички во продавница!!

Дискусија во 'Бебе' започната од Macyyyyy, 12 декември 2014.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас кога сум со некое од внучињата сум како параноична, од видно поле не смеат да ми избегаат..
    Незнам што толку сметаат количките?? Во маркет не ви сметаат количките за пазарење, ама ви сметаат детските??
    И за оние што берат туѓо гајле децата ќе чепкале од количката, да се ставеле во количката за купување -
    Дали Знаете колку е полесно детето да фаќа од количката за купување, а не од онаа специјална за него??
    И мене некогаш ме иритираат родителите (не децата) кои не си ги контролираат децата, во ресторан најмногу. Сум дошла да се релаксирам, а не некој нон стоп да трча наоколу..ова е до родителите.
    Ама и покрај ова не сметам дека мајките надвор смеат да излезат само ако одат во парк или зоолошка. Па ако родиле животот не им запрел.. и лесно е од страна да се каже снајди се,.остај го детето дома. Не секој има некој нон стоп на припомош.
     
    На kjukli, bambusce, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ајдее..Еден совет: кога се приклучувате на една дискусија, дај разлистајте ги малку претходните страни.
     
    На tessie и SwanMay им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Е па и инвалидот ли количката да ја остави пред врата за да вие имате комодитет??
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Грев е да се прават вакви споредби. Срамота.
     
    На CameliaMiller, calliope, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Точно.греота е. Јас само одговорив на девојката која најде за сходно дс го тупи.за ова.
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Одговорот ќе ти беше соодветен ако ние ја направевме споредбата и ако се изјасневеме дека и тие ни сметаат. Но секако, бидејќи е напишана од една мајка, немате никаков коментар, туку повторно некој бесмислен (не)аргумент.
     
    На CameliaMiller и Nausicaa им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @Captain-Omni браво за тебе како ми ја процени не само мојата интелегенција туку и таа на моите деца. Алал да ти е уште да имаше можност со нешто конкретно да си поткрепиш сопствената интелегенција и напредок добро би било а вака само млатеш празна слама.

    Со самото тоа што си дозволуваш да паднеш на толку ниско ниво да вреѓаш непозната на форум и да ми ги нарекуваш децата од кое најмалото е два месеци потпросечно интелегентни си ја докажуваш само сопствената заостаност и простотилук.:hai:
     
    На kjukli, Annath, simoncelicius и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Бебе во количка =\= инвалид во количка!
    Самиот момент што некој ги едначи кажува многу за таа што тоа го има напишано. И да, кажува многу и за нејзината интелигенција, свест и емпатија! Не знам која од членките тоа го пиша, не ме ни интересира, исто како што не сакам да листам назад да видам која беше светицата која немајките ги нарече стоки.
     
    На CameliaMiller, tessie, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас не сум мајка ниту имам причина да заштитнички се однесувам кон нив. Ама нема логика бре девојче. Како не ви сметаат количките за пазарење ама ете ви пречат мајки со деца???
     
  10. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Не ни' пречат мајките со деца. Ни' пречат несовесните родители, баби, дедовци, кои не водат сметка за никој друг наоколу, а кога нешто ќе му се случи на детето, секогаш се обвинува оној другиот...
     
    На Edie.S, zvecarka, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Темата е за количките по маркетите а не за совесноста на родителите.
     
    На kjukli, bambusce и Dust им се допаѓа ова.
  12. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Зошто не ги прифаќате работите какви што се? Количките сами ќе си дојдат во продавницата, или некој ги носи со себе? Стварно не можам да поверувам дека има луѓе кои упорно и упорно го вперуваат прстот во другите. И сега немате аргументи, па цитирате се' и сешто.
    Никој совесен родител не би го изложил сопственото дете на опасност да биде турнато, да скрши нешто и да се повреди, да се изгуби или да биде украдено. Никој. Нема оправдување за таквите и точка.
     
    На angel92, Mishela, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.513
    Допаѓања:
    115.060
    Пол:
    Женски
    Не им е место во кафана, не им е место во маркети и продавници со кршлива роба. Не им е место на театарски претстави и опери и кино каде што нема програма за деца. Не им е место во салони за убавина. Мал милион места има каде деца не се носат. Е сега кога сте раѓале што си мислевте дека ќе живеете како кога бевте девојки а децата ќе ви бидат аксесоар??
     
    На black-angel, CameliaMiller, Marossa и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.093
    Допаѓања:
    135.087
    Mожеби најдобриот пост тука. Мал шлаг на истиот - автоматски се станува себичен и игнорантен по пораѓајот, или одсекогаш си таков? Не знам, немам дете, иам клавир, ама дали игноратноста и посветувањето на самите себеси и се хормонски, како лактозата? Не сте ми јасни, свесни сте дека пречите, ама упорни ќе сте биле во пречењето оти вам така ви било поубаво. И да, во право е Капетанот, какви сте вие, такви ке ви бидат и децата. Игноратни за надворешниот свет. Нема да им биде гајле ако пречат. Па нивните мајки раѓале, нели?
     
    На CameliaMiller, simoncelicius, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ме иритира фактот што многу сакаш да доминираш, наместо да ги согледаш реалнита факти. Ајдеее не заборавај дека ова е форум, не гледаш тука вистина. Тоа случката треба да ти биде лекција уместо да изнесуваш невистините работи. Доминацијата спушти ја на ниво, не е форумов твој. Од друга страна количка со бебе и инвалиден човек не можете да правите споредба. Вашето бебе треба да ви биде пред нос ако не сакате да му се случи нешто, а инвалидотот не може да стане од количка, не може да оди.
    Како и да е, со и без појас има начин ќе ви го украдат, само не сте свесни, Не дај боже да доживеете такво нешто ќе кукате по дома и по форуми.
    Дали е вистина или не, треба да се има отварање на очи многу. Па ако тропала на фб или не нејзин проблем. Ова беше само еден знак дека треба да се ВНИМАВА МНОГУ!
     
    На Glasna, Dust, leona83 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    А кој го впери прстот во вас. Нели вие го вперивте во нас. 8 месечно бебе врзано со сигурносен појас не може да фаќа производи од рафтови и да скрши нешто. Тоа бебе ќе биде пред мене и со сигурност тврдам дека нема да биде грабнато од количка или некои слични сценарија. Две деца сум ги изгледала ама вакви приказни не сум слушнала. Ниту нешто сме скршиле ниту сме пречеле, да не може некој да помине.
     
    На kjukli, tessie, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.093
    Допаѓања:
    135.087
    Па ако некој не сака во лице да ви каже, еве тука ви кажуваме. А веројатно и да ви кажат во лице, ке речете- видете ги бездетниве, имам дете како сакам така ќе го чувам, шо ми е гајле ако им сметам. И јас не спомнав инвалиди, Бубаче, не ме цитирај. Тие реално мораат во количка и не сметаат, сметаат мајките со дете во количка плус количка за купување и плус игноратност. Зафаќаат простор за двајца, ама нели, родиле, имаат право да сметаат. Те цитирав оти не читаш над тебе што е напишано, и доаѓаш со стара лажна вест.
     
    На tessie, nena2010 и SwanMay им се допаѓа ова.
  18. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Ваш проблем. Ако не ви пречи да туркате две колички во маркет и да пречите на другите, тоа е веќе прашање на осет. :)
     
    На tessie, Summerlover и Cka им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Општиот заклучок од кога ги прочитав овие неколку експресно наполнети страници ми е дека селективно се читаат делови од мислењата и секој се фаќа за најмала ситница што целосно ја вади од контектс за да докаже поента.
    Јас искрено овде не прочитав ниту едно мислење дека вие мајките треба да седите заклучени дома под казна затоа што сте решиле да донесете нов живот на планетава, ниту дека некој ви ги мрази децата, ниту дека никогаш не би направиле отстапка за да излезат во пресрет на мајка со дете...за волја на вистината и доста мајки преминаа во спротивниот табор. Не мислам дека сите оние што немаат деца дека не треба да се сметаат за релевантни во дискусијата само поради тоа што немаат свое дете, затоа што сите заедно припаѓаме на едно општество и треба да најдеме начин да функционираме сите заедно во него, без да бидеме глуви и слепи за постоењето на другите околу нас.
    Прост пример, ако живееш во зграда ќе се прилагодиш на општите правила на куќниот совет и нема да правиш како ќе ти текне како што би можел да правиш на пример во куќа. Ако користиш јавен превоз нема да можеш да се опуштиш како во сопствена кола.
    Така е и со останатите јавни површини и места каде што има збир од секаков народ и луѓе во секакви старосни граници. Сите мора малку да си скратиме од комодитетот за да можеме успешно да функционираме без да си газиме по нерви.
    @bittersweet јас искрено ти се воодушевувам и алал да ти е како успеваш со 3 деца на скоро иста возраст, не секој го може тоа и не верувам дека некој утре не би ти излегол во пресрет ако ти треба било каква помош додека си излезена со нив, но и ти треба да сфатиш дека не можеш баш се' да правиш и секаде да одиш кога си сама со сите деца на куп. Не знам можеби во Австралија е поинаку, понекогаш и добивам впечаток дека имаш и изгубено осет за тоа какви се работите овдека, па не можеш да дадеш реално мислење. Те молам повели излези во Скопје или било каде во Македонија со трите деца и дуплата количка за да ги завршуваш сите обврски низ градов како што си зацртала па ќе видиш колку и како ќе успееш. Овде не секогаш има тротоар каде што еден човек може да се движи прописно, а не пак мајка со три деца. Освен во големите трговски центри и големите супер и хипер маркети нема простор за такво нешто. Ќе се мачиш и ти и сите останати покрај тебе.
    Разбирам дека некој доста често е сам, не може да се потпре на родителите, мажот работи прекувремено и сл. мора да излезе и да заврши некоја обврска или да купи нешто итно, затоа што секојдневно се случуваат непредвидливи случки и колку и добро да си го менаџираш времето пак ќе има потреба од тоа да направиш отстапка, но свесно да одиш на места каде што знаеш дека е најголема гужва во тој период од денот или на места каде што едноставно нема услови за тоа ми е тотално несфатливо.
    Не дека некој ви забранил или дека во некои икс ситуации кога ќе морате да го направите тоа некој ќе ви земе за зло, но кога тоа прминува во секојдневна рутина и начин на пополнување на слободното време тогаш доаѓа до вакви тензии.
    Јас конкретно не знам дали се изјаснив во темата за доење на јавно место, но знам дека го подржувам од причина што е од есенцијално значење и не треба детето да трпи глад и да се растревожува поради тоа што мајката морала да излезе од дома, но за ова бидете реални и кажете дали е неопходно да се бара нов пар фармерки во 20:00 часот во најфреквентните продавници заедно со сите деца и колички или да одите на козметичар како што кажа друга феминка погоре. Вас можеби ви се може и не ви е забрането, но само размислете за момент колку е тоа изводливо.

    Повеќето во темава мислам дека тоа сакаат да го укажат и да посочат на целосното самоволие од едната страна, без желба за никаков компромис, а не на тоа дека треба да ве заклучиме со ланци се' додека децата не ви пораснат. И верувам дека голем дел од оние што не се согласуваат со вас на темава дека утре би ви помогнале или ви помагаат во секојдневието доколку така наложува ситуацијата, па побогу не сме ниту ние растени од мечки во планина.
     
    На gjoker4e, CameliaMiller, Heidi и 15 други им се допаѓа ова.
  20. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас веќе кажав дека туркам една количка и носиме корпа :) Не сум улава со две раце да туркам две колички
     
    На kjukli, Glasna, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.