Еј ти ме види дали прочитав јас или не? А ти ми го прочита постот што напишав.Доста Cka постојано доминираш, впушти се на ниво, не се прави паметна. Кога ќе бидеш мајка или кога ќе треба да чуваш мало бебе пишувај искуства, а вака ќути те молам. Од твојата доминираност ми се повраќа више. Јас кога го чував внукот мој секогаш кога треба да пазарам бидејќи е поголем сега со мене и со количка за пазарање го ставам. Ем знам дека ми е пред нос, нема да му се случи нешто ем количката ми е пред нос. Душава ми е мирна и тој ми е мирен. Нити фаќа по рафтови бидејќи се одалечени доволно при пазарење нити се напрега да пофати нешто да скрши. Додека пак во Веро Џамбо просторот околу рафтовите е толку тесен што и мајка со количка да помине нема кај да се свртиш. Јас немам ништо против да се оди со количка во маркет, но разберете дека живееме во држава каде немаме простор за нешто како во Америка. Веро Џамбо салонот е толку голем но е претесен да се свртиш било каде. Бидејќи не знаат добро да се организираат, не знаат да си го организираат персоналот. Со добра организација и добар тим секогаш ќе има место за се. Едит: Само гледате да се направите паметни и да си ги нагласие вашите мислења. Трула држава сме, незнаеме за еден смирен дијалект. Секоја чест, едно на форум се зборува, утре истото и вие ќе го правите. Ние сме таква држава, веро или базаро отвараа салони без да ги согледуваат сите точки од аспект на купувачите, ако сте забележале уште при самиот влез на веро џамбо се натрупани со играчки на секој чекор. И нема место. Не сте криви вие мајките, туку вината е на државата. Многу мало внимание се посветува на овој проблем.
Ќе споделам едно искуство од пред 2 недели. Беше дојдена брачеда ми од друг град, со бебе од месец и пол. Приватни обврски нешто, ова она, и ми вика да се најдеме во Веро Џамбо, сакам да испазарувам некој работи. Океј викам. Влегуваме во Џамбо, јас ја туркам количката со бебето, таа количката за пазарување. Луѓе мене ме факаше страм и страв кога ја туркав количката. Значи нема место во Џамбо за човек да помине низ рафтовите не пак количка со бебе. Ајде врти лево десно, поназад, понапред, абе гледам јас се нервирам, гледам се нервираат сите околу мене. Плус потчукни ја малце количката се разбудил бебуш. Жал ми падна. Викам ај јас ќе те чекам надвор со бебуш пазарувај ти. И си излегов, фино си седнав на клупа, количката до мене и милина. Значи треба да се има осет малце. Приметете како реагира околината на вас, разбирам мали деца, нема кој да ви ги причува ама оди бе сабајле во 10 пазари, не во најголемите гужви. Има родители кои мислат дека родиле дете и сега цел свет треба да им удоволува. На детето ништо не смее да му се забрани, дете е. Мало морген. Работам преку лето како келнерка и не можам да ви опишам какви се случки не сум доживеала. Има родители кои ја сместуваат количката пред масата, и сега кога треба да им ги сервирам пијалоците, табаката со пијалоците буквално ми виси над детето. Па мене ми се тресат рацете, не нив. Еднаш едно детенце го имаа пуштено да трча низ терасата. Јас носев пијалоци, тоа се турна цело во мене и толку треба, изгубив рамнотежа и се ми падна. Среќа не го удрив. Ама да го удрев јас нема да можев сама да си опростам, иако не сум крива. Или за занимација ќе им ги дадат солта и биберот и ајде, истурај се на масата, па пикај чачкалици внатре. И уште кога ќе одам на масата за да ги земам ми се дереле, зошо ги креваш, нели гледаш дека си игра. Нека си игра со играчки бе. Ама има и родители на кои им се восхитувам. Толку примерни деца, толку воспитани, милина да ти е. И стално кога сме имале такви гости газдарицата ги частеше десерт, па ќе дојде да ти се заблагодари или да те бакне, да се стопиш. Значи има примери и од едните и од другите, што значи нема изговор дека ако сте родиле и толку, сите треба да се тресат околу вас.
MAJKI: ни случајно не помислувајте да правите било што додека децата не ви пораснат.Постои ризик од киднапирање,рушење на јавен ред и мир,голтање на плишани мечки во џамбо или најлошо од се може да згазнете на шпицот или да скинете шлицот на некоја ултра модерна мома. Немојте да доите во јавност,и немојте да ги земате децата никаде,но немојте ни на свекрвите и мајките да им ги оставите оти нели не ви се должни за тоа. Појдите во манастир после рагање и ни случајно не излегувајте неколку години. П.с моето дете е 6 год.Идеме заедно на шопинг,фризер,кафич и супер се забавуваме.Ниту кршела,урлала ниту трчала наоколу.Фала богу воспитана е и никому не му пречи никаде.Чудно но вистинито замислите. И кога ја родив си помислив колку е само совршена а не дека родив аксесоар за влечење низ град.Аксесоари купувам у Зара .Појдите и вие ке си бендисате нешто.Не за друго туку да не се мачите да ги рагате
^ Типичен пример за покондираност. Со кого дебатираме? Со кого мислиме дека ќе најдеме заеднички јазик? Очигледно тоа е невозможно. "Голтање плишани мечки". Оф, мори мајко. Се надевам дека ќе ми остане паметов и на поодминати години, да не се бламирам како дотичната.
Тоа сакав да го кажам....вечно борба на форумов меѓу мајки/немајки кои дај Боже еден ден да лижат на се што плукале, снаи/свркрви а сите еден ден ќе бидат и тоа и тоа. Важно табори има
Прв болд - да ќутам оти немам дете, а ти колку деца имаш, извини вака? Втор болд, Бубаче, ти знаеш што е дијалект, а што дијалог? Трето, ако ти се повраќа од мене, оти ме читаш?
Не секој ја сфаќа и се носи со мајчинската улога на ист начин. Не дека е мала работа. Затоа и немајките коишто се во таква состојба поради планирање на семејството, се`уште немаат деца. Го гледаат како голем залак се` додека не се во состојба во којашто ќе гледаат на тоа како на НИВНА одлука и дел од нив, на нешто што носи нови улоги и задачи во животот, а со тоа и блага промена на навики. Нашите деца нам ни` се целиот свет, но не и на другите, како што не ни` се туѓите деца нам, нели? Затоа, треба да се има разбирање и осет од двете страни. Такво решение, коешто е најправилно всушност не најдов на темава, туку истата е полна со одење од една во друга крајност. Стана дете за дете, количка за прибор... или како одеше изреката ... не е битно. Kaдешто има простор за нешто, има, ама кадешто нема, што да правиме... не дека е тоа заговор некој против мајките. Затоа можеби досега никогаш не сум имала проблем да се разберам со мајки во одредена ситуација.Затоа што секој си е карактер за себе. Во согласност со ситуација, некој некогаш добил некогаш дал предност. И така. Треба да се има почит и разбирање од двете страни за никој никому да не пречи. Не сум од ничија страна, затоа што не ни треба да постојат страни, треба да постои добронамерност, почит и по некој компромис во мера во којашто “границите на страните“ ќе се претопат.
Па не ни доби комплимент! Впрочем, не е ова местото за психоанализи, тоа повели во друга тема ќе си поразговараме. Се уште стојам на мојот став дека не е во ред да не се помислува на компромиси, посебно кога се во прашање децата. И да, наместо да водите празни дискусии, нели би било подобро малку да ги ѕирнете дечињата и да им обрнете внимание?
Јас веке кажав дека не ми пречат забраните.Но тука се оди во глупа крајност.Дури заморно е да се тупи се едно исто.Свативме веке ви пречат мајките нивните деца и се поврзано со нив.Крај. За децата мои ти немој да се грижиш.Види таму ти книгата,дечкото,другарките место да се замараш предвреме со она што и да сакаш нема да можеш да го одбегнеш.Ај те гушкам сеа виртуелно
Никаде никој не спомена дека мајките и децата треба да се исклучат од јавниот живот, никој не кажа дека треба да се замонашат откако ќе родат и ред други работи. Или дека државата не ни чини, а забораваме дека таа држава ја правиме ние. Во другите држави(оние поразвиените каде што луѓето имаат поразвиена свест и чии правила кога сме таму ги почитуваме) нема да видите мајка која во една рака го држи бебето, а во другата цигарата, нема да сретнете деца на театарска претстава, во кафичи кај што трешти музика, во ресторани под маси и столици, така што споредбите со другите држави и тоа дека нашата не чини не ви држат вода. А кога сме кај количките никој не ви забранува да ги користите онаму кај што има доволно простор за вас со количката и за останатите, но онаму каде што не им е местото на количките и децата едноставно е : не ги носете со себе. Ако нема кој да ви ги чува децата тогаш ускратете си нешто што не може да го правите кога детето мора да го носите со себе, а на децата не им е местото таму.Едноставно е.
Те молам прочитај го моето мислење дадено само 1 страна пред оваа - пред да напаѓаш: " Не ни' пречат мајките со деца. Ни' пречат несовесните родители, баби, дедовци, кои не водат сметка за никој друг наоколу, а кога нешто ќе му се случи на детето, секогаш се обвинува оној другиот... SwanMay, Денес во 12:57 " Вистина е, никој од нас не спомна, но улогата на жртва е секогаш толку привлечна.
Мхм прво беше норт америка па сега канада, чисто сумљам дека во канада се забранети,ако забранат бебешки колички ќе треба да забранат и инвалидски колички и тие не се баш нешто по мали од бебешките,арно ама во по цивилизираниве држави убаво размислуваат пред да забранат нешто и пред да донесат закон.туку да не ја тупиме многу да се вратиме назад,темава е за Македонија.
Ај сите дечиња вратете се назад и да ја повториме лекцијата. Само за децата важи ова, не и за госпоѓите. Прво темата е Забрана за движење со детски колички во продавница!! На првата страна се објаснивме дека не пречат количките во големи маркети и дека не правиме рели со нив. Дека детето е убаво врзано и не му пречиме на никого. Нема застој во сообраќајот и дека влегуваме секаде каде може. Е арно ама вие дечињата, слични на Зоки Поки мора да сте во право па се снимија илјадници трагични сцени како оние на индиските филмови, цел ден едно исто. Голтало бактерии, ќе голтнело некој производ, ќе се задавело, ќе паднел човек над нив, ќе ги украдел некој... Добри сте за сценаристи. После почна овцата да сака да оди во Џамбо и Тинекс, па некој и клавирот ќе си го носи затоа што е живо човечко суштество на кое му треба грижа.... Па некој и почна со навреди кои се одлика на недораснати деца. Дали знаете дека започнување со навреди е најнискиот начин на одбрана и напад? А ние па не сме неми да молчиме. Ние мајките испаднавме неодговорни, ни трчаат децата, ни урлаат, се тепаме по улици, одиме во кино и го оставаме детето да плаче додека трае цел филм, пиеме кафе во кафетерија а децата ни кршат чаши и тоа внатре во шанкот кај барменот. Ми доаѓа една клоца да си удрам, со кого се расправам
@Giovanna јас не сум излегла од Мк па да имам изгубено осет за таму,тука сум родена, тука сум израстена и верувај ми секојпат кога сум била сама со децата веднаш некој/а доаѓале да ми помогнат за склопување, расклопување количка итн. Во супермаркет кога пазарам влегувам само со количката и доле си ја полнам, на каса за мајки со колички си одам дека се доволно широки за дупла количка. На претстави за деца во театар има исто дел за да си влезеш со количка, во кафич исто им кажуваш дека си со количка тие те сместуваат итн, итн. Како што напишав и предходно тука е се прилагодено за мајки(родители) со колички, затоа не ви ги разбирам фрустрациите со мајките со колички. Реално јас сметам само на оние места кои повеќето тука не праќаат, на пат кон паркот затоа што го зафаќам цел тротоар со количката а види чудо сеуште не сум слушнала некој да изреагира, обично се потргнуваат не затоа што ја возам како на рели туку затоа што на еден човек му е полесно да застани во тревата додека да поминам него ли јас да се шибам во тревата за да не пречам.
Не ми се верува дека од една обична забрана се направи волкава збрка. Првен од страна на мајката ко којзнае што да и се случило, па после и на форумот. Значи во тесна продавничка, со кршливи работи, газдите се решиле да стават забрана влегување со колички за да не се прави гужва. И од сето ова се побунивте ко којзнае што да ви забраниле. Од една забрана што е ставена со причина, дојдовте до заклучок дека сите сме сакале мајките да седат дома, да немаат социјален живот, дека сметале и слични глупости. Значи обична забрана е, престанете да се замарате толку. Спојлер Иначе, во продавниците не сметаат луѓето со колички за пазарење, оти тие колички се наменети за пазарење и се неопходни.
@bittersweet па тоа и сите го зборуваме од вчера. Дека ќе се тргнеме ние, а нема вас да ве малтретираме, дека ќе ви помогнеме ако имате потреба, ќе придржиме, ќе поткренеме. Проблемот настанува во некои други ситуации што беа дадени за пример погоре. Не велиме да не шетате по паркови или да не влегувате по маркети, да не одите на детски претстави, но кажи ми ќе се буткаш ли во некој маркет како Космо на пример (знам дека нема тоа во Австралија, еве земи ти некое друго слично за пример), за да си купиш парфем или пудра во период од денот кога знаеш дека е најголемата гужва и едвај се разминуваат сите продавачки и муштерии само затоа што сметаш дека сите треба да ти расчистат пат поради тоа што си излегла со децата? За ова зборувам кога велам дека сите треба да се прилагодиме на околината во зависност од ситуацијата, не велам да одиме во екстреми и да ги банираме мајките со деца од јавните простори. Ќе редактирам за да одговорам и на ова. Анина можеби ти и дел од останатите сте мајки за пример не се знаеме лично па да се убедуваме за тоа, но нема ни ти да ме убедиш дека ова не го гледаме сите секој ден пред очи. Искрено јас не планирам да ви солам памет каде треба да го носите детето во однос на тоа дали ќе голта бактерии и дали ќе се повреди, мене тоа не ме интересира затоа што тоа не е моја грижа туку ваша. Но кога се дели јавен простор сите треба да се придржуваме до некои општи правила. Ако детето вришти 15 минути без престан очигледно нешто не му е по кеиф, а ниту јас ниту вие ќе видите аир од испиеното кафе, ниту јас ниту вие ќе се видите на раат со пријателката. Затоа секој треба да си го знае своето дете и да знае каде е соодветно да го носи без да генерализираме. Но има мајки што се имуни на тоа и сметаат дека се сами во просторот. Не би сакала да одам дополнително надвор од темата затоа што за друго се работи овдека. Само како што се изјасни и некоја друга членка погоре што работела како келнерка преку лето, така и јас имам работено кога бев студентка. Да не почнам само да ви кажувам што се имам видено и доживеано и какви стресови ми имаат приредувано затоа што поради нивно невнимание на крај јас сум се наоѓала во ситуација за малку несакајки да им го доведам детето во опасност, затоа што фаќа што не треба и истрчува од нигде никаде од каде што најмалку очекуваш и мува да ти прелета, а не пак дете. Не се чудете толку какви се родители има, вие ако сте воспитани, многумина за жал не се.