Форумџика на годината

Забрана за емитување на македонска музика во Македонија

Дискусија во 'Музика' започната од theunforgiven, 20 септември 2016.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Не е во ред тоа што има многу зборење, галама дигање а нигде дела. Уствари има дела ама на власта а овие што протесираат ништо не прават. Не е да го поценувам Груевски ама лично сум сретнала многу паметни луѓе што имаат потенцијали ама изгледа до инферорноста е проблемот т.е.незаинтересираност доволно, мала мотивација. Оти општо познато е дека кога човек е изнервиран/испровоциран го вади најдоброто од себе и може многу да постигне. Ама нас мува не не лази. А можевме:music:
     
    На simonna.a, theunforgiven и Vitaly им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Во врска со авторските права до негде се и во право. Ама како што кажа некој претходно, за музика се работи :fubar:. Мислам и тоа да треба да забраниме поради полнење нечии џебови.....
    И велите ние не сме имале квалитетни пејачи. Затоа Цеца и Северина пак нека собираат пари преку такозвана музика која нема никаква смисла.
    Нашиве и да имаат квалитетни песни, џабе, македонската музика не се ни цени веќе до толку.
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, simonna.a и 3 други им се допаѓа ова.
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845
    Не можете бе луѓе поради некои одредени анти-музичари да давате дефиниција дека ЦЕЛА македонска музика ни е заникаде. Значи едноставно: НЕ можете! Океј? Па ако некој не знае да пее или ве иритира, други се квалитетни или ги сака некој друг, трет. Важи? Ееее ама се нервирам кога ќе прочитам или чујам такви мислења: Музиката во Македонија е сра+е.
    Де брееееееееееееееееееееее???? Епа иди слушај Моцарт и ќути си.
     
    На Rama, cresa-jagoda, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Jeeej :party:
    A od koga?
    Utroto imashe na radio
     
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845

    Ова ти се радуваш што нема да се емитува МК музика, или лошо сфатив?

    Па што се радуваш, имаш мал милион радио станици по интернетов каде што можеш да си слушаш разно-разна музика.
     
  6. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто сте зачудени. Во нашава чудесна земја се е можно.
     
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува. Да ја забранат македонската музика :^)
    Добро нормални се ?
    Па колку и да немаме квалитетни пејачи или убави песни немора да ги слушаат има странски канали , радио па слушајте што сакате.
    Државата ни се распаѓа тоа е факт :!:

    П.С Епа ај пуштајте го Азис или српскиве Цеца, Северина па тие нека ја претставуваат македонската музика :devil:
    Продадени души :@
     
    На Rama, cresa-jagoda, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845

    Ама тие ЈА пуштаат музиката од оние што ги спомена погоре. Цело време тоа се слуша кај нас. Не дека они пуштале МК музика во изобилие па сега ќе ни биде чудно. Напротив! Наместо да се донесе закон ПОВЕЌЕ да се пушта МК музика, тие даваат забрана...

    Ова не ми се верува да трае долго, ама сепак е иритирачко.
     
    На simonna.a и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.040
    Пол:
    Женски
    Ретко слушам наша музика кога сум дома, ама дур идев на пракса и дома некогаш кога слушам радио - чудно ми е без неа и баш ми годи. Не ми логично на радио да не се промовира своето, која и да е причината.
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, ceca-1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    :lol:

    [​IMG]
    Шала на страна, јас не слушам многу македонска музика, можам на прсти да ги набројам денешниве изведувачи што ми оставиле впечаток (воглавно Фолтин, Eye Cue, и наша електронска музика што конкретно на Антена 5 ја промовираат што е за пофалба - The Sound Messengers, Дуке Бојаџиев, Кирил Џајковски, Марга Сол). И така македонската музика многу малку се промовира, а и тоа што се пушта најчесто се песни - бледи копии на странски поп, сега уште ова фали... :x
    За забранава кога отворив првото мислење во темава ми беше многу конфузна и апсурдна работава, после со другите мислења (на Гош најмногу) ми се разјасни во што е проблемот. Сепак, кој и да е во право - резултатов пак е поразителен, не верувам дека никаде на друго место дошло до ова да се забрани домашна музика. :|
     
    На Rama, cresa-jagoda, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ова македонскава музика емитира некоја негативна енергија, жими се. Еве, денес ја нема на радио и толку убаво, релаксирано се чувствувам, не знам зошто така :D

    Да се радувам. Барем мкд турбофолк нема да трешти од двете сељачки телевизии шиттел и канал 5 (се надевам забраната важи за сите жанрови, така?)
    Ти тагуваш? Твој проблем :D
     
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Дали се нормални како можат да забранат емитување на македонска музика во сопствената земја (facepalm) ај да е некоја странска музика некако ќе прифатев и тоа не е во ред ама македонска музика стварно незнам што да кажам:x немаат мозок тоа е очигледно. Место да забранат некои други работи што стварно не треба да бидат дозволени, а они македонската музика ја забрануваат. Тоа е нашата чудесна земја, веќе за ништо не се чудам.
     
    На Rama, ceca-1, simonna.a и 2 други им се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845

    Госпоџо, или ти госпоџице: Многу природно дека се` што чувствувам јас и се` што правам, мислам и кажувам е мој проблем, не мораш тоа да ми го потенцираш.

    Дали се слушаш што зборуваш? Јавно кажуваш дека не си го поддржуваш своето, производот на својата земја. Дали можеби си се запрашала зошто на телевизиите кои ти ги спомена, се емитува српска или не знам веќе каква (како што ти ја нарече) турбофолк узика? Не мислиш ли дека тоа е (во мал или поголем дел) производ на тоа што луѓето во МК размислуваат онака како ти?

    Во врска со радијата, споменав и погоре, ќе повторам пак: Слушај си странски радио-станици. Каде си чула да во една земја не пуштаат музика која е нивни производ? Србија? Хрватска? Бугарија? Словенија? Ајде, кажи ми една, еве не мора од за нас блиските држави. Кажи ми и оправдај си го размислувањето дека е океј и дека држи вода, дека сите следат таков пример.


    И на крај пак ќе ти реплицирам во однос на „двете сељачки телевизии шиттел и канал 5“ : Кој е тој МКД турбо-фолк кој таму трешти?? Дали си сигурна дека е производ од Македонија? Да не случајно си го помешала сето тоа со музиката од Србија и нивните телевизиски проекти во кои се изведува тој тип на музика? Ако да, тогаш, грешно мислење имаш. Тебе не ти смета македонската, тебе ти смета некоја друга музика.

    Колку и да личи ова на кавга, те замолувам да не го прифаќаш како такво. Ова е само мое мислење и немам ништо против тебе.
     
    На Rama, cresa-jagoda, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Македонија е земја каде што младите и успешни талентирани суштества не просперираат во животот . Ако во Македонија не се емитува Македонска музика тогаш каде во Пакистан сигурно ... Еве не ми е јасно до кај стигна глупавоста на луѓето ... Немаме нешто попаметно дај да им забраниме да слушаат музика бе шо ќе им фали ...
     
    На Rama, PaLaVa, ceca-1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Од една страна, се потресовте за македонската музика и за пејачите, од друга страна ве заболе што ни денар не земаат за тоа што го создаваат.

    Како очекувате да просперираат млади музичари, и да пркне македонската музичка сцена, ако никој не заработува од неа?
    Важно се изназдравте ,, ненормални ,, , а никој не прочита зашто дојде до ова.

    Додека на нашиве телевизии не им стане гајле за нашава музика, и додека државата не ни е способна да спроведе меѓународен закон, можете да си слушате музика на ЈуТуб, или пак да си купите ЦДа, и да им дадете некој денар за маката.
     
    На Rama, cresa-jagoda, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Па одамна им е јасно , дека во земјата нивниот труд ниту се цене , затоа за да се издигнат и да покажат што всушност поседуваат одат по балкансите земји , настапуваат се претставуваат себе си и својата земја на сопстен трошок .Во поседните години победниците на најголемите балканси талет шоуа биле Макеодонци , што значи тоа дека тука сите се глуви или не им се укажува ниту прилика ниту помош да се издигнат нагоре. Од ваквите ниски удари ќе си патат сите не само за музиката туку за ред други работи ...
     
    На PaLaVa, ceca-1 и simonna.a им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Прекини да беснееш на форумот. Секој има право на свое мислење, дури и ти, ама потсобери се, небаре ако некој се изјаснил на темава е должен детално да ти го образложува својот став.

    Не се слушам што зборувам, бидејќи не зборувам ништо, туку пишувам и читам, замисли :D
    Пред да ми објаснуваш што е тоа што мене ми смета, треба да бидеш поупатен. Јас не би следела било кои македонско радио или телевизија, ама ете, во моето опкружување има луѓе заради кои сум принудена да бидам минимално во тек со програмата што се нуди. Ти изгледа не си пуштил утринска на шиттел и канал 5, или ноќна програма, или дури и Радио Скопје, да знаеш дали трешти или не трешти македонски турбофолк. Гавазова, Велевска, Јордан Митев, Молики, Џени и Џесики што се, виенски класичари?
    За турбофолкот општо како бљувотина, без разлика на потекло, се имам изјаснето на друга тема и не ми се навлегува пак едно те исто.

    А Словенија, Хрватска, Бугарија се сепак држави, додека Македонија е таква само декларативно. При толку проблеми, медиумскиот молк на македонските „музичари“ (досега нечуена релаксација :D) е небитен.

    Ај поздрав.
     
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845
    Јас навистина не мислев да навлезам во караница со тебе, ниту пак да си ги мериме силите со тоа кој е подрзок. Ќе те замолам да се смириш и, ако е возможно, да не ми замеруваш. Мислам дека затоа сме луѓе.

    А моето мислење е такво какво што е. Забранета МК музика во Македонија , според мене е еднакво на ... Мизерија. Е, сега, тоа дали ќе ја трпам мизеријата или ќе работам на тоа да биде подобро...
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Сакате да кажете дека Тоше Проески е забрането да се слуша во Македонија???:o
     
    На cresa-jagoda и theunforgiven им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Ја би пре да слушам Јелена Томашевиќ, Бјело Дугме итн (значи не турбофолк) и др. странска музика , него Елена Ристеска да ми стенка, Влатко Илиевски и Лоба што немаат појма од пеење.
    Ако ми засака душа, јутуб , Каролина,Калиопи ,Тоше ете имам каде .
     
    На Rama и Мариаа. им се допаѓа ова.