Добар ден. Ако може да се смени воведот у СДК, и да се забрани секакво цитирање во истата тема, при што би можело да се цитира во соодветна тема, или нели наравно може и да се прави глуп муабет за кого никој не го заболе у ЛП или чат. Наградата за цитирање , бан на една недела од темата. Нема прва , друга шанса, Не сме деца или кучиња на дресура. Фмп. @RainBow @Mihajlo
Еве и сеа да пишам едно мислење на темава - да и ја сум цитирала чат пат, и да, и ја треба да јадам бан... Али, единствена причина поради која сум цитирала е оти сум мислела дека имам да кажам нешто битно, а сум видела дека и за најобични глупости се цитира. Т.е. на мене ми биле глупости, а најверојатно на тој што пишува не му се, и обратно. Е сеа, од тука произлегува дека е субјективна поделбата на битни и небитни, глупи и паметни цитирања, и затоа треба севкупно да се забрани цитирање.
Веќе имаме тема во која не е дозволено цитирање. Меѓутоа мислам дека сите може да се согласиме за претерувањето во сдк. И во нас е дел од вината, дефинитивно треба да сме построги со темата, и во членовите е дел од вината, не мора на секое нешто да се одговори, а дури и кога се прави тоа може да се тагне членот или да се цитира и да се праша во соодветната тема. Може еве за почеток сите заедно да се потрудиме, да не одиме веднаш со радикални мерки, туку вие да се надоврзувате во соодветна тема, ако веќе морате, а ние побрзо да реагираме ако пак вака се претерува во темата.
@RainBow Темата во која е забрането цитирање, не е достапна за сите членови, и сигурно нема да одам ја у таа тема да пишувам како фризерката ми ја зезнала косата, или дека симатијата си фатил женскa ,само за некој да не ме цитира ,, ахахха, и мене маче ,,. Сосема две спротивни теми, нема споредба. Друго, со години е така на темата, не гледам каде е радикалноста у мерката, нит дека нешто ќе се смени. И онака форумов замре од коа се отворија чат - темите за Стари и Млади, особено Сдк. Не е мој форумов, правете што сакате.
Да. Цело време викам да се забрани цитирање во таа тема пошто од тоа цитирање настанати се милиони безврска кавги и расправии, а да не правам муабет колку чет мислења се пишани па никому ништо. Некои како едвај да чекаат нешто да пишеш и одма ќе се надоврзат или со кавга или со ДА/НЕ/ИСТО/ХАХА...Значи не знае да врзе сам/а две глупи реченици, туку мора баш да цитира некого. Пример, некоја пишала дека денес е среќна пошто престанала косата да и паѓа, и сега читај милиони цитирања под неа...Браво срцка...Кој шампон го купи?....А на колку дена ја миеш?....Како си задоволна? И нормално мислењата не се префрлени во темата за шампони и коси. Има чет и лични пораки за такви муабети, ама не, баш тука е интересно да пишеш две зборчиња и смајли. Ајде кажете колку гласови да се соберат и навистина да се забрани цитирање, зошто тие што имаат осет секако не цитираат, а тие што немаат осет досега, нема да имаат ни отсега и темата ќе продолжи со исто очајничко темпо.
Ако се спроведе ова, за по некоја членка ќе треба да стане скроз недостапна темата. Мислам на оние контра-настроените што хејтаат и старо и младо, и кога ќе ти се закачат мора во секоја прилика да те искоментираат, небаре професионално колумни пишуваш и рецензија си им побарал. Нив ги заборавивме. (знам дека една ќе се пронајде ) Заради ова првенствено би потпишала со две раце строго да се забрани.
Слoбoдa зa цитирaње, не сaкaм дa се вoздржувaм aкo сметaм декa нештo некoму требa или сaкaм дa кaжaм/прaшaм. Oд некoлку цитирaњa темaтa не мoже дa се претвoри вo чaт. Вo тaкви примери секaкo се реaгирa. Дневници дoмa дa си пишете вo рoзевите тефтерчињa, тукa штoм си пишaлa ќе ти реaгирaм aкo сметaм декa требa. И пaзи кaкo се изрaзувaш, милфици е нaвредлив збoр. @Gosh Јaс сум зa oвaa темa дa oди вo кaнтa.
Ти си една од последните особи кои треба да кажуваат на некој да пази како да се изразува...Не е ова твојот розев тефтер, па да ми кажуваш како да реагирам. А за цитирање, си кажав - у соодветна тема. Прочитај шо сум пишала , па после скокај.
Во право е @Bridget. Ова е форум и навистина е глупаво да има забрана на цитирањето во било која тема. Ако сакам сама да си пишувам, ќе си водам дневник. Ако сакам само да ме читаат, ќе си напишам/издадам книга. Ова е форум. Не разбирам зошто пишувате овде ако не сакате да бидете цитирани.
Не можам да ја поддржам забранава, колку и да е 'паметно'. Од натре ми иди некогаш да цитирам некој! Имам многу мислења
Ма немој. „Потребно реагирање“ е некого да следиш и стопати да му коментираш (на обични постови од реален живот) колку е незрел, со розови очила, сакал да ја оправи државата, пишувал емотивни романчиња и сл.? Со зборот „милфици“ жениве од 40ка одамна и сами си се зезаат низ форумот, а и од кога ти па ги застапуваш нив, кога и таа тема ја имаш исмевано на долго и широко? Да не се лажеме сега со некој подипломатски речник, слободи и не знам што. Сите знаеме што и како ти конкретно цитираш. За твоите лични примедби и закачки не ни има соодветно место на форумов.
Мене не ми пречи да се цитира во СДК и сам сум цитирал повеќе пати коа не можам да се воздржам на нечива глупоќа али затоа се тука модераторите да ги средат тие работи ако сметаат дека е оф топик. п.с. зошто не стига известување кога ти е избришано мислењето?
Инче, да ја искористам на дело новата пракса: Цитирање во соодветна тема Малоумна сум! И не е смешно За да прашаме! Е за то! И јас трујам со то прашање откако сум на форумов! @RainBow , ај еднаш - за секогаш.. удостој не со одговор на прашањево