Се согласувам. Како што е во скриената тема така треба и во СДК. Не велам дека мене не ми се случило да цитирам, но тоа било ептен ретко. Но не треба воопшто. Поарно нека се цитира во соодветна тема ако веќе се мора или да се отвори нова ако не постои. Има теми за цитирање каде раскажуваме општи работи од секојдневен живот во "Кафе муабети" а тоа се ФМЌ и +/- 40.
А каде е опцијата Сеедно ? Мене стварно не ми боде очи ова, сум цитирала, ме цитирале, не ми е битно ич, затоа е и форумов. Можда е глуп малце предлогов ама прво ми дојде на памет.. Да се отвори нова тема која ќе биде надоврзување од СДК, за да не се спама таму. Таа тема т.е тамошните постови често потикнуваат одлични дискусии а е малце заморно тој нечиј пост да му бараш подкатче кај да го сместиш, па некое нема ни да знаеш каде да го залепиш и избегал моментот и мислата. #latenightthoughts
А да ја отвораше темава некој друг, ќе добиеше коментар Ако не ти се свиѓа, не се уклучувај. Форумски дружини. Океј. Инаку, баш ми е гајле за цитирањето. И онака какви глупости почнаа да се пишуваат, на човек да му се згади, па за цитирањето било проблем.
Замисли јас да ја отворев темата...абе со дрва и камења ќе маваа по мене... ова е дефинитивно најглупа и најнавредлива тема...правац канта ќе ве молам...срамота..форум е ова или што???
Дефинитивно Да,сум за забрана цитирање во СДК,нема потреба барем во таа тема да се цитира,ако е така тогаш зашто да има ПП?тргнете ја опцијата пп,и ке си цитираме низ цел форум.Јас она што сакам да го кажам,нема потреба никој да ми го цитира,тоа е мое И САМО МОЕ МИСЛЕЊЕ,дали на некој му се допаѓа или не,ми е гајле,негов проблем,како што е мој проблем и што 90% од пишаните сдк не ме занимаат ама ич.Сдк темата ме асоцира бетер муабети од на пазар,плус тоа што 40% се караници,препукувања,баш ради тоа што на некој,не му се допаѓа другото мислење.
Јас не мислам дека не треба да има цитирања. Баш напротив. Форум е, и треба да се развиваат дискусии, тоа е и поентата. Многу теми се отвориле од дискусии кои започнале токму во СДК. Кога сакаш нешто да кажеш, а не сакаш да бидеш цитиран за истото си има соодветна тема. Е сега некој што не знае да дискутира и тоа се претвора во чат муабет е сосема друга ствар и тоа на сите ни смета. И кога некој нонстоп ти е “закачен” без осет, само колку да те цитира и жив да остане, сфаќам дека иритира.
Начално смислата на форумите е токму дискусијата, но темата е специфична: Сакам Да Кажам - а не Сакам и јас ТЕБЕ да ти кажам. Наједноставно: во темата СДК нека се тргнат копчињата +цитат и <- одговори и ем волкот сит ем овците на број, нема потреба од банирање.
Не бе, поарно е така кога си префрлаат едни на други. Секогаш знаеш за кој се збори, ама се правиш наудрен. А мислењето почнува со "Пишуваат таму дека така, а тие така", "Оние кои правите ова", "вие кои мислите дека", "не знам како не ви здосади". Па СДК на крај излегува дека само за анонимни препукувања служи. Отвори и разгледај Да не почнам да цитирам, ќе се испокара пола форум
Ја поддржувам Гош за идејава затоа што навистина се претерува со цитирања во СДК, а очигледно и после триста предупредувања од модераторите пак си тераме исто (тука се вклучувам и себеси, затоа што и јас цитирам некогаш). И да, можеби од такви некои цитирања произлегуваат добри дискусии или теми за дискусии, но темата се вика Сакам Да Кажам а тоа значи дека твоето мислење во врска со тоа што го кажувам можеби и не ме интересира. Точно е, постои и тема каде е забрането цитирање ама сите знаеме кој тип на постови се пишуваат таму. Во врска со отворање на тема каде би се продолжувале дискусиите и цитирањата од СДК, мислам дека не е добра идеја од причина што ќе влијае на активноста во другите теми. И секако, највеќе е до сите нас, дека треба малку да се размислува што се пишува. Навистина, што се' изначитав таму периодов, мислам дека такви мислења без поента или со глупа поента немам прочитано ни на социјалниве мрежи.
Не мислам дека треба да биде забрането цитирање во СДК,секако треба да има и граници тоа,цитатот да биде поврзан со кажаното,(1-2 цитати толку,), да не е излезе да се полнат страните со ,,чат муабет" којшто излегува и од темата.Цензура до тој степен не е потребна.И мене неколку пати ми имаа бришено мислења (за некои бев известен,за некои не),точно не се сеќавам во кои теми беше,(ама беше поврзано со дискусијата во темата)..Да се однесував недолично,некултурно,со лош речник...повели бриши,не е проблем...затоа треба да се има некој праг на толеранција.
Јас немам некој голем стаж на форумов (во поглед на активно време поминато овде), но еве да го искажам и своето мислење. Мене воопшто не ми пречи кога се цитирате меѓусебно, не ми пречи и да ме цитираат, затоа што ова е форум, каде што секој треба да си ги искаже своите ставови и мислења, но и да ги брани кога некој се спротиставува на нив, секако се додека сето тоа е поврзано и не се претвара во недолична и безсмислена конверзација.
Не може едноставно да се избрише опцијата Одговори во СДК? Така не би имало потреба од отварање на темава и јадење бан и слично. just saying