Правила, цензури и етика.. Жалам, но не подржувам, освен на места каде се неопходни. Во теми од неформален и општ карактер нема потреба од истите. Ја разбирам потребата од ред и хармонија, но во тема како "сдк" мислам дека нема потреба од такви ограничувања. ..И зошто бе дечки некогаш имате потреба од најсимплифицирани ствари да направите проблем? Навистина не можам да разберам.
Форум е ќе се цитираме, каде ако не тука ? Само да не е непотребно многу, да е со цел да се развие дискусија и да не премине во чаршиски муабет. Има лп, има чат ( слабо посетен според потребата за интеракција по форумов гледам..) Во СДК, нека се цитираат, не ми пречи, сепак е во кафе муабети и најмалку официјална тема, не ни требаат дополнителни правила за таму. Се додека членовите не ја третираат како чат.
Ја поддржувам, оддамна требаше ова искрено не ја ни следам веќе таа тема. Некогаш знаев да седнам и да си ги читам СИТЕ мислења со ред јер ми беа интересни. Скоро и да немаше цитирања и да имаше беа во позитивен контекст а не само напаѓања. Страв да ти е да пишиш нешто оти ќе те нападнат. Мојот глас е големо ДА.
Како тоа ќе одредуваме битно од небитно? А дали тоа бо СДК се искажуваат само Декартови мудролии? Дали е свето слово?
Јас сум против. Ако нема драми, цитирања, цинични и саркастични препукувања во скд кои подоцна продолжуваат насекаде низ форумот, ако сето тоа се премести или биде исклучиво во ЛП, тогаш зашто сме воопшто на овој форум?, зашто постоиме?, зашто ги негираме балканските начини на живот? Say no to peace and harmony. Спојлер Плус реално , ако се воведат јаки банови за тие што ќе цитираат во скд, као намерно ќе пишувам провокативни мислења за да некој ме цитира и добие бан... Ве молам со вакви идеи, ако сакате нешто продуктивно да се направи на форумов, отворете тема да ги натерате глобалниве модератори да ги покажат јавно гласовите од 2015 гласање за форумџика на годината да ги видиме лоповите на дело.
За цитирање сум ама умерено.Е сега,кој да ја постави таа граница умерено?Факт е дека не сме сите интелектуално,емотивно ни приближно исти па да поставуваме параметри.Форум е ова! А ова милфици страшно ми боде очи! СТРАШНО!
Зошто да не се цитира?! Може е итно ! Знаат членовите κога да цитираат а, κога не...знаат и деκа не е пожелено да се цитира !
Види... Цитираш старо мислење.Глеј датум пред да цитираш. Модератори предупредуваа дека не се цитира во СДК,ама цитирањата беа многу и покрај тоа. Не сакаат сите да бидат цитирани кога ќе пишат.СДК е за лично искажување. За жал,многу офтопици се прават.Има и навреди тук-там.Поради тоа се отвори СДК без цитирања.
Ма јас аκо не почнал неκој прв, на мене нема да ми теκне сама да цитирам...јас не измислувам ! Во СДΚ нема ограничувања за цитати а, нема и да има ! Има отворено нова тема СДΚ без цитирања...и таκа...!
Е па постот што си го цитирала е напишан пред воопшто да постои СДК без цитирања, така што немаше потреба воопшто да го цитираш тој пост, застарен е и нерелевантен за сегашноста.