На Сител телевизија од понеделник (26 јуни) започнува нова латиноамериканска теленовела, која ќе се емитува секое утро во 10.30 часот како замена на португалската сапуница. Се работи за "Забранета љубов", снимена од продукцијата на Телемундо и воедно римејк на популарната турска новела "Притаени страсти", кај нас емитувана на Канал 5. Во улогите на Бихтер и Бехлул, односно Бруно и Бјанка во оваа верзија, ги гледаме Моника Спир и Џанкарлос Канела. Џанкарлос ни е познат по главните улоги во "Диабло" и "Моето срце чука за Лола", а Моника за македонската публика е позната по улогите во "Мојата роднина Чела" и "Љубов и презир". "Забранета љубов" е всушност последна улога за Моника, затоа што во почетокот на 2014 година актерката беше убиена во Венецуела, вест која го обиколи и го расплака светот. Приказната се врти околу младата и убава Бјанкa, која живее во својата мајка, манипулативната и алчна Флавија. Бјанка смета дека мајка и го изневерува татко и со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш умира. Бјанка решава да и се одмазди на својата мајка така што ќе се омажи со богатиот Ариел за кого и нејзината мајка Флавија сонувала да се омажи. Ариел е дваесет години постар од Бјанка, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Мајами со својата ќерка Нинa, синот Сантјаго, внукот Бруно и дадилката Дениз. Бракот помеѓу богаташот Ариел и младата и фатална Бјанка ќе донесе лавина на страсти и неверства кои ќе биде тешко да се запрат. По свадбата, Бјанка се вселува во куќата на сопругот, но и покрај љубезноста на Ариел и големата грижа и љубов што и ја пружа, таа не е среќна со него. Но... се случува нешто неочекувано. Кај Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, младиот и атрактивен внук на нејзиниот сопруг Ариел, кој живее во истата куќа, чувства кои е невозможно да се притајат и заборават. Животот на Бруно се претвора во една тешка борба да направи избор меѓу љубовта кон Бјанка и лојалноста кон Ариел, кого го чувствува како татко. Бјанка и Бруно се впуштаат во една страствена, но забранета љубов, која ќе ја направи Бјанка жртва на играта која самата ја започна. Кај нас ја даваа на една од локалните телевизии, ама еве сега и на сител
Ја имам гледано серијава. Прекрасна е. Ја даваа на МТМ. Ја обожавав улогата на Моника. Штета што животот и заврши трагично. Интересна серија. Ја препорачувам да ја гледате.
Jas ja pocnav prvite 2-3 epizodi ama koga vidov deka na soprevod ne se postaveni poveke od 36 epizodi se otkazav Ja najdov na srpski i mislev da ja gledam tamu, no eve sega na sitel ke si ja gledam
Верувај дека нема да згрешиш ако ја гледаш. До пред еден месец ја репризираа на МТМ. Уште пред да заврши серијата, ги гледав епизодите на You Tube. Ако те интересира, во спојлер ќе ти напишам што ќе се случува.
Штета што нема реприза Бар терминот на емитување на серијата да беше покасно, наместо глупостине од турски серии .
Барем крајот на серијата можеле да го сменат. Неморало да заврши исто како и во оргиналната серија. Супер се актерите ама не ми се допаѓа содржината.
Spoiler: Забранета страст Бруно и Бјанка на почетокот нема да се поднесуваат, ама после тоа ќе се роди љубов помеѓу нив. Ќе станат љубовници, а нивната врска ќе ја откријат мајка и на Бјанка и Јаир, шоферот во куќата. Нина, ќерката на Ариел Пиемонт е заљубена во Бруно. Тој му е внук од братучед на Ариел. Нина нема да ја прифати Бјанка за маќеа. Само нејзиното братче. Пенелопе, сестрата на Бјанка ќе се омажи за Николас Аредондо, синот на Гиљермо, кој е најголем непријател на Ариел. Таа претходно била во врска со Бруно. Бракот ќе и биде наметнат од мајка и(не ми текнува на името), ама со тек на време ќе го засака Николас. Во последната епизода Бруно ќе треба да се венча со Нина. Но ќе се појави Бјанка во венчаница и ќе се самоубие пред сите присутни. Пред да се случи тоа, Јаир (шоферот) ќе му признае на Ариел дека Бјанка и Бруно се љубовници. Ариел ќе се ожени со дадилката на неговите деца. Интересно е што иако се во брак, Ариел и Бјанка нема да бидат интимни. Се до моментот кога тој ќе ја силува. Толку за денес. Утре пак ќе пишам.
Не гледам баш ТВ во последно време, ама се прерадував кога видов дека даваат шпанска серија. Ќе ја гледам, па каква сака нека е.
Пoследен пaт кoгa гледaв шпaнскa серијa беше вo седмo или oсмo oдделение нa Алфa. Акo јa нaјдaм oнлaјн мoжеби ќе јa гледaм, вaкa нaутрo не ми oдгoвaрa. Дa им пишеме нa Сител дa прoменaт терминoт?
http://www.serije.online/browse-zabranjena-strast-videos-1-date.html tuka imas 92 od 107 epizodi so srpski prevod a inako nema da go promenat terminot zaso oni pocnaa so tajnata na divata reka sega ovaa i koga ke zavrsi ovaa ke davat drugi u ovaj termin termino e rezerviran za spanski ili latino serii