„Мотивација“ за будење наутро. Не е толку рано, кога ќе ми текне порано дека станував во 9ч наутро да ги гледам сериите на А1 ми се лоши. Инаку, има потенцијал серијава, ќе се гледа.
До пред некоја година, секое лето си загледував некоја шпанска серија на МТМ и уште една телевизија, не се сеќавам која. Последно ја гледав "Чоколадна девојка" или нешто слично се викаше. Баш се израдував, ќе си ја снимам на макс тв
Во лош термин ја ставиле многу рано,не можам да ја гледам. Убава е серијата имам гледано некои видеа на јутуб. За жал главната глумица е почината
Серијата секоја епизода ќе излегува на soprevod.com секој нареден ден од кога е премиерата Јас така имам изгледано многу серии
Ја обожавам серијава, пошто шпанска е. Последно нешто што гледав од шпанскиве беше Ангели. Ама и јазикот не сум го заборавила Убава серија, ми го привлече вниманието. Ама оваа Бјанка ептен јака бе, мислам улогата нејзина ми се свиѓа.
Бјанка ми беше премногу убава. Штета што веќе не е помеѓу живите. А Бруно е бонбона. Најмногу ми се допаѓа во серијата љубомората помеѓу нив и непризнавањето дека се сакаат.
Кога видов шпанска серија се израдував. На видеотека си ја пуштам после пошо сабајле неам време да ја глеам. Од притаени страсти поубаво е снимена, со повеќе драма.
Вредна за гледање. Кога прв пат ја даваа на МТМ, не памтам дали почнав да ја гледам од првата или втората епизода. Знам дека уште од првото гледање епизодата ме натера да продолжам да ја гледам. Така беше и со секоја наредна епизода. Добро одбрана актерска екипа.
Ќе проверам на други сајтови, па ќе ти пишам. Што се однесува до Забранета страст, ми се допаѓа и насловната нумера.