Туу бре, како ја немам програмава Многу ми се допаѓа нумерата од Канела Едит: сега видов дека и членката погоре исто пишала
На МТМ заврши со прикажување минатиот месец (репризата). Ај можеби ќе ја даваат пак. Не ми одговара да ја гледам на Сител. На работа сум тоа време.
Мене пак баш ми одговара терминот. На распустче сум си. Инаку, оваа верзија повеќе ми се допаѓа отколку турската. Турската ептен малку ја имам гледано, речиси и да ја немам, ама мајка ми епизода не пропушташе од неа. Исто и вујна ми. Последна шпанска серија што сум ја гледала беше „Класа 406“ и „Украдена љубов“ на МТМ. Потоа не фаќав МТМ. Многу ми се допаѓа улогата на Бјанка, иако повеќето велат дека е најлоша. Моника Спир(Бјанка) прво ја приметив во „Љубов и презир“ и „Мојата роднина Чела“, на нив ретко кој се сеќава, зашто не беа нешто многу популарни, а потоа на Мис Универзум. Изборот беше во 2005 и 4та придружничка беше , ама јас на интернет го гледав. За голема жал, животот го загуби многу млада. Џенкарлос Канела(Бруно) е срцка. Улогата на Флавија, мајката на Бјанка и Пенелопе, воопшто не ми се допаѓа. Умот и’ е само во . Пенелопе ми е многу убава на изглед, ама ме нервира поради тоа што е толку слепа при очи. Госпоѓицата Дениз исто така многу ми се допаѓа. Ариел не ми е ништо посебно. А најодвратна ми е дефинитивно Нина. Толку се лигави небаре е крај на светов што татко и’ отишол на свадба и што сакал да се жени со млада жена. За женењето на татко и’ ја разбирам, тешко и’ е зашто ниедна жена не може да ја замени родената мајка, но толку лигавење НЕ. Ми наликува на татина принцеза. Или претерано разгалено девојче.
No i da se pomesti terminot vo toj termin ke stavat nova koja ke bide pak ubava i koja site ke sakat da ja gledat
Подобро гледајте го оригиналот Ask i memnu. Турска серија е, работена по истоимен роман. Малку ја загледав оваа верзија и искрено, како мек порнич ми е.
Ја гледав турската на Канал 5, ја гледав и оваа верзија лани на МТМ. Турската е далеку подобра, ликовите каде каде подобри, имаат длабочина, посебен психолошки профил на секој лик, додека тука се е просто, црно или бело. Глумата е на повисоко ниво, поголема карактерност, комплексност, повеќе неизвесност, повеќе емоции. Барем таа карактеристика на турските серии, фактот што нема добри или лоши ликови ми се допаѓа. По латино серииве или е некој добар или лош, нема трето. Покрај тоа, и дијалозите во оригиналот се поинакви, се на се, далеку подобар квалитет, подобар избор на актери, Бихтер е навистина совршена актерка, создадена за комплексни улоги.
Одамна не се давале некоја шпанска серија, оние турските веќе досадни се. Барем да и го сменат терминот со некоја од нив
Не верувам дека ќе го поместат терминот. Во ударни термини ги даваат оние серии кои се повеќе гледани. Памтам дека последната теленовела што ја даваа на Сител ја преместија на Сител 3.
Таа не ја ни гледав. Сакам пак да ја репризираат Забранета љубов. Знам дека нема да ми биде досадно да ја гледам. Една од ретките теленовели што ми имаат оставено одличен впечаток.
Тајната-на-дивата-река беше една од најубавите кои сум ги гледал Ако ја на најдеш со превод топло ти ја препорачувам
Во право е @SummerGirl . „Триумфот на љубовта“ беше последна шпанска серија, а не „Тајната на дивата река“ .
Ви ја дава во Видеотека на мах тв денешната епизода. Пробав да си ја пуштам, ама ја нема Кога има репризи?