Прочитав дека главната глумица е мртва. Починала заедно со нејзиниот маж, преживеала само ќерка им. Точно е или пак само пишуваат што ќе им текне?
Пред три години таа заедно со нејзиниот маж и ќерка биле пресретнати од криминалци и убиени. Ќерката била само повредена.
Најлигави суштества ми се Нина и Мадмоазел. Зад плаштот на невинана фаца на дамана ми се крие страшно пресметан и иритантен лик. А и малово, за се и сешто нон стоп драми, паѓа во несвест и се корне. Братчето ми е многу позрело од неа сериозно. Има негативн ликови по серии и филмови, со душа чекам сцена со нив, ама од овие демек ,, добриве,, ми е.
Госпоѓава се однесува како газдарица и како мајка на нина и малиот Знам дека се оставени на неа ама ариел се ожени со бјанка а не со неа А нина лигла Јако беше денеска сцената кога бјанка ја фати онаа слугинката како ја вика змија
Заврши, си се расплакав ептен, посебно Јаир кога се разбуди. Туку која серија ќе биде на нејзин термин?
И конечно заврши! Ми се допадна тоа што на крајот Јаир остана жив, а во турската верзија умре И на крај Ариел и матмазељ останаа заедно, а у турската такво нешто не е спомнато, само појде она со нив. Крајот ми се допадна, серијата беше на ново!
Една од моите омилени серии, мојот омилен актер Џанкарлос и секако преубавата Моника. Штета што замина таков човек како неа, се надевам убијците на неа и нејзиниот сопруг Томас ќе бидат осудени на најголема можна казна..
Знам дека се во затвор, го следев случајот и набрзо после тоа беа уапсени и беше прогласено како да е било кражба.. Како и да е се надевем на нешто уште повисоко казнето за луѓе коишто си земаат за право да одзимат нечии животи. А девојчето, греота, цел живот ќе живее со таква траума..