Кое животно би сакале да го имате дома да го чувате а е невозможно.. Еве јас многу сакам тигари .. кога би можела да си чувам еден дома најголемата желба ќе ми се оствари ... (ако не ви се допаѓа темава слободно избришете ја )
Јас сакам Панда и Мајмун голем(не дека е забранет, ама сепак да го чуваш дома и не е баш нешто изводливо )
Јас едно време бев загреана многу за мајмунче Не знам ама ги обожавав...е сега не би и да ми го даваат без пари.
Јас би сакала меченце ама да не расте .... или камелеон (оние што мењаат бои секакви и како предмети не знам да објаснам мислам вака се викаат )
Крокодил! Не зошто ги сакам, чисто онака за комшиите да престанат да доаѓаат секој ден - тогаш ќе ги видам дали ќе се осмелат да ми досадуваат Аххх пусти желби...
Сакам да како милениче некое од родот на дивите мачки бидејки ми се многу мили,само оти тоа е невозможно како замена си чувам едно слатко маченце кое си го сакам највеке на свет.
Јас сакам мало прасе. И видов на нет дека уствари постојат такви мали прасиња, кои остануваат мали. Нешто генетски им е направено да не растат. За моја “среќа„ цена на едно такво прасе е 2000 евра.
Како и повеќето и јас сакам тигар, ама да биде мал , да не расте и да не мора многу месо по едно јагне дневно на пример
Јас би чувала змија. Не знам зашо али многу ми се свиѓаат, некако грациозни ми се Па правете ме луда колку сакате. И на врата би залепила знак со натпис "пази змија", пошто и онака "пази куче" веќе не делува кај луѓето или крадци.
Сакам хрчаак или стаорец хахах ама моиве не ми даваат, а посебно не стаорец. мене баш ми се слатки, да си стаам на рамо и да ми шета хаха а исто сакам и мајмунче или тигаар
Би сакала се да чувам мајмунче,пони коњче,панда,коза,слон и многу други што не ми текнуваат моментално